IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Љубовна поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Љубовна поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 34>
Автор
Порака
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2010 во 16:37
27.01 13:27 - ЛЕДЕНА ЛЮБОВ
Автор: niko71 Категория: Поезия   
Прочетен: 187 Коментари: 0 Гласове:
8




бръсначи нежни- вените ми режат
опитват се да стигнат до стръвта
студът ме пари-мислите ми лъжат
нима такава ще е любовта

сърцето ми-трънлив букет от рози
при всеки нежен порив ме боли
мисълта угасна-искра не проси
огромен камък се изтрополи

копнея страстно-искам те сега
от обич спира и смръзва се кръвта
студът ме гали-нежен е снега
вятъра ме милва-туй е любовта
                           НиКо




Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2010 во 22:02

ТАА   И   ТОЈ 

Таа беше капка роса која ја гасеше неговата жед

Тој беше трагач по малите тајни

Таа го зароби неговото срце,го стори мед

Тој се заљуби во нејзините очи сјајни

 

 Таа замина,бараше живот среќен

Тој го проколнуваше животот без неа,умираше тажно

Таа го остави во неговата душа погледот вечен

Тој го гледаше светот со гнев и лага,за него се беше лажно

 

Таа сега е скриена во некоја туѓа душа

Тој се бори против бранот на љубовта темен

Таа нечии усни до крајот на животот ќе слуша

Тој ќе остане окован во синџирите на суровиот живот земен

 

Младоста пред нив брзгу протекува

 

Тој се крие зад спомените мили

Таа секоја вечер иднината ја сонува

Тој е при крај,не може,го напуштаат неговите сили

Таа се буди,гласот на новата љубов однекаде одѕвонува

 

Љубовта нивна умира,во бездната на заборавот полека истекува

 

Тој гледа нови цвеќиња пред него како венат

Таа ја  разубавува градината шарена и бујна

Тој сака нов живот,силите на радоста не можат да го кренат

Таа лебди над успехот,пред неа поминува љубовта стара и повеќе нечујна

 

И кога повторно ќе се спојат нивните тела

Темните гласови ќе запрат,ќе стивнат

Од светлината при допирот нивен ќе протече љубовта цела

Нивните души во небесата ќе се вивнат

 

И се ќе биде како некогаш

Таа или тој,еден ќе го грее среќа

Неизгаснетиот архаичен љубовен жар ќе гори засекогаш

Во темнината,покрај замокот на љубовта ќе гори уште една свеќа

 

Но зад сенката на тагата се крие светлината

Еден ден некој ќе говори немо за нив

За таа и тој,   оние кои ја убија болката во темнината

Во љубовта слепо се сака,  никој не е крив..............

Кон врв
Dianna Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јануари.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 118
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dianna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2010 во 21:42
Pablo Neruda..

Ne volim te zato jer te volim
i od ljubavi do nevoljenja stizem
i do cekanja kada te ne cekam,
srce mi prolazi od zime do plamena.

Volim te jedino zato jer te volim,
mrzim te beskrajno i mrzeci te molim
i mjera moje ljubavi skitnicke
jeste da te ne vidim i volim kao slijepac.

Mozda ce izjesti januarsko svjetlo,
surova mu zraka, cijelo moje srce
i ukrasti mi kljuc spokojstva.

U ovoj prici umirem samo ja
i umrijet cu od ljubavi jer te volim,
jer te ljubim, ljubavi, krvlju i vatrom.


"Zivotot im e komedija na onie koi mislat, a tragedija na onie koi cuvstvuvaat" Pablo Picasso
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 21:17

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2010 во 01:47
    
       Лепото
Ко би могао смислити
реч лепшу реч изворнију
мирнију
неоспорнију
немирнију
       Лепото
Име ти спомињем непрестано
и рекламирам те са еланом
ја ти не заповедам
       Лепото
твој службеник сам предан
 
 
 
                              Жак Превер
 
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2010 во 21:12

Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2010 во 22:08
кој, кој бе ги сонува моите сонови?
кому, кому му се исполнуваат моите желби?
бакнежите, тие, каде ми се, а и љубовта моја?
кој живее таму?
а јас само во песните мои
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2010 во 00:25
Сон на студена плоча

Како лекар на око болно
капки кога цеди капка по капка
сон капе во полноќ.

Земјо волчозаба
гладнице
ревни, изревни се
израсни в пена.
Трево, отреви се
надвјасај ме до рамења.
Живеам-
крв сум и месо
коса и пламење
и око неспокојно.
Живеам- јас жена, жена, жена
жива над мртов песок.

Жена сум Мартинова.

Мартине, омартини ме
осемени ме (ќе никнам јаболкница)
и скини ме.
На две дланки одамнешни
(едната камен за удар
другата леб до рамо за љубов)
на две дланки две јаболки нишни.

Ох...и каменот и лебот
две коски се бели
а беа
и земја и небо.

Мартине, стани и стани месо
омартини
нокти во двете јаболки зарини
зрееле, ќе презреат.

Или ќе станам Шара: коски и трева
или ќе се оросам
до грло сладок товар ќе заносам.
Зошто вака месото на рог јарци ми го бодат
волци го кинат
ветар во него со бич змии гони
и самиот змиест,
па крвта му е горка
не се оплодува
и не се пие.

Мартине, твоето племе
уште како глутница скита
и на свадби крв од ками лее;
доброто на зло го гони
и злото пак на зло го враќа-
на покопи пие и пее.
Мартине, стани и биди со нив
жив меѓу живи браќа.

На врба грозје родило
коза за волчи пород готви пелени
рибје чедо проодило
набрекнал камен од млеко
да ги подои тревите зелени.

А мене коските Мартинови ме распнале
ме заориле нивоорци.
Слатко пиштам, деницо уште неродена,
слатко се давам
и не знам што имам и што немам
сон или јава...
 
                      Славко Јаневски
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2010 во 00:34
Умилкување


Ќе ги отпретам сите горештини од твојата глава,
ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам.
Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња
ќе те љубам и губам и во пости и пред гости
само да ме сакаш.


Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила.
Сите светлосни преѓи пресијазол ќе ги врзам,
сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам,
ќе ти дадам се што е солено и молено
само да ме сакаш.


Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам
ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам.
Ќе направам да не се знае кај е лево и десно,
ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица
само да ме сакаш.


Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови.
Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот
и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам
и ќе те фалам и кудам под сите небеса
само да ме сакаш.


Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено,
на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе,
не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас,
со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам
само да ме сакаш.
                         
 
                                    Петре М.Андреевски
 
п.с
уште некој да ви ја изрецитира на увце и филингот би бил комплетенголема%20насмевка
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2010 во 23:48
Тркалезни форми

(Пофалба на жената)

Тркалезни ти се очите
и местата од кај што ме гледаш,
управувајќи со моите движења.

Тркалезна ти е устата
што ги оданочува зборовите
и што ја прославува насмевката.

Тркалезни ти се рамената
и тркалезен ти е вратот
што е единствено скеле од каде
сета татковина е видлива.

Тркалезни ти се дојките
што се подвижни камбанарии
и подигнати пушки од заседа.

Тркалезни ти се брадавиците
и медното саќе на нив
и млечниот рудник, првата почва,
првата средба со исхраната.

Тркалезни ти се слабините,
тркалезно што се шират,
рамномерно што се враќаат.

Тркалезна ти е половината
и ветрот што се врти околу неа,
како колцето околу оската,
како преѓата околу вретеното.

Тркалезен ти е папокот
што е лузна на раѓањето
и сеќавање на точката
откај што тргнал животот.

Тркалезни ти се колковите
од кои се одбива светлината
што е единствено вратниче
за во мракот и за в помрачина.

Тркалезни ти се колената
што ги чекам да ми проговорат
и тркалезни ти се петиците
што те одделуваат од земјата.

Тркалезна ти е прегратката
кога ме љубиш, кога те љубам
и тркалезна ти е солзата
кога од мене се разделуваш.

Тркалезна ти е трпезата
на која ручаш и вечераш,
а и лебот и садовите,
ко трпезата се тркалезни.

Тркалезно ти е јаболкото
што го честиш со устата
и тркалезно е виножитото
во лубеницата што ја отвораш.

Тркалезна е водата
што ја зафаќаш со грстите
и водата кога ти прави место,
помагајќи ти да се искапиш.

Тркалезно е и семето
што го засејуваш во нивата
и тркалезен е надолу патот
по кој слегува неговиот корен.

Тркалезно е сонцето и сончогледот
што изгрева заради тебе,
заради твоите тркалезни форми
без кои и јас не знам кај би гледал.


Петре М. Андреевски


Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2010 во 23:57
zemi me, toa navistina e sudbina
postojat zeni, koi go zaklucuvaat svoeto srce
kako da e skapocen kamen

jasenko houra
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 00:14


Опомена

Чуј, рећи ћу ти своју тајну:
не остављај ме никад саму
кад неко свира.

Могу ми се учинити
дубоке и меке
очи неке
сасвим обичне.

Може ми се учинити
да тонем у звуке,
па ћу руке
сваком пружити.

Може ми се учинити
лепо и лако
волети кратко
за један дан.

Или могу ком рећи у томе
часу чудесно сјајну
предрагу ми тајну
колико те волим.

О, не остављај ме никад саму
кад неко свира.
Учиниће ми се негде у шуми
поново све моје сузе теку
кроз самоникле неке чесме.

Учиниће ми се црн лептир један
по тешкој води крилом шара
што некад неко рећи ми не сме.

Учиниће ми се негде кроз таму
неко пева и горким цветом
у непреболну рану срца дира.
О, не остављај ме никад саму,
Никад саму,
Кад неко свира.

Десанка Максимовић



NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 22:25

I kao da se vracas
kroz krajolik u bojama
samo jedna je slika
u plamenu

Tu postar ne zvoni
ne kuca
on puca u vrata
a tvoj je mac u kamenu

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 22:27
Originally posted by aurin aurin напиша:

Колку си убава!
Господи,
колку си убава!
Колку са убави рaцете ти.
И ногата ти колку са убави.
И очите ти колку са убави.
И косите ти колку са убави.
Не се измaчваj повеке - љуби ме!

Не се штади - љуби ме!
Љуби ме
со вистинската сила на рацете си,
ногата си, очите си - со целото
изjaштество на нивните движениja.
Поверуваj ми засекогаш - и никогаш
ти нeма да си глупава - љуби ме!
И да си зла - љуби ме!

Љуби ме!
По улиците, потоа ова по скалиштата,
особено по скалиштата си убава.
Сo облеки и без облеки, непрекaснато
си убава... Наj-убава си во собата.
Вo тaмното, кога си сo гребена.
И гребенaт потонува вo косите ти.
Косите ти са пoлни сo електричност -
допирам ли ги, ште засвети тaмното.

Навистина си убава - веруваj ми.
И се стараj до краja да си убава.
Не толкува за мене - а за тебе си,
за дрветата, прозорците и лугете.
Не разрушуваj брзо убавината си
со љубоморливи сомнениja - простуваj ми
ненадејните пропаганиja некaде -
не прекалеваj, молja те, со цигарите.

Не ме изгубваj никогаш - откриваj ме,
исполнуваj ме со детинско изумление.
Повторно да се уверувaм во рaцете ти,
во ногата ти, во очите ти... Љуби ме.
Как сакам да те задржувам насекогаш.
Да те љубja секогаш -
засекогаш.

И колку ми е невaзможно... Колко си
ти песочна... И, молja те, не кажуваj ми,
тоа дека сакаш да ме задaржиш насекогаш,
за да ме љубиш секогаш,
засекогаш.

Колку си убава!
Господи,
колку си убава!
Колку са убави рацете ти.
И нозете ти колку са убави.
И очите ти колку са убави.
И косите ти колку са убави.
Колку си убава!
Господи,
Колку си вистинска...

Христо Фотев од Бургас

http://burgas.blog.com.mk/node/42126


Браво бе aurin...да не си обожавател?големо%20гушкање
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 34>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.