|
Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена |
Внеси реплика | страница 123 16> |
Автор | ||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Јуни.2010 во 14:01 |
|||||||
Бидејќи на една од темите, со Мајкл започнавме да говориме и за свети Константин и неговиот живот, кој многумина сметаат дека не е во согласност со учењата на Христијанството, чинам дека една ваква тема дополнително ќе придонесе за разјаснување на некои недоречености околу животот на св.Константин, а секако и на неговата мајка света Елена, за која чинам и нема спор дека била посветена Христијанка. Еве и дел од животот на Свети Константин:
Светиот цар Константин и Светата царица Елена Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јави и да го носат пред војската. Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател. Максенциј се удави во реката Тибар. Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, 313 година, за престанок на гонењата на христијаните. Откако ги победи Византинците, тој изгради прекрасна престолнина на Босфор, којашто оттогаш се нарече Константинопол. Но пред ова Константин западна во тешка проказна болест (лепра). Жреците и лекарите го советуваа да се бања во крв од заклани деца, но тој тоа го одби. Тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Павле и му рекоа да го побара епископот Силвестер, којшто ќе го излечи од страшната болест. Епископот го поучи во христијанската вера и го крсти и проказата исчезна од телото на царот. Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година. Овде се осуди ереста, а се утврди Православието. Благочестивата мајка на царот, Света Елена, ревнуваше усрдно за верата Христова. Таа го посети Ерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението и уште многу други цркви по Светата Земја. Во својата осумдесетта година оваа света жена се престави кај Господ, во 327 година. А царот Константин ја надживеа мајка му за десет години и се упокои во својата шеесет и петта година, во 337 година, во градот Никомидија. Неговото тело беше погребано во црквата на Светите апостоли во Цариград. Изменето од Македон - 16.Јуни.2010 во 14:01 |
||||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Мислам дека редно време беше да се отвори ваква тема за ликот и делото на еден човек(светител во Црквата ) кон кој не престануваат да се фрлаат дрва и камења до ден денес.
Краток коменар за претходниот пост.Делот со лепрата и со крштевањето на Царот е покасно додадено и е апокрифен податок затоа што што цар констатин се крстил многу кратко пред својата смрт а не на самиот почеток на своето владеење. Св.Цар Константин не бил официален христијанин додека владеел за да не ги возмутува паганите кои сепак сеуште биле мнозинство во империјата.Ставал христијани на одговорни функции но не претерувал во тоа и сепак он се сметал за цар над сите и пагани и христијани затоа работел да има мир и согасување секогаш дури понекогаш и по цена на борба во црквата. Сепак не треба многу строго да се суди за неговите постапки зашто он бил прв официален покровител на христијанството и немал пример на кој би ослонил. Затоа на почетокот и не го земал многу за серизоно прашањето за ариј.Дури откако се консултирал со епископот Осиј кордобски(кој бил строго правоверен) се ангажирал за свикување на првиот собор на кој триумфирал прават вера а лагата и ереста на ариј биле анатемисани. По соборот аријаните пак се избориле да добијат влијание поради нивнат лукавштиона во која предначел Евсевиј Никодимиски кој со задршка(за да не го изнервира Царот) го потпишал никејскиот симбол на верата,и кој за жал бил негов советник.(евсевиј по убедување бил полуаријанин)и бил најодговорен за заштита на ариј дури и негово рехабилитирање. Тука до израз дошлата политичката улога на СВ.Цар Константин кој пред се бил владетели,он сакал да биде МИРОТВОРЕЦ во сите сфери.Но неговото тежнеење кон мир по секоја цена, го довело несакајќи во судир со Црквата која требало да го трпи насилието од силници од дворот во престолнината. Но сепак слава му на Бога Светиот Дух ја заштитил своја Црква.Сепак Св.Цар константин бил најревносен промотор на никејското исповедање на верата и покрај што бил жртва на еден куп лицемери и дворски интриганти на чело со Евсевиј Никодимиски ,кој и покрај обидот да ги презентира православните како демек прават смут во царството(целата теолошка дебата ја сведувал на политичко недоразбирање) немал смелост и во лице на царот да му ја исповеда својат проклета ерес. Иако Царот умрел како правоверен за жал тоа не можеме да го речеме за неговите наследници на престолот кои биле убедени полуаријани. Но тоа на ја намалува позитивната улогата на Цар Константин за Црквата како нејзин заштитник и покровител Изменето од ahmar1 - 16.Јуни.2010 во 15:26 |
||||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Во 325 година, во времето на Соборот, веќе бил Христијанин. Има еден податок, кој говори за тоа што го кажал додека шетал во паганските храмови, со кој јасно се дистанцирал од паганската религија. Сега ќе го побарам тоа. |
||||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Можно е,мојот податок го црпев од документарец од BBC.Но додека си жив учиш |
||||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Sakav da napisam nesto za carot Konstantin, no da ne bidam sfaten pogresno se predomisliv. Bi sakal da naucam malku povekje za ovoj , bez somnenie interesen covek i eden od najgolemite istoriski licnosti.. Bravo sto ja otvorivte ovaa tema . |
||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Најдов за што станува збор. Имено, при влегувањето во Рим, по победата над Максенциј на Милвискиот мост, кога секој Император, по воена победа требало да принесе жртва на Јупитер, Константин наместо тоа, го изложил христијанскиот знак намето орелот кој традиционално го носела римската војска и одбил да принесе жртва на паганските божества. |
||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
На вистинското место сме да научиме. Навистина има многу извори,многу кажувања, легенди и слично кои се однесуваат на Светиот Рамноапостолен Цар Константин, која навистина бараат сеопфатна анализа. Првпат се сретнав со историскиот св.Константин во една книга посветена на Јудаизмот, Исламот и Христијанството, напишана од археолог, па оттогаш истражувам колку што можам повеќе. Секако, темава се однесува и на св.Царица Елена, иако за неа изворите се јасни, нема толку многу извори, затоа што сепак, за разлика од св. Константин, не била цел на напад од неговите наследници, независно дали тие биле аријанци или пак пагани. За неа чинам и никој не спори дека била посветена Христијанка. Единствено се спори само колу тоа до кога била венчана со таткото на св. Константин, со огледа на фактот дека тој подоцна си земал друга жена,а св.Елена ја оставил. |
||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Свети Константин, прв дел
Св.Константин втор дел Свети Константин трет дел Св.Константин четврт дел Св.Константин петти дел Иако не е комплетна, сепак е доста интересна претставата за Св. Константин во овој документарен филм. Св. Елена малку се споменува, само кај разоктивањето на интригите на Фауста, втората сопруга на св.Константин, иако токму св.Елена е онаа која дел од својот живот патува во Светата земја и ги урива паганските светилишта изградени врз светите места за Христијаните. |
||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Згора на тоа христијанството станувало се попогодно за оддалечување на луѓето од Христа па затоа не случајно в него и се инвестирало и сетоа тоа давало таков „успех„(мислам на ширењето под капа на властите).
Исто така, нема свети земји. Свет е само Бог. Зарем не е чудно тоа што постојано таму на блискиот исток се водат војни и владее немир? Тоа укажува дека таму постојат моќни негативни енергетски полиња а таквите места не гледам како можат да бидат свети. |
||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Зошто да не пристигне? Зошто св.Константин да не е инструмент за остварување на Божјиот план за Христијаните и избавување од големите прогони. св.Константин и пред тоа не ги прогонувал Христијаните поради своите верувања, па можеби Бог го наградил со тоа што му дарил победа, а од друга страна им дарил спасение на сите оние, а особено на Христијаните кои биле жестоко прогонувани, од тиранинот и нелегитимен Император Максенциј. Како станало оддалечување на луѓто од Христа, кога токму во времето на Диоклеција, најголемиот број маченици ги положиле животите за Христос.
Значи ли тоа дека сите тие маченици кој во тој период го положиле животот за Христос, било само израз на некој вид на надворешност и формалност, а не вистинска вера?
Посетата на св.Елена на Ерусалим е историски докажано, не е прашање на верување или не, туку е факт, факт е и наредбата да им се даде на Христијаните тоа место, како и наредбата да се изгради црква на тоа место. Во однос на Чесниот крст Господов, не верувам дека Императорот и Императорката ќе дозволат да бидат излажани. Сепак, св.Елена била посветена Христијанка.
Не е чудно, никаква енергија и слични нешта не е во прашње. Во прашање е територија, имот, желба за влст и слично. А тоа не доаѓа од некакви енергетски полиња, или комсички сили и нешто слично, туку од човекот. Изменето од Македон - 17.Јуни.2010 во 00:39 |
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Кој е овој рамноапостол и свет Константин? Дали станува збор за оној истиот паган и симпатизер на аријанините царот Константин од 4 век кој го исперверзирал христијанството и од чистата Христова вера направил христијанска религија водена од власта наместо од Христос?
Ма дај ви се молам, каков рамноапостол, каков светец... Прво, Константин бил паган кој од христијанската вера направил "христијанска" религија кога потоа ја злоупотребувал за своите политичко-воени цели. Тој е првиот крстоносец кој наредил убивање во Имет Второ, Константин, и покрај заповедта на Исус Христос, одбивал да се крсти до последниот ден од својот живот. А кога дошол тој ден, бил крстен од Аријевскиот епископ Евзебије Никомедијски. Трето, Константин го свикал еретичкиот собор во градот Тир (335г.) каде што било негирано Никејското верување и на кој собор бил осуден Атанасие Велики. Четврто, Константин го прогонил Атанасие во Триер, далеку од Цариград. Петто, Константин (со свечена церемонија) го примил назад во "црквата" еретикот Арије, оној истиот еретик кој го негирал Христовото божество. Но, Бог не дозволил оваа пародија да оди до бескрај, и еретикот починал на самата поворка, а по една година починал и неговиот приврзаник - Константин. Шесто, Константин првиот крстоносец (во воедна смисла на зборот). Тој заповедал војниците да ставаат на штитовите крст и да војуваат во "Христовото Име", иако Новозаветното Христово учење не познава "војување во името на Христос", туку вели: "Љубете ги своите непријатели, молете се и благословувајте ги оние што ве гонат"! Оттука гледаме дека тој воопшто не бил христијанин, а камо ли пак свет и рамен на мирољубивите и нелицемерни апостоли. Но сепак тој е основоположник на источната црква која по шизмата ќе премине во комплекс на православни цркви и затоа православните едноставно немаат избор и принудени се да прават од овој човек светец како би можеле да дадат една света димензија на нивните историски корени кои неминовно водат до Константин. |
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Onoa preku shto jas ne mozham da minam e faktot shto Konstantin od pregolemo vlastoljubie i srebroljubie gi otema zhena si i svojot roden sin.
Togash gi mina site rimski svetilishta barajki proshka i paganskite sveshtenici mu rekoa deka ne postoi bog shto kje mu go prosti toj krvnichki grev. Se razbira, koga im se obrati na hristijanite tie mu rekoa "ne se sekiraj, samo pokaj se i nashiot bezgranichno milosrden Bog kje ti prosti". Hristijanstvoto stana vozljubena Konstantinova vera i melem za negovata sovest. Pa duri i togash, od strav da ne go izgubi prestolot, do krajot sedeshe na dve stolici i oficijalno beshe pagan, a prekjutno takanarechen hristijanin. Zoshto e slaven denes od hristijanite? Zatoa shto ovoj krvnik ja postavi nivnata religija na nivo na drzhavnost. Изменето од Messenger - 17.Јуни.2010 во 18:42 |
||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Точно така, православните го слават паганот Константин денес затоа што тој ја институционализира црквата и ја венча со државата. Според многу христијани ова е најголемото зло што му се случи на христијанството и го оцрни неговото име.
|
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Не ни се моли, наведувај историски извори, за да си ги потврдуваш кажувањата.
Како влијаел св. Константин догматски на Христијанството, те молам? Која догма ја изменил? Како го изменил Христијанството св.Константин? Напротив, Евсевиј Кесариски сведочи дека св.Константин бил доста збунет од сите тие дебати, не ги разбирал совршено, па затоа ине гласал на Никејскиот собор.
Да, св.Константин се крстил неколку дена пред својата смрт, пред се затоа што тогаш постоел обичај многумина да се крштеваат пред својата смрт, со цел да ги исчистат своите гревови. Точно е дека бил крстен од Аријанецот Евсевиј Никодимиски, но согласно никејскиот символ на верата. Свсевиј Кесариски, инаку и самиот соработник на Евсевиј Никодимиски, историчар на Црквата ни сведочи: Eпископот ги изврши светите церемонии согласно обичајот". (Eusebius, Vita Constantini 4.62.4.) Kaко што можеш да видиш, св.Константин бил крштеван согласно тогашниот обичај, а тогашниот обичај бил Никејското исповедање на верата. Евсевиј Никодимиски, независно од тоа што длабоко во себе бил Аријанец, официјално останал Православен Христијанин, за што сведочи и неговиот потпис на Никејскиот симбол на верата. Како што кажа ahmar1 погоре, никогаш официјално не застанал против Никејскиот Собор.
Соборот во Тир бил свикан со цел да се утврди вината на св.Атанасиј Велики, а не да се преиспита Никејскиот Символ на верата. на Соборот не претседавал Константин, туку Евсевиј Кесариски, аријанец и св.Атанасиј бил прогласен за виновен. Но, св.Атанасиј отишол во Константинопол и се соочил со св.Константин, по што самиот Император ја преиначил одлуката и го ослободил од сите обвиненија, освен од тоа дека се обидувал да го саботира транспортот на жито од Египет до Константинопол, па за тоа и го прогонил. Повели изнеси доказ дека Никејскиот симбол на верата бил отповикан,прогласен за ништовен, или било што на Соборот во Тир.
Ја објаснив причината погоре.
Да, св.Константин, откако бил уверен од Евсевиј Никодимиски дека Аријанството не се разликува многу и не е такво какво што го претставиле Православните Христијани, го помилувал Ариј и решил повторно да го постави како свештеник во Црквата, секако семтајќи дека така ќе се зацврсне самата Црква. Доволно му било тоа што Свсевиј Никодимиски и останатите кои го подбуцнале на тој чекор, не ги повлекле потписите од Никејскиот симбол, па со тоа сметал дека доволно ќе придонесе за мирот. Но, како што кажа ти, Ариј починал во Константинопол, пред да може да стане повторно презвитер. Добил стомачни болки и умрел наместо.
Битката на која бил насликан крст на штитовите на војниците е битката кај Милвискиот мост кај Максенциј, кога св.Константин видел крст а небото и слушнал глас кој му кажал: "Со овој знак победувај". Со тој знак св.Константин марширал против Максенциј, отфрлајќи ги симболите на Јупитер, под кои марширала дотогаш римската војска. Не случајно, кога го победил Максенциј и влегол во Рим, не принел жртва на Јупитер, како што дотогаш се правело по секоја победа од страна на сите римски Императори на ридот Капитол, каде што се наоѓал храмот ја Јупитер, ниту пак го поставил орелот како симбол некаде во градот, наместо тоа, стоел крстот, кој всушност и не е крст во строгата смисла на зборот туку е вакво нешто:
Се додека не приложиш извори за сето ова, јас нема да коментирам, само можам да кажам дека ова е една голема глупост. Не би сакал да се доведам до тоа да ја расипувам темата, па да постирам светци, кои ги основале Ерусалимската, Константинополската,Александриската и Антиохиската Црква, затоа што тоа самиот го знаеш. |
||||||||
Внеси реплика | страница 123 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |