IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Деполитизација на образованието
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Деполитизација на образованието

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Деполитизација на образованието
    Испратена: 06.Јуни.2010 во 07:15
Со големи турболенции стасавме и до   крајот на уште една учебна година. Просветните работници, родителите, учениците малку ќе одморат а веројатно и политичарите за да смогнат сили да тргнат во нови “победи“.
И како во секоја работа на крај на еден мини циклус се прави една ретроспектива на постигнатото.
Оваа учебна година почна со многу амбициозни проекти (некои “се пренесоа“ од минатата) и тоа:
Воведување ( и одведување) веронаука
-Компјутер за секое дете
-Компјутер за секој наставник
- Бесплатни учебници
-Екстерно оценување
Ако на ова ги додадеме и некои развлечени од претходните влади (воведени, неследени-оставени на средпат) :
Воведување деветолетка
-Описно оценување во првиот степен на деветолетката
-Стандарди на постигањата на учениците
-Етички кодекс
-Воспитание  за животна средина за малите и Унапредување на животните вештини кај учениците
- Интеграција на децата со посебни образовни потреби во редовната настава
и најновите
-Електронски дневник (веке се спроведува во некои училишта во општина Центар во Скопје)
-Сертификација на наставниците
и како се слуша во најскоро време по урнекот за судството да се направи и
 -Академија за наставници.
Веројатно нешто сум испуштила затоа што искрено има многу.
Зборувајки со луѓе од фелата ќесто се поставува прашањето зошто толку многу “новини“ наеднаш.
Дали не е подобро прво да се тргне чекор по чекор, да се направат услови за еден проект, да се истера до крај, да се видат резултатите/ и негативностите  од имплементацијата па чим стане интегрален дел кој дава резултати да се тргне со ново.
Многумина скептици велат дека сето ова е резултат на преголемото мешање на политиката во образованието т.е. давањето можност многумина партиски активисти да заработат некое денарче со некое проектче. Колку има вистина во ова кога сме сведоци дека многу од проектите место бенифит донесоа многу штета на диретните конзумнти-децата, родителите и просветнте работници?

Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2010 во 08:39
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Со големи турболенции стасавме и до   крајот на уште една учебна година. Просветните работници, родителите, учениците малку ќе одморат а веројатно и политичарите за да смогнат сили да тргнат во нови “победи“.И како во секоја работа на крај на еден мини циклус се прави една ретроспектива на постигнатото.Оваа учебна година почна со многу амбициозни проекти (некои “се пренесоа“ од минатата) и тоа:Воведување ( и одведување) веронаука -Компјутер за секое дете-Компјутер за секој наставник- Бесплатни учебници-Екстерно оценувањеАко на ова ги додадеме и некои развлечени од претходните влади (воведени, неследени-оставени на средпат) :Воведување деветолетка-Описно оценување во првиот степен на деветолетката-Стандарди на постигањата на учениците-Етички кодекс-Воспитание  за животна средина за малите и Унапредување на животните вештини кај учениците- Интеграција на децата со посебни образовни потреби во редовната настава и најновите-Електронски дневник (веке се спроведува во некои училишта во општина Центар во Скопје)-Сертификација на наставницитеи како се слуша во најскоро време по урнекот за судството да се направи и  -Академија за наставници.Веројатно нешто сум испуштила затоа што искрено има многу.Зборувајки со луѓе од фелата ќесто се поставува прашањето зошто толку многу “новини“ наеднаш. Дали не е подобро прво да се тргне чекор по чекор, да се направат услови за еден проект, да се истера до крај, да се видат резултатите/ и негативностите  од имплементацијата па чим стане интегрален дел кој дава резултати да се тргне со ново.Многумина скептици велат дека сето ова е резултат на преголемото мешање на политиката во образованието т.е. давањето можност многумина партиски активисти да заработат некое денарче со некое проектче. Колку има вистина во ова кога сме сведоци дека многу од проектите место бенифит донесоа многу штета на диретните конзумнти-децата, родителите и просветнте работници?

Најмногу заработија издавајќи учебници и тоа секој и секакви.Видете го квалитетот и се ќе ви биде јасно.
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2010 во 14:33
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Многумина скептици велат дека сето ова е резултат на преголемото мешање на политиката во образованието т.е. давањето можност многумина партиски активисти да заработат некое денарче со некое проектче. Колку има вистина во ова кога сме сведоци дека многу од проектите место бенифит донесоа многу штета на диретните конзумнти-децата, родителите и просветнте работници?



Po mene, definitivno drzi zaklucokot deka REFORMITE vo obrazovanieto se svedoa na EKSPERIMENTI.
Odlicni proekti na hartija, a losa implementacija koja sozdava haos namesto vistinski promeni.

Mislam deka od pocetok strategiski bea loso isplanirani reformite: povekje da gi zadovolat evropskite baranja, otkolku da izvrsat dobra analiza na situacijata i vrz osnova na nea, da skrojat strategija za reformite.
Prv primer: ucilistata dobija kompjuteri, a ogromen broj od niv niz Makedonija ostanaa so losi objekti, nesredeni sanitarii, bez greenje.

Drug moment se partiskite interesi za smetka na obrazovnite. Mene mi e strasno toa sto ucenicite nemaat ucebnici, kamoli besplatni, kamoli kvalitetni ucebnici. Mi se cini uste se bijat bitki za razlicni avtori na ucebnici od ist predmet i ista godina, i za avtori na nekoi ucebnici koi se ispostavi deka se seuste studenti?

Tret moment: nekvaliteten kadar. Mene mi e neprifatlivo toa sto drzavnata administracija se popolnuva so partiski kadri. !! Mozebi nekoi od niv i se navistina dobri vo toa sto go rabotat...no site kandidati treba da imaat strartna EDNAKVA SANSA da dobijat rabota.
Se namaluva kvalitetot na kadarot, so toa i obrazovanieto gubi vo kvalitet.
Ne sum slusnala vo posledno vreme osnovcite i gimnazijalcite da se vooduseveni od nekoj nastavnik, da se ugleduvaat na nego i da se motiviraat-da se gradat ko licnosti. Jas nema da zaboravam eden dvajca takvi od osnovno i sredno, i kolku mi znacele....

A obrazovanieto ako gubi vo kvalitet...gubi opstestvoto.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2010 во 18:46

На почетокот помпезно најавуваните реформи кога ќе сумираме, и не испаднаа онака како што беа замислени ...ако воопшто беа замислени и осмислени  или стихијно се редеа само да се собираат поени и да се има дојам дека нешто се работи.Од она-Конечно некој се најде да го среди образованието -остана само пустата желба.

Бесплатните учебници ги немаше за сите...за оние кои ги имаше,искрено се плашам од крајната проценка и плаќање оштета...ако ја има како што беше најавено..А  за текстовите во учебниците и да не зборувам...кој стигнал напишал учебник...се прашувам дали воопшто некој води сметка како изгледаат новите учебници или само процентот на заработка им е важен...Компјутерите...воопшто не се искористија за тоа што беа наменети,бар не во училиштата во кои учат моите деца...имаат компјутери ама место на клупите за тетратка и пристојни вециња немаат.Најстрашно,бар по мене е сменувањето на професорите...во текот на една година по еден предмет се сменуваат неколку професори...навистина нема смисол...додека едниот ги запознал децата си оди,доаѓа друг...се’ на штета на децата

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2010 во 13:33
Кога ја отворив темава токму ова сакав да го подискутираме-политизацијата на образованието и како до деполитизација.
Кој јазик го учеле уставните судии во прво одделение?
Еден неоспорен факт е дека законодавецот предвидел одредени работи да ги донесува министерот во рамките на своите ингеренции. Но за жал многу работи  и одлуки се оспоруваат и гледај беља мора да реагира Уставен суд на Македонија.
Многу јасно е дека после одлуките се мава со дрва и камења по заштитниците на законитоста-уставните судии  и сите ние веднаш стануваме ““поголеми папи и од папата“.
На почетокот на темата ги наведов дел од проектите кои владата амбициозно се нафати да ги реализира (што е а секое поздравување) но кај на с секогаш има едно НО.
-Најактуелното- воведување  македонски јазик  во прво одделение за останатите етничи заедници. Сите прифатија без збор, албанската заедница не прифати. Зошто?
Па затоа што на старт при донесувањето на наставните планови за деветолетка е направен лапсус. Службениот-македонски јазик- нема граница од кога да се учи. Тука се подразбира дека треба да се учи уште од градинка. Вината за утката треба да си ја носи тој што ја направил.
Имаме една голема фалинка како земја-држава (затоа се лутиме на судиите што не ретерираат и не тераат здраво да ги чукнеме главите), се се носи на брзина, сегде ке се најде некој “паметен“ нешто да промени по свој терк и во свој интерес (ама да не се повторувам-се си пишав во темите во образование како за промените во програмите за работа на стручните служби, мешање на ингеренции, принудување на просветните работници низ целата земја за прифаќање проекти  од надвор ...кои кога некој паметен ќе тужи паѓаат ко круши)
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2010 во 12:58
Ги искинаа учебниците бришејќи ги
Ги читам реакциите во весниците околу фарсата со учебниците и искрено сметам дека сиот проблем е токму заради длабокото инволвирање на полио тиката во образованието.
Факт е дека акцијата (иако сега модерно се нарекува проект) е добра и иста како онаа што се спроведе пред многу години од владата на СДСМ. Провртете низ архивите на медиумите и ке видите дека тогаш многу малку имаше реакции на таквиот потег (што значи дека политиката не беше толку навлезена во образованието). Просветниот кадар односно самите училишта дадоа свој придонес со тоа децата ги насочија да ги чуваат колку можат  книгите  и со нив изучија ако добро се сеќавам неколку генерации ученици. Родителите имаа право на избор, кој сакаше можеше да си купи нови, кој не си земаше гумата во рака (а некој богами и коректор) и си ги “носеа во возна состојба“.
Сега можеби под пресијата на високите казни за наставничкиот кадар (за што лично многу им замерувам н владеачкава структура) се направи балак*рница од типот
Учебникот како страшило 
. Лично како човек и како учителка сметам дека ова е добра акција ( не навлегувајки во политиката- кој колку заработил, колку се квалитетни учебниците) барем за оној дел од населението кој не можи да си дизволи да купи книги, да спреми дете за во училиште.
Значи ослободена од секакви предрасуди и без политиканство заедно со родителите заземавме став дека во учебниците ке се пишува од прв ден, во меѓувреме ќе се пишува по медиуми, форуми, дописи до министерството за потребата од пишување во учебниците. Доколку се избориме за прифаќање на забелешките ОК, доколку не во јуни  родителите купуваат комплети и ги враќаат неоштетени ( за оние кои не можат да си го дозволат тоа ќе се формира донаторска акција па заеднички ќе ги ослободиме од таа обврска). Така и бидна. Растеретени од стравот си работевме слободно. Така беше со првите (Бранковите) така и сега со (Груевите) учебници   Жртви на поинаквото постапување излегоа децата и родителите ( а богами и самите наставници).

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2010 во 15:08
Доколку во најкраток рок не се тргнат сите партиски структури од образованието и  не прекинат на образованието да гледаат како мека за заработка на пари- ке бидеме сведоци на расправии, кавги, обвинувања од ваков тип
Тој приватен универзитет ги губи позициите на пазарот, а министерот за образование како постдипломец на тој универзитет сака да ги прекрши Уставот и законите застанувајќи во негова заштита - потенцира Кадриу,
Впрочем податоците кои стојат во написот (доколку се точни)

Струшкиот универзитет контра министерот Тодоров
 покажуваат дека има многу контрадикторности и во самиот зако-околу упис на факултет со положена државна или училишна матуразбунетост


Изменето од mamamd - 23.Јуни.2010 во 15:09
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2010 во 11:34
Значи на чекор сме до деполитизација на образованиетозбунетост-нема ем директор на училиште ем советник.!
Јавни опомени за советници
Многу бре заврзлами токму од даскали (сакаш кошкања во парламент, сакаш судир на интереси, сака...не сакаш...мореее едно време беше професија ценета повеќе и од попотизненадување)
Јавни опомени поради истовремено извршување на две функции изрече Антикорупциската комисија за двајца велешки советници. Судир на интереси е констатиран кај членовите на Советот на општина Велес, Асен Прличков и Панче Иванов, кои се и директори на училишта. Прличков е директор на општинското основно училиште „Васил Главинов”, а Иванов на општинското средно училиште „Јовче Тесличков”.
Сум подизумила како стои во тоа законот за избор на директори во училиштата- најмногу 2 пати едно подруго или со прекини може и доживотно како во социјализмотзбунетост(не мислам на спомативе-туку воопшто оти во Македонија некој и  тоа може да го прави)


Изменето од mamamd - 10.Јули.2010 во 11:35
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2010 во 11:58
znaesh shto?изненадување
..gi zabole niv  za ...javnite opomeni,...se dodeka ne zemsesh so sila da im ...odzemash !да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2010 во 12:46
А имаме ли закони и кој ги почитува?
Можат...овие властодршциве...и моралисти такви какви се,.да се подигруваат со законот?
Кој е должен да го спроведува?
Па луге ние се движиме кон потполно беззаконие.Знаеме ли ( мислам на оние од институциите), како требе да работат и како функционира секоја демократска држава.вонземјанин
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2010 во 13:48
A ti znaes kako funkcionira?
Aj te molam objasni jas ne znam?
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2010 во 14:00
Originally posted by brza brza напиша:

znaesh shto?изненадување..gi zabole niv  za ...javnite opomeni,...se dodeka ne zemsesh so sila da im ...odzemash !да



Тоа е затоа што..се е или на партиска основа...или на роднинска
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2010 во 17:56
Ако си муабетиме за деполитизација на нашето си образовање,треба прво да тргнеме од училиштата или школите како сакате ,затоа што таму се децата,дали е ЗАКОНСКИ директорот кој е еден од вработените и таму после ќе се врати - да е партиски определен,односно член на партија(сега сите се членови ,а потоа директори) или пак уште поинтересно, вчера (09.07.2010)на пример од мојот град каде што сум на локалната тв на вестите се трубеше како директорка на едно основно училиште станала координаторка на унија на ,,нивните,,жени на дпмне-ВМРО,па од тука произлегува прашањето не докаде со оваа политизација,до каде со оваа СОДОМА и ГОМОРА на образованието ,па ако сакате и ДРЖАВАТА?
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2010 во 10:34
Дали деполитизацијата на образованието...
значи дека...
30 000 вработени (нели толку беа)...
мора да останат политички неопределени...
и да не смеат да бидат членови на ниедна партија...

дали истото важи и за сите други вработени ва државните служби и јавната администрација...
не им се одзема ли со тоа демократското право загарантирано со уставот...
на РМ...
за слобода на живеење...

проблемот кај нас е во СИЛЕЏИСКОТО практикување на политиката...
не во слободата на избор...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.