IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - 10 неизлечиви болести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

10 неизлечиви болести

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: 10 неизлечиви болести
    Испратена: 05.Ноември.2007 во 20:41
Модерната медицина направи многу за човекот и најде лек за многу болести кои во минатото земаа човечки животи. Но сепак не успеа во некои области. Оваа листа ги претставува десетте најчести, но неизлечиви болести.

10. Ебола - страшни, фатални вирусни трески и осипи се карактеристика на оваа болест. Откриена е во 1976 година во Конго кај Ебола реката.

9. Полио - или инфантилна парализа. Акутна вирусна инфекција која го напаѓа нервниот систем и започнува со најобичните симптоми треска, главоболка, болка во мускулите, а потоа најчесто преминува во посериозна парализа на мускулите. Повеќе од половина заболени се деца помали од 5 години.

8. Лупус - или Лупус Еритематосис е автоимуно пореметување. Постојат три вида лупус од кои едниот ја напаѓа само кожата и не навлегува во внатрешните органи, додека другиот ги напаѓа сите органи а најмногу кожата, бубрезите, зглобовите, срцето, мозокот.

7. Инфлуенца - или широко позната како грип е вирусна инфекција на горниот или долниот респираторен тракт. Се манифестира со треска, морници, слабост, болка во мускулите, главата и стомакот.

6. Груцфилд-Џејкоб болест - ова е ретка но фатална болест на централниот нервен систем. Во светски размери се јавува кај еден во милион луѓе, но кај некои популации на пример Либанските Евреи болеста е почеста.

5. Дијабетес - ова е пореметување на метаболизмот на јагленохидратите кое ја намалува способноста на телото да произведува или да одговара на инсулин и да одржува нормални количини на гликоза во крвта.

4. ХИВ/ Сида - ХИВ вирусот полека го напаѓа и уништува имуниот систем - способноста на телото да се бори со инфекции и го остава човекот ранлив на многу други инфекции и болести што доведуваат до смрт. Оваа болест зеде замав на епидемија во 1980-те години, најмногу во Африка.

3. Астма - претставува хронично пореметување на белите дробови и се случуваат напади на немање здив, кашлање и стегање во градниот кош. Иритација на дишните патишта посебно се јавува од прав, полен, чад од цигари, животински влакна, замор и временски услови.

2. Рак - претставува група од повеќе од 100 различни болести кои ги карактеризира неконтролиран раст на абнормални клетки во телото. Ракот напаѓа една од три родени индивидуи во развиените земји, и е најчеста причина за болест и смрт. Направен е напредок во лечењето на оваа болест, особено ако се открие во раните фази но сепак многу често е неизлечива.

1. Настинка - претставува акутно вирусно заболување кое започнува во горниот респираторен тракт, и некогаш се спушта во долниот. Може да предизвика секундарни инфекции на очите и средното уво. Симптомите се тресење и чувство на студ. Се пренесува од инфициран човек, а процесот на инкубација трае од 1 до 4 дена.
Кон врв
knigh†mare Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Ноември.2007
Локација: Netherlands
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај knigh†mare Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2007 во 23:26
Originally posted by Mona Liza Mona Liza напиша:

3. Астма - претставува хронично пореметување на белите дробови и се случуваат напади на немање здив, кашлање и стегање во градниот кош. Иритација на дишните патишта посебно се јавува од прав, полен, чад од цигари, животински влакна, замор и временски услови.
 
Моја дамо,тука не се согласувам со тебе.
Знам,ок е,ова го имаш постирано од некаде,меѓутоа јас можам да го докажам токму спротивното.
 
Кога имав 3 години,и јас за жал,се здобив со бронхијална астма и докторите мислеа дека ќе ја имам до крајот на животот и ќе ми причинува проблеми и дишни напади.
 
Меѓутоа,до возраста од  10 години,таа потполно се изгуби од мојот организам и од тогаш јас немам никакви проблеми со тоа.
Немам ни последици од истата.
Живеам потполно најнормален живот,одам во теретана и плус тренирам Parkour,а тоа е спорт кој бара огромна кондиција,физичко-ментална способност,како и готовност.
 
Остани ми поздравена и во добро здравје.
намигнување
 


Изменето од knigh†mare - 06.Ноември.2007 во 23:29
Иконо моја,за душа рај ми беше само ти,но небото те скри...Ооо,колку боли,но казна моја,ти си мило мое,казна си моја ти!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2007 во 01:58
Originally posted by Mona Liza Mona Liza напиша:

2. Рак - претставува група од повеќе од 100 различни болести кои ги карактеризира неконтролиран раст на абнормални клетки во телото. Ракот напаѓа една од три родени индивидуи во развиените земји, и е најчеста причина за болест и смрт. Направен е напредок во лечењето на оваа болест, особено ако се открие во раните фази но сепак многу често е неизлечива.
 
Ракот не е неизлечлива болест дури и ако се открие во подоцнежна фаза. Неговото успешно лекување (преживување) зависи од тоа каде сте го добиле ракот, уште повеќе од тоа како модифицирале/дегенерирале малигните клетки и цитостатиците ќе можат да влијаат на нивната RNA.
Најопасно е доколку ракот ги зафати мозокот или белите дробови. Но и тука постои надеж, медицината несопирливо работи на добивање нови и поуспешни цитостатици.
Доволно е со сегашниве цитостатици да ви го стагнираат на пример ракот во белите дробови или во главата едно 2-3 години и до тогаш ќе измислат нов подобар цитостатик кој ќе ве излечи од корен.
 
Но сепак, едно правило во Онкологијата е дека секој рак и секоја индивидуа е индивидуа за себе. Никакви прогнози и математики не можат да се глобаизираат, бидејќи двајца со иста дијагноза и терапија имаат различни резултати. Дури и онколозите ќе ви кажат: Се е во Божји Раце! големо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2007 во 14:35
.



Изменето од ACELERA - 17.Март.2010 во 12:08
Кон врв
Storm2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 432
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 22:35
MAKROBIOTICKATA ISHRANA SPRECUVA I LECI ILI PRODOLZUVA ZIVOT NA BOLNITE OD RAK

Sodrzina na kniga " The Cancer Prevention Diet ", By Michio Kushi with Alex Jack

" ISHRANOM PROTIV RAKA "
Michio Kushi u saradnji sa dr.Aleksom Dzekom

I - PRIRODNO PREDUPREDUVANJE ZA RAKOT

1.Rak, ishrana i makrobiotika
-Rakot vo stariot vek;
-Gradbata na zivotot;
-Rakot vo sredniot vek
-Podemot na sovremenata nauka i medicina;
-Lecenjeto na rakot vo 20ot vek;
-Vrakanje kon integralnite produkti;
-Makrobioticki priod.
2.Rak i moderna civilizacija
-Prosiruvanje na nasata perspektiva;
-Nadminuvanje na dualizmot;
-Korisnata priroda na boleata
3.Prirodno predupreduvanje na rakot
4.Ishrana i razvoj na rakot
5.Makrobioticka ishrana za predupreduvanje na rakot
6.Ulogata na jin i jang vo razvojot na rakot
7.Priroden nacin na lecenje na rakot
8.Pouzdano dijagnostikovanje raka
9.Medicinski beznadezno ili nadez za makrobiotikata ?
10.Mitot za kancerogenite

II - SMERNICI ZA PRIOD NA RAZNITE OBLICI NA RAK

1.Rak na koskite
2.Rak na mozokot
3.RAK NA DOJKA
4.Rak na zenskite reproduktivni organi; jajnici, endometrium, RAK NA GRLOTO NA MATKATA, i vaginata
5.Rak na debeloto crevo
6.LEUKEMIJA
7.Rak na jetra
8.Rak na belite drobovi
9.Limfom i Hodzkinova bolest
10. Rak na maskite reproduktivni organi; Rak na prostata i testis
11.Rak na pankreas
12.Rak na kozhata i melanom
13.Rak na zeludnik
14.Rak na gornite organi za varenje; jednjak, grkljan, usta i zdrelo
15.Rak na besikata i bubrezite
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2010 во 21:24
taman rabota influenca-grip i nastinka da se neizlechivi bolesti......
togash  nema da postoi  zhiv chovek na planetava.....плазење
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.