IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Рак -- болест на 21 век
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рак -- болест на 21 век

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 03:21
kao kritika, sovet ili pofalba?
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 08:31

Откриени нови маркери за рак на дојка

Коментари (1)   
29.01.2010 13:11
 
 

Научниците од универзитетот во Ахен открија нови маркери на ракот на дојка кои ќе им овозможат на навремено дијагностицираните пациенти да ја избегнат хемотерапијата.

„За жал, околу 80 насто од сите пациенти со негативни јазли на рак на дојка се подложуваат на хемотерапија, иако ова е неопходно за само 30 насто од жените со ризик за повторување на болеста. Проблемот е тоа што се уште не знаеме кои пациенти се во ризичната група и затоа хемотерапијата им се препорачува на сите пациенти“, велат од тимот научници.

Во иднина, ризикот од претерано лекување ќе може да се реши преку молекуларно-патолошка анализа на ткивото на туморот. Тоа ќе го овозможат новооткриените маркери кои укажуваат на ризик за повторување на болеста.

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 07:25

Здравите луѓе обично многу малку мислат за болестите па така и за ракот, додека болните стануваат заинтересирани за своето здравје откога  ја добиле болеста.


За да ја спречиме болеста мораме на време да преземеме одговорни мерки, а тие ни малце не се комплицирани. Постојат многу истражувања за тоа што сè ја намалува можноста за добивање рак или што сè им помага на заболените против оваа болест.

Од советите кои во своите книги, ги изнесоа американските научници Џон Хопкинс, Ентони Сатиларо и Том Монте ги издвојуваме следните:

- Престанете со пушењето и избегнувајте задимени простории како и улици со многу смог.

-Јадете повеќе  зеленчук како што се: цвекло, зелка, брокули, магданос, лук, морков, ротквица, тиква, краставици...

- Намалете ја количината на месото, а зголемете ги интегралните житарици. Наместо бел леб користете интегрален. Се препорачуваат нерафинирани житарици: ориз, интегрална пченица, јачмен, просо, интегрална пченка, `рж..

- Јадењата од мешункасти растенија освен витамини имаат и многу протеини и се препорачува соја, шарен грав, грав тетовец..

- Од месото треба да се користи, месо од живина како и риба.

- Од додатоци на исхраната и зачини треба да се користат сусамовите семки, сончогледовите семки, маслиновото масло, лимоновиот сок, магданосот,оцетот од јаболка и ренот.

- За десерт и пијалок со јадењето се препорачува овошје и овошни колачи со што помалку шеќер. Треба да се избегнуваат пијалоците со кофеин, вештачките додатоци и белиот шеќерот. Алкохолот треба да се намали, а ако веќе се пие се препорачува пиво и вино.

- Постојаната физичка активност добра е за здравјето и за витката линија.

- Работете на подобрување на вашиот имунолошки систем и со тоа се борите против сите болести па и против ракот.

- Антиоксидантите, витамините и минералите, а посебно витаминот Е, ја зголемуваат обрамбената моќ на организмот против ракот.

- Замор, нервоза, стрес, огорченост, создаваат во телото поволна клима за развој на ќелиите на ракот. Затоа почесто одмарајте се, активностите подобро испланирајте ги и бидете оптимисти и ќе имате помалку здраствени проблеми.

- Ќелиите на ракот не напредуваат во средина со многу кислород. Поради тоа вежбањето и шетањето по чист воздух со длабоко дишење ја уништува ќелијата на ракот и оневозможува нејзино развивање.

Запомнете ги овие совети, направете склад со вашите активности и ќе бидете здрави и расположени.
Овие се совети за здравите, но се препорачуваат и за оние кои се заболени и веќе користат терапија. Но секако, овие совети даваат чудесни резултати.

Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2010 во 14:14
nemaat vrska cigarite a navistina e dosta zasiluvacka pojava na ovaa bolestизненадување
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2010 во 22:55
Ш Т О  Е   Л Е У К Е М И Ј А ?
Леукемијата се јавува кога телото почнува да акумулира очигледно
абнормални бели крвни зрнца.
Додека тоа се случува, се намалува бројот и способноста на созреаните крвни зрнца.
Зрнцата се 'абнормални' затоа што тие не можат правилно да созреат.
Оваа неспособност да се созрее е главен недостаток во леукемијата.
Овие 'бебешки' или незрели зрнца се насобираат во телото бидејќи тие не можат да умрат и не можат да се користат.
Откако ќе се добие леукемија, леукемичните зрнца се насобираат во коскената срж. На крај, сите нормални бели и црвени крвни зрнца и тромбоцитите се истиснуваат и не се обновуваат. Здравата коскена срж се заменува со незрели зрнца кои на крај се слеваат во крвта и се разнесуваат низ телото. Како резултат на тоа, додека бројот на незрелите зрнца во крвта се зголемува, бројот на нормалните црвени и бели крвни зрнца и на тромбоцитите се намалува. Како последица на тоа, пациентот може да чувствува некои од симптомите или знаците на недостаток на одреден вид на крвни зрнца. На пример, загубата на црвени крвни зрнца води кон премореност и бледило(слабокрвност), загубата на бели крвни зрнца доведува до повторување на инфекции и загубата на тромбоцити доведува до појава на црвени дамки на кожата, многубројни модринки и крварење од носот. Ова објаснува зошто се чести слабокрвноста, крварењето и инфекциите.
Што се лимфоми и миеломи?
Кога зрнцата од лимфоидното семејство почнуваат да созреваат, тие одат во другите органи во телото, вклучувајќи ги тимусот (градната жлезда),лимфните жлезди и во други ткива. Ако зрнцата во овие делови не успеат понатаму да се развијат, или ако работат неисправно, како последица се јавува болест (сродна на леукемијата) која се вика малигнен лимфом(malignant lymphoma). Некои лимфоми, спротивно на леукемијата, можатда се локализираат во одредено ткиво.
Лимфомите може да растат бавно или агресивно. Некои тумори на лимфните жлезди се познати под името Hodgkin's disease, додека други под името non-Hodgkin’s lymphoma. Посебен вид на лимфоидна малигност ги вклучува многу созреаните зрнца кои произведуваат антитела, таканаречените плазмоцити. Оваа болест се вика многукратен миелом (multiple myeloma).
Ш Т О   Г И   П Р Е Д И З В И К У В А   О В И Е      Б О Л Е С Т И ?
Причините за леукемија, лимфом, миелом и сродните заболувања на крвта не се знаат со сигурност. Меѓутоа, постојат неколку фактори кои очигледно влијаат на нивниот развој.
Овие фактори на опасност претставуваат само дел од причината за јавување на болеста кај поединечни пациенти и тие се одговорни за многу мал број од сите случаи. Во повеќето случаи, причината и понатаму не се знае. Ако постојат еден или повеќе од овие фактори, тоа не значи дека со сигурност ќе се разболите од некое од овие заболувања. Ако сте загрижени за било кој од овие фактори, тогаш треба да зборувате со вашиот доктор.
• Генетски фактори
• Радијација (зрачење)
• Хемикалии
• Вируси
К А К 0  Т И Е   С Е   Д И Ј А Г Н О С Т И Ц И Р А А Т ?
Симптомите на леукемија и сродните заболувања на коскената срж се
карактеристични за многу други заболувања. За некои видови на леукемија не се јавуваат никакви симптоми се додека болеста не дојде во напреднат стадиум, а понекогаш дури ни тогаш. Меѓутоа, ова не значи дека дури и многу раната дијагноза ќе спречи да се прошири болеста, затоа што леукемијата е проширена насекаде низ коскената срж од моментот кога ќе се појави.
Дијагноза за леукемија се поставува со два тестови – со правење крвна слика и со биопсија на коскената срж.
Кога ќе се земе крв за да се анализира под микроскоп, се одредува бројот набелите крвни зрнца и тромбоцитите во земената крв.
Ако бројот на белите крвни зрнца е абнормален, тогаш можеби ќе има: ниско количество на тромбоцити; мал број на црвени крвни зрнца; мал број на зрели бели крвни зрнца; или голем број на незрели или предвремено ослободени бели крвни зрнца (наречени бластови (blasts)).
После тоа се прави биопсија на коскената срж. При овој тест, докторот користи игла и шприц за да извади дел од коскената срж. Во текот на процедурата се користат локални или вшприцани аналгетици (лекови против болки). Овие нови лекарства ја намалуваат болката за време на процедурата
Примерокот од коскената срж се анализира со најразлични тестови, од микроскопска анализа до посебни одгледувања на коскена срж. После тоа се поставува дијагнозата.
Спротивно на вообичаените верувања, леукемичните зрнца не секогаш растат побрзо од нормалните зрнца. Всушност, експериментите во лабораториите за истражување укажуваат на тоа дека некои леукемични зрнца всушност растат поспоро од нормалните зрнца.
Големата концентрација на овие зрнца во крвта се јавува како резултат на тоа што леукемичните зрнца се акумулираат во крвните садови.Несозреаните леукемични зрнца се акумучлираат во крвните садови затоа што телото не ги користи.
Како резултат на тоа, нивниот број се зголемува се повеќе и повеќе. Многу голем број на овие зрнца во крвта може да доведе до блокирање на крвните садови и оштетување на ткивото во телото. Крвта станува многу густа и леплива, со што и се отежнува да може да се движи соодветно. Овој проблем е една од последиците од леукемија кој сакаме да го отстраниме со лекувањето.
Л Е К У В А Њ Е
За леукемијата и сродните болести не е секогаш потребно лекување. Ова посебно се однесува на постарите. Другите можат да се лекуваат, повремено со хируршка интервенција, радиотерапија, хемотерапија или со комбинација.
При лекувањето на хроничната леукемија, често се што е потребно се или постојано користење на таблети со мала доза, лекување со таблети, или повремени инекции за да се контролира високиот број на бели крвни зрнца.Често пациентите заболени од хронична леукемија може да поминуваат долги периоди без потреба од лекување.
Акутната леукемија скоро секогаш бара лекување со комбинации на лекови против рак познати под името комбинирана хемотерапија.
Лекувањето има за цел да ги отстрани повеќето абнормални зрнца и да им овозможи на нормалните зрнца повторно да се 'населат' во сржта (ова се вика индуктивна терапија (induction therapy)). Кога хемотерапијата ќе доведе крвта и коскената срж да изгледаат нормално и пациентот да се чувствува добро, тогаш се вели дека е постигнато целосно повлекување на болеста. Важно е да се сфати дека леукемијата не е целосно отстранета со целосното повлекување на болеста. Повеќе истражувања се посветени на развивање на подобри техники за откривање на помал број на преостанатите
леукемични клетки во коскената срж. Терапијата на консолидирање
(Consolidation therapy) се дава кога како последица на индуктивната
терапија болеста не повеќе видлива, меѓутоа се знае дека се уште постои.
Се прават повторни циклуси на хемотерапија со намалени дози за понатаму да се намали бројот на абнормалните зрнца.
Во многу случаи, иако абнормалните зрнца не можат да се откријат, нив во мал број се уште ги има во коскената срж. Ако станува збор за ваков случај,тогаш леукемијата може повторно да се појави. Ова се вика повторување или повтороно јавување на болеста. Со повторно лекување болеста може, но и не мора, повторно целосно да се повлече.Во обид понатаму да се намали преостаната болест, може да се дадат лекови со ниска доза и тоа е познато како хемотерапија за одржување (maintenance chemotherapy). Во оваа фаза од лекувањето, со индуктивната хемотерапија и хемотерапијата за консолидирање на состојбата, бројот на абнормалните зрнца е намален на минимум и со повторните циклуси на терапија за одржување, се контролира состојбата се додека, со надеж, болеста или не исчезне или имуниот систем не ја уништи.
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/2/24/Red_White_Blood_cells.jpg
од лево .....еритроцит , тромбоцит и леукоцит
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2010 во 22:55

Tumor%20testisa  Palpacija%20testisa Tumor%20testisa

Како се обавува самопрегледот на тестистите...........рак на тестис

После туширањето треба да се застане пред огледало и добро да се прегледа пределот на половите органи. Важно е да се примети дали постои промена во големината на скротумот (присуство на оток).
Секој тестис треба да се прегледа посебно.
Со двете раце се опфака тестисот така да со дланките се оценува големината и тежината на тестисот,а со лесен притисок се пропушта низ прстите на двете раце (показалецот и средните прсти од доле и палците од горе). Површината на тестисот треба да биде мазна на допир,без неравнини и тврдини. Нормално е да двата тестиса не се со иста големина, а едниот може да биде пониско поставен од другиот. Се продолжува со преглед на епидидимот, кој се наоѓа позади секој тестис и е со потврда конзистенција од ткивото на тестисот. Преглед се прави и на семеноводите кои се пипаат како подвижни цврсти цевки. Од кога ке се прегледа едниот тестис, се продолжува со внимателен преглед на другиот.
Доколку при самопрегледот се напипа тврдо чворче во тестисот или во околните регии, веднаш, без чекање треба се се оди на преглед кај лекар. Туморот обично се наоѓа само во едниот тестис, така да и во случај на операција која се прави при карциномот на тестисот( отстранување на целиот тестис со туморот) останатиот здрав тестис е доволен за потполна сексуална функција...карциномот не боли се додека не дојде во понапреднатите стадиуми, така да тоа што нема болка, не е и гаранција дека нема присуство на карцином.
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2010 во 12:27
А како уствари добро може да се прегледа дојката?
Нас нешто ни објаснуваа ама... не%20знам
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
xdrrdx Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај xdrrdx Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2010 во 21:18
Здраво на сите, решив да ја постирам темава со цел да добијам некоја информација повеќе за мојот фамилијарен проблем.

Еве за што се работи:
На татко ми пред две години му беше отстранет тумор на дебелото црево, потоа беше испратен на дополнителна терапија со зрачење и хемотерапија со цитостатици.

Овие две години се беше во ред, но пред 6 месеци почнаа да му се покачуваат тумор маркетите (CEA) и се испостави дека дошло до повторување на болеста. Повторно го оперираа и го отстранија повратничкото туморно ткиво. Но хирургот рече дека имало метастази по цревата и дека нив неможел да ги отстрани.

Бевме и на онкологија кои ни рекоа дека многу тешко би идело лекувањето повторно со цитостатици демек немало да има ефект.

Неможам да го прифатам ваквиот одговор од страна на докторите на Онкологија бидејќи сум слушал еден куп приказни за луѓе со слична дијагноза како преживувале со помоеш на други методи на лечење од традиционалните со цитостатици.

Мајка ми била пред еден месец на презентација на некои нови лекарства за третман на ракот на дебелото црево: Моноклонални антитела( конкретно Cetuximab) читав некаде и за Avastin како дополнителна терапија, еве линк од Дневник:
http://star.dnevnik.com.mk/default.a...589&stID=42104

Слушнав и за наводно успешниот резултат со Varumin, комбинација со Алое Вера препарати и слично...

Не сакам да се залетувам по некои од овие препарати без претходно да слушнам нечие слично искуство, затоа и ја постирам темава:

МИ ТРЕБА ИНФО ЗА НЕЧИЕ СЛИЧНО ИСКУСТВО, ДАЛИ УСПЕАЛ СО НЕКОЈА АЛТЕРНАТИВНА МЕТОДА ИЛИ СО ОВИЕ НОВИ АНТИТЕЛА КАКО CETUXIMAB ДА ИМА ПОДОБРУВАЊЕ ВО НЕГОВАТА ДИЈАГНОЗА?

Секоја информација е добродојдена.
Кон врв
Ace.kocani Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ace.kocani Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2010 во 16:01
http://www.fero-leko.hr/katalog/k*rkumin.html

proveri za ovoj lek mozam da t i kazam moze ke ima fajda.srekno

Изменето од Ace.kocani - 01.Јули.2010 во 16:01
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 08:49
За жал слободно може да се нарече и болест од која лекари/профитери дебело се збогатиле (засега афера ја тресе Србија ама ...збунетост)
. Засега постои сомневање дека 20 пациенти, меѓу кои има и деца, добивале несоодветна терапија. Половина добивале двојни или тројни дози цитостатици, а другата половина примале доза лекови, иако немало потреба за тоа. „Проверуваме дали некој од пациентите умрел поради несоодветна терапија“, вели извор за „Блиц“.
Деца труени со цитостатици заради провизија
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2010 во 21:28

Слушнав и за наводно успешниот резултат со Varumin, комбинација со Алое Вера препарати и слично...


Не сакам да те разочарам,но во ваква  ситуација Варуминот неможе да направи чуда.
Ова алтернативно средство е многу бомбастично опишано на сајтот,пишува дека може да повлече метастатски промени,дека со него бил лекуван и хрватскиот претседател Туџман и ред други работи кои на прв поглед ќе ви привлечат внимание.
Колку за информација,едно флаконче Варумин чини 4000 денари,а нивната препорачана доза за почеток е  4 шишенца за да се почувствуваат првите ефекти.
Мој совет,држете се до пропишаната хемотерапија од онколозите и не трошете пари на  алтернатива кога веќе се работи за вака напредната фаза на карцином.


Изменето од renatax - 16.Октомври.2010 во 21:29
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
AesculapiuS Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AesculapiuS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2011 во 22:51
Gi molam cenetata doktorka i studentcheto podetalno da objasnat kakva e taa podelba na "chisti" i "generichni" citostatici. Pozdrav!
Кон врв
sorgius Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sorgius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2011 во 00:20
Veoma me interesuje sta se podrazumeva pod cisti i genericki citostatici?!Posto sam u toj tematici, ali prvi put cujem za tako nesto!
Кон врв
AnnnnnnnE Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 31.Јули.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AnnnnnnnE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2011 во 01:25
Здраво драги пријатели!

Имам другар на 27 годишна возраст на кого му е дијагностициран синовиален сарком (рак на меко ткиво), би Ве замолила доколку некој имал вакво искуство или познавања за овој вид кои би можеле да помогнат да пишат!

Благодарам!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.