IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Кој ја напишал Библијата?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кој ја напишал Библијата?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
Автор
Порака
muharem adlan Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај muharem adlan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 23:13
bas me iznenadi dali znaes sto pisuva vo javan 17;3
Кон врв
muharem adlan Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај muharem adlan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 23:16
da ama bitno e da go prifatime vo dela 2;21 ima odgovor ako sakas mozam da go citiram
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 23:18
ti tvrdis deka isus e bog, taka ako ne se lazam,

stoe razlikata so jehovn svedoci so pravolsavnata religija?
vie jehovistite tvrdite deka e bog
hristijanite tvrdat deka e sin na boga.dali ovaa e razlikata?



А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил 17-3

Изменето од el_kevser - 12.Март.2010 во 23:23
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 22:35





        ДАЛИ Е ИСУС БОГ?


Кај современиот човек во денешно време, чувството за вечност и бесмртност често пати е парализирано. Заробен и успиен во метафизичкиот и етички релативизам, современиот човек своите размислувања за животот често пати ги завршува во безсмисленост и безнадежност. Но, кога ќе се разбуди од тој кошмарен сон и кога ќе почне да ја насетува волшебната реалност на вечноста, човекот почнува да ја бара вистината за себе и светот каде што живее. Тоа чувство за глад и жед немилосрдно го влече од пустината на животот кон оазата на радоста каде што вечните вистини, преминуваат во извори на жива вода и течат кон вечноста.

Таа духовна глад во срцето на човекот создава во него неодолива желба да го запознае Бога, изворот на вистината. Тајната на вистината не лежи во предметите, идеите или симболите, туку во личноста на Исуса Христа: „Јас сум Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14,6). Сознанието за божеството е скоро апсолутно невозможно без сознанието на личноста на Исуса Христа. Бог преку личноста на Исуса Христа на најочигледен начин се прикажал себеси како ВЕЧЕН, во границите на овој наш свет. И затоа Светото Писма кажува: „А знаеме дека Синот Божји дојде и ни даде разум за да Го познаеме Вистинскиот. И ние сме во Вистинскиот, во Неговиот Син Исус Христос. Тој е Вистинскиот Бог и живот вечен“ (1 Јованово 5,20). Меѓутоа, на тој свој прв чекор од своето духовно будење, човекот наидува и на поединечни учења, кои во своите основни постулати на верата го негираат Христовото божество. Овие гледишта учат дека Исус не е и дека не може да биде Бог, бидејќи Бог е само еден и единствен, вечит и непроменлив. Значи основен проблем е ДАЛИ ХРИСТОС Е БОГ? Најгласни од сите учења поврзани за оваа проблематика се учењата на Јеховините сведоци и Исламот. Намерата на оваа кратка студија е да ги изнесе и критички еволуира аргументите на овие две позиции од една и да го изнесе библискиот став поврзан за божеството на Исуса од друга страна. Целта на оваа студија е на читателите, верниците и на оние кои штотуку ја запознаа вистината за Бога да ги увери во веќе откриената вистина, запишана во евангелијата, нудејќи им помош во сфаќањето и вистинското толкување на личноста на Исуса Христа.

   1. Христовото божество кај Јеховините сведоци

Својот став поврзан за ова прашање припадниците на оваа верска заедница го изложија во својата книга „Кој е Бог“ стр.49 каде што пишува: „Божјиот Син е првото создание кое што Бог го направил со свои раце“. Во овој како и во многу други ставови со слична содржина, Јеховините сведоци во личноста на Исуса Христа гледаат само создание, инфериорно во однос на Отецот, кој има свој почеток и е зависен од Бога. За да ја докажат оваа своја изјава тие користат неколку библиски текстови, но најкарактеристични се текстовите запишани во Посланието до Колосјаните 1,15.16 и Книгата на Откровение 3,14.

    * Исус Христос во Колосјаните 1,15.16

„Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание“. Овој текст се користи од страна на Јеховините сведоци за да го докажат своето гледиште дека Исус е прво создание кое е излезено од Божјите раце, има почеток и затоа не може да биде Бог. Што кажува Библијата за овој текст? - Клучен термин за да се разбере целокупниот текст е зборот првороден или (грч.прототокос). Овој израз не е врзан за некој временски период на случување на некој настан туку со овој термин писателите на Библијата ја истакнувале важноста и улогата што ја имала одредена библиска личност во дадена ситуација (пр.Псалам 89,20-27; тука Давид е наречен првороден иако не бил). Во еврејската култура, првородените добивале поголеми семејни права и поголема привилегија, за разлика од останатите, така да Исус како првороден меѓу луѓето се здобил со сите привилегии што човекот ги изгубил. Имајќи ја оваа позадина во мисла, апостол Павле во Колосјаните 1,15.16 Исуса го нарекува првороден.

    * Исус Христос во Откровение 3,14

„Ова го зборува Амин, верниот и вистинскиот сведок; Почетокот на Божјото создание“. Ова е вториот карактеристичен текст што се користи од страна на Јеховините сведоци да се негира Христовото божество. Која порака сакал да ја истакне апостол Јован? - Клучен термин да се разбере целокупниот библиски текст е зборот „почеток“. Грчкиот збор употребен на ова место е зборот архе. Во превод овој збор значи принцип на животот, прва причина или зачетник. Значи пораката на овој текст не е да ни го прикаже Исуса како првосоздадено суштество од Бога, туку да ја разбереме улогата на Христа како Главна причина во процесот на новораѓањето на Лаодикеја. Значи, Исус во овој текст е претставен како Создател, а оваа особина ја поседува само Бог.

2. Христовото божество во Исламот



Во Исламот Исус (или Иса) завзема навистина видно и значајно место. Во 93 стиха (ајети), распоредени во 15 глави (сури) од Коранот се спомнува Исусовото име а 3 од овие 15 глави се насловени со Исусовото име. Освен како Иса, во Коранот Исуса го среќаваме како Божји дух и Божја реч. За Муслиманите Исус е пророк и пратеник, благословен и праведен, ценет и на земјата и на небото. Коранот кажува дека Исус ги лечел слепите, глувите и дека ги воскреснувал мртвите. Собрал околу себе ученици кои верувале дека Тој е Божји пратеник. Меѓутоа, според Исламот, Исус како и другите пророци е само создание и не поголем од слуга. Никој не смее да го нарече Бог, Божји син или Господ затоа што не може да постои никаков друг Бог освен единствениот Бог (“Муслиманите моите ближни стр.43“). Ценејќи го учењето на Исламот поврзан за Исуса Христа, сепак Светото писмо ни кажува дека Исус бил многу повеќе отколку само пророк: - Исус за разлика од другите пророци бил претскажан уште пред да се роди (Книгата на пророк Михеј 5,2; Исаија 7,14).- Исус се родил на многу чуден начин за разлика од сите други пророци (Лука 1,35; Матеј 1,18-25). - Христовиот живот се разликувал од животот на сите други пророци (1 Петрово послание 2,22.23). - Христовата смрт се разликувала од смртта на било кој друг пророк (Послание до Римјаните 5,8-10).- За разлика од другите пророци Исус е денеска жив и се наоѓа на небото (Марко 16,19).- За разлика од другите пророци Исус ветил дека повторно ќе дојде да ги спаси верните (Јован 14,1-3; Послание до Солуњаните 4,15-17). Сите овие аргументи ни сведочат дека Исус бил многу повеќе отколку човек или пророк. Исус е Бог.

3. Библиски поглед на Христовото Божество

    * Христос има Божји особини

-Тој е семоќен (Филипјаните 3,24). - Тој е сезнаен (Колосјаните 2,3;Јован 16,30). - Тој е сеприсутен (Матеј 18,20;28,20). - Тој е самобитен (Јован 5,26;и 11,25). -Тој е непроменлив (Послание до Евреите 13,8). - Тој е вечен (Колосјаните 1,17; Михеј 5,2).

    * Христовата моќ

-Тој е создател (Јован 1,1-3). - Тој е одржавател (Колосјаните 1,17). - Тој простува гревови (Матеј 9,6; Марко 2,5-7). - Тој подигнува мртви (Јован 5,28.29). - Тој ќе му суди на светот (2 Послание до Коринтјаните 5,10).

    * Сведоштвото на Библиските личности

-Пророк Исаија (Книга на пророк Исаија 9,6). - Апостол Тома (Јован 20,26-28). - Апостол Павле (1 Тимотеја 3,16; Римјаните 9,5). - Апостол Јован (1 Јованово 5,20).

    * Исус го обожаваат како Бог

-Народите (Матеј 28,17). - Ангелите (Послание до Евреите 1,6). - Секое колено и племе (Послание до Филипјаните 2,10.11).

    * Исус сведочи сам за себе дека е Бог (Јован 10,30; 13,13; 14,7-9).



На крајот на оваа наша кратка студија несомнено доаѓаме до еден единствен заклучок, а тоа е дека Исус Христос е многу повеќе отколку човек или пророк, Исус е вистински Бог и живот вечен (1 Јованово Послание 5,20) и затоа потребно е да го почитуваме како БОГ.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 05:33
Blagoj, mnogu pishuvash no ne kazuvash direktno dali Sinot Bozji e BOG. Nitu eden stih shto go navede ne kazuva deka e BOG, tuku deka e Gospod, gospodar na zemjata, i deka ima karakteristiki kako Nebesniot Tatko Bog. No toa ne e dokaz deka e BOG. Kade TOCNO pishuva deka e BOG? Vnimavaj da ne ja prekrshish prvata zapoved od desete.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 13:03
sk, дали титулите „Алфа и Омега“, „Првиот и Последниот“ и „Почетокот и Крајот“ се титули кои може да ги има единствено Бог?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
muharem adlan Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај muharem adlan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 10:04
zborot alfa i omega se odnesuva na isus zosto isus e sozkaden od stranata na bog jehova.alfa znaci deka ima pocetok a omega znaci nema kraj i seta vecnost.
Кон врв
muharem adlan Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај muharem adlan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 10:18
ima mnogu argumenti deka isus ne e bog kako sto pisuva vo biblijata vo 2 mojseva 33:20 vo avaa prilika mojse sakal da go vide bog no bog jehova mu rekol covek ne moze da me vidi i da ostane ziv,a naprotiv isus go videle mnogu luge,isto vo solomonovite izreki 8:22-31 kako isus bil ocevidec se sto napravil jehova bog.
Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 10:35
“Еве, доаѓа со облаците и ќе Го види секое око, и оние, кои Го прободоа, и сите земни племиња ќе заридаат за Него. Да, амин! ”Јас Сум Алфа и Омега”, почетокот и крајот, - вели Господ Бог, Кој е и Кој беше и Кој иде – Сèмоќниот. Јас, Јован, ваш брат и соучесник во неволјата и во царството, и во трпението во Исуса Христа, бев на островот, наречен Патмос заради Божјото Слово и сведоштвото за Исуса. Во Господов ден бев во Духот и чув, зад себе, силен глас - како од труба - кој велеше: „Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот;” - Otkrovenie 1:7-10



EvAngelos, toa se tituli koi mozat da znacat poveke raboti. Bi trebalo da imash barem ushte eden tekst koj ke go potvrdi toa. Kako izraelec, mozam da kazam deka ova tolkuvanje e mnogu poznato, kako i objasnuvanjeto za toa. Eve vo kratki crti za shto stanuva sbor.

Vo stihot 8 jasno e deka Nebesniot Tatko go veli toa, zoshto samo On gi ima tie dve tituli zaeno Gospod Bog. Tuka nema nishto sporno, osven shto Nebesniot Bog ne zboruva grcki. Ruah HaKodesh (Svetiot Duh) izleguva od “ustata” na Nebesniot Tatko i go veli toa shto e pishano vo stihot 8. Lugjeto shto slushaat, go slushaat Ruah HaKodesh, koj e proizvod od Nebesniot Bog. Neshto slicno kako i ti koga zboruvash, tvojot glas te predstavuva tebe, no toa ne si ti, tuku se poistovetuva so tebe. Tvojot glas go pokazuva tvojot karakter. Taka e i so Nebesniot Bog, koj go koristil Ruah HaKodesh (originalen prevod e Duh Svetiot). Toa e istata “sila” opishana vo Bitie 1, preku koja e formirana zemjata. I nie velime deka Nebesniot Bog ja formiral zemjata, ne Ruah HaKodesh, koj e samo sveto orudie vo ispolnuvanje na zadacite. Toj ist Ruah HaKodesh e karakterot na Sinot Bozji (vidi Luka 1:35), koj e pak ispolnuvanje na Isaija 11:1.2.

Johanan (Jovan) voopshto go nema napishano Otkrovenieto na grcki jazik, tuku na evrejski. Toa se gleda od sostavot na pismoto, kade duri 14 pesni se opishani vo otkrovenieto, a nekoi se koristat i denes vo evrejskata liturgija (primer e Kadosh – Otkrovenie 4:8 ). Zatoa vidi go tekstot na evrejski shto znaci, posebno zborovite alfa i omega, shto vsushnost se bukvi, a ne zborovi, i toa prvata i poslednata bukva od grckata azbuka. Vo originalot toa e prvata i poslednata bukva od alefbet (evrejskata azbuka): alef i tav


Zapazi go zborot shto e vo zagradite: toa se bukvite alef i tav, prvata i poslednata bukva. Sevo ova shto do sega go napishav e znaenje koe e mnogu rasprostraneto i poznato, posebno za evreite od vremeto na Sinot Bozji. Prvata recenica vo Bitie ima 7 zborovi i ( ) e cetvrti po red, koi prestavuvaat 7 Bozji denovi. Sinot Bozji “( )” se pojavil vo cetvrtiot den (po covecki 4000 godini). Sinot Bozji jasno kazuva deka e ON “( )”. Jovan go slusha toa i jasno znae za shto zboruva. Jovan go slusha Ruah HaKodesh, se vrti da go vidi, i gleda svetilnik (karakterot na svetilnikot e opishan vo Isaija 11:2, kade se opishani sedumte karakteristiki na kracite na manorata). Vo sredinata na manorata e Sinot Bozji, shto saka da kaze deka Ruah HaKodesh e vo nego. Toj e istiot Ruah HaKodesh koj izlegol od Nebesniot Tatko. Tie site prestavuvaat edno, go prestavuvaat Nebesniot Tatko, no ne se Bogovi!!!.

Kako takov svet, cist, sovrshen, poln so Ruah HaKodesh, Sinot Bozji E dolgoocekuvaniot Prvosveshtenik, koj sluzi pred Boga za Negovite sledbenici. Toj e prv svet, ocisten prvosveshtenik (alef) i posleden, nema da bide zamenet (tav) (nema da ima tret Adam). Toj go vodi sudot, i toj e onoj shot se veli i “advokat” i “sudija” za nas. Seto toa go pravi potpolno legalno zoshto vo nego zivee Ruah HaKodesh, koj izlegol od Nebesniot Tatko, koj e Bog.

Toa bilo, a i denes e vazno da se potencira, posebno za deneshnite evrei. Vo talmudot pishuva za srusheniot vtor hram. Naveden e tekst kade veli deka evrejskite lideri znaele deka neshto losho ke se sluci. Ne znaele deka toa ke bide so hramot, no znaele deka neshto losho ke se sluci. Kako znaele? Sekoja godina na Yom Kippur, prvosveshtenikot vleguval vo hramot za da bara oprostuvanje za grevovite za nego, greshniot prvosveshtenik, a i za narodot. Na vratata na vlezot se postavuvala crvena lenena tkaenina, koja gi pretsavuvalo grevovite na lugjeto ( toa e zemeno od Isaija 1:18). Sekogash koga grevovite na lugjeto bile oprosteni od stranata na Boga, taa crvena lenena tkaenina se pretvorala vo bela boja, i toa bilo znak od Boga deka grevovite im se oprosteni. Potoa sledela golema proslava. Talmudot pishuva deka vo poslednite 40 godini pred srushuvanjeto na hramot, crvenata lenena tkaenina ne se pretvorala vo bela. Od godina vo godina ostanuvala crvena, i toa bilo znak za literite od toa vreme deka neshto losho ke se sluci. I se slucilo vo A.D.70, hramot bil srushen.

Za nas, a i za Jovan e bitna slednava informacija. A.D. 70 minus 40 godini nanazad, e tocno vremeto koga Sinot Bozji go prezel prvosveshtenstvoto, i sega ON se posreduva pred Boga za Negovite sledbenici. ON e validniot Prvosveshtenik pred Boga koj ima pravo da bara ocistuvanje na grevovite. Hramot bil unishten, zoshto nemalo poveke potreba za toa: obicna zgrada. Deneshnite evrejski lideri ne go priznavaat toj Prvosveshtenik, i za zal, grevovite ne im se oprosteni.

Da zaklucam: Sinot Bozji e prviot i posledniot Prvosveshtenik, kade Ruah HaKodesh zivee vo Nego, koj pak doagja od Nebesniot Bog, i site rabotat kako tim. No ima semo eden Bog:

"Shema Yisrael Adonai eloheinu Adonai Ehad"

Vtorozakonie 6:4



(imam tehnici problem; programov ne go prifaka evrejskoto pishuvanje na Beresh*t 1.1; ako nekoj znae kako da go vmetne toj teks, ke bide dobro, zoshto tamu cetvrtiot zbor e aleftav, prviot i posledniot)

Изменето од sk - 15.Март.2010 во 10:39
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 11:27
Originally posted by muharem adlan muharem adlan напиша:

zborot alfa i omega se odnesuva na isus zosto isus e sozkaden od stranata na bog jehova.alfa znaci deka ima pocetok a omega znaci nema kraj i seta vecnost.


„”Јас Сум Алфа и Омега”, почетокот и крајот, - вели Господ Бог, Кој е и Кој беше и Кој иде - Сèмоќниот“ (Откровение 1:8)

Дали според твоево толкување следува дека и Семоќниот Господ (ЈЕХОВА) Бог има почеток, затоа што и Тој е наречен „алфа и омега“?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 11:41
Da ne zaboravime deka Biblijata e dadena za lugjeto, i nebesite principi se vmetnati vo nea. Ima mnogu raboti koi nie ne gi znaeme (vidi Job 38). Koga Bog veli deka e ALEF, toa e za zemniot zivot, kade grevot se ushte go ima, i TAV, kade grevot ke zavrshi. Se shto e pishano vo Biblijata e za zemjata, za nashe poucuvanje. Koga Moshe (Mojsej) beshe na Sinaj, toj vide shto ima tamu i toa shto go vide e preneseno za nas lugjeto, onolku kolku shto e dovolno za da go poznaeme Bog i da ni se oprostat grevovite.

Samiot Bog vo nebesna sveta smisla nema nitu pocetok, nitu kraj, nitu ALEF, nitu TAV.

Изменето од sk - 15.Март.2010 во 11:41
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 14:26



Koj sum jas da go definiram Bog.Ja neznam koj sum jas, i so kakvo pravo i so koe znaenje mozam da go stavam Bog vo kafez , koj e semoken i besmrten.


Imajte ja vo sebe istata misla, koja bese i vo Isusa Hrista; Koj iako e vo Bozjo oblicje, ne go smetase kako grabnato toa sto e ednakov so Boga, tuku se lisi Samiot Sebe, i zede oblicje na sluga stanuvajki slicen so lugeto.[Filipjani 2. 5-8].

Isus rekol ; Jas sum pat vistina i zivot.

Jas sum voskresenie.

Koj go ima Sinot ima zivot.

Jas znam deka Hristos go dal zivotot za mene , za celoto covecanstvo , a tuka gi fklucuvam i Jehovinite svedoci.

Planot na spasenieto e tajna.

Koj sum jas , so kakva sposobnost , so kakvo znaenje i so ogranicen um - mozam da go definiram Bog i da go znam negoviot plan.


Togas Go prasa:"Koj si Ti?" Isus im reca:"Imeno toa, keo vi zboruvam od POCETOKOT.[Jovan 8,25].

Misla deka prvata glava od Jovanovo poslani- objasnuva koj e Bog.

Da ne mudruvame mnogu.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 17:31
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:




Koj sum jas da go definiram Bog.Ja neznam koj sum jas, i so kakvo pravo i so koe znaenje mozam da go stavam Bog vo kafez , koj e semoken i besmrten.


Imajte ja vo sebe istata misla, koja bese i vo Isusa Hrista; Koj iako e vo Bozjo oblicje, ne go smetase kako grabnato toa sto e ednakov so Boga, tuku se lisi Samiot Sebe, i zede oblicje na sluga stanuvajki slicen so lugeto.[Filipjani 2. 5-8].

Isus rekol ; Jas sum pat vistina i zivot.

Jas sum voskresenie.

Koj go ima Sinot ima zivot.

Jas znam deka Hristos go dal zivotot za mene , za celoto covecanstvo , a tuka gi fklucuvam i Jehovinite svedoci.

Planot na spasenieto e tajna.

Koj sum jas , so kakva sposobnost , so kakvo znaenje i so ogranicen um - mozam da go definiram Bog i da go znam negoviot plan.


Togas Go prasa:"Koj si Ti?" Isus im reca:"Imeno toa, keo vi zboruvam od POCETOKOT.[Jovan 8,25].

Misla deka prvata glava od Jovanovo poslani- objasnuva koj e Bog.

Da ne mudruvame mnogu.



Jas se soglasuvam so Blagoj deka BOG ne mozeme da go razbereme i da go definirame i sfatime vo potpolnost.

No, stihot od Jovan 8:25 voopsto ne e vo kontekst na ona sto go pretstavuvas.

Ako vidis, ISUS toa sto go kazuva tamu na Judejcite e deka toa im go zboruva na uste od pocetokot koga e ovde na Zemjata i im posocuva deka Negoviot Tatko na nebesata svedoci za Nego i Toj zboruva ona sto go cul od Negoviot Tatko.


Ima eden interesen razgovor pomegju Isus i negovite ucenici vo Matej 16 poglavje, stihovi od 13 do 17 za toa koj e ISUS i so koj ne se somnevam deka site Hristijani ke kazat AMIN na ova:

13 А кога Исус дојде во околината на Кесарија Филипова, ги праша Своите ученици и рече: „Што велат луѓето, Кој е Синот Човечки?”

14 А тие рекоа: „Едни велат дека е Јован Крстител; други Илија, а други пак Еремија или еден од пророците.”

15 Тој им рече: „А вие што велите, Кој Сум Јас?”

16 Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Син на живиот Бог.”

17 Исус одговори и му рече: „Блажен си, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Татко, Кој е во небесата.

AMIN!
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2010 во 21:42
ВО ШТО СЕ СОСТОИ РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ БИБЛИЈАТА И ОСТАНАТИТЕ КНИГИ?


Најнапред, Библијата се разликува од другите книги по тоа што е полна со свежина која зрачи од неа. Да повторам уште еднаш: за да се искуси таа свежина, потребно е нејзино темелно и длабоко истражување. Некој во неа може да најде одговор на прашањата за иднината, друг можеби ја чита за да ја исмее, а трет пак, ја чита за да го запознае Бог. Првиот и вториот веројатно ќе се разочараат од неа, но затоа пак третиот ќе добие вечен живот.
Библијата е непресушен извор и може да се чита еднаш, двапати, десетпати и секогаш да е со истата свежина. Еден шведски писател рекол: „Библијата е се уште моќен извор на животот како и порано. Може ли некој да потврди дека Библијата уништила нечиј живот? Таа е Божји Збор, нежен развигор на вечноста и можеш да ја читаш колку што сакаш, а да не се умориш".
Англискиот физичар Мајкл Фарадеј (1791-1867) со глад ја читал Библијата. и со голема љубов им зборувал на луѓето за неа. Би можеле да споменеме уште цела галерија личности, кои зборувале за убавината и за свежината на Библијата.
Светото Писмо е оаза сред пустина, каде што жедната и уморна душа може да најде поткрепа. Во Библијата мнозина нашле утеха кога биле во голема жалост, или надеж кога биле во очај. Таа е секогаш свежа, што не е случај и со другите книги. Ретко кога читаме некоја книга по втор пат, а да не ни биде здодевна. Уште се поретки книгите кои ги читаме по трет пат. Тоа е разликата помеѓу живата и мртвата книга. Co ова не порекнуваме дека постојат прекрасни книжевни ремек-дела, но ниедно не може да се спореди со Библијата која ги надвишува сите заедно.
Можеби некој ќе рече: „Па и неа ја напишале луѓе!". Да, тоа е вистина, но да видиме што вели за тоа самата Библија: „Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот. Зашто никогаш според човековата волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветлувани од Светиот Дух" (2 Пет.1:20-21).
Секој збор што се наоѓа во Библијата е инспириран, односно вдахновен од Светиот Дух и содржи живот. Луѓето кои биле инспирирани од Светиот Дух ја напишале оваа книга. Книгите од светската литература, колку и да се вредни и признати, сепак бргу застаруваат. Се случува во книжарниците да се продаваат книги по намалени цени. Зошто? Главната причина е неактуелноста на тие книги. Една теорија заменува друга, па така книгите стануваат несовремени. Единствено Библијата останува свежа, современа и секогаш на цена. Колку ли само крадци постанале чесни луѓе преку оваа книга. Еден американски гангстер го опишал својот живот во една своја книга под наслов: „Бев гангстер". Иако бил роден во христијанско семејство, сепак тргнал по погрешен пат. Во текот на 2. Светска војна станал специјалист за електроника, a no војната се вработил во полицијата изработувајќи апарати за прислушување. Иако бил познат по своите пронајдоци, според неговото мислење не бил доволно платен. Така, се одлучил да работи за гангстерите, додека и сам не станал еден од нив. Во подземјето на Калифорнија доживеал многу авантури. Во ноември 1949 година, во Лос Анџелес, под еден шатор ја слушнал пораката на евангелизаторот Били Греам, и после проповедта поттикнат од самата порака, решил да го остави стариот начин на живеење. Го примил Христос во своето срце и тоа било почетокот на неговиот нов живот. Многу нешта со кои ги мамел луѓето ги продал за да им ги врати парите на измамените. Преку Божјиот Збор, Библијата, овој некогашен гангстер, станал чесен и вреден христијанин. Ова е само доказ дека Библијата поседува моќ на трансформација, што не е случај со ниедна друга книга.
Сепак, и покрај ова како и многу други сведоштва, постојат луѓе кои неуморно се обидуваат да го поткопаат и урнат угледот на Библијата и ја споредуваат со обичните книги. За жал, и некои христијани ги прифатиле овие критики како основани, па верата во Бог им се разнишала. Затоа, уште денеска потребно е да се заземе јасен став во поглед на тоа прашање, за да можат младите во верата кога се пред искушение, да најдат цврста потпора. А оние кои се уште не поверувале, да ја разберат и да откријат какво богатство се крие во Библијата.
Се до денес, науката не е во состојба да одговори на прашањето: која е причината за смртта? На ова прашање, Библијата дава кус и јасен одговор: „ Платата за гревот е смрт!" (Рим. 6:23).
Тоа значи дека причината за смртта е гревот на човекот. За ова зборува и мудриот Соломон во своите Поговорки: „ Правдата го издига народот, a гревот е за негов срам " (14:34).
Причината за секоја неволја е во непослушноста кон Бог. Ако некој сака да добие одговор на прашањата од животна важност, мора да ја чита Библијата сериозно и темелно, бидејќи само така ќе дојде до саканата цел. Брзото и површно читање како и критикувањето, никаде не водат. Кој ја чита Библијата со отворено и искрено срце, преку неа може да дојде во контакт со живиот Бог.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.