|
20 години парламентарна демократија |
Внеси реплика | страница 123 14> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 15.Март.2010 во 12:50 |
И така падни стани, гласај не гласај, избери неизбери стасавме до 20 години на парламентарни избори или таканаречената парламентарна демократија. Се изнагледавме премин од една во друга партија, се изнаслушавме кој колку украл, кој колку е поштен, кој колку е голем патриот а другите предавници и кодоши, вакво те такво лоби и што ли не.
Арно ама за овие 20 години како минуваат една по една се повеќе и повеќе си го стегавме ременчето, осиромашувавме. Обратно од нас-народот, нашите ’’водичи низ демократијата’’ стануваа поалчни и поалчни и се погласни дека за наше добро тие меѓу себе се караат. Кутрите ние од ’’ добрина’’ глава не кренавме. Та бил Бранко, та бил Станко или Грујо та Мујо, не изнашетаа жедни преку вода, не превеслаа колку тие сакаа. Верувавме на едни, верувавме на други ги гласавме за да можат да си живеат боговски, а нас да не убедуваат дека ни е многу убаво и кога не прогласуваа технолошки вишок и кога плата не ни даваа и кога не казнуваа за прекршоци кои не сме ги сториле и за тоа што сме се побуниле зошто вработуваат само партиски војници додека нашите браќа, сестри, деца седат не вработени. Од сета ’’парламентарна демократија’’ и многу добрина научивме дека на наредни избори нема да избираме. Ако можат сами нека си се изберат. Барем да не се нервираме за погрешен избор, за верба како слепци. Е сега има и поинакви- луѓе кои се офајдија од некои. Нејсе. Секој нека си каже за себе. Изменето од mamamd - 15.Март.2010 во 12:52 |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Od godina na godina se e ISTO...
Za zal mamamd slucajno ili namerno ja nema ovaa opcija vo anketata... |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па како опција ако може да се стави односно да се, прошири анкетата но не е лошо и да не се стави односно да се даде и како коментар иако долго се мислев дали да се стави или не. Мислам дека не е исто туку полошо (барем според мое видување) и најмногу се плашам дека ако им се верува на скептиците доаѓа уште полошо.
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
бре mama ама си ја наредила анкетава да не знам што да изберам, ама две не се, во никој случај сигурно (1 и 4)
инаку за темава Изменето од zabegan - 15.Март.2010 во 14:40 |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
грешка .......... од година во година само ПОЛОШО ............
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И се чудам јас што нема од она широкана леплива трака по продавници кога сега откривам дека премиерот ја купил да им залепи уста на народните избранци да молчат и да не зборуваат
Абе аман, ко да сем ретардирани. Премиерот им бранел? Аааа !!! Море така им чини, оти ако се отвори дискусија ке треба да зборнат нешто па народов ке им ги дознае ставовите и за наредни избори ке ги шутне. Затоа молчат нашите избраници, барем јас мислм така. Ако не е така нека ме демантираат, нека почнат отворено да зборуваат, дека во Македонија нема парламентарна демократија и дека заради тоа ја напуштаат функцијата, се откажуваат од платата и бенифициите. Пратениците без право на глас за името |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фино, ем си гонат приватни работи, ем демек налутени на парламентот па бојкотираат од политички причини, ем мандатот не може да им биде загрозен, ем платичката им врви... ем постојано угнетувани и обесправени...
Душички демократски измачени |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тема:
20 години парламентарна демократија!?!
...hahahah,..si jebalo mamata,..ke "pukne" ushte malku,...od premnogu demokratija! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е точно дека се е исто.Деведесеттите години не беа обучени на ова што денес го прават со народот.Видете денес колку се бирократизираа и колку алчни и безобразни станаа.Пред петнаесетина години советници во некои градови не земаа ниту илјада денари а денес? Видете ги во комисии, измислени места,скулптури,дрндрн...се извештија но само во своја корист. Денес се специјализирани за влечење на народот за нос, а овој тоа да не го почувствува и секогаш последен да го согледа истото.Затоа ни се случува ова што ни се случува. Богати политичари - сиромашен народ!. Изменето од marsovec - 30.Мај.2010 во 14:54 |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Срцушки тие море, нејќат да не брукаат надвор па се засакуваат и сложно шетаат, трошат државни пари.Ако се скараат може и ќе дознаеме нешто каде ни оделе парите, вака подсмирени се заколнати на тајност. Не рекле џабе- Врана врани очи не вади
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оф мори мајко и единицата значела нешто добро, иако за нас не важи, ние сме си “добри кон мноу добри “ До демократизацијате ли е, до демократите ли е
Просечна оценка за демократскиот развој на Македонија |
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ние имавме поголема демократија на почетокот на плурализмот додека не ги приграбија конците за владеење со државата и наметнување на диктатура од феудален тип.Затоа денес имаме владеење поблиску до диктатура одошто до демократија. Вградувањето на тоталитарен систем го поткрепува инсталирањето на култ наличноста како и инсталација на Големото Уво како дел и средство во владеењето на Големиот Брат ( читај Фамилијата - или КУМ 4 во живо).
Инаку системот пред плурализмот беше подемократски од овој кој сега ни се инсталира и наметнува како демократија.Ова е систем не 1984 туку малку полош 2010.Според Орвел - разбира се.
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
Внеси реплика | страница 123 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |