IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Православни проповеди - текстови, MP3
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Православни проповеди - текстови, MP3

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
Автор
Порака
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2009 во 19:50




Чувајте се од лажни пророци.

Плагијатот на Елена Вајт





Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 16:30




                             Денес е Недела месопустна - проповед





Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
skalica Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 64
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај skalica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2009 во 22:35
21 OКТOМВРИ / 03 НОЕМВРИ

1. Прeп. Илариoн Вeлики. Какo штo ружата растe на трњe, така и oвoј гoлeм свeтитeл сe рoдил oд нeзнабoжeчки рoдитeли вo сeлoтo Тавати близу дo Газа Палeстинска. Рoдитeлитe гo далe на учeњe вo Алeксандрија кадe штo надарeнoтo мoмчe брзo примилo свeтoвна и духoвна мудрoст. Запoзнавајќи гo Христа Гoспoда и крштавајќи сe, пoсакал цeлoснo да сe прeдадe во служба на Гoспoда. Сo таа жeлба вo срцeтo, Илариoн гo пoсeтил св. Антoниј вo пустината и пoстанал нeгoв учeник. Пoтoа сe вратил и сe пoдвизувал вo близината на Мајум кај Газа. Дeмoнитe гo плашeлe сo разни плашила нo тoј сo мoлитва кoн Гoспoда и сo крстниoт знак сeкoгаш ги пoбeдувал и ги изгoнувал. Oкoлу нeгo сe сoбралe мнoгу љубитeли на духoвниoт живoт и св. Илариoн пoстанал за Палeстина тoа штo св. Антoниј бил за Eгипeт. Бoжeствeн учитeл, цврст пoдвижник, прeкрасeн чудoтвoрeц, Илариoн бил уважуван нe самo oд христијанитe, туку и oд нeзнабoжцитe. Нo сe плашeл oд чoвeчкитe пoфалби и гoвoрeл низ сoлзи: “Тeшкo мeнe, ја примив на зeмјата свoјата награда!” Тoј бeгал oд мeстo на мeстo самo за да сe скриe oд луѓeтo и да oстанe сам сo свoјата душа и сo Гoспoда. Така сe насeлил и извeснo врeмe живeeл вo Eгипeт, на Сицилија, вo Далмација и најпoслe на Кипар кадe штo гo завршил свoјoт мнoгустрадалeн живoт oкoлу 372 гoдина, вo 80. гoдина oд свoјoт живoт. Чудoтвoрнитe мoшти на св. Илариoн ги прeнeсoл вo Палeстина нeгoвиoт учeник Исихиј и ги пoлoжил вo манастирoт oд нeгo oснoван.


2. Св. Илариoн eпискoп Мeглeнски. Рoдeн oд рoдитeли пoзнати и пoбoжни. Нeгoвата бeздeтна мајка дoлгo Му сe мoлeла на Бoга да ѝ дадe eднo дeтe, и пo нeјзинитe мoлитви ѝ сe јавила Прeсвeта Бoгoрoдица и ја утeшила сo збoрoвитe: “Нe тагувај, ќe рoдиш син и тoј ќe oбрати мнoгумина кoн свeтлината на вистината”. Кoга Илариoн имал три гoдини, oд нeгoвата уста нeпрeстајнo сe слушала пeсната: “Свјат, Свјат, Свјат Гoспoд Саваoт!” Дoбрo oбразуван сe замoнашил на 18 гoдини и oснoвал манастир сo типик на св. Пахoмиј. Вo 1134 гoдина Трнoвскиoт архиeпискoп Eвстатиј гo ракoпoлoжил за eпискoп Мeглeнски. Цeлиoт свoј живoт св. Илариoн вoдeл бoрба прoтив бoгoмилитe и eрмeнскитe eрeтици. Нo сo свoјата учeнoст, духoвна и свeтoвна, и сo нeспoрeдливата свeтoст ги пoсрамил ситe и мнoгу oд нив ги привeл кoн правoславиeтo. Мирнo сe упoкoил и сe прeсeлил вo царствoтo на свoјoт Гoспoд вo 1164 гoдина.

3. Прeп. Филoтeј. Рoдeн e вo Христoпoл вo Макeдoнија. Турцитe гo грабналe oд нeгoвата мајка вдoвица и заeднo сo нeгoвиoт брат ги затвoрилe. Oд затвoрoт на чудeн начин ги спасила Прeсвeта Бoгoрoдица и ги прeнeсла вo eдeн манастир вo Нeапoлис, Мала Азија. Нeгoвата мајка пoдoцна ги нашла свoитe синoви какo мoнаси, па и самата сe замoнашила. Филoтeј прeминал вo Св. Гoра, кадe штo сe пoдвизувал првo вo манастирoт “Диoнисијат”, а пoтoа вo пустина. Чудeн пoдвижник и гoлeм пoбeдник на дeмoнскитe сили. Мирнo сe упoкoил вo 84. гoдина oд свoјoт живoт. Нарeдил да нe гo закoпуваат, туку тeлoтo да му гo фрлат вo шумата на птицитe и на ѕвeрoвитe. Пoдoцна eдeн рибар вo нoќта видeл гoлeма свeтлина вo шумата и изѕeмнат, oтишoл да сe стoпли, мислeјќи дeка тoа e oган. Нo свeтлината нe била oд oган, туку oд чудoтвoрнитe мoшти на св. Филoтeј.

Прости ми, Господи, јас сум грешен човек!
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 16:53
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 16:57
za brakot ......i  bracnite problemi.........
 
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 11:43

Беседа на Благовештение - Старец Партениј Бигорски



Секој од нас има размислувано за чудото како Бог слегол од небесата и Си приготвил живеалиште во мајчина утроба; како Божјата природа се облекла во човечко тело и не се гнасела заради нас да живее девет месеци во утроба; како, пак, утробата, бидejќи тело, држела во себеси оган, без да биде согорена. И како Бог станал човек; Вечниот по години - Младенец; Господарот станал роб и Синот на Царот – сиромав.

Сега да го насочиме вниманието кон Дева Марија. Ете, слегува при неа Гавриил, и ѝ соопштува ретка радост, а таа, одговарајќи, вели: Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои (Лк 1, 38). Со оваа согласност Дева Марија постана за нас небо, престол на Бога. Таа е храм, во кој живее силниот Цар на царевите; таа е ново небо, во кое живее Бог на Боговите; таа е евангелска лоза, која Го роди Гроздот на искупувањето; таа е извор, од кој блика жива вода за духовно жедните; таа е мајка за сите страдалници; таа е скала кон небото, по која, душите на добродетелните се искачуваат до престолот на севишниот Бог.

Со светото Благовештение започнува тајната на нашето спасение. На женската природа ѝ е одредено непосредно да учествува во тоа големо дело. Преку првата жена, Ева, гревот влезе во светот; а преку новата Ева, Богородица, Бог дојде меѓу луѓето. На денешен ден Сѐчистата и Пренепорочна Дева Марија го изговори своето скромно и послушно „Нека ми биде“, со што се согласи да стане соучесничка во духовната обнова на светот. Сосема обесправена во однос на мажот, до доаѓањето на Господа Исуса Христа, жената била сметана повеќе за роб отколку за човек. Но Христос преку Богородица ја издигнува жената до највозвишено достоинство. Он нејзе ѝ го враќа вистинското место и улога во општеството, и ѝ одредува нова, возвишена мисија - таа да биде Божја соработничка во делото на спасението. Па така, последувајќи го Богородичниот живот, многу жени низ христијанската историја се издигнале толку многу, што светејќи од тие духовни височини им помогнале и на многу други да го спознаат Бога.

И навистина, жената е стожер на семејството, коешто, пак, е животворна клетка на човековата заедница. Семејството е црква во мало, а мајчинското воспитание е нешто што е најсуштинско и најсилно во животот на личноста. Хранета со православното предание, и поткрепувана од примерот на Богородица, жената и во нашата татковина некогаш била вистински образ, икона Божја. Украсувајќи се со благочестивост, целомудреност и чистота, таа низ нашето минато била налик на жива книга, од која можеше да се научи многу повеќе, отколку што ние денес учиме од безбројните пишани книги. Зашто иако, можеби, неписмена, таа била верен чувар и исполнител на светото православно предание; била носител на Светиот Дух, во Кого е содржана секоја премудрост. И така, исполнета со силна душевна топлина и способност да трпи, и имајќи ја во своето срце вистинската наука, таа како мајка знаела да им ја пренесе оваа највозвишена наука на своите чеда; знаела да одгледа духовно здрави деца; да однегува вистински херои и родољубци, кои своите животи си ги полагале за верата и татковината. Но, за жал, духовниот терор што атеизмот го изврши над нашиот народ во времето на комунизмот, ја прекина таа нишка, во која мајката го воспитувала своето дете во најсветите вистини. Настана едно поколение, кое беше запознаено со светото предание, но го практикуваше некако по инерција, само формално, поради што кај него олади евангелската љубов и ревноста за верата и тоа повеќе не беше во состојба да го пренесе преданието на своите потомци. Резултат на ова беше обезбожување на народната душа и површно почитување на традицијата од страна на малкумина. Ваквото наше христијанско општество, развенчано од светото предание во времето на тоталитаризмот, денес стана лесен плен на погубните влијанија што доаѓаат од западната т.н. постхристијанска „култура“, за којашто, според христијанското поимање за цивилизација, може слободно да се каже дека е паганска и антикултурна. Пред некој ден многу се разжалостив, кога во еден од дневните весници прочитав, како во Канада, поради тоа што имало многу силувања, некој обичен полицаец предложил како превентивна мерка - жените да се облекуваат поскромно и попристојно. Наместо да ја поздрават ваквата добронамерна изјава на благочестивиот полицаец, голем број жени на тоа изреагирале така, што марширајќи по канадските улици, бесрамно ги раслекле своите тела, носејќи вулгарни транспаренти во рацете и правејќи, така, општа соблазна. Според испревртениот светоглед на искривени морални вредности, денешната жена, наместо да се пронаоѓа себеси во скромноста, нежноста, љубовта, милоста и добрината, таа за жал, се наоѓа себеси во нескромноста, бесрамноста, развратноста. Се поставува прашањето, дали покрај вакви жени и мајки, ќе може да се создаде нормално семејство, кое е способно да воспита и израсне здрави личности? Очигледно жените во денешната постхристијанска антикултура се откажаа од светоста и целосно си го изгубија своето достоинство, како што беше некогаш во неморалните општества пред Христа. Денешната жена, наместо примерот на Пресвета Богородица, за образец во својот живот ја зеде бесрамната танчерка Саломија, ќерката на развратната Иродијада.

Пред три години, во мојата беседа за овој ден кажав дека Благовештение се празнувал и како празник на жената. Впрочем, нашите баби, иако можеби неписмени, сепак биле христијански образовани. Тие многу добро знаеле што претставува празникот Благовештение; колку тој празник значел враќање на достоинството кај жената и како Богородица била нивниот идеал во животот, од кој црпеле благодат за својот подвиг: во моминството – чистота, во мајчинството и сопружништвото – пожртвуваност. Затоа тие овој празник го славеле како нивен сопствен – како ден на жената. Интересно е што и во време на османлиското владеење, особено на овој празник, во Бигорскиот манастир на сеноќно бдение доаѓале големо мноштво жени од околните краеви. Водени од верата на нивите претци, жените од мијачкиот крај, иако со миграцијата се иселиле од овие краишта, продолжиле да доаѓаат и во времето на комунизмот. И покрај тоа што манастирот останал без монашкото псалмопеење и сеноќното бдение и бил претворен најпрво во земјоделска задруга, па во училиште и на крај во музеј, мијачките жени, иако во намален број, не престанале да доаѓаат, носејќи елеј и импровизирани кандила од филџани, и оставајќи ги да светат цела ноќ во манастирот. Овој обичај стигна и до нашите дни. Кога дојдов тука пред 15 години, имаше околу 20-ина жени што традиционално доаѓаа за денешниов ден, носејќи ги со себе импровизираните кандила. Но на нивно големо изненадување, сега веќе пред иконите гореа кандилата, кои ги запали нашето возобновено братство. За жал, поради оладувањето на верата, и нејзиното формално практикување, таа светла традиција, постепено згасна, тие не успејаа да ја пренесат на своето потомство, па така, денес имаме само уште две старици, кои сеуште го чуваат овој обичај. Но, Му благодарам на Бога што вие, оцрковените, сте овде во толкав голем број, во спротивно, манастирот би бил празен.







ПОВЕЌЕ ФОРОГРАФИИ И ВИДЕО




Изменето од Maran Ata - 09.Април.2011 во 11:44
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2011 во 17:11
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:




...Семејството е црква во мало, а мајчинското воспитание е нешто што е најсуштинско и најсилно во животот на личноста. Хранета со православното предание, и поткрепувана од примерот на Богородица, жената и во нашата татковина некогаш била вистински образ, икона Божја. Украсувајќи се со благочестивост, целомудреност и чистота, таа низ нашето минато била налик на жива книга, од која можеше да се научи многу повеќе, отколку што ние денес учиме од безбројните пишани книги. Зашто иако, можеби, неписмена, таа била верен чувар и исполнител на светото православно предание; била носител на Светиот Дух, во Кого е содржана секоја премудрост. И така, исполнета со силна душевна топлина и способност да трпи, и имајќи ја во своето срце вистинската наука, таа како мајка знаела да им ја пренесе оваа највозвишена наука на своите чеда; знаела да одгледа духовно здрави деца; да однегува вистински херои и родољубци, кои своите животи си ги полагале за верата и татковината.
...








Многу убава проповед, со која - за жал - неможам безусловно и потполно да се сложам!


*Светиот Дух - преку Кого Единствениот *Светол БОГ, Своето *Свето Слово (за спасение на сите под верното срце на како солза чистата Дева Марија) Го отелотвори во Исус Христос - е поважен и попотребен од секое битие, предание, традиција, родољубие, татковина, ...!

Многу е важно пред се’ да се даде Важност и Слава на Единствениот *Светол БОГ, Кој во Неговиот *Светол ЗБОР (ЛОГОС = Исус Христос), преку Неговиот *Светол ДУХ, лично ни Го покажа Спасителниот Пат!

Ниеден човек, ниедна традиција, ниедно родољубие, ниедна вера, ниедна борба, ниедна татковина, ниеден татко, ниеден бог, ... не можел, не може нити некогаш ќе може да се спореди со Оној БОГ и Дух Кој што е’ лично во Господа Исуса Христа!

Да не се увиди оваа Совршена и Спасителна ВИСТИНА е многу опасно и поради тоа негледање може да дојде (како што доаѓало и доаѓа) до несовршени традиционални обожавања, национални приоритети, колективни егоизми ... кои што - неминовно на земјата - водат во најразлични конфликти и дури во војни, со кои (за жал) човековата историја е преполна!

Ние знаеме дека Вистинските Апостоли и следбеници Христови никогаш не воделе никакви крвави војни против никого, а најмалку против оние кои веруваат на Совршената ВИСТИНА, Која што е лично Отелотворена во Исуса Христа ГОСПОДА - Царот на Љубовта и Мирот!





   


Изменето од spiros - 10.Април.2011 во 17:14
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2011 во 04:22
Спирос, ако малку повеќе се скронцентираше на проповедта, ќе видеше дека отецот говори за Бог и за односот на жената кон Него. А во минатото, со оглед на тоа што мојата прабаба била неписмена, нормално дека верата во Бог била пренесувана по ТРАДИЦИЈА! Патем, ниту еднаш Господ не рекол или забранил дека не треба да се љуби татковината, туку напоменува, како и апостол Павле, дека треба да си ја љубиме својата земја.

Многу е трагично и жално кога ќе видам дека некој од два збора извлекол цел заклучок, демек отец Партениј зборува за се’ друго, освен за Бога.

Сепак, по делата ќе ги познаете, а делата на братството од Бигорски се видливи и преку само една фотографија   
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.