IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали сте среќни?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали сте среќни?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Прашање: Дали се сметате себеси како среќна личност?
Одговор Гласови Статистика
14 [66,67%]
2 [9,52%]
3 [14,29%]
1 [4,76%]
1 [4,76%]
0 [0,00%]
0 [0,00%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Дали сте среќни?
    Испратена: 07.Февруари.2010 во 23:04
Петоков што измина, кога мислев дека ги свршив сите работи за неделава и се спремив да си одам дома, дојде еден мој предпоставен и ме замоли да останам уште околу половина час како би му свршил една работа.
Бидејќи веќе бев спремен да си одам, малку ме онерасположи ова изненадно барање, но го прифатив.
Кога си возев накај дома - на истото место кадешто досега двапати сум имал “несреќен случај“ - видов една невообичаена глетка. Пастир со неколку стотини овци!

Веднаш се исклучив од сообраќајот кој тече од 80 - 120 км/н и му се приближив. Го прашав дали смеам да му “сметам“ малку. Тој ми дозволи да му пријдам, уверувајќиме и ослободувајќиме дека неговите две овчарски кучиња нема да ми сторат ништо.

Температурата беше нешто над нулата, а врнеше дожд. Неговите раце беа многу потопли од моите. Две кучиња, две магариња (натоварени со шатор и други “ситници“ за живот) и над пестотини овци, стоеше на дожд еден пастир со топли раце и нежен поглед од кого зрачеше нешто прекрасно.
Ми кажа дека вечерта ќе спие во блиската шума и дека така тој живее во шатор од ноември до март, селејќисе од шумичка до шумичка, од пасиште до пасиште .

Човекот зрачеше еден таков мир, среќа и задоволство, што воопшто и не беше потребно да се праша дали е среќен, но на прашањето (со за него типичната насмевка) тој одговори: Да, да!

Некаде на 5 километри од куќата кај што јас живеам, таа ноќ спиеше во шатор еден видно среќен човек, а јас морав постојано да мислам на него.

Утредента (саботата) - “наоружан“ со фотоапарат и велосипед - го барав да го најдам на една патека од 10тина километри, но без успех. Кога резигниран дојдов дома, што ќе видам ?! Среќниот пастир беше буквално пред мојата врата и ми кажа дека оваа вечер ќе спие во ближната шумичка (500 метри од мене). Се понудив да дојде кај нас, да се згрее, одмори, ... но тој беше потполно задоволен и му беше поважно да биде со своите овци.
Денес наутро пак го сретнав на пасиште и му се понудив ако сака да се изтушира, а тој со прекрасна насмевка, задоволство и видна среќа ми кажа дека за него е се во најдобар ред и дека март не е толку далеку.

Пред да се стемни - на 2 километри од мојата куќа - пак го сретнав СРЕЌНИОТ човек. Тој се спремаше за спиење. Сега најверојатно мирно спие мојот среќен 55 годишен пријател, со две куќиња, две магариња и над 500тини (туѓи) овци!

Браќа, сестри, пријатели ... ве прашувам најљубезно нешто што мие многу важно: Дали сте среќни?

Поздрав до сите и БОЖЈИ Благослов до сите


п.с. Мојата единсвена среќа е Милоста БОЖЈА, а без неа сум (можеби) најнесреќниот и очајниот човек на овој свет!






Изменето од spiros - 07.Февруари.2010 во 23:57
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2010 во 17:20

Vcera me zatekna prasanjeto koe go postavi brat spiros vo ovaa anketa. Se smetam sebesi za srekjen covek,imam dobro zdravje,dobri prijateli, a toa e najvazno. Imam profesija koja me ispolnuva, verbata vo BOG mu dava smisla na mojot zivot i me pripremi za teskite godini koi dojdoa podocna.

Poslednite nekolku godini vo mojot zivot bea najteski dosega. Toa ni na najgolemiot dusman ne bi mu go posakal da mu se sluci od seto toa sto go doziveav. Gi izgubiv dvajcata roditeli vo relativno kratko vreme, eden po drug i toa e seuste sok za mene.Bolnici, brza pomos, doktori, infuzii,operacii, i na krajot dojde neumoliviot, neprijatelot smrt. Pogrebi,zalost i neizmerna taga vo relativen kratok period. Se custvuvav kako Bibliskiot Jov. Site nevolji se srusija vrz mojata familija, iako , fala mu na Boga mene licno nisto ne mi se sluci.

Nekolku godini se grizev za moite roditeli nemajki vreme za sopstveniot zivot, ja zapostaviv karierata i licniot zivot, obiduvajki se da im gi olesnam kolku sto mozam povekje makite.


Ja citav Biblijata sinokja i dolgo razmisluvav pod molitva tokmu na ovaa tema.

Imeno, site imame i ubavi i neubavi momenti vo zivotot i ponekogas sme nesrekni, pa duri i deprimirani. Nam ni treba nekoj vo tie momenti da ni pomogne ispravno da gledame na nasata situacija i na problemite koi gi imame.

Koj moze da ni pomogne? Preku Svoeto Slovo, Biblijata, BOG mi stana grizliv Sovetnik i Pomosnik. Taa Sveta Kniga ni otkriva zosto ima tolku mnogu stradanja i kako mozeme da gi podneseme. Isto kako sto eden tatko so ljubov mu pomaga na svoeto malo detence sto padnalo i se povredilo,taka i BOG mene mi pomaga vo ovie teski momenti. Navistina, Bozjata raka ne e prekratka kon onie sto pokazuvaat vera vo Nego. (Isaija 59:1).

BOG ja pokazuva svojata ljubov kon nas i so toa sto ni gi slusa molitvite( Psalm 65:2). Zosto go velam ova?

Vo Filipjanite 4:6,7 pisuva: " Za nisto ne grizete se,tuku vo SE preku molitva i molba so blagodarnost izjavuvajte gi pred Boga svoite baranja,

i mirot Bozji, sto nadvisuva sekoj um, ke gi zapazi vasite srca i vasite misli vo Isusa Hrista."

Ako iskreno mu se molime na BOG i ako go sledime vodstvoto sto ni go dava preku svojata Rec, Biblijata, togas mozeme da go imame "mirot Bozji, sto nadvisuva sekoj um,ke bide zacuvano naseto srce i nasite misli vo Isusa Hrista" . AMIN!

Jas sum sreken covek zatoa sto imav verba vo BOG dolgo vreme pred da se slucat tie raboti vo mojot zivot,sreken covek sum zatoa sto se uste imam verba vo BOG i taa me odrzuva da odam napred.

P.S.Izvinete na predolgiot post , no bev razbranuvan sinokja emotivno i se preispituvav sebesi.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2010 во 17:28
Нормално ,несекогаш сум среќен.тага
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2010 во 18:09
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Vcera me zatekna prasanjeto koe go postavi brat spiros vo ovaa anketa. Se smetam sebesi za srekjen covek,imam dobro zdravje,dobri prijateli, a toa e najvazno. Imam profesija koja me ispolnuva, verbata vo BOG mu dava smisla na mojot zivot i me pripremi za teskite godini koi dojdoa podocna.

Poslednite nekolku godini vo mojot zivot bea najteski dosega. Toa ni na najgolemiot dusman ne bi mu go posakal da mu se sluci od seto toa sto go doziveav. Gi izgubiv dvajcata roditeli vo relativno kratko vreme, eden po drug i toa e seuste sok za mene.Bolnici, brza pomos, doktori, infuzii,operacii, i na krajot dojde neumoliviot, neprijatelot smrt. Pogrebi,zalost i neizmerna taga vo relativen kratok period. Se custvuvav kako Bibliskiot Jov. Site nevolji se srusija vrz mojata familija, iako , fala mu na Boga mene licno nisto ne mi se sluci.

Nekolku godini se grizev za moite roditeli nemajki vreme za sopstveniot zivot, ja zapostaviv karierata i licniot zivot, obiduvajki se da im gi olesnam kolku sto mozam povekje makite.


Ja citav Biblijata sinokja i dolgo razmisluvav pod molitva tokmu na ovaa tema.

Imeno, site imame i ubavi i neubavi momenti vo zivotot i ponekogas sme nesrekni, pa duri i deprimirani. Nam ni treba nekoj vo tie momenti da ni pomogne ispravno da gledame na nasata situacija i na problemite koi gi imame.

Koj moze da ni pomogne? Preku Svoeto Slovo, Biblijata, BOG mi stana grizliv Sovetnik i Pomosnik. Taa Sveta Kniga ni otkriva zosto ima tolku mnogu stradanja i kako mozeme da gi podneseme. Isto kako sto eden tatko so ljubov mu pomaga na svoeto malo detence sto padnalo i se povredilo,taka i BOG mene mi pomaga vo ovie teski momenti. Navistina, Bozjata raka ne e prekratka kon onie sto pokazuvaat vera vo Nego. (Isaija 59:1).

BOG ja pokazuva svojata ljubov kon nas i so toa sto ni gi slusa molitvite( Psalm 65:2). Zosto go velam ova?

Vo Filipjanite 4:6,7 pisuva: " Za nisto ne grizete se,tuku vo SE preku molitva i molba so blagodarnost izjavuvajte gi pred Boga svoite baranja,

i mirot Bozji, sto nadvisuva sekoj um, ke gi zapazi vasite srca i vasite misli vo Isusa Hrista."

Ako iskreno mu se molime na BOG i ako go sledime vodstvoto sto ni go dava preku svojata Rec, Biblijata, togas mozeme da go imame "mirot Bozji, sto nadvisuva sekoj um,ke bide zacuvano naseto srce i nasite misli vo Isusa Hrista" . AMIN!

Jas sum sreken covek zatoa sto imav verba vo BOG dolgo vreme pred da se slucat tie raboti vo mojot zivot,sreken covek sum zatoa sto se uste imam verba vo BOG i taa me odrzuva da odam napred.

P.S.Izvinete na predolgiot post , no bev razbranuvan sinokja emotivno i se preispituvav sebesi.





Сочуствувам со тебе, брате Давиде!


Милоста БОЖЈА - Христос - со тебе, со сите твои блиски и далечни, без разлика каде да се наоѓаат сега!

АМИН      







Originally posted by емил емил напиша:

Нормално ,несекогаш сум среќен.тага



Емил, што мислиш: може ли нашата “несреќа“ всушност да е наша среќа?






Денес (15ти март 2010) повторно ми стана јасно дека воопшто не сум свестен колку сум среќен.

Синоќа мојата жена му правеше роденденски колачиња на мојот син. Ги затекнав во кујната кога ги изброаја 22 колачиња. 21 ученик + 1 учител.

Утрово касневме за на работа и школо (ќерками на воз). Брзајќи сакав да претекнам еден “спор“ камион кој испадна дека воопшто не бил спор. Влегов во макази и - БОГУ Фала - среќно излеговме.

Околу 10 часот и 20 минути утрината, морав на акупунктура. На првата раскрсница до фирмата патот ми го “прекрсти“ еден камион од истата фирма - која не баш толку често се гледа - поради кој(а) пред 4 години морав да кочам баш на местото кадешто го сретнав среќниот пастир од уводниот пост.

Мојот син вечерва - додека игравме шахче - ми кажа дека утредента учителката ќе ги части колачи бидејќи таа има роденден. Ако не е родена после зајдисонце на 16ти март, тогаш (библиски гледано) тие се родени на истиот ден.




Изменето од spiros - 15.Март.2010 во 23:30
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 00:08

Blagodaram brate spirose, moli se za mene
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 00:19
Originally posted by spiros spiros напиша:

 


Емил, што мислиш: може ли нашата “несреќа“ всушност да е наша среќа?


 
 
Неможе.Нема како, кога ти се случуваат лоши работи ти да си мислиш ќе тоа е почетокот на нешто ново и убаво..........
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:33
Според тебе: неможат ли трње да родат мирисни рози?



Неможе ли Крвта Христова да ја победи смртта?





Шалом
















Изменето од spiros - 26.Февруари.2012 во 19:39
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 23:16
Мојата среќа е нецелосна. Елхамдулиллах ( Фала му на Бога), со семејството речиси ги поседувам сите благодети кои ни се неопходни, но, од друга страна сочувствувам и се трудам колку што можам да им помогнам на оние несреќните кои што ги немаат основните права за егзистенција.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 23:35
Така е, драг дешаде! Секој кој Ја следи ЉУБОВТА БОЖЈА (Христос), нему сопствената среќа, сопствениот стомак (или подстомак) не му е најважното во животот!

Ти посакувам тебе и на сите луѓе: БОГ да ја умножи среќата!



АМИН









Изменето од spiros - 15.Февруари.2010 во 23:36
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 15:28
Што е среќа? Да чувствуваш или да бидеш среќен.

Во принцип гревот никогаш не може да ти го даде она што ти го нуди- да ја задоволи жедта на човековата душа. Во гревот човекот може да чувствува среќа но не и да биде среќен. Не е исто да чувствуваш среќа и да бидеш среќен. Чувството на среќа колку и да биде силно и возвишено никогаш не може да ја задоволи туку само да ја загуши жедта на човековата душа. Таа може само да ја потисне свеста за внатрешното незадоволство, но не и да го отстрани.

       Ние секогаш сакаме да ја задоволиме желбата на своето срце со пријатни доживувања. Обидот на човекот да ја задоволи желбата на своето срце со пријатните доживувања е исто толку бесмислено колку обидот на жедниот човек да ја задоволи својата жед така што би се поливал со кофа со ладна вода. Чувството на влажен и мокар ниту има функција да ја задоволи човековата жед, ниту тоа може да го постигне.

       Како што дарот зборува за дародавецот, така и чувството на влажен и мокар само кажува дека станува збор за вода. Но водата треба да ја пиеш, а не само да ја чувствуваш дека е мокра. Чувствата на среќа можат да зборуваат за Бога но не и да Го заменат.Со ова не сакам никој да убедувам дека неговите чувства на среќа не би можеле да бидат длабоки и возвишени.Да претпоставиме дека човекот преку телесните уживања или преку религиозниот систем остварил блажено чувство на среќа. Но и покрај тоа што го има тоа блажено чувство тој и понатаму во својата суштина е несреќен. Тоа ги поокажува неговите побуди. Тој и понатаму е себичен. Тој и понатаму ја бара среќата. Да е среќен среќата не би ја барал туку би ја давал.Би ја изразувал во својот живот. Тоа што во неговиот живот го работи би го работел затоа што е среќен а не за да биде среќен. Наместо со себичност би бил покренат со права несебична љубов. Растеретен од внатрешните незадоволства тој веќе не би бил оптеретен со прашањето како се чувствува. Туку би бил слободен да одговори на животните потреби на другите луѓе.

      Човекот кој во својата суштина е незадоволен не само што го бара она што го нема- а тоа е среќата, туку го дава тоа што го има-а тоа е несреќата.

      Таблетите против болка не го отстрануваат причинителот на болеста туку само симптомот. Тие некогаш имаат мобни последици затоа што го задржуваат човекот во состојба на самозадоволство и привидна сигурност. Пациентот може да биде премногу задоволен од услугата на својот лекар. Тој може искрено да изјави дека веќе не чувствува болки, а воопшто да не биде свесен за својот внатрешен процес на распаѓање. Исто така човек може да биде задоволен со својата духовна состојба, а да е во потполност несвесен за својата духовна изгубеност. Критериуми за телесната и за духовната благосостојба не се чувствата. Потребно е да уклучиш разумни критериуми.

      На духовен план Законот е оној со кој ја проверуваме состојбата во која се наоѓаме. Без Законот човекот не е свесен за своите духовни потреби, Туку само за своите оптеретувања и чувства. На човекот тогаш му пречат само последиците од направениот грег а не гревот сам по себе.Тој човек е жеден за опојно вино наместо за водата на живото.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 17:12
Originally posted by deshad deshad напиша:

Мојата среќа е нецелосна. Елхамдулиллах ( Фала му на Бога), со семејството речиси ги поседувам сите благодети кои ни се неопходни, но, од друга страна сочувствувам и се трудам колку што можам да им помогнам на оние несреќните кои што ги немаат основните права за егзистенција.


Togash nema nikogash da bidesh celosno srekjen.

Sochuvstvoto i milosrdieto se za pochit, no tie ne treba da se pravat za da se pochuvstvuvame NIE posrekjni. Togash tie se praveni od nekakva korist (religijska, ekonomska, nacionalna, politichka...) ili prelest (tapkanje po sopstvenoto Ego). Sochuvstvoto i milosrdieto izviraat samo od Ljubovta i tie ne se upatuvaat edinstveno kon onie koi go spodeluvaat nasheto veruvanje, koi se od nashata nacionalnost i rasa, nitu pak se pravi za nashe lichno zadovolstvo.

Tie mozhat da koincidirat so toa, no TOA ne e sushtinata i celta.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2012 во 12:30
Се трудам да бидам , ама се некои пречки ми стојат на патот.
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2012 во 12:39
Среќен сум.
I just wanna feel real love.
Кон врв
zoranjanev1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Септември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај zoranjanev1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 20:43

Јас сум среќен кога сите души се среќни.

Ако макар една душа не е среќна, ни јас не можам да бидам среќен.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.