|
Ernesto Che Guevara |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Инаку, одговор до авторот на темава, искрено, за мене Че Гевара е исто како што кажа Фикс, симбол на отпорот, револуцијата и комунизмот, а посебно на идејата за светска револуција која треба да го донесе на сцена комунизмот, што јас искрено, ниту малку не го сакам.
Има една реченица која ја изговорил Гоце Делчев , а таа гласи : “ По убедување сум анархист , по душа социјалист , по делување револуционер “ Не треба да ми потврдиш дека Гоце не стои по ѕидовите од школите , македонските институции, бугарските институции , македонските собири , и.т.н. затоа што истиот бил Анархист , нели ? Да , во библијата има примери каде одредени светци се откажуваат од овоземските задоволства и своите богатства им го делат на народот , и целосно се посветуваат во тоа во што верувале , значи го победиле егото ... Че имал пари , имал школо , можел да живее во раскош , комотно без стресови , нервози , ... Но ете , отишол во Африка да им помогне на неписмените , бедните , гладните , обесправените ... ризикувајки си го својот живот . А , на како друг начин , во тоа време , било возможно да се делува за подобрување на ситуацијата во Ј. Америка , Африка , Азија , да пее на Вембли ? |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не беше твојата забелешка зашто го носат на маици , туку дали знаат кој е , нели ? |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, можеби Гоце Делчев бил сето тоа, но делувањето ( револуционер ) за слободата на Македонија и македонскиот народ, го поставил над се, над социјализмот, над анархизмот. Да, ама во Библијата, ниту Господ Исус, ниту Мајката Божја не ширеле револуција, ниту пак заговарале промени на светски поредок, ниту тргнале во војна. Че имал благородна идеја, тоа е не спорно, но методите кои ги применувал за спроведување на истата се страшни... |
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во ред , не се согласувам со тебе , но тоа е тоа . Не , воопшто не го подржувам насилството , ама воопшто , но имам разбирање за таквото делување во тоа време . Мислам , прочитај за Спартак , не е во ред да се суди затоа што се обидел насилно на ги промени нештата . Че е според мене и повеќе од Спартак , кој бил со векови и векови синоним на многу генерации и многу народи . Да те информирам , Омаба побара зголемување на војската во Авганистан и истиот доби нобелова награда за мир . Чудно , нели ? Изменето од eptendosadno - 15.Декември.2009 во 00:23 |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
che bese obicen bandit
buntovnik koj stanal legenda vo makedonija vo nejzinata istorija ima polno sto otidoa SVESNO za ideal vo smrt tie se pravi heroi Изменето од anakin - 15.Декември.2009 во 00:29 |
|||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Види, го разбирам Спартак, бил роб, повел во борба робови, та аборба е борба за човечност, за слобода, нешто што е од Бога дадено на секој човек. Ја разбирам и идејата на Че, немој да мислиш дека не ја разбирам, знаеме сите како се живеело тогаш во Јужна Америка ( како пример ќе го земам крвавиот режим на Батиста ) и Африка ( колонијалниот систем ), знам колку страдал народот тогаш, ама Че сакал светска револуција за воспоставување на комунизмот, не само за слобода, општество кое никако не може да се нарече праведно, општество градено врз крв. Во однос на Обама и наградата за мир, тоа зе мене е хипокризија од светски размери! |
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
бандит (итал. bandito) разбојник, друмски разбојник, платен убица , негативец , пропалица, скитник. Изменето од eptendosadno - 15.Декември.2009 во 00:42 |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ела вамо да те гушнам |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Види, го разбирам Спартак, бил роб, повел во борба робови, та аборба е борба за човечност, за слобода, нешто што е од Бога дадено на секој човек.Ја разбирам и идејата на Че, немој да мислиш дека не ја разбирам, знаеме сите како се живеело тогаш во Јужна Америка ( како пример ќе го земам крвавиот режим на Батиста ) и Африка ( колонијалниот систем ), знам колку страдал народот тогаш, ама Че сакал светска револуција за воспоставување на комунизмот, не само за слобода, општество кое никако не може да се нарече праведно, општество градено врз крв.Во однос на Обама и наградата за мир, тоа зе мене е хипокризија од светски размери![/QUOTE]
Да , Че не бил роб , но истиот отишол во Куба , Африка ... да му помогне на робот , значи , он не ја измислува револуцијата , не ја насликал слободата ........ Ежен Делакроа, Слободата ги води луѓето, 1830 Изменето од eptendosadno - 15.Декември.2009 во 00:56 |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ниту комунизот е толку црн, а ниту капитализмот е толку бел или обратно, како нивните протагонисти сакаат да го прикажат.
Тоа е борба на две спротивставени идеологии, а во таа борба ќе победи онај кој ќе ги контролира медиумите, а со тоа и јавното мислење. Че е една од оние култни личности зад која ќе застане одредена стуктура на луѓе, односно сите оние кои се чувстуваат обезправени, експлоатирани и опстојуваат на маргините на општествените збиднувања. Неможе да се очекува таквите идеи да бидат подржувани од десните крила на политичкиот спектрум или крупниот капитал. Жалосно е кога оние, кои во суштина се надничари и ја продаваат својата снага и знаење за да можат да опстанат безрезервно се ставаат во функција на тие кои ги доведуваат во таква подредена положба. Таквите примери само покажуваат дека јавното мнение може да се моделира, а пропагандата завиткана како салтака демократска обланда се голтнува без поговор. Честопати и против сопствениот интерес. Без разлика на идеологијата обично најголемите идеополконици се тие кои одат до екстрем, а во името на идологијата не ги бираат средствата за да стигнат до саканата цел. Да незаборавиме, што еден Сталин или Хитлер направи во името на нивното видување на општествениот поредок, ајде да видиме што една Америка правела и прави во името на демократијата, а да незборувам за крстоносците и месионерите во името на христијанството. Според мене Че е само мит, кој одердени луѓе го воздигнуваат на ниво на легенда. Би рекол повеќе практичар одколку идеолог. |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Би се согласил , да, да , да . Мислам , има една легенда која неколку децении се прераскажува помегу работничката класа во Скопје , нешто за оној кој со пиштол или пушка беше , што им влего во Скопска Пивара на директорите , можеби сте ја слушнале . Народот , малиот човек , има потреба од такви работи , нешто како “ предмет “ со кој би се идентификувале , нешто со што би се заканувале и би им претеле на поголемите , посилните . Такво нешто е и Че . А некој па сака силна рака , ред , поредок , закони , правила , правила , правила , па ќе си го одбере Хитлер , Пиноче , Франко , Сталин .... и.т.н. Македон , , мала шала . |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како што кажав, неговиот идеал е несомнено позитивен, идеал за слобода. Неговата околина била сета "во крв", сите знаеме какви режими постојат во тоа време во Куба и другите држави во Јужна Америка, па дури и во Африка, која е една од целите на неговата борба за слобода. Сепак, да , сите оние кои се борат за слобода се идентификуваат со некој симбол, како што е и Че, па често темната страна на истиот се занемарува и се обидува да се прикрие. Во однос на правилата и шалата, барем некоја историска личност што ја почитувам да избереше, а ти како ги одбра, се диктатори, параноични личности и убијци. |
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не би сакал да те разочарам , но , Гоце Делчев ?!?!?
Он бил по природа “ цврста рака “ , што би рекле , “ роден лидер “ Че , никогаш не покажал амбиции да биде лидер . |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во однос на Че, сосема си во право, доколку сакал да биде лидер, имал можност да има многу повеќе отколку што имал во животот, меѓутоа одбил. Во однос на Делчев, да, бил таков, затоа што морал, околностите во кои живеел не биле лесни, а и борбата за слобода барала да биде таков, па и не случајно поради неговите карактеристики го убија исто како и Че, по претходно предавство. |
|||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |