IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 114115116117118 138>
Автор
Порака
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 00:51
хм...пак раскрсница...
последна проверка пред да се решам која страна да ја изберам овој пат...
...сметките се сумирани...хаосот во главата-тука,грутката на душата-тука,ранецот полн со сеќавања,карминот натокмен на уста,чевлите во рака...
спремна сум да зачекорам кон провалијата...
to be or not to be....излитена фраза која ме мачи подолго време.
ми рече-само напред,среќата ги следи храбрите...но ти направи еден голем превид,јас воопшто не бев храбра...тоа само мојот„кинески ѕид“те прелагал.
внатрешноста е сосем поинаква...сосем...сосем поинаква...
моите желби се граничат со лудило,со нескромност...ќе ја дофатам ли подадената сламка?
велиш-
ајде тргни се од летаргијата,не те сакам таква...алооооо...намонтирај ја насмевката и доаѓај на кафе...утре ќе мислиме на другото....
и знаеш што...жал ми е што моите непроспиени ноќи ти ги препишав тебе...






Изменето од Andjelina - 28.Ноември.2009 во 01:19
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
blagorodna Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 568
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blagorodna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 17:50
jesen jet
vecerva tikva ti ispekov
i sveci zapaliv miskajlii
i najubajte podveci i oblekov
i najskp parfen turiv
i cekav cekav
i pa cekav cekav
i cekav cekav
a ti ne dojde
pusta da ostanit tikvata
i svecite da iskapa
i parfemo da izvetrejt
i podvezicite da se iskina
koaj tebe te nemet
pri mene da dojdes
tikva ko dukat da jadis
i snga da mi mirisas...
Кон врв
Glammur Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 01.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 19
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glammur Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2009 во 18:51

Сама...
Како да гледам еден ист филм милион пати... Мојот ум-како празен автопат со почеток и крај во недоглед. Со мисли слични на студената магла наутро, талкаат.. и сами незнаат каде одат. Се чуствувам изгубено,тажно,гневно... Бесот се повеќе ми се шири низ телото, како отров ми тече низ вените, не можам да ги конторлирам емоциите. Дознав дека повторно си со неа. Веднаш ме обвзема болка! Не.. всушност немам никакво чувство! Среќна сум само поради тоа што има некој што те сака,кој ти го храни срцето,со кој ги делиш своите соништа,некој на кој му ја даваш твојата љубов. А јас сум сама. Не ме напуштија. Сама сум во душата и срцето. Сама сум во овие минути после полноќ. Сама сум во очите на оние кои сакаат да ги соберат остатоците од рушевините на мојата среќа. Како прескапа музичка кутија со преубава надворешност, а празна структура. Од мене излегува песна која сите сакаат да ја чујат, но не е онаа која мене ми треба, не е онаа која ме исполнува и ме прави среќна. Токму така се чувствувам-како празна музичка кутија, на која само прашање на време е кога ќе се ислуша и последната нота, кога ќе прекине музиката и веќе никој нема да сака да ја избрише прашината која ќе и се насобере. Утре ме чека уште една разделба, уште едно болно „збогум“ од личноста која ми значи. И знам дека ќе се трудам да ги задржам солзите, ќе се убедувам дека сум силна и на момент ќе се натерам да верувам во тоа. Среќата од мене исчесзнува, во мене умира сé и на крајот од денот пак се враќам на истото... сама во студената соба, во дружба со четирите ѕида, придружувана од придушениот звук на капките дожд кои се лијат на стаклото од прозорот. Плачам. И нема да биде прв пат ниту пак последен. Ќе ме опфати носталгија за минатото, за сите спомени кои болат повеќе од сегашноста, за сите личности кои ми недостигаат, кои се последните делови од сложувалката на мојата животна радост, оние кои ме комплетираат. Повторно ќе почне таа агонија која ќе ми ја донесе депресијата, која инаку е кратка и многу ефикасна во своето делување. Повторно ќе барам утеха во твојата прегратка. Ќе дојде момент кога ќе престанам да плачам, кога веќе очиве ќе останат без солзи, фазата кога ќе ме повредат до таа граница кога веќе нема да имам сила ниту да плачам. Тогаш останувам само јас и празнината во мене. Ми снемува инспирација. Останувам сама со празните мисли кои талкаат на бесконечниот автопат од скршени соништа, скриената потреба за љубов и последната солза која веќе го завршила нејзиниот пат, тркалајќи се по мојот топол образ. Се што сакам во овој момент е ова да престане. Да се врати времето кога се смеев од сé срце, кога сакав вистински, да ја излечам душава. Да ги избришам сите лоши сеќавања, сите средби со погрешни луѓе во погрешно време и на погрешно место, сите дупки во срцево кои нема кој да ги пополни... И покрај сé, во некој дел од мене сé уште го чувам тоа мало зрно надеж дека утрешниот сончев зрак можеби ќе блесне накај мене, ќе го затопли моево срце и ќе го донесе подобриот ден. Надеж дека утрешниот ден ќе биде среќен исполнет со смеа и радост, а не со тага и солзи. Вечерашниов дожд ќе ги измие трагите кои ги оставивме кога за последен пат те видов. Но сепак нема да го избрише трагот во моето срце, сеќавањето кога ме напушти. И покрај пулсот, моето срце престана да чука...
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2009 во 10:44
„... што било напишано“


Ти си мојот Пегаз
моето летачко килимче
мојот безвизен режим
за паралелни светови


Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2009 во 19:37
Originally posted by blagorodna blagorodna напиша:

jesen jet
vecerva tikva ti ispekov
i sveci zapaliv miskajlii
i najubajte podveci i oblekov
i najskp parfen turiv
i cekav cekav
i pa cekav cekav
i cekav cekav
a ti ne dojde
pusta da ostanit tikvata
i svecite da iskapa
i parfemo da izvetrejt
i podvezicite da se iskina
koaj tebe te nemet
pri mene da dojdes
tikva ko dukat da jadis
i snga da mi mirisas...


Кон врв
tedi4ka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tedi4ka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2009 во 15:25
lele pesnavaaaaa......mnogu e ubava koj i da ja napisal edno golemo BRAVOOO
Кон врв
blagorodna Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 568
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blagorodna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2009 во 19:03
Originally posted by tedi4ka tedi4ka напиша:

lele pesnavaaaaa......mnogu e ubava koj i da ja napisal edno golemo BRAVOOO
drago mi jet sco vi se bendisva pozrav i do marsalo
Кон врв
pinkprincess Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pinkprincess Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2009 во 15:42
Хм... заборавив како е да се пишува нешто убаво за некој, а тоа да не си ти. Интересно нели? Можам да кажам дека ТИ БЕШЕ и помина... да, сигурна сум дека е тоа така!!! Благодарение на едни суштества кои знам дека Господ ми ги прати, а јас ги нарекувам МОИ ДРУГАРКИ!!! Ме извлекоа од бездна која мисев дека нема КРАЈ. Во бездна која беше мрачна, ладна, на некој начин сурова... Мислев дека секогаш ќе бидам внатре и дека никогаш нема да се помирам со фактот дека не можеш да бидеш мој, но ете... ангели од небото слегоа и ми помогнаа... навистина незнам што би била јас без вас?!? Благодарам за сe, за тоа што ми ја покажавте светлата страна на животов. Таа страна која е мила, нежна, со убави бои кои мислам дека почнуваат да навлегуваат длабоко во мене:) Навистина многу се ретки другарки какви што имам јас, му благодарам на Господ уште еднаш што сум со нив и што ми веруваат како јас нив! Имало моменти кога ми било најтешко и кога само со неколку зборови јас сум заборавала на сe што ме мачи и се што ме турка надолу... се надевам дека и јас нив НЕКОГАШ сум им помогнала. Ги сакам повеќе од сe на светов и не можам без нив. Не можам да се помирам со фактот дека МОЖЕБИ некогаш нема да бидам со нив... но сепак ќе ми останат во сеќавање овие 4 години кои беа најубавите години во мојот живот, кои некогаш нема да ги заборавам ТОА Е СИГУРНО!!! ВЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА СВЕТОВ И НИКОГАШ НЕМА ДА ПРЕСТАНАМ!!! БАЛГОДАРАМ ЗА СЕ!!!
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2009 во 18:20
Ги обожавам другарите и другарките...среќа

Со секој од нив имам различен однос...
Со една се смееме до бесвест,
со друга пееме песни од Нирвана, Перл Џем, Секс Пистолс и Фу Фајтерс ко луди,
со трета можам се и сешто да си кажам,
со четврта нон-стоп се гушкаме, се шалиме...
со последната имаме секогаш исти мислења, и заедно гледаме фудбал...

А со другарите...
Еден ме учи кошарка (неуспешно, ама не се откажувамеголема%20насмевка)
друг ме смее секој час,
со третиот нон-стоп се зафркаваме...

Но сепак, колку и да сме различни, кога ќе се составиме, се е ПЕРФЕКТНО!љубов
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2009 во 09:45
Не можам да го игнорирам потписот на нашиот учител и да го не додадам и мојот.
Јесте дека Кејт стално седеше у прва клупа и имаше најдобри оценки оти беше умна, а ја бегав од часови и еднаш му ја гребнав колата на учителот со клуч кога ми пиша кец и ме истегна за ушите.
На табла напишав безобразен збор од женски род стотина пати и послемто ме тераше со јазик да ја избришам таблата и тогаш сватив дека не им е лесно на тие што имаат харем откако ги излижав стотината исти зборови од женски род.
И така на учителски начин ми предочи некои вистини заради кои сум овој што сум, а од мене има неколку длабоки брчки од мрштење на неговото лице.


Изменето од zbunet - 09.Декември.2009 во 09:55
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 02:35
приказна во два дела...и ја составиле двајца...затоа ја приложувам во оригинал-пола кирилица а пола латиницаголема%20насмевка




Golema, raskosna barokna sala... A vo nea bal. Prekrasni lugje, doterani, obleceni, so ubavi maniri. Vo agolot muzicka grupa vo klasicni vecerni odela svirejki po notite na virtuozite od minatite vekovi, ja ispolnuvaat salata so nezni zvuci...
Koj tancuva, koj nonsalantno stoi i pravejki muabet si potpivnuva od crvenoto vino koe so godini stoelo vo necija vizba i cekalo moment da zadovoli pogolema grupa na lugje.
Odednas, devojkata so srebrena haljina ja ostava casata vo ajncerot na posluzuvacot, so blazena nasmevka poglednuva kon podot so zarumeneti obravcinja... Se trgnuva nastrana i probuva da si odi so zabrzan cekor... Za moment zastanuva, gi soblaka crvenite stikli, za remencinjata gi fakja so dva prsta. So drugata raka malku ja podignuva haljinata da ne i smeta pri dvizenjeto i prodolzuva kon izlezot. Otprvo poleka, pa se pobrzo i pobrzo, za na kraj da zapocne skoro da trca... Covekot koj trgna po nea ja stignuva na izleznite reprezentativni skali...

"Pepelaske, kade trgna?"...

....се стаписува...нејзината душа како огледало се крши на милион парчиња...а срцето и се заканува дека секој момент ќе и излета од градите...девојката под око погледнува кон песочната плажа и морската ширина која цела вечер го одзема нејзиното внимание...не функционира во гужви,не ги сака напудрените девојки кои лигаво ја бакнуваат со намонтирани насмевки на лицата  и безобразните погледи на нивните партнери...го бара единствениот поглед кој и ја раскорнува душата...ги раздвижува пеперутките...чевлите се во рака...фустанот задигнат колку да може побрзо да го истрча растојанието кое се простира меѓу дувлото на волците и морската шир...кон тишината која и ја храни душата....





Изменето од Andjelina - 10.Декември.2009 во 03:06
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 09:44
"Веќе долго бев на патот на животот. Еден ден здогледав знак со натпис „Небески супермаркет“. Кога се приближив, вратата ширум се отвори и веќе бев внатре.Видов мноштво АНГЕЛИ.Стоеја насекаде.Еден ми подаде корпа и рече: „ Дете мое, внимателно купувај.Се’ што му е потребно на човека, има во дуќанов.Ако не можеш да понесеш се’ што ти треба, можеш утре да дојдеш.

“Прво зедовТРПЕНИЕ.ЉУБОВта беше во истиот ред.
Малку подолу беше РАЗБИРАЊЕто, ти треба за секаде каде што одиш.
Зедов кутија-две МУДРОСТ, вреќа-две ВЕРА.
Просто не можев да го промашам СВЕТИОТ ДУХ зашто беше насекаде.
Застанав да земам малку СНАГА и ХРАБРОСТ да ми помогнат да ја истрчам оваа трка.
Корпата ми беше скоро полна, но тогаш се сетив дека ми треба и малку МИЛОСТ..
Не заборавив на СПАСЕНИЕто, бидејќи беше безплатно, па си зедов доволно – да те спасам и тебе и мене. Тогаш почнав да се враќам кон касиерот за да си ја платам сметката.Мислев дека имам се’ за да ја исполнам волјата на УЧИТЕЛот.
Како што се движев кон излезот ја видов МОЛИТВАта-едноставно морав да ја земам, зошто знаев дека надвор ќе се сретнам со предизвици.
РАДОСТ и МИР имаше во изобилство, беа на последната полица.
ПЕСНАта и БЛАГОДАРАМ висеа во близина, па се послужив...Тогаш му реков на ангелот: „Колку сум должна?“
Тој повторно се насмевна и ми рече:„ДЕТЕ МОЕ, ГОСПОД ОДАМНА ЈА ПЛАТИ ТВОЈАТА СМЕТКА.
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2009 во 21:11
ех...кога само ќе помислам...
тајните улички низ мојот град,месечината која  се насмевнува само за мене,две голтки кока кола ,коцка чоколадо скришно тутната во џеб,украден бакнеж додека соговорникот нешто  тупи,стисок на раката до болка  и едни очи секогаш  полни со насмевка...
а не знаев ни од каде си...ни зошто си дошол...ни каде ќе одиш...
и не беше важно.
тоа беше најспоредната работа во миговите на мојата среќа...
време минато ко низ маглив сон...памтам еден забревтан воз,еден мал ранец во кој ги однесе сите наши спомени,весник во рака и бакнеж за крај...топол,сочен,ја собрал целата милост на светот во него...една гушка толку силна како да се работи за живот или смрт...
и борба...долга борба да не те дадам на заборавот...никогаш...
кога товарот врз моите рамена стане претежок ги затворам очите и милон пати го повторувам безгласно твоето име...
и пак си тука...крај мене...во мојот агол...
а јас низ насолзената насмевка  ја здогледувам  малата коцка чоколадо во твојата дланка...




Изменето од Andjelina - 12.Декември.2009 во 23:39
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 07:53
Ne sakam dlankive da go pokrijat liceto
Ne ne sakam da se krijam,
No sto drugo mi preostanuva koga
i od tebe sakam da se skrijam...

Nekogas navistina ne sakam
da me vidis umorna i tazna
Mojot svet ima nota na Krishna
za samo da bide sarenilo

Kako vistinska boem devojka
ti pisuvam stihovi sedejki na sank
Za svetot moze si ist so drugite
Vo mojot sve se dvois nad niv..


Ne me prasuvaj zasto i kako
Sakam da dolovam a ne mozam...
Ti ne se opisuvas so stih...
Zatoa i sega ke prekinam...


Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 114115116117118 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.