IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали верувате во Митарства?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаДали верувате во Митарства?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 18>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 03:24
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Св. Нифонт епископ на Константијана Александриска митарствата јасно и концизно ги објаснува:

„Штом душата ќе излезе од телото, доаѓаат ангелите да ја преземат, но тогаш се собираат и мноштво демони. Ангелите ги претставуваат добрите дела на душата, додека демоните ги претставуваат лошите.
 
Ова учење е многу слично како и исламското учење кое датира со векови пред учењето за митарствата да биде воведено во православието. Имено Исламот учи дека мелеките (ангелите) ги запишуваат добрите и лошите дела на луѓето и по нивната смрт ги претставуваат истите пред Аллах кој потоа им суди.
Хммм... дали можеби ова навестува дека митарствата во православието го имаат својот корен во Исламот? Не сум сигурен, но вреди да се размисли и оваа варијанта.
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Потоа сите стојат и чекаат од небесата да дојде одлука за спасение или за осуда. А додека не дојде таа ужасна одлука, низ какви само маки душата минува! Час мисли дека ќе биде фрлена во пеколот и премалува од страв, час се надева дека ќе и’ биде дарувано спасение и потскокнува од радост и веселба.
 
Се прашувам, дали вашиот учител Нифонт имал прилика да ги прочита следниве стихови во Библијата:
 
"И ние ја запознавме и верувавме во љубовта, која Бог ја има кон нас. Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него. Љубовта во нас дојде до совршенство во тоа: ние да имаме смелост во Судниот Ден, зашто каков е Тој, такви сме и ние во светов. Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; зашто стравот вовлекува казна; а кој се плаши, не дошол до совршенство во љубовта. Ние Го љубиме, зашто прво Тој нè возљуби нас. "
(1 Јованово 4:16-19)
 
Затоа, вистинските христијани, не се плашат од Судниот Ден, затоа што таму нема да се појават пред некој непознат, немилосрден и суров Бог, туку пред Оној Кој заради нивното спасение се симна на земјата, беше понижуван, плукан, шамаран, исмејуван, камшикуван и на крајот распнат на крст за нас. Сето тоа Исус го направи од преголемата љубов која ја имаше за нас.
Замислете некој дека поминал низ сите овие маки само за да ве спаси од одредена казна.
 
(сега малку ќе драматизирам среќа)
Замислете дека се појавувате на суд и одеднаш забележувате дека Судијата всушност е вашиот љубен Спасител, Оној Кој толку ве возљуби што и животот го даде за вас. Вие исплашени и со една долга листа од гревови во вашите раце доаѓате пред судтскиот престол и одеднаш забележувате дека на тој престол ве пречекува вашиот Спасител со раширени раце. Одеднаш Тој доаѓа и ви ја зема од рацете долгата листа на вашите гревови и на дното од таа листа се потпишува: "Исус Христос, Спасителот!". А потоа става и печат со крвта од раните кои му беа направени од клинците со кои беше распнат на Голгота, заради вас и ви вели: Ти заслужуваш смрт заради овие гревови, но јас умрев за тебе чедо мое. Твоите гревови се платени со оваа крв која ја пролеав заради Мојата огромна љубов кон тебе. Потоа ја зема листата и ја фрла во оган велејќи ти: "А Јас, заради Себе ги бришам твоите престапи, и не си спомнувам за твоите гревови." (Исаија 43:25) Добредојде дома чедо мое. големо%20гушкање
 
Одговорете ми вие кои верувате во Христос, дали оваа илустрација ви побуди чувство на страв, или пак чувство на топлина и неизмерна љубов кон вашиот Спасител Исус Христос?
Зарем имате причина да се плашите на Судниот Ден знаејќи дека Судијата ќе биде Оној кој неизмерно ве возљуби и животот го даде за вас...
 
"Кој ќе ги обвини Божјите избраници? Бог ли, Кој ги оправдува? Кој е оној кој ќе ги осуди? Исус Христос ли? Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас?
Кој ќе нè одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот?...
Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ."
(Римјаните 8:33-39)
 
Затоа драги мои, доколку искрено верувате во Исус Христос и доколку останете сврзани за Него и Неговото Слово остане во вас, вие немате потреба да се плашите од Судниот Ден, туку напротив, баталете ги овие православни прикаски за митарства и радувајте се затоа што таму ќе се сретнете со вашиот возљубен Спасител - Исус Христос големо%20гушкањељубов


Изменето од EvAngelos - 23.Септември.2009 во 03:50
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 10:11
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Се прашувам, дали вашиот учител Нифонт имал прилика да ги прочита следниве стихови во Библијата:

Се прашувам, дали вашиот учител Нифонт имал прилика да ги прочита следниве стихови во Библијата:

"И ние ја запознавме и верувавме во љубовта, која Бог ја има кон нас. Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него. Љубовта во нас дојде до совршенство во тоа: ние да имаме смелост во Судниот Ден, зашто каков е Тој, такви сме и ние во светов. Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; зашто стравот вовлекува казна; а кој се плаши, не дошол до совршенство во љубовта. Ние Го љубиме, зашто прво Тој нè возљуби нас. "(1 Јованово 4:16-19)


А јас се прашувам дали ти некогаш си имал прилика да прочиташ дека во Светото Писмо зборот „страв“ се користи во најразлични контексти. Меѓудругото, според контекстите во кои се користи тој збор, се прави разлика во духовната состојба на луѓето:

1.     Според Светото Писмо, има луѓе кои не живеат според Бога, Христијански, и тие воопшто немаат страв од Бога. Но зарем тоа значи дека имаат љубов кон Бога? – НЕ!

Битие 20:11 А Авраам одговори: "Си помислив дека во ова место нема страв Божји, па ќе ме убијат поради жената моја.

Римјаните 3:18 Страв Божји нема пред очите нивни.

Псалми 35:1 Беззаконикот зборува во себеси - дека греши, нема *страв Божји пред очите негови



2.     Православните Христијани исповедаат дека секој Христијанин, кога ќе почне да живее христијански, својата духовност ја изградува постепено, затоа што човек не може преку ноќ да стане свет. За тоа треба време и подвиг. Не секој е совршен, а не секој и достигнува до совршенството, но тоа не значи дека нема несовршениот да биде спасен, доволно е тој да принесува срце смирено и дух скрушен пред Бога, во покајание за своите гревови. Но за да се има таа состојба на смирение и скрушеност, човек треба прво да осознае дека Бог постои, а со тоа и да стекне страв Божји кој ќе го чува да не греши, и ако погреши – да се кае, во понатамошниот живот.

Псалми: 110:10 Почеток на *мудроста е стравот од Господа;

Изреки 1:7 Почеток на мудроста е стравот Господов;

Ездра 5: 15 Но јас не правев така поради страв Божји.

Ефешаните: 5:21 покорувајте му се еден на друг со страв Божји.

1 Тимотеј: 5:20 А оние што грешат, искарај ги пред сите, па и другите да имаат страв.

Римјаните 11:20 немој да бидеш горделив, туку имај страв.



3.     Боговдахновените Свети Отци, кои го имаат поминато патот на доховното усовршување и ја достигнале светоста, ни имаат оставено свои лични примери и пишани дела за секоја етапа од тој пат. Тие ни кажуваат дека оние, кои достигнале до совршенството, толку многу Го имаат возљубено Господа, што не се плашат од казната Божја, туку се грижат да не би некако со своите постапки да го ожалостат својот Цар и Господар. Тие Го имаат само Него пред себе и со секој свој здив гледаат како да Му угодат, живеат само за Него, за Љубовта. А тоа треба на сите Христијани да им биде идеал. Како што вели светиот старец Порфириј Капсокаливит: Господи, со Тебе и во пеколот е убаво. Затоа, следните стихови се однесуваат на светите, совршени луѓе, а ако некој смета за себе дека е свет или совршен, тој се лаже самиот себе и се наоѓа во длабока демонска прелест.


"И ние ја запознавме и верувавме во љубовта, која Бог ја има кон нас. Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него. Љубовта во нас дојде до совршенство во тоа: ние да имаме смелост во Судниот Ден, зашто каков е Тој, такви сме и ние во светов. Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; зашто стравот вовлекува казна; а кој се плаши, не дошол до совршенство во љубовта. Ние Го љубиме, зашто прво Тој нè возљуби нас. "(1 Јованово 4:16-19)


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Замислете дека се појавувате на суд и одеднаш забележувате дека Судијата всушност е вашиот љубен Спасител, Оној Кој толку ве возљуби што и животот го даде за вас. Вие исплашени и со една долга листа од гревови во вашите раце доаѓате пред судтскиот престол и одеднаш забележувате дека на тој престол ве пречекува вашиот Спасител со раширени раце. Одеднаш Тој доаѓа и ви ја зема од рацете долгата листа на вашите гревови и на дното од таа листа се потпишува: "Исус Христос, Спасителот!". А потоа става и печат со крвта од раните кои му беа направени од клинците со кои беше распнат на Голгота, заради вас и ви вели: Ти заслужуваш смрт заради овие гревови, но јас умрев за тебе чедо мое.


Замислив и знаете ли какви резултати ми излегоа од горекажаното?

Човече, прави што сакаш! Ма каков морал, каква етика? Ич да не бериш гајле до каде ти се границите, Господ секако ќе ти прости, затоа што за тебе ја пролеа Тој Својата Крв. Горе главата, удри на весеље штом Крвта Христова те оправдува.

Арно ама, православниот став е дека таквото учење е демонско, болна теологија, затоа и св. Јован Лествичник тоа многу убаво го опишува, велејќи: Пред да паднеме во грев, демоните ни велат дека Бог е човекољубив.

Значи, со демек параболата, се негира не само пеколот како вечно престојувалиште, туку и Божјата преведност:

Псалми: 7:11 Бог е праведен судија
10:7 Зашто Господ е праведен, ја сака правдата

118:137 Праведен си Ти, Господи, и праведни се Твоите пресуди.

Јован: 5:30 Но Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен

Откровение: 16:5 Потоа го чув ангелот на водите како вели: “Праведен си, Господи, Кој си, и Кој си свет, зашто така осуди…



Изменето од Maran Ata - 23.Септември.2009 во 10:13
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 10:19
Од вкупно осум мои подолги реплики на твои произнесувања што немаат веза со вистината, ти успеа само 2 да одбереш, и тоа на првото да направиш КАТАСТРОФАЛНА грешка!

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Св. Нифонт епископ на Константијана Александриска митарствата јасно и концизно ги објаснува: „Штом душата ќе излезе од телото, доаѓаат ангелите да ја преземат, но тогаш се собираат и мноштво демони. Ангелите ги претставуваат добрите дела на душата, додека демоните ги претставуваат лошите.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Ова учење е многу слично како и исламското учење кое датира со векови пред учењето за митарствата да биде воведено во православието. Имено Исламот учи дека мелеките (ангелите) ги запишуваат добрите и лошите дела на луѓето и по нивната смрт ги претставуваат истите пред Аллах кој потоа им суди.
Хммм... дали можеби ова навестува дека митарствата во православието го имаат својот корен во Исламот? Не сум сигурен, но вреди да се размисли и оваа варијанта.


Евангелосе, душичко, абе ти имаш ли школо завршено? Па на училиште се учи дека Исламот потекнува и се шири со Мухамед кој живеел чак во 7-ми век. Златно, ами какво е тоа исламско учење кое датира пред митарствата да бидат воведени во православното учење, кога св. Нифонт кој го земаш за пример е од 4-ти век ??? Алоооо, венераааа...

Не само што не знаеш кога потекнува исламот, а го споредуваш со православието, туку уште еднаш докажа дека веза немаш од нашата Света, Католичка и Апостолска Вера, а се дрзнуваш ти да објаснуваш како верувале Православните. Баналност и комедија! Утка од цели 3 века, 300 години, најмалку 3 генерации...


Ислам = 7-ми век <------------> св. Нифонт = 4-ти век


Ова може да се смета за бисер по веронаутика (како што вели нашиот пријател Анакин) на годината 2009. Не ќе е лошо да се отвори и таква тема. Евангелос дефинитивно ќе ја собере првата награда.



Изменето од Maran Ata - 23.Септември.2009 во 10:21
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 11:37

Девојче, не урлај непотребно, јас не реков дека тоа Исламското учење е векови пред учењето на овој твојов Нифонт, туку реков дека тоа е векови пред учењето за митарствата...

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

исламското учење кое датира со векови пред учењето за митарствата да биде воведено во православието.
 
Ислам = 7-ми век <------------> Григориј, Василиј, Теодора = 10-ти век
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 11:56
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Се прашувам, дали вашиот учител Нифонт имал прилика да ги прочита следниве стихови во Библијата:

Се прашувам, дали вашиот учител Нифонт имал прилика да ги прочита следниве стихови во Библијата:


"И ние ја запознавме и верувавме во љубовта, која Бог ја има кон нас. Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него. Љубовта во нас дојде до совршенство во тоа: ние да имаме смелост во Судниот Ден, зашто каков е Тој, такви сме и ние во светов. Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; зашто стравот вовлекува казна; а кој се плаши, не дошол до совршенство во љубовта. Ние Го љубиме, зашто прво Тој нè возљуби нас. "(1 Јованово 4:16-19)


А јас се прашувам дали ти некогаш си имал прилика да прочиташ дека во Светото Писмо зборот „страв“ се користи во најразлични контексти.
 
Хахаха ајде сега не се вади со "контекстот" кога контекстот е апсолутно ист:
Вашиот учител Нифонт зборува за стравот кој душата го има на Судниот Ден.
Апостол Јован зборува за смелоста и љубовта која душата ја има на Судниот Ден.
 
Значи контекстот и во двата случаи е Судниот Ден, за кои што вашиот Нифонт ве учи да имате страв тогаш, а Јован да имаме смелост која произлегува од љубов. 
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Како што вели светиот старец Порфириј Капсокаливит: Господи, со Тебе и во пеколот е убаво.

Многу парадоксална изјава од две причини. Прво, во пеколот не е убаво, барем за тоа не треба да објаснувам. Второ, ако си со Господ, тогаш нема да бидеш во пеколот. Но ок, разбирам, се во името на "поезијата" среќа


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Замислете дека се појавувате на суд и одеднаш забележувате дека Судијата всушност е вашиот љубен Спасител, Оној Кој толку ве возљуби што и животот го даде за вас. Вие исплашени и со една долга листа од гревови во вашите раце доаѓате пред судтскиот престол и одеднаш забележувате дека на тој престол ве пречекува вашиот Спасител со раширени раце. Одеднаш Тој доаѓа и ви ја зема од рацете долгата листа на вашите гревови и на дното од таа листа се потпишува: "Исус Христос, Спасителот!". А потоа става и печат со крвта од раните кои му беа направени од клинците со кои беше распнат на Голгота, заради вас и ви вели: Ти заслужуваш смрт заради овие гревови, но јас умрев за тебе чедо мое.


Замислив и знаете ли какви резултати ми излегоа од горекажаното?

Човече, прави што сакаш! Ма каков морал, каква етика? Ич да не бериш гајле до каде ти се границите, Господ секако ќе ти прости, затоа што за тебе ја пролеа Тој Својата Крв. Горе главата, удри на весеље штом Крвта Христова те оправдува.
 
Очигледно не си ја разбрала илустрацијата или пак (што е многу поверојатно) не знаеш да си го зауздиш сарказмот кога ќе го почнеш.
Исус Христос е Спасител само на оние кои искрено веруваат во Него, а не и на оние кои само на уста веруваат во Него, а не на оние кои немаат никаков морал и етика и што не ги извршуваат Христовите заповеди.
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

св. Јован Лествичник тоа многу убаво го опишува, велејќи: Пред да паднеме во грев, демоните ни велат дека Бог е човекољубив.
 
Дека Бог е човекољубов тоа е аксиома на Светото Писмо и срамота е ако чекаме демоните да ни го кажат тоа среќа.
Можеби подобро ќе беше ако овој Јован рекол дека пред да паднеме во грев демоните ни велат дека Бог е вечнотрпелив, дека Бог е вечно милостив, дека ќе ни прости што и да направиме, дека гревот не е сериозна работа, дека тој е многу ситна работа и сл. За потоа, откако ќе го направиме, да ни го преувеличаат гревот, да не убедат дека Бог таков грев не може да прости, дека ние сме надвор од Божјата љубов, дека сме отпаднале од неа и сл.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 12:19
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Девојче, не урлај непотребно, јас не реков дека тоа Исламското учење е векови пред учењето на овој твојов Нифонт, туку реков дека тоа е векови пред учењето за митарствата...


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


исламското учење кое датира со векови пред учењето за митарствата да биде воведено во православието.


 

Ислам = 7-ми век <------------> Григориј, Василиј, Теодора = 10-ти век


Дефинитивно наградата за веронаутички бисери ти припаѓа тебе.

Момче златно, зарем не гледаш дека св. Нифонт е од 4-ти век и зборува за митарствата, а ти велиш дека тоа учење е вметнато во православието во 10-ти век?

Логика - 0!

Ајде уште еднаш за потсетување. Св. Нифонт епископ на Константијана Александриска митарствата јасно и концизно ги објаснува:

„Штом душата ќе излезе од телото, доаѓаат ангелите да ја преземат, но тогаш се собираат и мноштво демони. Ангелите ги претставуваат добрите дела на душата, додека демоните ги претставуваат лошите. Потоа сите стојат и чекаат од небесата да дојде одлука за спасение или за осуда. А додека не дојде таа ужасна одлука, низ какви само маки душата минува! Час мисли дека ќе биде фрлена во пеколот и премалува од страв, час се надева дека ќе и’ биде дарувано спасение и потскокнува од радост и веселба. Потоа повторно се сомнева и ги подига рацете кон небото, молејќи се да не биде предадена на оние што чкртаат со забите против неа. Но и ангелите имаат голема мака, како и демоните. Првите се надеваат на одлуката за спасение, а другите за одлуката за осуда. И кадешто ќе заповеда праведниот Судија, таму и ќе се предаде душата – или на Божјите ангели и на избавувањето, или на демоните на темнината и на гибелта.“

п.с. Инаку, св. Нифонт бил пријател со св. Атанасиј Велики
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 12:48

Ајде цитирај ми каде Нифонт зборува за бројот на митарствата, за секое митарство пооделно?

За овие нешта не зборува никој ваш "свет отец" пред 10 век, значи дури тогаш се воведени митарствата во вашата вера.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 18:27
Страшна работа е ова со митарствава.
А сега, по сите овосветски маки, патот на душата бил исполнет со уште поголеми страој...скелет

*Дали и малите бебиња минуваат низ ова?


*Дали и муслиманите минуваат низ тој пат?

*Има ли shortcut?загриженост


Изменето од maria_magdalena - 23.Септември.2009 во 18:31
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 18:36
Za neshto takvo (mitarstva) govorele i starite egipjani. Pred umiranjeto, faraonite bile prvin doveduvani vo klinichka smrt so tochno dozirani otrovi, pa bile vodeni od nivniot pochinat prethodnik preku patot na umrenite za da se zapoznaat so mitarite i da nauchat kako da gi odbegnat.

Nitu eden faraon ne pochinal pred prethodno na vakov nachin da se zapoznae so svojot pat do Bozhjite nebesa.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 18:47
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Za neshto takvo (mitarstva) govorele i starite egipjani. Pred umiranjeto, faraonite bile prvin doveduvani vo klinichka smrt so tochno dozirani otrovi, pa bile vodeni od nivniot pochinat prethodnik preku patot na umrenite za da se zapoznaat so mitarite i da nauchat kako da gi odbegnat.

Nitu eden faraon ne pochinal pred prethodno na vakov nachin da se zapoznae so svojot pat do Bozhjite nebesa.


Меси, те молам кога си послободен напиши нешто повеќе за ова, звучи интересно...Многу интересно...Многу, многу интересно...задоволство
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 21:04
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Za neshto takvo (mitarstva) govorele i starite egipjani. Pred umiranjeto, faraonite bile prvin doveduvani vo klinichka smrt so tochno dozirani otrovi, pa bile vodeni od nivniot pochinat prethodnik preku patot na umrenite za da se zapoznaat so mitarite i da nauchat kako da gi odbegnat.

Nitu eden faraon ne pochinal pred prethodno na vakov nachin da se zapoznae so svojot pat do Bozhjite nebesa.
Меси, те молам кога си послободен напиши нешто повеќе за ова, звучи интересно...Многу интересно...Многу, многу интересно...задоволство

Божјиот Дух во една објава од 1981 год. објасни дека луѓето во древниот Египет знаеле многу работи за душата и телото, но тие знаења(делотворност на некои камења, каде спаѓа и изградбата на пирамидите, мумифицирањето и сл.) не ги добивале од божествените светови туку од (некогашните) Пад-подрачја, до пред Христовата жртва овие сфери биле сатански хиерархии. Тие знаења ги користеле за своите себични цели поради што дури цели народи пателе.

Душите на фараоните поради својата желба за световно владеење не оделе во Божјите небеса туку преку моќното негативно зрачечко поле на пирамидите биле насочувани повторно да се реинкарнираат во истото географско подрачје под слични надворешни услови кои ќе ги доведат на престол или негова непосредна близина.


Изменето од Majkl - 23.Септември.2009 во 21:06
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 22:50
Koga spomnav "Bozhjite nebesa" koristev hristijanska terminologija vmesto "faraonska". Se izvinuvam poradi toa.

Rekov bozhja, bidejki bogot Horus go vodi pochinatiot do carstoto na mrtvite i bogot Osiris.

Egipjanite smrtta ja smetale samo kako privremena sostojba i veruvale vo povtorno ragjanje, kako i vrakjanje na ovoj svet. Povrzanosta na dushata so zemniot zhivot bilo usloveno so zachuvuvanje na materijalnoto telo. Zatoa na onie koi padnale vo nemilost kaj narodot ili faraonite telata ne im bile balsamirani tuku bile unishtuvani. Bidejki na toj nachin dushata go gubela svojot anker na zemjata taa nemozhela nikogash povtorno da se vrati nazad. Pochinatite faraoni se vrakjale da im go pokazhat patot na onie zhivite zatoa sto, kako sto znaeme, nivnite tela bile prezervirani.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 22:56
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

преку моќното негативно зрачечко поле на пирамидите биле насочувани повторно да се реинкарнираат во истото географско подрачје под слични надворешни услови кои ќе ги доведат на престол или негова непосредна близина.
 
Оваа прича ми е многу по кул отколку онаа со подмитувањето на демоните во православието скелет
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 01:05
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:



п.с. Инаку, св. Нифонт бил пријател со св. Атанасиј Велики



Е па одлично!

Нели биле пријатели тогаш тоа за митарствата мора да е вистина.


Ако биле подзамерени ке беше малку за неверување.
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.