IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Целта на Масонството
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Целта на Масонството

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 62>
Автор
Порака
nikolabitola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 150
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikolabitola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 21:37
Масонски симболи на банкнотата од 1 долар.

На американската банкнота од 1 долар постојат многубројни масонски симболи. Магичното око кое се наоѓа на левата страна на американската банкнота симболизира две работи. Првата е таканареченото трето око кое се наоѓа на средината на нашето чело, која е една од енергетските чакри во нашето тело и која претставува врска на нашата психа со духовниот свет. Второ, тоа е око кое гледа се, односно тоа е окото на господарот на подземјето Луцифер или на Хорус. Латинските зборрови над и под пирамидата го означуваат доаѓањето на новиот свет, односно новиот светски поредок на лат. NOVUS ORDO SECLORUM. Од десната задна страна е сликата на орел со раширени крилја, Орелот е симбол на една од најзначајните светски масонски ложи Scottish Rite od Freemasonery.

Ова е извадок од колумната на д-р. Јове Кекеновски напишана за неделникот СЕГА, колумната е со наслов ВО 2015 ГОДИНА ЌЕ СТАНЕМЕ ГЛОБАЛНА УНИЈА, неделникот излегува во четврток и кошта 50 денари.

Зидарски, ако луѓето правилно го толкуваа и сватеа стариот завет немаше да биди напишан новиот, ти и понатаму мисли си дека тоа е окото на господ тоа е твој избор.

Ете, го негираш и постоењето на НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК или НОВИОТ СВЕТ, тоа го пишува на доларот а ти викај си го како сакаш дали нов свет или нов поредок, банкнотата која е полна со масонски симболи ни го навестува тоа, зарем тоа е Библиски? Зарем тоа е Христијански ?

Или ќе речиш дека и колумната е глупости, ќе речиш и дека епизодите на ТВ НОВА се глупости кои точно ве опишуваат вас масоните кои сте и што сте ?

За терминот новиот светски поредок убаво е објаснато во колумната најдете го весникот и прочитајте.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 22:04
Еве еден пример:
Захарија 4:10: Зашто, кој го презре денот на скромните почетоци? Ќе се радуваат кога ќе видат камено висулче во Зоровавеловите раце. Овие седум се Господовите очи што ја опфаќаат со поглед сета земја.”

Но, она што е земено во Масонството, потекнува од овој стих:
9 Зашто Господ гледа со своите очи по целата земја, за да се охрабрат оние на кои срцето им е искрено кон Него...”
(2 Летописи 16)

За пореден пат докажуваш дека немаш основно разбирање за Христијанството. Христос не дојде за да го поништи Стариот Завет, а да го исполни. Провери го ова со Свештеникот твој. Не само тоа - ами сеуште црквата користи елементи од Стариот Завет - затоа и се содржи Стариот Завет во Библијата која ја имаме.

Јове Кекеновски може што сака да напише... само убаво би било да го поткрепи тоа со некакви факти и аргументи.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Akacija Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Akacija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 22:05
Originally posted by nikolabitola nikolabitola напиша:

Прашање до зидарски, Дали би дошол да ми го покажиш свевидливото око оти никако не можам да го најдам.

Би прашал некој православен свештеник ако затекнам ама знам шо ќе ми одговори.


Go ima vo Sv.Dimitrija vo Bitola na tavanot, a uste podobro mozis da go vidis vo manastirceto Sv.Naum na vratata na oltarot.
A vo odnos na drugite tvoi tezi, veke imam kazano deka ne se soglasuvam i deka na pogresen pat si vo proucuvanjeto na ovaa tema. Taka da, vo idnina, nema da gi komentiram se dodeka go imas toj odnos koj e karakteristicen za temniot sreden vek i inkvizicijata.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 22:13
Инаку - Јове Кекеновски се гледа колку разбира, според тоа каков му е латинскиот превод. Целата своја теза ја базира на тоа дека на доларот пишува Нов Светски Поредок. Нов Светски Поредок е Novus Ordo Mundi. Никаде нема таков текст на доларот.
Тоа што многу луѓе грешат (заради непознавање на латинскиот) е што мислат дека Seclorum значи Светски (затоа што звучи како Seculare). Seclorum е изведен од латинскиот збор - Saeculum - што значи Ера.
Така што - се гледа колку е професорот поткован за оваа тема.
Do what is right, come what may...
Кон врв
nikolabitola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 150
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikolabitola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2009 во 01:24
Не само што на грешен начин ја толкувате Библијата туку и ја злоупотребувате, тој цитат што ми го кажуваш сигурно не е оправдување за Севидливото Око кое вас ви е симбол, вие само ги извртувате работите и ништо друго. Еден голем писател рекол: "Подобро атеист, отколку католик" и мислам дека вие можите да с епронајдите во оваа мисла.
Кон врв
nikolabitola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 150
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikolabitola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2009 во 01:34
А какви вие факти ми покажувате за браво е, Православнта Христијанска религија е за доброто на луѓето, кој сака можи слободно да оди на служба, да оди во Црква, да се причести итн. секоја служба е јавна и можи кој сака да присуствува, додека вие кои исто така тврдите дека работите за доброто на народот, се криете по подруми, се нарекувате тајни друштва, вашите верски обреди се тајни и никој не смеј да кажи што се случува, човек не можи слободно да влези и да присуствува на вашите верски обреди, ако вие сметате дека масонството е за доброто на народот зошто ете јавно не излезите да зборувате за тоа, зошто јавно не ги извршувате вашите верски обреди како на пример за Велигден што се прави, кога службата се прави пред милиони верници, зошто еднаш така јавно не направите некој ваш собир ? Па ако вие се залагате за доброто на нардот треба да бидите поблиску до него нели ?

Новиот светски поредок ? Новиот Свет ? Упорно избегавате да признаете дека тоа е ваше дело, светот пропаѓа, светот оди кон криза, криза за храна најмногу, онај кој ќе го пронајди начинот да ги задоволи светските потреби ќе го контролира светот, ќе го контролира народот, ќе се осети доволно моќен и себеси ќе се прогласи за бог и ќе го натера народот нему да му се поклони, оние кои ќе му се поклонат ќе ја изгубат својата вера, малкуте кои ќе му се спротистават ќе го видат Царството Господово.

За кој Нов Поредок станува збор ? И вас ви е јасно ама ај ... терајте.
Кон врв
nikolabitola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 150
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikolabitola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2009 во 01:37
Zidarski не реков дека Исус дојде да го поништи стариот завет, не халуцинирај, зборот поништи не го напишав никаде.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2009 во 02:00
Никола - токму тоа е симболиката на Севидливото Око, како што е земена од Стариот Завет.
Тоа што го реков за Исус - е цитат од Библијата истотака - Исус го вели тоа - дека не дошол да го поништи Законот, туку да го исполни... само и тој цитат нешто не го препозна... Така што - Стариот Завет не престанува да постои, а неговите морални кодекси, пророштва и вредности се валидни и ден денес. Прашај било кој свештеник.

Православната Црква има многу обреди кои не се достапни на јавноста и кои се само за посветени. Една од Светите Таинства е Тајната - Свештенство. Наменета е за оние кои се посветуваат на Црквата. Не е достапна за никој друг. Тоа таинство дава привилегии кои се достапни само на посветените. Дел од секојдневната литургија дури, не е достапен за сите верници, а е само за свештениците - делот кога одат зад олтарот. Таму имаат пристап само свештениците и никој друг. За да не ме негираш - следниот пат кога ќе одиш на литургија (можеш уште утре, в Недела), пробај да влезеш зад олтарот, да видиш дали ќе те пуштат. Исто - и без да има литургија - пробај помини зад олтарот, да видиш како ќе реагираат свештениците и што ќе ти речат.
Масонството многу работи прави јавно и има многу церемонии што се јавни. Во Македонија сеуште нема јавни церемонии, од проста причина што има многу малку масони за да се одвиваат истите. Инаку во САД, тука во Канада, Франција, Англија, Италија, Германија, Шпанија, има доста јавни церемонии.
Тоа што се случува зад затворени врати не е верски обред. Масонството е приватен клуб, приватна организација, каде само членовите имаат достап. Соодветно - зошто би пуштале некој друг да влегува?!?! Во една фирма, дали пуштаат некој кој не работи за истата таа фирма да влезе за време на состанок на бордот на директори?!
Упорноста во тезата дека ние сме тука за да го уништиме светот се граничи со инает... Со што го уништуваат масоните светот? Ајде - дај ми еден факт, доказ, конкретно нешто, а не твои претпоставки!
А јас ќе ти дадам факти и докази за спротивното, на пример со пронајдоците од страна на масони кои го унапредија човештвото и помогнале и спасиле милиони луѓе - пеницилинот, електричната енергија, електраните, автомобилот, авионот, компјутерот, парната машина, еден од основните закони на физиката (гравитацијата), организации како Црвениот Крст итн... Сега ќе тврдиш дека и овие работи се штетни и се со цел да се уништи човештвото?

Изменето од zidarski - 12.Јули.2009 во 02:01
Do what is right, come what may...
Кон врв
nikolabitola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 150
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikolabitola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2009 во 02:08
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Инаку - Јове Кекеновски се гледа колку разбира, според тоа каков му е латинскиот превод. Целата своја теза ја базира на тоа дека на доларот пишува Нов Светски Поредок. Нов Светски Поредок е Novus Ordo Mundi. Никаде нема таков текст на доларот.
Тоа што многу луѓе грешат (заради непознавање на латинскиот) е што мислат дека Seclorum значи Светски (затоа што звучи како Seculare). Seclorum е изведен од латинскиот збор - Saeculum - што значи Ера.
Така што - се гледа колку е професорот поткован за оваа тема.


Инаку целата своја теза не ја базира според банкнотата од 1 долар. И кога веќе ни објасна за латинскиот превод ќе ни кажиш што точно значи натписот на банкнотата?

Современиот односно денешниот концепт на новиот светски поредок на чело би биле САД теоретски бил формулиран уште пред педесетина години поточно 1957 од страна на Роберт Штраус Хупе, основач на американската наука и теорија за меѓународни односи и шеф на Институтот на истражување на надворешната политика на САД. Овој научник и долгогодишен американски дипломат во својата книга Рамнотежа на иднината истакнува дека најважно за САД е прашањето за унификација на глобусот под американско водство и создавање на американска универзална империја. Широка популаризација и актуализација оваа синтагма добива во говорот на американскит претседател Џорџ Буш постариот. Говорот е познат под името ВО ПРЕСРЕТ НА НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК и е одржан пред двата дома на американскиот Конгрес во 1990 кога Буш ликува за победата на западот во Студената војна со тогашниот пред распаѓање Советски сојуз.

Шо значи зидарски, Јове Кекеновски својата колумна не ја заснова на банкнотата на еден долар, за Новиот Светски Поредок говорел и Буш постариот, или ќе речиш дека и тој не бил масон ? Ќе речиш дека тоа се измислици и Новиот Светски Поредок нема никаква врска со Масонеријата ? Ќе речиш и дека Рузвелт во чие владеење биле додадени овие масонски симболи на банкнотата не бил масон? Или ќе преќутиш како што правиш за се што не ти оди во прилог.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2009 во 02:24
Нов Светски Поредок - е филозофија која ја пропагираат многу американски конзервативци, а првиот американски претседател кој ја застапуваше беше Џорџ Буш (Стариот). Тоа е реалност и никогаш не сум рекол дека не е. Но - Џорџ Буш (Стариот), како и неговиот син, никогаш не биле масони.
Кекеновски целата своја теза ја заснова на тоа дека САД се масонска конспирација и дека ете тоа е видливо уште од самото формирање, заради слоганот кој е ставен на доларот - Novus Ordo Seclorum. За жал, Кекеновски повторно (многу пати ова му се има случено) излегува смешен и недоволно упатен, затоа што написот на доларот воопшто не значи Нов Светски Поредок, туку нешто сосема друго (прочитај неколку постови наназад, детално опишав што точно значи), а тоа лесно се проверува од било кој кој има основно познавање по Латински.
Патем - уште една лекција по историја... Novus Ordo Seclorum, не се појавува прв пат на доларот, туку е дел од Американскиот Печат (The Great Seal), што е во улога на официјален грб на државата и е создаден во 1782 година.
Така што - каква врска тоа со Новиот Светски Поредок?!
Do what is right, come what may...
Кон врв
nikolabitola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 150
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikolabitola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2009 во 02:25
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Никола - токму тоа е симболиката на Севидливото Око, како што е земена од Стариот Завет.
Тоа што го реков за Исус - е цитат од Библијата истотака - Исус го вели тоа - дека не дошол да го поништи Законот, туку да го исполни... само и тој цитат нешто не го препозна... Така што - Стариот Завет не престанува да постои, а неговите морални кодекси, пророштва и вредности се валидни и ден денес. Прашај било кој свештеник.

Православната Црква има многу обреди кои не се достапни на јавноста и кои се само за посветени. Една од Светите Таинства е Тајната - Свештенство. Наменета е за оние кои се посветуваат на Црквата. Не е достапна за никој друг. Тоа таинство дава привилегии кои се достапни само на посветените. Дел од секојдневната литургија дури, не е достапен за сите верници, а е само за свештениците - делот кога одат зад олтарот. Таму имаат пристап само свештениците и никој друг. За да не ме негираш - следниот пат кога ќе одиш на литургија (можеш уште утре, в Недела), пробај да влезеш зад олтарот, да видиш дали ќе те пуштат. Исто - и без да има литургија - пробај помини зад олтарот, да видиш како ќе реагираат свештениците и што ќе ти речат.
Масонството многу работи прави јавно и има многу церемонии што се јавни. Во Македонија сеуште нема јавни церемонии, од проста причина што има многу малку масони за да се одвиваат истите. Инаку во САД, тука во Канада, Франција, Англија, Италија, Германија, Шпанија, има доста јавни церемонии.
Тоа што се случува зад затворени врати не е верски обред. Масонството е приватен клуб, приватна организација, каде само членовите имаат достап. Соодветно - зошто би пуштале некој друг да влегува?!?! Во една фирма, дали пуштаат некој кој не работи за истата таа фирма да влезе за време на состанок на бордот на директори?!
Упорноста во тезата дека ние сме тука за да го уништиме светот се граничи со инает... Со што го уништуваат масоните светот? Ајде - дај ми еден факт, доказ, конкретно нешто, а не твои претпоставки!
А јас ќе ти дадам факти и докази за спротивното, на пример со пронајдоците од страна на масони кои го унапредија човештвото и помогнале и спасиле милиони луѓе - пеницилинот, електричната енергија, електраните, автомобилот, авионот, компјутерот, парната машина, еден од основните закони на физиката (гравитацијата), организации како Црвениот Крст итн... Сега ќе тврдиш дека и овие работи се штетни и се со цел да се уништи човештвото?


А што прави масонството јавно ? Ајде де кажи што прави масонството јавно ?
Не даде ниту еден релевантен доказ дека не се случуваат верски обреди кај масоните, се се сведува само на збор, значи има огромен број на докази, емисии, документарци, биографии од масони кои сведочат за таквите верски обреди, само ти онака чисто на збор треба да ти веруваме дека тоа се измислици, е не можи така.
И ако сум јас свештено лице можеби ќе ми биди дозволено да одам зад олтар, ама не сум, ама барем учествувам на литургија, а во масонски собир не можи никој слободно да влези, значи не можи воопшто да учествува, и посочи барем еден масонски собир кој ете и јавно бил пренесуван низ светот.

И престани да се глупираш со тоа со Стариот Завет, ти едноставно мене не ме сфаќаш шо сакам да кажам па камоли стариот завет, сакам да кажам дека од толку погрешни толкувања до тој степен застранил човекот што морал да дојди Исус и да ни го покажи правиот пат, ама очигледно луѓето како тебе застраниле до тој степен што им нема спас. Ама ем шо ме ме сфаќаш шо сакам да кажам дури и ми ги извртуваш зборовите, и во твоите одговори го прескокнуваш се она што не ти оди во прилог.

Масонеријата сака да го придобие човештвото на своја страна, на страната на Луцифер, за таа цел користи материјални добра, ветува лесен живот, слично како што змијата им ветувала на Адам и Ева, така сака да воспостави контрола врз човекот, еве јас ви го олеснив животот, направив да имате струја дома, тоа не го направи Господ, е така масонеријата сака да ја уништи верата на човекот и неговата душа да ја испрати во пеколот. Само што јас не правам слика и идол од ништо на земјата и небото, вашите средтва за подобар живот ги користам ама не им се поклонувам оти знам дека после овај живот следува вечноста која сакам да ја поминам со својот Бог Исус Христос, а за да бидам со него треба да правам она што тој рекол, а тоа е да не правам слика и идол од она што ѓаволот ми го подметнува. Откако ќе го изгаснам овај компјутерот што вие го измисливте ќе се прекрстам и помолам пред икона и тоа ќе ме направи да се чувтсвувам многу поубаво од сите ваши авиони, автомобили, телевизори, компјутери итн .... па на крај краева никој не умрел ако во животот не застанал пред телевизор.

А за тоа какво влијание имаат тие работи, а посебно ЅВЕРОТ КОЈ ИМА СЛИКА И ТОН А НЕМА ДУША имам многу видеа пастирано кој ти ги премолчи.
Кон врв
nikolabitola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 150
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikolabitola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2009 во 02:34
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Нов Светски Поредок - е филозофија која ја пропагираат многу американски конзервативци, а првиот американски претседател кој ја застапуваше беше Џорџ Буш (Стариот). Тоа е реалност и никогаш не сум рекол дека не е. Но - Џорџ Буш (Стариот), како и неговиот син, никогаш не биле масони.
Кекеновски целата своја теза ја заснова на тоа дека САД се масонска конспирација и дека ете тоа е видливо уште од самото формирање, заради слоганот кој е ставен на доларот - Novus Ordo Seclorum. За жал, Кекеновски повторно (многу пати ова му се има случено) излегува смешен и недоволно упатен, затоа што написот на доларот воопшто не значи Нов Светски Поредок, туку нешто сосема друго (прочитај неколку постови наназад, детално опишав што точно значи), а тоа лесно се проверува од било кој кој има основно познавање по Латински.
Патем - уште една лекција по историја... Novus Ordo Seclorum, не се појавува прв пат на доларот, туку е дел од Американскиот Печат (The Great Seal), што е во улога на официјален грб на државата и е создаден во 1782 година.
Така што - каква врска тоа со Новиот Светски Поредок?!


Значи сите оние кои направиле анализа на масонството на секаков начин ги поврзуваат Бушовци со масонството само ти велиш дека не биле масони? Е ај докажи зошто така мислиш? Како можи толку новинари и други луѓе кои се решиле да чепнат во оваа тема дури имаше и едно директно прашање во една емисија на телевизија до Буш помладиот кога тој НЕ НЕГИРАШЕ дека е во овие организации, само ти она смирено велиш дека тие двата не биле масони и толку, крај. Кој е луд нека ти верва.
Кон врв
nikolabitola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 150
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikolabitola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2009 во 02:36
А тоа со печатот само е доказ дека масонството во САД има длабоки корени, слугите на злото не дојдоја на земјата со прогласувањето на Буш за претседател, тие се мнооооооогу одамна тука.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2009 во 02:52
Буш се членови на Skull&Bones. Тајно друштво, но со сосема различни цели и начин на функционирање од масонството. Не е дел од масонството и никогаш не било. Основачот го формирал, затоа што сметал дека масонството премногу ограничува со тоа што забранува да се зборува за политика, а тој сметал дека тоа е потребно.
Тоа со печатот е доказ дека треба понекогаш да се чита историја и да се принаучи малку латински, пред да се прават обиди да се толкуваат вакви работи.
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 62>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.