|
УЕФА Лига на Шампиони |
Внеси реплика | страница <1 1920212223 43> |
Автор | ||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Napred Barca!!!
|
||
|
||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Роналдо и Меси против проклетството
Изменето од blackeye - 26.Мај.2009 во 12:45 |
||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Шкотското искуство против каталонската убавина
|
||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Преглед: Манчестер Јунајтед - Барселона, статистика 26/05/2009 01:55
Судир на титаните. Натпревар на тимовите кои освоија скоро се оваа сезона и им недостасува само титулата од Лигата на шампионите за да ја заокружат блескавата сезона која ја имаа. Каталонците ја освоија титулата, го освоија “кралскиот куп“. Ја играат најдобрата сезона може во нивната историја. Го направија она што сите мислеа дека е научна фантастика. Да играте тотал фудбал и да освоите се. На сите натпревари играа за гол повеќе. Напад уште од самиот старт, да се понижи противникот. Сезонава во Примера постигнаа фантастични 104 гола. Во Лигата на шампионите до овој момент имаат 34 гола, а додека во купот постигнаа 17 гола или се на се имаат фантастични 155 гола сезонава. “Црвените ѓаволи“ ја освоија титулата во домашното првенство, славеа во лига купот и се на прагот да го направат на што никого досега не му успеало да ја одбранат титулата во Лигата на шамипионите(од 1992 наваму). Моментално се во серија од 13 натпревари без пораз, 11 победи и две нерешени средби. Сезонава Јунајтед има 112 постигнати гола во сите конк*ренции. За да стасаат до финалето на Лигата на шампионите Барса требаше најпрво да ја помине без никакви проблеми групата со Спортинг, Базел и Шахтјор. Потоа во осминафиналето го прерипаа Лион, во четвртфиналето го растурија Баерн од Минхен и во полуфиналето среќно ги поминаа Челзи. При тоа изгубија само на еден натпревар, со Шахтјор дома 3-2. Останатото 6 победи и 5 нерешени. Манчестер Јунајтед на патот до одбараната на титулата мораа да поминат најпрво во групата преку Виљареал, Аалборг и Селтик. Во осминафиналето го елиминираа италијанскиот шампион Интер, во четвртфиналето се вадеа во Порто, а во полуфиналето го декласираа Арсенал. Досега немаат ниту еден пораз. 6 победи и 6 нерешени.
Пеп Гвардиола има многу повеќе главоболки од Фергусон. Суспендирани се неговите два најдобри бека Даниел Алвес и Ерик Абидал. Повредени се централните дефанзивци Маркез и Габи Милито. Скоро најдобрата дефанзивна четворка. А под голема неизвесност, иако се во тимот за Рим се Иниеста и Анри. Најголемата двојба ќе ја има за дефанзивната четворка. Пике и Пујол се сигурни како стопери, а Силвињо ќе биде лев бек. Прашањето е кој ќе биде десен бек. Дали Касерес или Пујол ќе оди таму, а младиот Уругваец ќе игра централно или пак Пујол ќе остане десно, а Јаја Туре ќе биде централен дефанзивец. Ферусон е далеку од некакви проблеми со повреди. Единствено ќе недостасува Дарен Флечер, како и одамна повредениот Харгрејвс. Фердинанд најверојатно ќе биде спремен за старт со Барселона. Нјаголемата дилема за Шкотланѓанецот е како да започне во нападот. Дали оналдо-Руни со подршка Парк и Гигс во средина или пак Роналдо, Руни и Тевез(Бербатов) со подршка, Сколс, Андерсон и Керик.
Во досегашните натпревари одиграни помеѓу овие два тима поуспешен е тимот на Манчестер Јунајтед. Во 1984год во четвртфиналето на купот на победниците на куповите, Јунајтед славеше со вкупни 3-2. Најпрво на Камп Ноу Барса победи со 2-0, а потоа на Олд Трафорд 3-0(два гола на Робсон) за Манчестер. Во финалето на купот на победниците на куповите во 1991год со двата гола на Марк Хјуз “црвените ѓаволи“ славеа со 2-1. Куман стралец за Каталонците. Во 1994год во фазата по групи во Лигата на шампионите Барселона на домашен терен победија со 4-0, Стоичков(2), Ромарио и Ферер стрелци. Додека на Олд Трафор дуелот заврши нерешено 2-2. Ромарио и Бакеро за Барселона, а Марк Хјуз и Ли Шарп за Јунајтед. Во 1998год, два незаборавни дуела помеѓу овие два тима. Во фазата по групи и двата натпревари завршија со по 3-3. Гигс, Сколс и Бекам, а Сони Андерсон, Џовани и Луис Енрике во Англија беа стрелци за своите екипи. Додека во Шпанија, Ривалдо(2) и Андерсон, а Јорк(2) и Кол за Манчестер. И во ланската сезона се сретнаа во полуфиналето од Лигата на шампионите. На Камп ноу дуелот заврши 0-0, К.Роналдо промаши пенал, а на Олд Трафорд Манчестер победи со 1-0 со голот на Сколс. |
||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||
Biolica
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 808 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vidic zlato izvini ama vecer ke izgubite.Forza Barca!
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е ај да видам и тоа Биолче дали ќе изгубиме вечер?
Напред Манчестер јаунајтед
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Барселона брка "тројна круна", Јунајтед влез во историјата
Ретко ждрепката, а потоа и резултатите во Лигата на шампионите се местат така во финалето од Лигата на шампионите да ги видиме двете најдобри екипи во тековната сезона. Тоа оваа сезона не е ни најмалку во прашање: од едната страна е актуелниот европски првак, троен првак едноподруго во Премиер-лигата, предводен од најдобриот тренер и најдобриот фудбалер во светот, а од другата новиот шпански првак, екипа која на Реал, Атлетико, Баерн итн. им дава по 5-6 гола, а предводена од фудбалерот кој атакува на приматот на лидерот од спротивната страна. Може ли подобро? Сигурно дека не! Ако се земат предвид резултатите во Лигата на шампионите оваа сезона, благ фаворит е екипата на Манчестер Јунајтед. На патот до Рим актуелниот европски првак елиминира екипи како Интер, Порто и Арсенал, и тоа без ниеден пораз. Всушност, Јунајтед последен пат е поразен во Лигата на шампионите во мај 2007 година од Милан и оттогаш има рекордна серија на несовладливост од 23 натпревари. Барселона ги елиминира Лион, Баерн и Челзи, исто така гиганти во европски рамки, но остана голема дамка од реваншот против лондонскиот клуб кога судијата Том Хенинг Евребо не досуди неколку пенали за Челзи. Токму затоа некои ова финале го нарекуваат "финале од соништата" - најпосакувана завршница од Лигата на шампионите досега. Други, пак, неуморно го спомнуваат тој меч со Челзи и тврдат дека ова финале повторно требаше да биде сеанглиско. Со оглед на тоа што двојната круна беше обезбедена пред две недели, Гвардиола имаше можност да ги одмори главните фудбалери за ова финале, па токму поради тоа не собори уште неколку рекорди во шпанскиот фудбал кои реално можеа сега да "паднат". На Барселона & се потребни четири гола за да биде најефикасна екипа во историјата на шпанското првенство кога станува збор за една сезона, но против Мајорка и Осасуна постигна само еден. Но, на тоа никој не обрнува внимание, најважно е Барселона да биде најдобра кога најмногу е потребно - во големото финале против актуелниот бранител на титулата. Најголемата сила на Манчестер Јунајтед е големото искуство на фудбалерите кои три години по ред се без конк*ренција во англискиот фудбал и кои добро знаат како се освојуваат трофеи. За разлика од нив, од оној тим на Барселона пред три години беше првак на Шпанија и ја освои титулата во Примера сега фалат половина играчи, и тоа токму оние кои ја донесоа Барса до тој трофеј. Уште една предност на страната на Јунајтед е тоа што англискиот тим нема големи проблеми со казнети и повредени играчи. Во прашање е само настапот на Рио Фердинанд, кој е повреден веќе еден месец, но според последните извештаи ќе биде подготвен за вечерашното финале. Освен тоа, нема да игра суспендираниот Дарен Флечер поради црвениот картон од реваншот против Арсенал. "Нема шанса да го пропуштам финалето. Едвај чекам да излезам на теренот на Олимпико", уверуваше Рио Фердинанд. Како и Гвардиола, и Фергусон го искористи фактот што шампионската титула беше освоена пред десетина дена за да ги одмори најдобрите фудбалери во последното коло од Премиер-лигата. Вечерашното финале треба да биде само шлаг на неверојатната сезона на Алекс Фергусон и Манчестер Јунајтед, кои триумфираа во сите натпреварувања во кои учествуваа со исклучок на ФА Купот и Супер-купот на Европа. Досега се отворени пет трофеи, се очекува шестиот, но и најважниот. Манчестер Јунајтед досега нема пораз во финален натпревар од Лигата на шампионите. Трипати играше во меч за титулата и трипати победи (1968 година против Бенфика, 1999 против Баерн и 2008 против Челзи) и ако вечерва победи ќе им се приклучи на Баерн и Ајакс како екипи со четири трофеи во елитното европско натпреварување. |
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Меси или Роналдо
Врвни мајстори со фудбалската топка, волшебници поради кои се оди на стадионите и планетарно популарни ѕвезди на светскиот фудбал. Омразени кај противничките навивачи, но богови на домашната публика, а сите големи фудбалски фанови ги почитуваат. Оваа година само двајца привлекуваат такво вниманието: феноменалниот Португалец Кристијано Роналдо и аргентинскиот дијамант Лионел Меси. Ова е најдобра можност да дознаеме кој е подобар и веројатно победникот од овој меч на крајот од годината ќе биде прогласен за играч на годината во сите избори. Лионел Меси е најдобар стрелец во Лигата на шампионите оваа сезона со осум погодоци, двојно повеќе од Роналдо, но на англиски тим не му дал гол веќе десет натпревари. Веројатно ќе ја освои "Златната копачка" во Лигата на шампионите, но ќе мора да има поголем придонес отколку што беше тоа во полуфиналето против Челзи. Сега ќе го нема помош Дани Алвес, но тоа може и да е подобро за него затоа што нема да се удвојуваат на десната страна. Меси има шанса да стане првиот најдобар стрелец во Лигата на шампионите по Алфредо ди Стефано во 1958 година. "Секогаш е тешко да се игра против англиски екипи, но очекувам ова финале да се разликува од претходните натпревари. Кристијано Роналдо е одличен играч и знае како да ги искористи сите слабости на противникот", вели Меси. Кристијано Роналдо беше најдобар стрелец во ланското издание од Лигата на шампионите со осум гола. Сепак, ни тој нема погодок на шесте дуели против шпански дуели на кои настапил. Лани можеше да го направи тоа, но не искористи пенал уште во третата минута од првиот меч против Барселона што се играше на Ноу Камп. За разлика од Меси, тој влегува во форма како што сезоната се ближи кон крајот и токму со неговата брилијантна игра Јунајтед го демолира Арсенал на Емирати во полуфиналето од Лигата на шампионите. "Меси несомнено е многу добар играч, но такви се и другите фудбалери на Барселона. Ако играм сам, нема да имам никакви шанси да победам, истото важи за Меси. Ќе победи тој што ќе направи помалку грешки, уверен е Португалецот. Цифрите и тенденциите ќе го загубат сето свое значење во моментот кога вечерва Барселона и Манчестер Јунајтед ќе излезат еден против друг на Олимпико. Кој од Роналдо и Меси ќе блесне посилно, неговиот тим има поголеми шанси да слави на крајот од 54. финале на Лигата на шампионите. |
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
Biolica
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 808 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ke e zustro ama ke pobedime imam verba vo Messi jas:)
Si za kladba?
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде Биолче,тука сум ама кладбата како ќе ја реализираме?
Барселона вечер губи,во тоа сум сигурен 100%
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Саботажа или знак за несреќа? Му ги украдоа копачките на Руни!
|
||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
1:0 Napred Barsa
|
||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||
Внеси реплика | страница <1 1920212223 43> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |