IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 43>
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 22:04
Napred Barca!!!

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 12:44

Роналдо и Меси против проклетството


Португалецот нема постигнато гол во шест натпревари против шпанските клубови, а против Барса промаши и пенал, додека Меси ја нема затресено мрежата на англиските клубови во последните 10 натпревари. Како ќе биде во финалето од Лигата на шампиони?

Најдобриот светски фудбалер во изборот на ФИФА, Кристијано Роналдо и неговиот противник во изборот, Лиoнел Меси в среда ќе мора да го сменат својот тренд од последните мечеви ако сакаат да го одведат својот клуб - Манчестер Јунајтед или Барселона, до победа во финалето на Лигата на шампионите

Роналдо кој минатата година беше најдобар стрелец во ЛШ со 8 погодоци, не постигнал погодок во 6 мечеви против шпанските клубови и промаши пенал на Ноу Камп минатата година во првото полуфинале против Барселона.

Меси пак, годинава е водечки стрелец со 8 погодоци, двојно повеќе од Роналдо, но сепак, не успеа да постигне гол во 10 мечеви против англиските клубови, вклучувајќи ги полуфиналните дуели против Челзи.

Меси му оддаде чест на португалскиот противник:

„Тој е фантастичен играч и има способност да ја исфрли противничката екипа од рамнотежа ако му се даде премногу простор штознае совршено да ја искористи.“

Роналдо, кој исто така е и европски фудбалер на годината, рече во едно интервју дека е опасно да се концентрира само на Меси, бидејќи тука се и Самуел Ето и Французинот Тиери Анри кои се во одлична форма годинава.

„Секако дека е Меси многу добар, но не е само тој, и останатите се“, рече Роналдо.

Меси ќе биде првиот Аргентинец кој е најдобар стрелец во некое европско натпреварување откако Алфредо ди Стефано постигна 10 голови за Реал Мадрид во 1957/58.

Тој имаше и повеќе асистенции од Роналдо во годинашното издание на Лигата на шампиони - пет, само една помалку од водечкиот Чави и Франк Рибери.

Роналдо има само две асистенции, но Португлецот е подобар во удари кон голот. Тој има 53 удари, од кој 32 се во рамките на голот, додека Меси има 24 од кој 11 се во рамките на голот.


Изменето од blackeye - 26.Мај.2009 во 12:45
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 12:45

Шкотското искуство против каталонската убавина


Кога малиот седумгодишен Пеп Гвардиола со татко му за прв пат тргна кон Ноу Камп да се зачлени во најгордата каталонска институција, Барселона, неговиот лут ривал во овогодинешното финале, Алекс Фергусон, тоа време владееше во шкотската лига со Абердин и за прв пат го изведе на европската сцена.

Стариот шкотски лисец и детето на Барса, в среда за прв пат ќе ги спротистават стратешките тактики еден против друг, и тоа во финалето на престижната Лига на шампионите.

Бројките говорат дека Гвардиола порано од Фергусон запливал во водите на својот сегашен клуб. Но, додека Пеп пред 25 години почна да ги разгледува соблекувалните на каталонскиот клуб и учеше што значи да се удри топката со нога, сер Алекс пред точно 23 години стигна во Манчестер Јунајтед како голем спасител и препородител на Црвените ѓаволи.

Во својата богата и голема кариера, не толку играчка колку стратешка, Фергусон водеше вкупно четири клуба вклучувајки го Манчестер каде остави и остава најдлабоки траги.

Како голема тренерска надеж, но и цврска рака стигна во клубот во далечната 1986 година наследувајќи го Рон Аткинсон, и оттогаш до денес севкупно освои над 30 трофеи, вклучувајќи 11 титули англиски шампион, пет ФА Купови и две титули во Лигата на шампионите.


Навивачите на Црвените ѓаволи најмногу ќе го паметат како првиот Шкотланѓанец кој нивните миленици ги донесе до трофеј во Англија, по 26 макотрпни години на владеење на Ливерпул.

Најпознатата шкотска ’гума за џвакање’, човекот со големо трпение и мудри потези, препознатливиот стил на игра на Манчестер го гради веќе со години и од него не се откажува.

Неговата одлука да ги уфрли Теди Шерингам и Оле Гунар Солскајер во финалето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен во 1999, и нивните голови во судиското продолжение, ќе останат запишани во историјата на фудбалот.


Старата гарда фудбалери предводени од Бекам и Кин, со времето се повлече, а некои нови клинци стапија на сцена. Роналдо, Руни и Фердинанд уште потпомогнати од вечните Гигс и Сколс денес ја претставуваат ударната сила на Манчестер.

„Се наоѓам во голем клуб и императивот да се задржам на врвот ми одговара. Сакам наутро да станам, да појдам на тренинг, да ги гледам играчите како се трудат“, вели секогаш инспирираниот сер Алекс.

Неговата глад и жед за трофеи просто никогаш не умира и веруваме дека ќе биде така и во римското финале.

Меѓутоа овој пат Фергусон ќе мора да биде многу претпазлив. Пред него стои еден од најперспективните млади тренери на светот, детето на Барселона, вечната ’четворка’ и организаторот на играта на славниот Дрим тим.


Иако ни приближно трофеен и искусен како неговиот опонент на клупата на Манчестер, Гвардиола и тоа како ја познава фудбалската игра. Тоа го покажа со овогодинешното освојување на двојната круна во Шпанија, а титулата во ЛШ би била како цреша на шлагот на тортата.

„Јасно е како ден - Барселона секогаш ќе игра напаѓачки фудбал, секогаш ќе дадеме повеќе отколку што можеме да примиме“, изјави популарниот Пеп по своето доаѓање на тренерското место во Барселона.

Во Барса Б разви стил на игра кој и денес го применува во првиот тим - константен притисок на противничката последна одбранбена линија, брзо додавање на топката и раширување на играта што е можно повеќе – тоа се постулатите на неговата фудбалска филозофија.


И Гвардиола има свои адути за финалето. Доколку настапи Анри, ќе го има во ракавот најударното трио на денешницата кое е енигма за сите одбрани на светот.

Доколку настапи и Иниеста заедно со Чави во средниот ред, можеби нема да се забележи недостигот на тројцата стандардни играчи во одбранбената линија, Алвес, Маркез и Абидал.

Ако 38-годишниот Гвардиола го освои овогодинешното издание на Лигата на шампионите, ќе стане третиот најмлад тренер на кој тоа му пошло од рака. Од друга страна, доколку истиот успех го достигне 68-годишниот Фергусон, Шкотланѓанецот ке се закити со епитетот втор најстар стратег кој го освоил ова престижно европско клупско натпреварување.

Расплетот ќе го дознаеме на 27 мај на римскиот Олимпико, каде стариот лисец ќе мора да се соочи со тренерското откровение на сезоната – детето на Барселона. Секако, ќе следиме дуел на најмоќните тимови на денешницата!
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 15:17
Преглед: Манчестер Јунајтед - Барселона, статистика
26/05/2009 01:55

 

Судир на титаните. Натпревар на тимовите кои освоија скоро се оваа сезона и им недостасува само титулата од Лигата на шампионите за да ја заокружат блескавата сезона која ја имаа.

Каталонците ја освоија титулата, го освоија “кралскиот куп“. Ја играат најдобрата сезона може во нивната историја. Го направија она што сите мислеа дека е научна фантастика. Да играте тотал фудбал и да освоите се. На сите натпревари играа за гол повеќе. Напад уште од самиот старт, да се понижи противникот. Сезонава во Примера постигнаа фантастични 104 гола. Во Лигата на шампионите до овој момент имаат 34 гола, а додека во купот постигнаа 17 гола или се на се имаат фантастични 155 гола сезонава.

“Црвените ѓаволи“ ја освоија титулата во домашното првенство, славеа во лига купот и се на прагот да го направат на што никого досега не му успеало да ја одбранат титулата во Лигата на шамипионите(од 1992 наваму). Моментално се во серија од 13 натпревари без пораз, 11 победи и две нерешени средби. Сезонава Јунајтед има 112 постигнати гола во сите конк*ренции.

За да стасаат до финалето на Лигата на шампионите Барса требаше најпрво да ја помине без никакви проблеми групата со Спортинг, Базел и Шахтјор. Потоа во осминафиналето го прерипаа Лион, во четвртфиналето го растурија Баерн од Минхен и во полуфиналето среќно ги поминаа Челзи. При тоа изгубија само на еден натпревар, со Шахтјор дома 3-2. Останатото 6 победи и 5 нерешени.

Манчестер Јунајтед на патот до одбараната на титулата мораа да поминат  најпрво во групата преку Виљареал, Аалборг и Селтик. Во осминафиналето го елиминираа италијанскиот шампион Интер, во четвртфиналето се вадеа во Порто, а во полуфиналето го декласираа Арсенал. Досега немаат ниту еден пораз. 6 победи и 6 нерешени.

 

Пеп Гвардиола има многу повеќе главоболки од Фергусон. Суспендирани се неговите два најдобри бека Даниел Алвес и Ерик Абидал. Повредени се централните дефанзивци Маркез и Габи Милито. Скоро најдобрата дефанзивна четворка. А под голема неизвесност, иако се во тимот за Рим се Иниеста и Анри. Најголемата двојба ќе ја има за дефанзивната четворка. Пике и Пујол се сигурни како стопери, а Силвињо ќе биде лев бек. Прашањето е кој ќе биде десен бек. Дали Касерес или Пујол ќе оди таму, а младиот Уругваец ќе игра централно или пак Пујол ќе остане десно, а Јаја Туре ќе биде централен дефанзивец.

Ферусон е далеку од некакви проблеми со повреди. Единствено ќе недостасува Дарен Флечер, како и одамна повредениот Харгрејвс. Фердинанд најверојатно ќе биде спремен за старт со Барселона. Нјаголемата дилема за Шкотланѓанецот е како да започне во нападот. Дали оналдо-Руни со подршка Парк и Гигс во средина или пак Роналдо, Руни и Тевез(Бербатов) со подршка, Сколс, Андерсон и Керик.

 

 

Во досегашните натпревари одиграни помеѓу овие два тима поуспешен е тимот на Манчестер Јунајтед.

Во 1984год во четвртфиналето на купот на победниците на куповите, Јунајтед славеше со вкупни 3-2. Најпрво на Камп Ноу Барса победи со 2-0, а потоа на Олд Трафорд 3-0(два гола на Робсон) за Манчестер.

Во финалето на купот на победниците на куповите во 1991год со двата гола на Марк Хјуз “црвените ѓаволи“ славеа со 2-1. Куман стралец за Каталонците.

Во 1994год во фазата по групи во Лигата на шампионите Барселона на домашен терен победија со 4-0, Стоичков(2), Ромарио и Ферер стрелци. Додека на Олд Трафор дуелот заврши нерешено 2-2. Ромарио и Бакеро за Барселона, а Марк Хјуз и Ли Шарп за Јунајтед.

Во 1998год, два незаборавни дуела помеѓу овие два тима. Во фазата по групи и двата натпревари завршија со по 3-3. Гигс, Сколс и Бекам, а Сони Андерсон, Џовани и Луис Енрике во Англија беа стрелци за своите екипи. Додека во Шпанија, Ривалдо(2) и Андерсон, а Јорк(2) и Кол за Манчестер.

И во ланската сезона се сретнаа во полуфиналето од Лигата на шампионите. На Камп ноу дуелот заврши 0-0, К.Роналдо промаши пенал, а на Олд Трафорд Манчестер победи со 1-0 со голот на Сколс.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Biolica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 808
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biolica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 07:41
Vidic zlato izvini ama vecer ke izgubite.Forza Barca!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 10:24
Е ај да видам и тоа Биолче дали ќе изгубиме вечер?
 
Напред Манчестер јаунајтедголемо%20гушкање
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 10:29
Барселона брка "тројна круна", Јунајтед влез во историјата

Ретко ждрепката, а потоа и резултатите во Лигата на шампионите се местат така во финалето од Лигата на шампионите да ги видиме двете најдобри екипи во тековната сезона. Тоа оваа сезона не е ни најмалку во прашање: од едната страна е актуелниот европски првак, троен првак едноподруго во Премиер-лигата, предводен од најдобриот тренер и најдобриот фудбалер во светот, а од другата новиот шпански првак, екипа која на Реал, Атлетико, Баерн итн. им дава по 5-6 гола, а предводена од фудбалерот кој атакува на приматот на лидерот од спротивната страна. Може ли подобро? Сигурно дека не!

Ако се земат предвид резултатите во Лигата на шампионите оваа сезона, благ фаворит е екипата на Манчестер Јунајтед. На патот до Рим актуелниот европски првак елиминира екипи како Интер, Порто и Арсенал, и тоа без ниеден пораз. Всушност, Јунајтед последен пат е поразен во Лигата на шампионите во мај 2007 година од Милан и оттогаш има рекордна серија на несовладливост од 23 натпревари. Барселона ги елиминира Лион, Баерн и Челзи, исто така гиганти во европски рамки, но остана голема дамка од реваншот против лондонскиот клуб кога судијата Том Хенинг Евребо не досуди неколку пенали за Челзи.

Токму затоа некои ова финале го нарекуваат "финале од соништата" - најпосакувана завршница од Лигата на шампионите досега. Други, пак, неуморно го спомнуваат тој меч со Челзи и тврдат дека ова финале повторно требаше да биде сеанглиско.

БАРСЕЛОНА

Како и да е, вторпат во последните три години, а петтипат вкупно Барселона ќе игра во финалето од Лигата на шампионите во обид да стигне до третата титула во ова натпреварување. Ако се гледа традицијата, каталонскиот клуб сега би требало да загуби бидејќи во претходните четири финалиња има по две победи и порази, и тоа преку еден натпревар. Во 1961 и 1994 година загуби, а во 1992 и 2006 година победи, па овој аспект од традицијата е нешто на што Јунајтед се надева пред денешното финале.

Сепак, оваа сезона по многу нешта е историска за Барселона. Каталонскиот клуб има можност за првпат од своето постоење да освои три титули во една сезона откако веќе ги доби во своја сопственост пехарите од Примера и Купот на Шпанија, и тоа на доста убедлив начин.

Со оглед на тоа што двојната круна беше обезбедена пред две недели, Гвардиола имаше можност да ги одмори главните фудбалери за ова финале, па токму поради тоа не собори уште неколку рекорди во шпанскиот фудбал кои реално можеа сега да "паднат". На Барселона & се потребни четири гола за да биде најефикасна екипа во историјата на шпанското првенство кога станува збор за една сезона, но против Мајорка и Осасуна постигна само еден. Но, на тоа никој не обрнува внимание, најважно е Барселона да биде најдобра кога најмногу е потребно - во големото финале против актуелниот бранител на титулата.

Најголем проблем за Гвардиола во овие 15 дена беа повредите на дел од клучните фудбалери, како и главоболките што ги направија суспендираните. Добри вести стигнаа пред два дена кога Анри и Иниеста се вратија на тренинзите на својот тим и, најверојатно, ќе бидат дел од денешниот финален натпревар на Олимпико во Рим. Двајцата отпатуваа со остатокот од екипата и од нив се очекува да го вратат блесокот на Барселона кој недостасуваше последниот месец. Покрај тоа, ова е можеби последна шанса за Тиери Анри да освои титулата во Лигата на шампионите кој е последниот трофеј што недостасува во негова исклучително успешна кариера.

"Тие двајца се основен дел од нашиот фудбалски план. Знаеме дека ќе играат и ќе бидат 100% подготвени. Привилегирани сме што ги имаме затоа што со нив сме многу подобри", изјави лидерот на Барселона на средината од теренот Чави.

Анри и Иниеста беа клучни фудбалери во незапирливата напаѓачката тактика што оваа сезона и донесе на Барселона 151 гол во сите натпреварувања и два освоени трофеи. Ако вечерва стигне до третиот, ќе биде само третиот клуб во историјата на фудбалот кому му успеало да освои "тројна круна".

"Манчестер Јунајтед е актуелен првак, еден од најдобрите во светот, но тоа не ме плаши. Кон нив чувствувам ист респект како и тие кон нас. Ова е шанса да станеме дел од историјата, дури би прифатил и да победиме на пенали", рече Иниеста, кој го постигна оној клучен гол против Челзи во 93. минута со кој Барселона стигна до Рим.

Сепак, Барселона во последните сезони повеќепати покажа дека слабо се снаоѓа во дуелите со англиските екипи. Иако последната титула во Лигата на шампионите ја освои токму против премиерлигаш (Арсенал во 2006 година), сите се сеќаваат дека тогаш Леман беше исклучен, па и без него "топчиите" имаа предност која беше анулирана и надмината во финишот од мечот. Челзи со една затворена варијанта во полуфиналето комплетно го неутрализира нападот на Барселона и само благодарение на среќата каталонскиот тим тогаш стигна до израмнување кое донесе финале. Лани доживеа елиминација во полуфиналето исто така од Манчестер Јунајтед, кој слично како годинава Челзи се затвори на својата половина и со еден проектил на Сколс на почетокот од натпреварот дојде до минимална победа. Токму затоа Гвардиола сега ќе треба да покаже колку квалитетен тренер е. Сите очекуваа од него на реваншот против Челзи да измисли "План Б", но тој не го направи тоа и повторно се потпре на стандардната тактика која му носеше успех во Примера, но која придонесе за слабите резултати на овој тим во претходните две сезони кога на клупата беше Франк Рајкард. Сега и ќе му биде потешко затоа што во екипата ги нема двајцата бекови Дани Алвес и Ерик Абидал, кои се суспендирани, а кои имаат голем придонес во офанзивната игра на Барселона. Јаја Туре повторно ќе игра како стопер како што беше случај против Челзи во реваншот, а Пујол и Силвињо ќе ги покријат страничните позиции. Тоа може да биде проблем бидејќи Силвињо треба да го запре Роналдо.

"Мораме да бидеме смирени. Манчестер Јунајтед има фудбалери кои знаат како се освојува титула, имаме и ние, но помалку од нив. Тоа не треба да биде проблем за нас затоа што знам дека кај сите фудбалери постои огромна желба да се подигне пехарот и на тој начин да се круниса оваа прекрасна сезона", вели тренерот Гвардиола, кој со Барселона освои десет значајни трофеи вклучувајќи го трофејот во Лигата на шампионите во 1992 година.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Актуелниот англиски и европски првак вечерва има можност да стане првиот клуб кој ја одбранил титулата во Лигата на шампионите од нејзиното формирање. Можност за тоа имаа Милан (1995 година), Ајакс (1996) и Јувентус (1997), но потклекнаа во завршните битки: Милан од Ајакс, Ајакс од Јувентус, а Јувентус од Дортмунд. Може ли Јунајтед да стане првиот кој ќе го сочува големиот пехар во своите витрини две години по ред?

"Тоа ќе биде голем натпревар. Среќен сум што ќе бидам дел од еден таков настан, фудбалскиот празник во Рим сигурно ќе биде еден од најголемите моменти во мојата кариера", вели Алекс Фергусон, кој повторно си најде цел за да работи во фудбалот.

Досегашните две титули кои ги освои Фергусон во Лигата на шампионите неизбежно се поврзани со Барселона. До првиот, во 1999 година, дојде со победата над Баерн Минхен токму на стадионот на својот вечерашен ривал Ноу Камп, а лани стигна до финалето во Москва откако во полуфиналето беше поуспешен од каталонскиот клуб. Во двата случаи Јунајтед имаше премногу среќа. На Ноу Камп постигна два гола во последните моменти од натпреварот откако веќе имаше негатива од 1:0, а лани беше на прагот од пораз на пенали кога Џон Тери не го искористи својот удар од 11 метри и му овозможи на Јунајтед во натамошниот дел од сериите да дојде до пехарот.

Најголемата сила на Манчестер Јунајтед е големото искуство на фудбалерите кои три години по ред се без конк*ренција во англискиот фудбал и кои добро знаат како се освојуваат трофеи. За разлика од нив, од оној тим на Барселона пред три години беше првак на Шпанија и ја освои титулата во Примера сега фалат половина играчи, и тоа токму оние кои ја донесоа Барса до тој трофеј.

Уште една предност на страната на Јунајтед е тоа што англискиот тим нема големи проблеми со казнети и повредени играчи. Во прашање е само настапот на Рио Фердинанд, кој е повреден веќе еден месец, но според последните извештаи ќе биде подготвен за вечерашното финале. Освен тоа, нема да игра суспендираниот Дарен Флечер поради црвениот картон од реваншот против Арсенал.

"Нема шанса да го пропуштам финалето. Едвај чекам да излезам на теренот на Олимпико", уверуваше Рио Фердинанд.

Како и Гвардиола, и Фергусон го искористи фактот што шампионската титула беше освоена пред десетина дена за да ги одмори најдобрите фудбалери во последното коло од Премиер-лигата. Вечерашното финале треба да биде само шлаг на неверојатната сезона на Алекс Фергусон и Манчестер Јунајтед, кои триумфираа во сите натпреварувања во кои учествуваа со исклучок на ФА Купот и Супер-купот на Европа. Досега се отворени пет трофеи, се очекува шестиот, но и најважниот.

Манчестер Јунајтед досега нема пораз во финален натпревар од Лигата на шампионите. Трипати играше во меч за титулата и трипати победи (1968 година против Бенфика, 1999 против Баерн и 2008 против Челзи) и ако вечерва победи ќе им се приклучи на Баерн и Ајакс како екипи со четири трофеи во елитното европско натпреварување.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 10:30
Меси или Роналдо

Врвни мајстори со фудбалската топка, волшебници поради кои се оди на стадионите и планетарно популарни ѕвезди на светскиот фудбал. Омразени кај противничките навивачи, но богови на домашната публика, а сите големи фудбалски фанови ги почитуваат. Оваа година само двајца привлекуваат такво вниманието: феноменалниот Португалец Кристијано Роналдо и аргентинскиот дијамант Лионел Меси. Ова е најдобра можност да дознаеме кој е подобар и веројатно победникот од овој меч на крајот од годината ќе биде прогласен за играч на годината во сите избори.

Лионел Меси е најдобар стрелец во Лигата на шампионите оваа сезона со осум погодоци, двојно повеќе од Роналдо, но на англиски тим не му дал гол веќе десет натпревари. Веројатно ќе ја освои "Златната копачка" во Лигата на шампионите, но ќе мора да има поголем придонес отколку што беше тоа во полуфиналето против Челзи. Сега ќе го нема помош Дани Алвес, но тоа може и да е подобро за него затоа што нема да се удвојуваат на десната страна. Меси има шанса да стане првиот најдобар стрелец во Лигата на шампионите по Алфредо ди Стефано во 1958 година.

"Секогаш е тешко да се игра против англиски екипи, но очекувам ова финале да се разликува од претходните натпревари. Кристијано Роналдо е одличен играч и знае како да ги искористи сите слабости на противникот", вели Меси.

Кристијано Роналдо беше најдобар стрелец во ланското издание од Лигата на шампионите со осум гола. Сепак, ни тој нема погодок на шесте дуели против шпански дуели на кои настапил. Лани можеше да го направи тоа, но не искористи пенал уште во третата минута од првиот меч против Барселона што се играше на Ноу Камп. За разлика од Меси, тој влегува во форма како што сезоната се ближи кон крајот и токму со неговата брилијантна игра Јунајтед го демолира Арсенал на Емирати во полуфиналето од Лигата на шампионите.

"Меси несомнено е многу добар играч, но такви се и другите фудбалери на Барселона. Ако играм сам, нема да имам никакви шанси да победам, истото важи за Меси. Ќе победи тој што ќе направи помалку грешки, уверен е Португалецот.

Цифрите и тенденциите ќе го загубат сето свое значење во моментот кога вечерва Барселона и Манчестер Јунајтед ќе излезат еден против друг на Олимпико. Кој од Роналдо и Меси ќе блесне посилно, неговиот тим има поголеми шанси да слави на крајот од 54. финале на Лигата на шампионите.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Biolica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 808
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biolica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 10:50
Originally posted by fiks fiks напиша:

Е ај да видам и тоа Биолче дали ќе изгубиме вечер?
 
Напред Манчестер јаунајтедголемо%20гушкање
Ke e zustro ama ke pobedime imam verba vo Messi jas:)
Si za kladba?голема%20насмевкаголемо%20гушкање
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 11:21
Ајде Биолче,тука сум ама кладбата како ќе ја реализираме?
Барселона вечер губи,во тоа сум сигурен 100%голема%20насмевка
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 14:40
MasterCard: Финалето на ЛШ вреди 310 милиони евра
Студијата која ја спореведе MasterCard еден од официјалните спонзори на УЕФА Лигата на Шампиони вели дека финалето во Рим ќе генерира приход од 310 милиони евра

Срцето на Спортското Рекламирање на MasterCard, развиено од Професор Симон Чадвик, еден од најпрестижните спортски бизнис експерти направи студија според која победникот од финалето на Лигата на Шампионите може да има профит и до 110 милиони евра додека пак поразениот клуб дури до 65 милиони евра.

Во влијанието врз профитот се зголемени неколку фактори како што е зголемување на вредноста на тимот, паричните награди, спонзорските договори, телевизиските права и зголемување на продажбата на сезонски билети.

Професорот Чадвик открил дека финалето од 2009 ќе генерира економска придобивка од околу 310 милиони евра или 43 милиони повеќе од лани.

Еконоска придобивка ќе има и самиот град Рим, домаќин на овогодинешното финале.

Таа придобивка ќе биде на краткорочен план преку трошењето на фановите низ баровите, клубовите, шоповите, хотелите, градските атракции, обложувалниците како и внатре во Стадионот Олимпико, заедно со трошењата на спонзорите и организациите кои се задолжени за маркетин.


Главниот град на Италија исто така ќе има и долгорочни придобивки преку зголемување на туризнот, разни спонзорства и зголемување на веројатноста за одржување на други големи настани во иднина.

Се предвидува дека Рим ќе заработи околу 45 милиони евра од вечерашниот деул помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 14:45
Факти и бројки во пресрет на финалето од Лигата на Шампионите
Факти и бројки за учесниците во големото финале од Лигата на Шампионите во Рим, Манчестер Јунајтед и Барселона.
- Ова ќе биде 54то финале откако е формирано најголемото европско натпреварувањ во сезоната 1955-56.

- Барселона по петти пат ќе учествува во големото финале, Манчестер Јунајтед ќе игра по четврти пат.

- Ова ќе биде последното финале кое се игра во среда, од следната сезона предвидено е финалниот натпревар да се игра во сабота.

- Манчестер Јунајте до сега ги има освоиено сите три финалиња на кои има настапено, во 1968, 1999 и 2008.

- Барселона два пати го има подигнато големиот трофеј, во 1992 и 2006, Каталонците учествуваа во финалето и во 1961 и 1994 година.

- Барса рекордни четири пати го има освоено Купот на победниците на Куповите, и рекордни три пати УЕФА Купот.

- Манчестер Јунајтед еднаш се закитил со титула во Купот на победниците на Куповите, ниту еднаш во Купот на УЕФА.

- Ова е петто финале по ред во кое Англија има претставник, откако најпрво Ливерпул триумфираше во 2005, Арсенал играше во 2006, во 2007 Ливерпул, минатата сезона во финалето играа Манчестер Јунајтед и Челзи.

- Манчестер Јунајтед има можност да биде првиот клуб кој ја одбранил титулата во Лигата на Шампионите откако го добива новиот формат почнувајќи од сезоната 1992-93.

- Јунајтед не знае за пораз во Лигата на Шампионите на последните 25 натпревари, што е рекорд во натпреварувањето. Последниот пораз им беше од Милан во полуфинале 2007.

- Рим по четврти пат ќе биде домаќин на големото финале, претходно беше домаќин на финалињата во 1977, 1984 и 1996.

- До сега два пати англиски тим победувал на финалниот натпревар во Рим, и во двата наврати тоа бил тимот на Ливерпул, во 1977 и 1984.

- Стадион на кои се одржале најмногу финалиља е Вембли, 1963, 1968, 1971, 1978 и 1992. Париз исто така има пет финалиња но на различни стадиони. Вембли ќе биде домаќин и на финалето во 2011.

- Минатата година менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон стана 16от менаџер кој ја освоил Лигата на Шампионите повеќе од еден пат.

- Доколку Јунајтед победи вечерва, Ферги ќе се израмни со Боб Пеисли ( 1977, 1978, 1981) кој со Ливерпул три пати дојде до титула во големото натпреварување и е единствениот менаџер кој успеал да го направи тоа.

- Фергусон кој сега има 67 години, минатата сезона стана вториот најстар тренер кој ја освоил Лигата на Шампионите, рекордот го држи Белгиецот, Рајмонд Готалс кој со 71 година со Марсеј победи во 1993.

- Доколку Барселона победи, Пеп Гвардиола со 38 години и 129 дена ќе биде најмладиот менаџер кој во последните 49 години го освоил големиот пехар и ќе биде трет најмлад на кој му успеало тоа.

- Најмлад тренер кој освоил Лига на Шампиони е Жозе Виљалонга, кој со 36 години и 185 дена го предводеше Реал Мадрид до првата титула во 1956, втор најмлад е исто така тренер на Реал Мадрид, Мигуен Муњоз со 38 години и 121 ден.

- Пеп Гвардиола може да биде само шестиот човек кој освоил Лига на Шампиони како фудбалер и како тренер, може да биде и само третиот кој со истиот клуб го направил тоа по Муњоз (Реал Мадрид како фудбалер во 1956 и 1957, и како тренер во 1960 и 1966) и Карло Анчелоти ( Mилан како фудбалер 1989 и 1990 и како тренер во 2003). Гвардиола беше во тимот на Барса кој победи во 1992.

- Гвардиола помина една полусезона како фудбалер на Рома во 2002-03, во Лигата на Шампионите за Римската Волчица одигра само 44 минути на натпреварот против Реал Мадрид кои италијаните го загубија со 3-0.

- Како фудбалер на Арсенал, Тиери Анри својот прв хет-трик во Лигата на Шампионите го постигна токму на Олимпико во ноември 2002 против Рома.

- Голманот на Јунајтед, Едвин ван дер Сар беше прогласен за играч на натпреварот на минатото финале, и заедно со Овен Харгривс се најдоа меѓу 12 играчи кои ја освоиле Лигата на Шампионите со два различни клуба.

- Ван дер Сар претходно тоа го направи со Ајакс во 1995, додека Харгивс со Баерн Минхен во 2001.

- Бербатов беше во финалето во 2002 како дел од тимот на Леверкузен кој загуби од Реал Мадрид. Патрис Евра покрај финалето минатата година, настапи и во 2004 кога со Монако загубија од Порто.

- Сегашните фудбалери на Барселона, Тиери Анри и Александер Хлеб беа во тимот на Арсенал кој загуби во финалето 2006 токму од Каталонците.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 14:45

Саботажа или знак за несреќа? Му ги украдоа копачките на Руни!


Вејн Руни доживеа непријатна случка пред финалето во Лигата на шампиони против Барселона. Напаѓачот требаше да настапи со сосема нови копачки Nike T90 laser, но тие му биле украдени.

„Спонзорите на Руни од Најк испратија специјален пар копачки за него од моделот T90 laser, со кои требаше да игра на финалето од ЛШ. Но, пратката не стигна во Рим и најверојатно е украдена. Напаѓачот требаше да ги проба новите копачки на вчерашниот тренинг, но мораше да настапи со стар чифт“, соопштуваат од клубот.

Од друга страна фудбалерот е многу задоволен што судија на вечерашното финале е Масимо Бусака.

Швајцарецот му е добро познат на Руни, кој има добри спомени од него, од мечот со Северна Ирска (0:1) во 2005 година, кога требаше да добие втор жолт картон, но Бусака многу интелигентно го повика капитенот Бекам и му нареди да го смири разулавениот напаѓач.

Дали ќе биде исто толку толерантен кон него, ќе видиме за неколку часа на големото финале во Рим!
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 20:58

1:0

 
Napred Barsaзабава
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.