IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Зошто ЉуБчо се враќа во политиката???
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Зошто ЉуБчо се враќа во политиката???

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 25>
Автор
Порака
Goran71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 99
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goran71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2009 во 13:53
Ljubco ima mnogu negativnosti vo negovata politicka kariera. Ama ima i mnogu pozitivnosti. Prasanje e na izbor dali ke mu veruvas ili nema da mu veruvas. A zosto e sega aktuelen povtorno, pa lugje be imame izbori za mesec dena, kakko nema da bide aktiven. Koj politicar ne e aktiven pred izbori.
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2009 во 17:16
За да продолжи со реализација на зацртаното од 1994 година кое го зацртаа со Бранко регистрирајкија истата година фирмата Мак Лог во Благоевградскиот Окружен Суд.  

Изменето од orlov - 08.Април.2009 во 17:10
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 14:14

Љубчо Георгиевски ќе се кандидира за претседател

Љубчо Георгиевски открива дека планира да се врати во политиката и тоа на голема врата. Во разговорот за „Дојче веле“ најавува претседателска кандидатура на наредните избори по пет години.

Мотивот за политичко активирање Љубчо Георгиевски вели дека го наоѓа во политиката на власта, која според него, ја води земјата во погрешна насока. Признава дека победата на неговата поранешна партија е триумфална, но смета дека е нелогична. Власта не покажува резултати ниту на економски план, ниту на евроинтегративен, а сепак победува на избори, оценува Георгиевски.

„Оваа ирационалност произлегува од некаква замислена проекција на македонскиот гласач, дека актуелната влада му е некаков заштитник по едно единствено прашање, тоа е за името. А од друга страна СДСМ се промовира како партија која сака да направи компромис по тоа прашање, во контекст на тоа има едно потпрашање, дека актуелната влада на македонскиот гласач му е некаква заштита за спас на она што се нарекува новокомпониран идентитет кој произлегува од некаква античка Македонија“, објаснува Георгиевски за „Дојче веле“.

Георгиевски предупредува дека иднината на Македонија е неизвесна ако земјата веднаш не влезе во НАТО. Опасноста ја гледа во отворените регионални прашања и ги споменува состојбите во Босна и Херцеговина и во Косово. Смета дека се‘ уште не е затворено ниту албанското прашање во Македонија. Затоа препорачува промена на името за решение на спорот со Грција.

Името Северна Македонија за мене е идеално. Ако сега го испуштиме, повторно еден ден ќе се вратиме на опција од типот „Нова Македонија“, „Република Македонија-Скопје“, „Горна Македонија“, кои според мене се помалку достоинствени и понеприфатливи отколку „Северна Македонија“. Вториот момент на кој треба да се задржиме е проблемот на идентитетот, нацијата и јазикот, ако тука ја посветиме енергијата, ако тука ги анимираме нашите пријатели кои сакаат да помогнат, мислам дека лесно можеме да дојдеме до компромис.“

Георгиевски одбива да зборува за неговите национални чувства, со оглед на контроверзите што го следат. Вели дека го иритира да се докажува како патриот кога во изминатите години зборувал и работел за Македонија како независна држава на македонската нација. Не открива ниту зошто и дали воопшто земал бугарски пасош.

---------------------------------------------------------------------------------------------

Во текстот не пишува дали ќе се кандидира за претседател на Македонија или на Бугарија?!збунетост

“Војводата“ кој до вчера се колнеше во својот патриотизам и љубовта кон Македонија, наеднаш го смени к*рсот, па сега за многу добро и идеално решение му се гледа Северна Македонија, а нашиот идентитет за него е новокомониран?!! А притоа одбива да каже каков е неговиот?!

На овие избори не му успеа ни да собере поддршка да се кандидира за градоначалник. Што испланирал контроверзниот војвода во својот долгорочен петогодишен план?!

Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 17:15
Во содејство со контраверзниот Б.Ц да ја докусурат Македонија.  Затоа се враќа во Македонија и затоа се обидува да делува политички. Самодоста%20еи е на Македонија од такви.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 13:08
Не читам Фокус па ова не сум го прочитала. Долго е но треба да се прочита.
Колумна на господинот Љубчо Георгиевски во неделникот Фокус од 27 Март 2009 година

 


За внуците на Аминта
 

   До распадот на Југославија во Македонија ретко среќавав Антички Македонци, додека на почетокот на деведесетите почнав да ги запознавам повеќето во дијаспората. Со текот на времето некои од нив ми станаа пријатели или познајници, но никогаш не ми пречело нивното лично убедување ниту сум се обидувал да ги разубедувам во нивните ставови. Но за жал, последниве две години во една масовна владина кампања преку медиумите тие се обидуваат да ме присилат да мислам како нив. Оттука произлезе потребата да го изложам мојот став околу ова прашање.
Најпрвин дали сум пан-славист? Категорично не! Никогаш таквата идеја не ми била блиска, но не можам да се согласам дека треба да се гордеам со роднините на Хунзите и Калашите, а да се срамам од Словенците, Чесите или Полјаците. Дали Македонија треба да му се посвети на истражувањето на целото закопано археолошко богатство на сопствената територија? Без сомнение да! И лично кога имав можност во Премиерскиот мандат  дадов голем поттик за соодветни активности на тој план. Дали Александар Македонски е голем војсководец? Апсолутно да! Но дали македонската етногенеза треба да ја бараме во Античка Македонија? Категорично сум против! Зошто? Најпрвин, затоа што актуелно политички ја загрозува државата. Така, додека во Бук*решт си заминавме како беспомошни жртви, набргу потоа следејќи ја политиката на Владата се престоривме во агресивни пропагатори на "нашето потекло од велик род." Наспроти тоа, упатуваните пораки од нам наклонетите земји се недвосмислени. Имено, да престанеме да се занимаваме со сказната за Античка Македонија! Затоа што на тој начин  од самите себе правиме карикатури пред целата меѓународна заедница каде што солидно ја познаваат нашата историја; затоа што непотребно ги дразниме другите етнички заедници во Македонија на тој начин отворајќи им простор да се навратат на своите славни истории; затоа што ова е нова поделба во македонското етничко ткиво за што сведочат многубројни примери каде што во личните контакти избиваат жестоки расправии помеѓу Античките и Словенските Македонци. И конечно, затоа што тоа е виртуелна историја која не почива врз никакви аргументи.
Ако добро ги следам, внуците на Аминта дејствуваат во неколку категории. Во првата спаѓаат Македоноидите кои што заговараат теорија дека целата бела раса потекнува од некакви Македоноиди, а тоа всушност сме ние. Како подгранка на споменатата категорија се појавува школата дека сите царски фамилии во Европа и две третини од Американските претседатели практично се Македонци. Втората категорија ја застапува теоријата дека сите Словенски народи потекнуваат од Македонија, така што миграцијата се одвивала оттука спрема север, та Словенците, Чесите, Пољаците, Русите во суштина се неосвестени Македонци. Припадниците на третата категорија прават микс од сите други учења, така што главната поента е дека Македонците немаат ништо заедничко со Словените, а македонскиот јазик е посебен јазик различен од словенските (оваа гранка се доближува до границата со моронството во научна смисла). И последната школа, го застапува стојалиштето на  широк спој така што практично сите сме Македонци-од Славемакедонски од Неолитот па до денешната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Чудна работа, како овие генијални идеи досега не му паднале на ум на никој од столбовите на нашиот национален идентитет! На пример, на Св.Кирил и Методиј, на Св.Климент и Наум, ем во VII и IX век и посвежо било сеќавањето на Античка Македонија. Подоцна на тоа не се сетил ниту цар Самоил чиј главен противник бил Василиј II Македонецот. Почнала Преродбата. Таква генијална идеја исто така не им текнало ниту на браќата Миладинови, на Прличев, на Шапкарев, на Џинот... Потоа и основачот, на македонската нација, јазик, црква и култура-Крсте П.Мисирков. На секоја втора страница од неговото дело "За Македонцките работи" го потенцира Словенскиот карактер на новата Македонска нација која што тој предлага да се роди. Настапува комунистичката историографија. Се поведува една многудецениска битка со Бугарската историографија, па дури ниту ним не им текнува да ги матираат Бугарите со тој генијален потез, така што додека тие се занимаваат со Словенските корени, ние да се прогласиме за Антички Македонци. Доаѓа деведесетата година. Се појавуваме првите основачи на ВМРО-ДПМНЕ. Главниот проблем со кој што се соочуваме е масовното југословенство на македонската нација. Приказаната за Античка Македонија можевме да ја употребиме за будење од југословенските сновиденија, но не го сторивме тоа. Сепак, морам да споменам дека ваквата идеја покрај актуелните генијалци, му текнала уште на некој-на Грчката патријаршија во нивната експанзионистичка политика во XIX век. Главната пропаганда на Каравангелис и на Грчките владици во Македонија, била истородна со денешната: "Вие сте потомци на славниот Александар и Филип, во вас тече грчка крв, само што Словените ве словенизирале во т.н. Грчки Славофони". А најпознат таков Македонец  е славниот Коте од Руља. Во актуелната приказна ги препознаваме истите зборови, само што Александар не е Грк, туку чист Македонец.
Значи, зошто ја подржувам тезата на големите носители на македонската историја дека постои јасен дисконтинуитет помеѓу Словенска и Античка Македонија: прво,  не постои  никаква усна или пишувана народна традиција, народно творештво што би нè упатиле на тој период. Нема ниту една народна песна или народна приказна на која се сеќаваме од нашето детство што ќе ни разбуди носталгија по тоа време; второ, јазикот што претставува еден од основните кодови на која било нација е јасна гранка која припаѓа на јужно-словенските јазици фундирани врз база на Старословенскиот јазик. Во последно време сме опсипани од информации дека ваму или таму пронашле неколку збора на Антички Македонски јазик, а тие никако да ни бидат презентирани. Претставувањето на јазикот на Хунзите и Калашите како близок по структура на Македонскиот литературен јазик е духовна карикатура без коментар. Да не ги споменувам вицевите кои нe упатуваат на потеклото на имињата на Пакистан и к*рдистан, кои за жал до вчера беа третирани како серизони аргументи во експанзијата на Македонскиот јазик. Во тој контекст е и приказната за каменот од Розета. Ете, никако да го видиме конечниот превод на фамозниот среден текст на Антички Македонски јазик. Патем, само да споменам  дека тој е преведен уште пред времето на Шамполион и дека врз база на тој превод Шамполион ги превел Хиероглифите, така што и преводот на вториот текст и преводот на Хиероглифите врз основа на вториот текст од страна на Шамполион денеска се во употреба. Значи, преведуваме текст што веќе е преведен, правејќи уште една мистификација. Конечно, во македонскиот денешен јазик нема ниеден латински збор освен интернационализмите. Римјаните го латинизирале целиот Медитеран. Во таа смисла Влашкиот јазик е соодветен пример, а Албанскиот содржи околу 30% латински зборови. Чудна работа, како во нашиот јазик нема никаква лингвистичка трага од ниту едно зборче. Токму непостоењето на латински зборови во сите словенски јазици на Балканот е еден од најочевидните докази дека Словените се населиле подоцна; и трето, да извршиме анализа на историските факти. Кај нас е отворена расправа дали Античките Македонци се Грци или не. Владее настроение дека ако докажеме дека не се Грци, небаре по автоматизам негрчкото потекло на Античките Македонци го потврдува нашето Античко потекло. Забораваме исто така дека историјата од тоа време на овие простори познава три големи етнички супстрати-Елини, Траки и Илири. Значи, ако Античките Македонци не биле Елини, тие најверојатно биле блиски до Пеоните што значи најверојатно се од Тракиско потекло. Самата династија на Александар Македонски потекнува од Пелопонез. Митовите за доаѓањето на Античките Македонци го опишуваат нивното движење од традиционоалните Грчки земји кон нивната локација околу Солун и Пела. Александар И 170 години пред Александар Македонски јасно ја декларирал Македонија како Елинска земја барајќи допуштение за сопствено учество на Олимписките игри и во исто време вклучувајќи и масовно дополнително зајакнување на елинизирањето на својата земја. Од тогаш Македонците активно учествуваат во сите договори, расправи и собири на елинскиот свет. И на Филип и на Александар главна цел им била да го обединат Елинскиот свет и да им се одмаздат на главните непријатели на Елините-Персијците. Сегде ширум светот кадешто Александар допрел, сведочат споменици за Грчката култура и јазик. Таму кадешто оставал записи за себе почнувал вака:"Јас Елинот Александар..." Конечно, по неговата смрт политичкото и културното наследство што го оставил,  светската историја го дефинира под името Елинизиција на Медитеранот, а Грчкиот јазик и култура станале доминантни во тогашниот познат свет. Не знам Александар каква ДНК носел во своето тело, но недвосмислено јасно е дека сè што работел и сè што оставил зад себе било во името на Елините, така што ја направил најголемата услуга на грчката политика од тогаш па до денес. Односно, преведено на современ Македонски јазик, Александар Македонски е најголемиот бугарофил што го познава Македонската историја, под услов ако потекнуваме од иста крв.

Колку крв има во нас од Античките Македонци

   Тоа е исто така актуелно прашање и претставува еден од аргументите на аналитичарите! Не е исклучена можноста и да тече некоја капка крв во вените на денешните Македонци, но под услов ако на територијата на Република Македонија имало Антички Македонци кога се населувале Словените. Да продолжиме со географија. Античка Македонија во периодот, седумдесеттина години пред Филип Македонски се наоѓала на просторот над Олимп, така што издолжувајќи се во полумесечина над Пела, свртува кон Солун, завршувајќи негде кај Халкидик. Во наредните години преку разни притисоци и династички спојувања се проширила приближно  до денешната Грчко-Македонска граница. Тоа проширување се нарекува Горна Македонија. Понекогаш намерно се прават грешки дека Горна Македонија практично е нашата Република Македонија, но и Долна и Горна Македонија географски буквално се наоѓаат во денешна Грција со исклучок на земјата на Ленкистидите која бива освоена дури од Филип. Нетрпението меѓу основната Македонија и Горна Македонија продолжува перманентно, а исто така има многу извори што потврдуваат дека Горномакедонците етнички се разликуваат од Долномакедонците. Значи, ако направиме етничка фотографија на Република Македонија наспроти Античка Македонија, одвај некои села близу грчката граница ќе можат да се повикаат на таа традиција. Но каква е состојбата во нашата Македонија? Во Охридско и во некои делови од западна Македонија имаме Илири; во источна Македонија вклучително и  цела Пиринска Македонија, без никаков историски прашалник-Траки; на север, вклучително и нашиот главен град Скопје во период од илјада години пред и по Александар-Дарданци и акцентирани 60% од денешната Република Македонија-Пеони,(најверојатно тракиска гранка) така што вистинското прашање во тој контекст треба да биде колку илирска крв тече во охриѓани, колку тракијска крв-во струмичани, колку пеонска крв-во кавадарчани и колку дарданска крв има во скопјани. Сега ќе го допрам прашањето на Власите. Ако некој во Македонија може да го поставува прашањето колку Античка крв тече во нивните жили, тоа се Власите ако воопшто имаат потреба од тоа, затоа што тие поседуваат јасен код на Римската цивилизација и се дел од големиот Латински свет. Оттука, неосновано ќе биде поставувањето на истото прашање ако неговите потомци се бегалци од Москополе, затоа што базата на романизирањето таму е Илирска. Неосновано е повикувањето на тоа прашање и на штипските Власи затоа што таму пак, базата е пеонско-тракијска. Теоретски, такво прашање може да постават Власите од Ениџе-Вардарско и евентуално од Мегленско.
Со доаѓањето на Рим, остатоците на Александрова Македонија се протегаат до линија над Демир Капија. Римјаните основаат една нова Македонија каде што на запад и додаваат територија од Епир, на исток од Тракија и на север-скоро цела Пеонија. На тој начин формираната Македонија ја делат на четири дела, така што во одредена фаза наложуваат строга контрола на комуникацијата ставена во функција на Римската асимилација. Оттука мапата на Македонија што нам ни е позната од Османлиската империја не е мапа на Античка Македонија-туку на римската провинција Македонија.

Римската Империја

   Ако во светската историја некој асимилацијата ја промовирал и концептуално применувал, тоа биле Римјаните. Имено, наложувале мешање на народите, вршеле преселби на племињата од една на друга страна, интервенирале населувајќи војници на одредени територии како на пр. во Стоби и во Скупи, спроведувале насилно латинизирање. Резултатот е познат-целиот Медитеран е латинизиран! По падот на Античка Македонија настапува речиси  осумвековен период на римско владеење. Во рамките на Римското владеење се одвивале и дополнителни процеси. Во III-тиот век на Балканот дошле Готите. Тие се присутни приближно сто години. Најголемиот притисок паднал врз римските провинции Македонија, Тракија и Мизија. Ги пустошеле, ги населувале и ги расселувале, владееле со нив. Рим склучувал договори со Готите,  им предавал под управа цели области. Балканот бил поделен. Провинциите ги нарекле Готски федерати. Историјата  го вклучила во употреба терминот - Готизација на Балканот. По нив дошле Хуните на Атила, продолжувајќи со уште поголема жестокост и разрушување; потоа-Аварите, а по нив  Словените и Бугарите. Во тој контекст  историјата запишала вакви настани: во 270 год.н.е императорот Аурелијан заповедал цела Дакија - (денешна Романија)  да се иссели од останатото Романско население и да се пресели кон територијата на  Тракија и Македонија; 447 година Теодосиј потпишал капитулирачки договор со Хуните да го иссели целото романизирано население од Белград до Свиштов; Византијците 498 година го поразиле моќното племе на Исиврите, преселувајќи ги од Мала Азија на Балканот. Римските и Византијските хроники од тој период изобилуваат со масовни расселувања, масовни колежи и масовни држења на заробеници 50.000-150.000 од страна на Готите, Аварите. Проблемот на обезлуѓувањето на римските провинции на Балканот е застапен кај секој можен хроничар. Од тие причини уште во I Август спроведувал политика на трето дете. Но слободно можеме да кажеме дека и првите населени Словени се неколкупати дополнително расселувани. По неколку големи победи на Византијците, се вршат масовни преселби на Словенски племиња во Мала Азија; со повлекувањето на Пиколомини и Големата преселба на Црнојевич неколку стотини илјади Словенско население од Косово и од северозападна Македонија се преселени на север; Во 1924 година во размената на население помеѓу Грција и Бугарија неколку стотини илјади Словенско население имигирираат таму, а во размената со Турција пак, повеќе десеттини илјади муслиманизирани Словени се селат во Турција; Во Титова Југославија повторно неколку десетини илјади муслиманизирано население пак бива преселено за Турција. Какви биле збеговите на населението на Балканот типично сведоштво е кога пред триесет години за две седмици 300.000 Муслимани емигрираа од Бугарија во Турција.

Имало ли населување на Словените?

   Кај новокомпонираните експерти една од главните теми на себеисмејувањето е еден детал од хрониката на императорот Маврикиј каде што ја опишува вештината на Словените да пливаат под вода со трска. Најверојатно тој добро ги запознал Словените затоа што неговите хроники сведочат  дека целиот свој живот се борел со Словените, така што, во зимата 602 година кога ги пратил војските да го спречат нападот на Словените преку замрзнатиот Дунав, војската се побунила убивајќи го подоцна. Значи, доаѓањето на Словените претставува посебна инспирација на внуците на Аминта III при што прават разни мистификации како воопшто Словените успеале да патуваат толку далеку; како го поминале Дунав и сл. Најверојатно многумина Дунав го поминале по мостови,  зашто уште I век Рим градел мостови на Дунав. Аварите во V век кај Белград исто така изградилe мост на Дунав. Покрај тоа го преминувале и со разни типови бротчиња, со сплавови на истиот начин како што пред нив го сториле тоа Готите, Хуните, Аварите и малку подоцна Бугарите. Во IV век Вандалите тргнале негде од денешна Унгарија, ја поминале цела Германија, цела Франција, цела Шпанија, преку Гибралтар, половина Северна Африка и дошле до Картагина - (денешен Тунис) и од таму го нападнале Рим, го ограбиле и се вратиле назад имајќи потоа уште сто години цивилизација. Денес никој не знае каде се Вандалите. Во историјата тоа време е познато како Големата преселба на народите.
Пристигнувањето на Словените и борбата со нив се запишани во хрониките на Византиските императори: Анастасиј (491-518) (кој прави огромни крепосни ѕидови за одбрана од нив, подоцна наречени "Крепости на срамот"), Јустин I, Јустинијан, Тибериј, Маврикиј, Фока, Ираклиј, Костан II, Јустинијан II.
Населувањето на Словените е запишано од хроничарите: Константин Багранородни, Теофилакт Симоката, Евсевиј Кесариски, Псевдо Маврикиј и од многу други непознати автори. За сите тие настани наоѓаме сведоштво и кај Чудата на Св.Димитриј. Познати се стотици датуми кога е напаѓан Цариград, Солун, Пелопонез, Белград, Сплит. Самите Византиски автори зборуваат за словенизацијата на Балканот до Пелопонез, така што не е клучно прашањето колку античка крв има во нас, туку колку словенска крв има кај Грците.
Како информација за новокомпонираните експерти, во светската историја веќе 250 години постои една гранка која се вика Византинологија. Постојат и Византинолози: Руси, Германци, Французи, Англичани, Американци со меѓународно потврден кредибилитет. Приближно една половина од Византинологијата е посветена на борбата на словенските племиња со Византија.

За некои мистификации

    Дали македонското име е вечно? Се прават миситификации околу континуитетот на името Македонија географски и етнички. За жал, реалноста потврдува друго. За разлика од етничкиот, географскиот термин Македонија можеме да го следиме подолго време, но најчесто преку картографска определба на тој простор. Интересен е фактот дека секогаш кога биваат востоличени словенските владетели во Македонија, вклучително и автохтониот цар Самоил, не е евидентирано името Македонија; Во 802 година во наредните 250 години Византија името Македонија го пренесува на областа близу Одрин. Подоцна, во XV век на овој простор Турција ги основа Косовскиот, Битолскиот и Солунскиот вилает. Името Македонија како географски простор и политички проблем воскреснува дури по Берлинскиот конгрес. Кога станува збор за етничкиот континуитет проблемот е уште посложен. Од Новиот Завет па до Крсте П.Мисирков, ние имаме тежок проблем да ја пополниме јамата од 2000 години.  Тешко ќе најдеме настани, процеси, институции наречени со тоа име. За жал, виртуелните поими кои што ги измисли комунистичката историографија од типот на "старомакедонски" наместо старословенски, "македонскиот цар" Самоил, "Македонската" православна црква (пред 1945 год.) или "македонските" преродбеници Миладинови, Прличев, Шапкарев, логично придонесоа новата видео гаме генерација, виртуелните настани да ги претвора во виртуелна историја за интерна употреба. Навистина е чудна оваа наша амбиција од епитетот "најмлада нација во Европа" да си го припишеме атрибутот "најстара нација во светот". Народот кој што од Новиот Завет па до К.П. Мисирков не може да наведе еден институционален процес за својот континуитет; народот кој што од Османлиската Империја никогаш не побарал да му даде посебен Македонски милет; (Власите 1905 година бараат од султанот Влашки милет и тоа им е дадено); народот кој што првпат некаква институција (Коминтерната) го има признаено во 1934 година; народот кој што својата прва книга поезија на сопствен македонски јазик ја има издадено 1938 година, а својот прв роман 1951 година, одеднаш претендира да биде најстар. Затоа, молам за малку скромност.

   П.С. Спомениците на Филип и Александар веќе ги триплиравме, а воопшто не го спомнуваме Аминта III. Не смееме да го пренебрегнеме и него затоа што без Аминта III не ќе постоеја ниту син му Филип II, ниту внук му Александар III. Ете затоа инсистирам - една биста и за него!

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 13:30
Сега ЉуБчо стана и историчар...
Или само чита текст припремен од неговите ментори...
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 10:21
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Сега ЉуБчо стана и историчар...
Или само чита текст припремен од неговите ментори...



Сега со Бранко се слободњаци и можат да пишуваат се што им душа сака. Само не верувам дека кје јан напишат вистината планираниот распад на НАкедонија усхте во времето на нејзиното осамостојување.
Вистината за погоре напишаното е во Благоевградскиот Окружен суд каде е регистрирана фирмата МАК ЛОГ,  а врза која сега од Флорида целокупната контрола ја има Драган Пацинов.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 14:51
Зошто се враќа ?????

Па за да го земе и Груевски со него..... во историјата   намигнување
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 15:01
aman vishe!збунетостzarem ushte e zivo govedovo?!изненадување.po antipatichno stvorenje ,..nemam videno ,..лутина
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 16:21
Љупчо Георгиевски е пропадната политичка фигура со маргинални политички влијаниа на денешната политичка сцена во Македонија,се обидува да повлече членство во негојта гајтан партија и тоа му е и целата,само многу погрешен начи бира.
Со неговине написи,државјанство бугарско и слично тешко некој дека ќе му се приклучи освем припадниците на радко.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2009 во 06:39
Која ли храброст ја има човекот, верувале или не секој би се прашувал каде  е границата меѓу фикцијата и реалноста.
Со таква смиреност, со таква отвореност синоќа кај Миленко зборуваше за моралот и удобноста на политичарите.
Колку ги разголи, колку ги демантираше сите оние големи патриотски изјави на оние кои секојдневно не пренесуваат жедни преку вода, не раскаруваат. не делат уздуж и попреку.

Кон врв
abnormalen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај abnormalen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2009 во 10:01
"Која ли храброст ја има човекот, верувале или не секој би се прашувал каде  е границата меѓу фикцијата и реалноста."


па, да видиш и која храброст треба?!збунетост кога си меѓу овци и овени ?  а тоа ,тој идиот најдобро го знае.
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2009 во 10:17
Вчера тврдеше кај Миленко дека 300 чуда за државава,вакви сме биле,такви сме биле,а заборавил веројатно кога велеше на почетокот од 90-те дека наредниот конгрес на Вмро ќе биде во Солунсмеење
 
Човекот е тотално измешан во сваќањата.
Колку ли само се губи некој кој вил на врвот кога ќе падне во подножјето пример е Љупче.
Прочитал доста историја овие години,но се му се измешало и си го толкува како што му одговара нему.
Синоќа мислам дека се закопа самиот себе си во политичката и национална тиња во која самиот се валкаше до сега.
 
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2010 во 03:19
Originally posted by fiks fiks напиша:

Синоќа мислам дека се закопа самиот себе си во политичката и национална тиња во која самиот се валкаше до сега.


И јас мислев дека се закопал, ама еве упорно го воскреснуваат, да им покаже на неговите некогашни (и сегашни ако ги има) следбеници во каков изрод верувале и се колнеле! губитник


Тема: Зошто ЉуБчо се враќа во политиката???

И зошто и кој секогаш го воскреснува пред одлучувачки моменти, да ја мати водата?

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 25>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,096 секунди.