|
BREAKING NEWS......!!! |
Внеси реплика | страница <1 4041424344 75> |
Автор | |||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
превземено од: BBC MACEDONIAN.com
Ревидирано на: 09. Април 2009 - Објавено на 09:31 GMT Откритија за злоставувања извршени од ОВК
Се појавија докази за кршење на човековите права за кои се тврди дека биле извршени од борците на Ослободителната војска на
Косово, за време и по конфликтот околу Косово во доцните 90-ти години.
Според изворите на БиБиСи, заробени луѓе од борците на ОВК, меѓу нив и косовски Срби и етнички Албанци, биле носени преку границата во Албанија каде што некогаш биле злоставувани или убивани. Косовскиот премиер и поранешен политички водач на ОВК, Хашим Тачи ги негира овие наводи, велејќи дека такво нешто никогаш и никаде не е сторено. Истрагата на БиБиСи укажува и на случаи кога заробените биле убивани за да се земат органи од нивните тела. Има и тврдења дека доказите собрани од истражувачите на Обединетите нации во Албанија, подоцна биле уништени од Судот за воени злосторства во Хаг. Се’ до сега фокусот за судирот главно беше свртен кон свирепостите извршени од српските сили во Косово. Дописникот на БиБиСи во регионот вели дека некои од доказите ги добил и од етнички Албанци во Косово, кои сакаат да се дознае
за насилствата, а сторителите да бидат извадени пред лицето на правдата. Дали ова и кај нас се нема случувано и што стана со изјавата дека во овој геноцид на Косово учествувале и лекари од Македонија. |
|||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|||
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
stavi direkten link
http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2009/04/090409_kosovo09.shtml Изменето од LouWeed - 09.Април.2009 во 13:17 |
|||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
GO ANTIKVIZIRAA BRANKO CRVENKOVSKI ... ZA ZBOGUM ARM MU POKLONI STATUA NA VOJNIK OD FALANGATA NA ALEXANDER
|
|||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не е потребно да се кажува што и како треба да се стори.
Подобро да дадеш свој коментар за настанот и свое мисленје и прилог. Сето друго кое го кажуваш е чиста демагогија. Затоа работи во приоог на темата и дај свој етички придонес. |
|||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Убаво е Скопје вака украсено
ВИДЕО: Големиот “Бик“ гo воодушеви понежниот пол Нови десет скулптури беа промовирани низ центарот на Скопје од министерката за клутура Елизабета Канческа-Милевска и авторите на скулптурите. Овие се дел од проектот за поставување на 35 скулптури. Скулптура “Бик“ од авторот Дарко Дуковски, што е поставена кај продавницата “Пеко“, беше прва денеска промовирана и обрна повеќе внимание на гостите од блиската кафеана. Некои госпоѓи чекаа со нетрпение да се фотографираат со огромниот Бик. Скулптура “ЕЕЕЈ“ на авторот Димитар Филиповски, пред кафулето “Рома“ на улица Македонија, беше забележана од страна на помладите девојки.
“Чистач на чевли“ од Елена Дуковска е пред продавницата “МЕХХ“. “Просјак“, поставена на сив мермерен постамент на авторот Наташа Божарова, спроти продавницата “МЕХХ“. Уметничкото дело “Жена со гитара“ изработено од Синиша Новески ќе биде кај ,“Ирски паб“ на кејот до хотелот “Холидеј ин“. Скулптура “Бесконечна циркулација“ на авторот Сашо Саздовски, ќе се наоѓа после паркингот кај хотелот “Холидеј ин“. “Балерина” на автор Зоран Тошевски, е пред МОБ, и скулптура “Космо интеграла 2008“ е изработена од Антони Мазневски, поставена пред МОБ.
Изменето од mamamd - 12.Април.2009 во 15:58 |
|||
rabani
Сениор Регистриран: 02.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
chist voen profit
isto kako i so kukite i imotite na nealbancite vo kosovo 17000 imoti koi ne se albanski denes im pripagaat na kosovarote i toa pred ochite na 70000 nato vojnici, pred se amerikanci vo bond stil amerikanskoto voeno razuznavajne nemozi da ne znaelo za vakvi i za slichni sluchaevi sigurno deka i cia ima dokazi so koi podocna ke mozi da gi vrbuva kosovskite albanci |
|||
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII |
|||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не е во прашање профит. Во прашање е геноцидот извршен врз многу живи луѓе од кои се вадени ограни........Досега никој не го достигнала правдата. А се споменува дека во тој лекарски тим имало и лекари од Македонија. Проблем кој државата треба да најде начин да ги открие кои се тие и да го реши прачањето по основ на вина со нив. |
|||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ПРОНАЈДЕНА ГРОБНИЦАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, ШПЕКУЛРА СРПСКИОТ МАГАЗИН СИТИ
Пронајдена гробницата на Алексанар Македонски по стоти пат во Македонија. Секогаш на различни локации. Овој пат таа се наоѓа на гарничниот премин меѓу Македонија и Грција во областа Вишје, шпекулира српскиот портал Сити Магазин. За иронијата да биде поголема тие измислиле имиња на луѓето што го пронашле гробот, и искористиле стари фотографии од археолошки ископувања. Ова ги изиритира надлежните и овој настан го сметаат како провокација за државата, заради проблемите кои ги има со Грција. Како што вели директорот на Управата за заштита на културно наследство Паско Кузман, од ваквите невистини одземаат време за да се пронајде вистината. - Ако тоа е вистина, тогаш е најголема лага, ако е лага, најголема вистина е - изјави Паско Кузман. Денеска Сител стапи во контакт со повеќе археолози кој се занимаваат со истражување на античкиот период. Тие прв пат слушнаа за информацијата дека била пронајдена гробницата на Александар Македонски. Се поставува прашањето зошто соседните медиуми објавуваат шпекулалации за македонската историја и култура. Izvor SITEL... Srbite si igraat igracka so mnogu osetlivi prasanja za nas... |
|||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
СЕ ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТА ЗА БЕГСТВОТО НА РАЗБОЈНИЦИТЕ НА ПРО КРЕДИТ БАНКА
Сменет командирот на полициската станица Центар Бранко Павловски, командирот на полициската станица Центар во чиј реон се случи петочниот филмски грабеж на експозитурата на Про Кредит банка, вчера бил сменет од својата функција, дознава ВЕЧЕР од полициски извори Бранко Павловски, командирот на полициската станица Центар во чиј реон е случи петочниот филмски грабеж на експозитурата на Про Кредит банка, вчера бил сменет од својата функција, дознава ВЕЧЕР од полициски извори. Пет дена по грабежот и неуспешната акција за апсењето на разбојниците кои избегаа среде бел ден, започнуваат првите чистки во полицијата за преземање на одговорноста. Неговата смена, велат од МВР, била поради неколку пропусти во работењето и недоволно покажани резултати во работата. Освен пропустот за грабежот во експозитурата по кој разбојниците успеаја да побегнат со 50.000 евра но и со 750.000 денари на скопјанец кој во моментот сакал да ги уплати на својата сметка, на контото на командирот се надоврзува и минатомесечниот инцидент на градскиот плоштад. Тогаш се степаа две спротивставени групи околу изградбата на црква на градскиот плоштад. Во меѓувреме се чини дека косовската полиција покажува подобри резултати во работата од Македонската полиција. Имено косовското МВР, потврди дека во местото Враживир, во близина на косовското село Сечишта, биле пронајдени неколку кеси со метални пари чија вредност не ја соопштуваат на медиумите како една од точките на истрагата. На двете торби имало ознаки на Прокредит банка. Покрај торбите било пронајдено и оружје за кое се претпоставува дека го носеле разбојниците. "Деновиве сме во активна комуникација со Македонската полциија, а на терен се уште траат акции, за чешлање на реонот околу селото Сечишта и местото Враживир", изјави за ВЕЧЕР Арбер Бека, портпарол на косовската полиција. Веднаш по грабежот полицијата на Косово, заедно со КФОР, патролирала со два хеликоптера, а истовремено била активирана полицијата на Европол. "Македонските колеги не информираа за настанот а ние започнавме потрага по разбојниците евентуално да не се пребегнати на косовската страна. Имавме повеќе патроли во делот кон косовско-македонската граница", објасни Бека. "Истиот ден на локацијата Враживир, во реонот на граничниот премин Генерал Јанковиќ, пронајдовме 10 автоматски пушки и муниција, 10 рачни гранати. Гранатите ги подигна КФОР, а другото оружје за вештачење го зеде косовската полиција. Македонската полиција веднаш беше известена", објасни порпаролот на тамошната полиција. Од МВР и натаму остануваат со истиот став, велат во интерес на истрагата, засега не откриваат нови информации и сознанија поврзани со петочниот грабеж. Оттаму нема никакви информации за резултатите од вештачењето на автомобилите на разбојниците, како и на оружјето, муницијата и крвавите траги најдени во возилото. Истото се однесува и на евентуално осомничените лица, иако викендов скопската полиција работеше под полна пареа и беа распрашани стотина жители на градот. - Во овој момент изнесувањето какви било детали од истрагата може да биде контрапродуктивно и единствено да и наштети на истрагата, единствена полза од било какви информации би имале само оние кои го сторија криминалот" - изјави Иво Котевски, портпарол на МВР. Инаку, грабежот се случи во петокот околу 9.30 часот, тогаш разбојничката група упадна во експозитурата на Прокредит банка и пред очите на десетици граѓани и службеници од трезорот, однесе околу 50.000 евра, но и 750.000 денари од скопјанец кој во моментот сакал да ги уплати на својата сметка. На излегување од банката разбојниците беа пресретнати од патрола на сообраќајната полиција, што беше сигнал за престрелка во која беа ранети полицаец и жена-патник во автобус на ЈСП. Од стотиците испукани к*ршуми беа изрешетени десетина возила и излози, но, за среќа, немаше жртви. По престрелката, разбојниците влегле во возилата и побегнале во правец на Мостот Гоце Делчев кон скопското Кале. При бегството, во близина на Француските гробишта, бегството на напаѓачите им го забавило возило "ланос", кое се движело по тесната улица. Тие не можеле да го поминат па го удриле со возилото и пукале во него. Нивните автомобили и дел од облеката беа најдени по еден час кај Визбегово. Александар СРБИНОВСКИ Фото :Ѕ.Плавевски ПС. НЕКОЈ МОРА ДА ГО ЈАДЕ. ПА АЈДЕ ДА ПОЧНЕМЕ ОПАШКАТА, УДРИ ПО НАМАЛИОТ, ОД КОМАНДИРОТ. БИДЕЈЌИ КАЈ НАС НЕМА ДОБЛЕСТ НЕКОЈ ПОГОЛЕМ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТА Изменето од ninja_34 - 14.Април.2009 во 23:17 |
|||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|||
baba mulon
Сениор Регистриран: 17.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 258 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Стално е така го јаде оној кој не треба да го јаде.Ајде сега нека каже некој од врвот на МВР зошто нема потребна опрема за полицијата и средства за вакви ситуации?Не само излези на улица со пиштол и справи се со паравоена формација
Изменето од baba mulon - 15.Април.2009 во 15:41 |
|||
Im YOUR NIGHTMARE
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ова вреди да се доживее, ама да се види дали ќе се успее...
АКЦИЈА НА ДАНОЧНАТА УПРАВА Газдите на скапи коли на проверка УЈП испратила допис до сите импортери со кој бара да и ги достават името и презимето на граѓанинот или називот на фирмата кои купиле кола поскапа од 25 илјади евра, адресата на купувачот, неговиот единствен матичен број или единствен даночен број, точната вредност и марката на купеното возило Управата за јавни приходи од импортерите на возила бара податоци за сите купувачи кои од 1 јануари 2007 година досега купиле возило поскапо од 25 илјади евра. Според дописот на УЈП, импортерите треба да достават податоци за сите граѓани и фирми кои купиле толку скапо возило независно дали возилото е платено во кеш или со кредит или лизинг. Се бараат името и презимето на граѓанинот или називот на фирмата, како и адресата на купувачот, неговиот единствен матичен број или единствен даночен број, точната вредност и марката на купеното возило, бројот на фактурата и датумот на купување на возилото.Неофицијално даночниците сакаат да проверат дали оние што платиле над 25 илјади евра за автомобил, го пријавиле приходот и платиле персонален данок за него. Од УЈП велат дека податоците ги бараат зашто во тек е даночна постапка во која согласно Законот за Управата за јавни приходи, фирмите се должни да ги достават сите барани податоци. Од УЈП не откриваат како се утврдени критериумите за која категорија на купувачи да се собираат податоци, бидејќи станувало збор за даночна тајна. "Информациите чие давање би предизвикало штетни последици и повреда на доверливоста на даночната постапка, како и сите документи, информации, податоци за даночниот обврзник до кои УЈП дошла во даночна, прекршочна или судска постапка се предмет на даночна тајна", велат од Управата. Од Групацијата на импортерите на моторни возила велат дека пред да ги достават податоците до УЈП чекаат да добијат мислење од Дирекцијата за заштита на личните податоци, како и од Министерството за економија - сектор за потрошувачи и од Организацијата на потрошувачи. Импортерите ценат дека постои можност да ги загрозат правата на нивните клиенти од аспект на заштита на личните податоци, особено што Даночната управа бара податоци за сите кои купиле скапи возила, независно од начинот на плаќање. Од Дирекцијата за заштита на личните податоци потврдуваат дека е во тек анализа за тоа дали преку ваква акција на УЈП се повредуваат правата за заштита на личните податоци на купувачите. Нивното мислење ќе биде готово до понеделник. Независни експерти објаснуваат дека барањето на УЈП е дискутабилно, бидејќи државата располага со повеќе инструменти со кои може да ги следи трансакциите со поголеми износи. Согласно Законот за спречување на перење пари, банките ја пријавуваат секоја трансакција над 15 илјади евра кај надлежната дирекција, преку која УЈП исто така може да дојде до потребните податоци. Дискутабилно е и тоа што УЈП ги става во ист кош со можните затајувачи на данок и оние што возилата ги купиле на кредит. Од Министерството за финансии се изјаснија дека акцијата на УЈП не е поврзана со собирање на податоци за евентуално воведување на нов данок на луксуз, туку дека веројатно станува збор за даночна постапка во која Министерството нема надлежност да се меша. Од Организацијата на потрошувачи изјавија дека во Законот за заштита на потрошувачите нема никакви одредби кои се повредени со барањето на УЈП. |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е ова се вика експедитивност. Стапи на функција и почни да работиш. Тоа што оди против гласачите со чии гласови дојде на власт не е важно. Важно е да се сруши нешто што го изградил претходникот. Нормално ли е ова?
КРУШЕВО ВОЗНЕМИРЕНО ОД ПЛАНОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Ќе се урива игралиштето на Тоше Крушевчани
деновиве се вознемирени и лути по најавите дека игралиштето за одбојка,
каде што трагично починатата ѕвезда Тоше Проески го минувал слободното
време, ќе се претвори во пазар. Тие тврдат дека новиот градоначалник
сака да го урне теренот, кој по смртта на македонскиот пејач стана
собиралиште на млади луѓе од целиот Балкан. Другарите на Тоше се против
оваа идеја и се закануваат дека заедно со сите крушевчани ако треба и
со жив штит ќе го бранат ова место, кое е свето за нив. Жителите на
Крушево велат дека од игралиштето веќе се извадени реквизитите и
стравуваат дека градежните работи ќе почнат многу скоро. Веб-страниците
за Тоше Проески, пак, се полни со фотографии од игралиштето за кое
неговите обожаватели пишуваат дека било негов најомилен дел во Крушево.
Жителите на градот, сепак, не сакаат да говорат отворено, затоа што
според нив градот е мал и може да има реперкусии за сите. - Овој дел од
Крушево не е за пазар. Игралиштето ни го изградија пред три години од
Фудбалската федерација на Македонија и мислам дека ако Градот сака да
прави затворен објект тоа може да го направи на локацијата на
постојниот пазар - вели еден крушевчанец кој сакаше да остане анонимен.
Новоизбраниот градоначалник на Крушево, Василчо Дамчевски, тврди дека
игралиштето е дивоградба од времето на претходната власт и дека само
постапувал по судско решение за негова дислокација. Низ весниците читаме разни бизарности низ светот кои се преземаат со цел да се привлечат туристи да ги посетуваат местата каде славните личности биле. Кај нас ќе се руши нешто кое е посетено и носи туристи во Крушево. |
|||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ako na toa mesto navistina se sobiraat obozavatelite na Tose , togas nema nikakva pricina na ovaa mesto da se pravi nekakov objekt ...
E sega kakva e situacijata na teren nemam pojma , najubavo e da kaze nekoj sto bil tamu... |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А што да с екаже. Зарем треба да се руши спортско -одбојкарство игралиште веќе изградено?!. Владата прави толкави напори, дава милионски суми з аизградба на спортски сали а господинов руши веќе нешто изградено?!
Да не збориме дека тоа е еден спомен за обожавателите, другарите и сограѓаните на Тоше |
|||
Внеси реплика | страница <1 4041424344 75> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |