|
Враќање на инквизицијата! |
Внеси реплика | страница <1 2324252627> |
Автор | |||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не знаев дека и меѓу христијаните има муслимани.
|
|||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па како може МАКЕДОНЦИТЕ да се сопственици на црквите во Австралија? Не тропајте глупости. Забеган, ако добро пресметав, црквата се наоѓала некаде на пола пат меѓу Соравија и ЕВН. На сликата се забележува објектот на ЕВН (во градба). |
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
или ти се допаѓа да игнорираш голем дел од моите коментари на форумов? истото би важело и за православен и било кој друг кој дискутира на темава, само што нормално не смеам да зборам во негово име Изменето од zabegan - 11.Април.2009 во 14:03 |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
без разлика што е верски објект, црквата (т.е. нејзиниот објект) по правни стандарди си се води како имот на оној кој го поседува и што е тука проблемот на дискусијава? |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не знам како стојат работите кај другите верски деноминации, но во православието, оној што е ктитор на храмот, храмот не е во негово владение, туку е во споственост на Црквата и на народот Божји.
Дискусијата е: урааа за џамија, уааа за црква. Пукнете православни. Плук, плук, плук. Дискусијата е бљувотина. |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
makarios, ne gledam deka diskusijava stana bljuvotina, tuku deka stanuva konstruktivna vo odnos na noa sto na pochetokot beshe izneseno kako opravduvanje za obnovata na crkvata i prichina za kontraprotestot. Toa beshe staveno kako argument od podrzhuvachite na gradezhniot plan na forumov.
Celo vreme se tvrdi deka taa crkva pripagjala na MPC, koga tuka gledame deka toa ne e tochno. Crkvata bila vlashka i bila sopstvenost na vlasit i RPC koja do vojnata prakjala svoi sveshtenici. So koe pravo MPC polaga sopstvenost na ovoj objekt i se zalozhuva za gradenje tugja crkva ? Ova nemashe da go prasham dokolku se recheshe deka postoi plan da se gradi nova crkva bez da se upotrebuva argumentot deka toa e poradi obnovuvanjeto na objektot koj istorijski pripagjal na MPC. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Чекај малку Ајде дообјасни ми попрецизно, и мене ми стана малку нејасно. Јас имам мој сопствен имот. На него сакам да градам православна црква. (големината не е важна). Црквата ја правам по сите православни норми (архитектура, иконостаси, фрески, икони ...) и исклучиво со мои средства. Ниту еден денар од страна (држава, црква, донации ...)! И, откако ќе ја доправам повикувам православен свештеник да ја освети (ако е таков православниот обичај, незнам). Во неа може секој верник (и тие од други вери и тие кои не се верници) кога сака да си влезе. И, откако сето тоа ќе го средам, доаѓа некое оче од МПЦ и ми вели: „извини батка, ти навистина си ктитор, но оваа црква е во владение на МПЦ“! Ах да. И на народот божји! Дали овака некако би изгледало она што сакаш да го кажеш во твојот претходен пост?
Макариосе, Макариосе ... до каде дојде?! Извини, но навистина непријатно ме изненадуваш. Каде Забеганиот рекол ура за џамии, а уа за цркви? Хм, со овие случајни испади (или можеби не се случајни, можеби се е со предумисла?) само се потврдува она што постојано го велам за нетолерантноста на религиите кон спротивни мислења. Дури овде, од страната на Забеганион, немаше никаква конфронтација на мислења, а ти го напаѓаш. Денес, кога црквата „пркнува“ и се наметнува во целокупниот живот на човекот, ова ваше незадоволство, ова ваше неприфаќање на други мислења го изразувате на оваков (за мене) груб начин. Ами што ќе се случи ако и’ се даде поголема улога во општествово? Ете, самите ме наведувате повторно да дојдеме до вистинитоста и основаноста на името на темава. |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, таков е обичајот. Владиката треба да ја освети црквата, и во олтарот се положуваат мошти од маченици. Само што во твојот случај, нема да ти дојде владика да ти ја освети, па колку и да наликува на православен храм, тоа нема да биде храм на народот Божји. А зошто нема да дојде владиката? Затоа што кога некој дава, не треба да се возгордева со тоа, па да вика, ех, ова е моја црква. Ти може да си ктитор на храм, но тоа нема да биде твој храм, туку ќе припадне на Црквата, а имотот (сосе храмот ќе припадне на епархијата каде што си ја изградил). Сите манастири во Скопје од 13ти век се изградени од српските кралеви, но тие никако не чувствувале дека се нивни храмови, туку ги давале на Црквата и народот. Зарем е вкусно да кажеш - ова е мој храм! Јас сум главен тука. Во Црквата поредокот е подруг, нема самоволие, туку послушание. Како што Христос му е послушен на Отецот, како што Црквата му е послушна на Христос, така и верниот народ треба да е послушен кон својот владика, па каков и да е тој (освен ако не почне да шири ерес!). А по молитвите на народот, ако владиката е лош, ќе се поправи. Затоа не можат да се разберат двете страни. Не може телесните очи да гледаат духовно, и обратно. Црквата е вонвремена и вечна, и таа е надвор од секакво општествено (според човекот направено) уредување.
Јас никого не напаѓам. Само реков дека темата е исцрпена, и натамошниот тек на разговорите се сведува на плукање кон православната Црква. Да внимаваме, патот до пеколот е поплочен со добри намери. Ова важи за сите нас!
Црквата никому не се наметнува. Таа е соборна заедница од слободни личности, собрани околу Христос. Црквата Христова е жива, и не знам зошто ви смета ако Црквата излезе со некој став за одредено прашање. Таа секогаш советува, но никогаш не наметнува. Кој сака да ја слуша - ја слуша. Кој не сака - не мора да ја слуша. Но подобро ќе беше да би ја слушал, затоа што во Црквата единствено може да го најдеме Христос, кој не` ослободи од ропството на гревот и смртта. Проштевајте. Не ве чепкам веќе на оваа тема. Изменето од makarios - 11.Април.2009 во 17:52 |
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
и сега макариос, што имаш да кажеш?
и те молам во кој дел од моите постови јас или било кој друг на моја страна викауа за црква, ура за џамија? и толку ли не примети дека никој од тука не е за џамија, толку ли како што ти реков „си доволно паметен“ за да не разбереш дека во дискусијата со џамијата те предупредуваме да не се распалуваш толку за црква на плоштадот бидејќи сега ни се заканува и џамија? |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
макариос зошто уште си тераш стара приказна, во кој случај некој плукаше по црквата?
и да се разбереме веќе еднаш, воопшто не плукам по црквата како религија, туку плукам по објектот наречен црква на плоштадот Македонија!!! толку ли си глуп да не го разбереш тоа? а да не испадне дека се противам воопшто на изградба на цркви, по форумов ви дадов милиони предлози за кои цркви можете да се погрижите и каде можете да ги изградите, а на тоа добив одговори во стилот „ќе биде и тоа“ како демек не е толку битно сега тоа |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Падна во вода и секој спомен за смирение и љубов кон своите ближни. Макариосе, жал ми е што конечно сфати дека со инсистирање на градба на црквата, ти всушност го градиш и храмот за Алах. Честито џамија! А ние останатите кои сме доволно свесни дека ниту храмот на иконите, ниту храмот на Алах се по Божја волја, ќе продолжиме да го бараме лицето Божјо во Дух и во вистина. На останатите ви ги препуштаме расправиите кон која планина ќе се свртите, и кое парче минлива недвижност ќе го окупирате. |
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ako se takvi pravoslavnite obichai i ako Romanskata Pravoslavna Crkva ja osvetila nekogashnata crkva so polozhuvanje na moshti od machenici i prakjala svoi sveshtenici, togash chija bila taa crkva? Изменето од Messenger - 11.Април.2009 во 19:25 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Bozhja zapoved:
10. Ne pozheluvaj nishto sto e tugjo. Bog da im prosti na site onie koi ja prekrshile ovaa zapoved. Se nadevam deka iskreno se kajat. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прав коментар, во право време, на право место. Браво! |
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
Внеси реплика | страница <1 2324252627> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |