IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Која е формата на егзистирање во Небесата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Која е формата на егзистирање во Небесата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Која е формата на егзистирање во Небесата
    Испратена: 07.Април.2009 во 16:45
Koja e formata na egzistiranje vo realmot na Bozhjoto Carstvo na Nebesata:

1. Materijalno ?

2. Duhovno/energetsko ?

3. I materijalno i duhovno/energetsko ?

4. Chetvrto (navedete koe spored vashata vera ili ubeduvanje) ?

Me interesira kakva e formata vo koja egzistiraat Bozhjite tvorbi vo Negovoto Carstvo na Nebesata spored verskite, teoloshkite, filozofskite ili vash*te lichni objasnuvanja. Sto velat za toa svetite pisanija, svetite otci, prosvetlenite lugje i sto mislite vie samite ?
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 02:06
Ne mi se veruva deka nikoj ne se osuduva da se javi so bilo kakov predlog-odgovor.

Eve, jas kje bidam prv da go skrsham mrazot i kje recham deka na najvisokoto nivo na egzistencija, koe go narekuvame Bozhjo Carstvo na Nebesata, veruvam oti egzistencijata e na duhovno/energetsko nivo i ne veruvam deka tamu figurira materijalnata manifestacija kako sto ja znaeme vo ovoj nash svet.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 13:02
Апсолутно се сложувам со тебе........

И не верувам дека никој НЕ СЕ ОСУДУВА да се јави за одговор, туку дека сите имаат еден ист одговор.......а тоа е одговорот што горе си го посочил.....


Мое мислење........
МИР со сите
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 14:27
Па..ја би се сложил до некаде.Сигурно тоа битисување ќе биде подруго од оваа сегашна форма на материја.
Но и тоа битисување ќе биде многу грубо материјално во споредба со Бога.Сепак материјата не лоша сама по себе(тоа што таа сега е многу подложна на пропаѓање и дегенерација не е исто како нејзината изворна состојба во која била создадена) и нема да биде уништена туку ПРЕОБРАЗЕНА по воскресението.
Еден пример какви ќе бидат телата по воскрерсението е самиот Богочовек Христос кој им се јавил на апостолите,(влегол во заклучена просторија и одненадеж се појавува)но сепак им го покажал своето тело и им дозволил да го допрат и им рекол дека(парафразирам):не е дух зашто духот нема коски и тело а он дека има.И им побарал на апостолите да јаде,и они му дале риба и мед во саке.Е сега не јадел зашто бил гладен туку за да им покаже дека не е привидение и дух.


Изменето од ahmar1 - 08.Април.2009 во 15:39
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 20:39
Duhovno - energetska.

Vo objavite primeni od Nebesata vo prahristijanskata zaednica Univerzalen zivot, objasneto e deka grubo-materijalnoto telo ne moze da vleze vo nebesata. Grubomaterijalnite oci pak nemozat da gi vidat duhovnite bitija i svetovi. No vnatresniot(duhoven) vid, zavisno od okolnostite i svesta moze... toa togas se reflektira vo mozocnite kletki i se sozdava edna slikovna impresija i covek moze da poveruva deka nestata gi videl so svoite oci, no toa se odviva vo negovoto vnatresno.

Materijata e nadolu trasnofmirana duhovna vibracija, nastanata kako posledica na Padot na angelite nejzinoto zracenje ne moze da gi dopre nebesata. Naprotiv, Nebesata i nivnite ziteli so svoeto zracenje i svest mozat da ja doprat materijata.

Vo Nebesata t.e. Duhovniot univerzum ili ti Apsolutnosta e sostavena od bezbrojni duho0vni galaxii koi kruzat okolu tnr. Pra - Centralno Sonce i 7 - te prizmaticni sonca. Tamu postojat duhovni parovi(tnr. duali), zivotni, rastenija, minerali, mirizbi, boi, tonovi... no seto toa vo duhovna i sovrseno harmonicna forma.

Nebesata ne treba da se mesaat so tnr. medju-carstva kade ziveat golem broj na dushi na golem del od pocinatite ludje: astralnite podracja(gi ima 4 osnovni) kako nitu so tnr. podgotvitelnite podracja(gi ima 3 osnovni) kade ziveat vo golema mera cisti bitija, no seuste ne potpolno sovrseni. Tie podracja, pred Hristovata zrtva na krstot se narekuvaa Satanski hierarhii, no Hristos gi transformirase vo 7 skalila za vrakjanje na izgubenite bozji sinovi i kjerki vo Nebesata.


Uste nesto ve interesira?    

Изменето од Majkl - 08.Април.2009 во 20:52
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 16:47
ahmar1, veruvanjeto vo Isusovoto telesno voskresenie pretstavuva specifichen i interesen element vo ovaa rabota... ti go posochi moshne dobro i so toa neodbeglivo go fokusira razgovorot tokmu onamu kade sto bi lezhelo glavnoto dvoumenje: ako veruvame deka Isus telesno voskresnal toa posochuva na mislenje deka vo Bozhjoto Carstvo ne se egzistira samo vo duhovno/energetska sostojba tuku isto taka i vo materijalna forma.

Onoa sto mene me naveduva na razmisluvanje e faktot sto site Bozhji formi (angeli, heruvimi...) koi bituvaat vo taa sfera na postoenje se energetski. Bog isto taka.

Dokolku Isus e Bozhji sin i toj sedi na desnatata strana od Boga, zoshto bi mu bilo trebalo telesnoto/materijalno postoenje? Zoshto toa bi bilo potrebno i dali voopshto bi bilo vozmozhno takvo neshto?

Znaeme deka materijata e najnisko energetsko nivo. So drugi zborovi, dokolku materijata se ekscitira na povisoko nivo, taa ja menuva svojata forma i se manifestira vo onoa sto nie go podrazbirame kako "energija" (ogan, plazma, svetlina...).

Toa sto ti go narekuvash "podruga forma na materija" vsushnost e energija. Spored Evangeijata, Isus se manifestira vo ovoj materijalen svet pred apostolite ili pred Pavle. Toj ne vleguval niz vrata nitu pak odel po patot za da bide viden ili sretnat. Toj se manifestiral i ischeznuval. Ovoj fakt pokazhuva deka vo toj period toj ne bil vo materijalna forma onaka kako sto nie ja znaeme realmot vo koj zhiveeme.

Ako Isus bil na takvo energetsko nivo sto mozhel po sopstvena volja da se manifestira vo forma kako sto posakuval, togash ne me chudi deka mozhel da se pretstavi i vo forma koja nam bi ni prilegala kako materijalna, pa taka ovozmozhil da bide i dopren.

Kluchniot element, koj sekogash ni bega od vid vo vakvite razgovori, e faktot deka za da se manifestira vo materijalna forma kako sto ja imame i nie, Bozhjiot sin moral da bide roden od matrijalno chovechko sushtestvo. No vo momentot koga toj go napushta ovoj materijalen svet, povekje toa telo ne mu e potrebno isto taka kako sto ne mu bilo potrebno i pred toa. Posle negovata misija na zemjata materijalnoto telo povekje nema nikakva vrednost i vazhnost. Toa igralo uloga na privremen dom i po negovoto napushtanje ostanuva onamu kade sto e sozdadeno i kade sto pripagja - vo materijalniot svet.


Изменето од Messenger - 10.Април.2009 во 02:38
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 17:05
izgleda ima dosta planeti vo vselenata
no retko koja ima NEBO
sino,... nasa sina planeta, nebo si e nebo, nasa prekrasna atmosfera koja e nash raj tuka na zemjata

sakajte go neboto, i razmisluvajte go kako da go spasime od site nejasnotii so ni se slucija so freonot i zagaduvanjeto

sakajte go ova nebo, oti drugo nemame, ne trosete vreme na drugo, na nekoi povisoki celi, jas licno mislam deka nema povisoko od naseto nebo
od baranje na povisokote znacenja ke vi pobegne od vidot ovo naseto BOZENSTVENOTO

znam deka kje me brisete, no morav da si kazam, bese posilno od mene
големо%20гушкање
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 12:12
Интересни размислувања месинџер иако морам да признаам дека немам сепак доволно информации поконретно за дилемата која ја поставуваш за да дадам и свое лично мислење.
Но еве ќе се осврнам на твоете размислувања кои ме потикнуваат и потцетуваат нешто повеќе за темава.

<Onoa sto mene me naveduva na razmisluvanje e faktot sto site Bozhji formi (angeli, heruvimi...) koi bituvaat vo taa sfera na postoenje se energetski. Bog isto taka.>

Според Светите оци(поточно на ум го имам тука Св.игнатиј брјанчинов)и светото писмо само Бог е совршен дух.
Додека сите негови творенија(вклучувајќи ги тука и ангелскиот свет) се грубо материјални во споребда со Него.Додека иста таа споредба може да се постави и меѓу луѓето и ангелите.Луѓето се многу грубо материјални (ако може така да се изразам)во споредба со ангелите.
Но како што погоре спомнав ангелите пак се многу грубо материјални пак во споребда со Бог.
Значи три степени на состојба на битисување
1.совршен дух,над секое материјално постоење а тоа е Бог.
2.префинета материја (во споредба со нас но груба во однос на Бога)а тоа се ангелскиот свет.
3.груба материја, и спрема ангелите (а па камоли спрема Бога) а тоа се луѓето и материјалниот свет во кои живеаат сега на земјава.
Ова е ситуација по падот.Дали пред падот односот на материјалноста меѓу ангелите и луѓето била иста или слична не би можел да кажам.

<Dokolku Isus e Bozhji sin i toj sedi na desnatata strana od Boga, zoshto bi mu bilo trebalo telesnoto/materijalno postoenje? Zoshto toa bi bilo potrebno i dali voopshto bi bilo vozmozhno takvo neshto? >

Кога ова го прочитав одма ми текна за еден настан од житието на светиот Андреј јуридивиот(10 век)кога бил вознесен во рајот,со тело ли без тело ли незнаел,и кога му биле покажани рајските градини.Интересниот момент за темава е кога Св.Андреј го прашал ангелот како Христос седи од десната страна на Бога- Отецот во овоплотеното тело.И ангелот му одговорил дека за човек во тело не е возможно тоа да го види ниту да го сфати.
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 03:49
Interesen podatok ahmar1, no toj nishto sushtinski ne dodava ili objasnuva vo ovoj sluchaj.

Ushte povekje, da se napravi kvalitativna gradacija megju Boga i Bozhjiot Sin vo tolkava mera za da se tvrdi deka poradi toa na Isus mu prilega telo od grub materijalen kvalitet, e malu poteshko izdrzhliva propozicija.

Jas lichno ne tvrdam deka tie dvajcata mora da se potpolno isti, no samiot znaesh deka Hristijanstvoto gi poistovetuva, tvrdi deka Isus e Gospod, Isus samiot veli "Jas sum vo Otecot i Otecot e vo mene", kako "I sega proslavi Me Ti Oche, vo Tebe Samiot, so slavata sto ja imav ushte svetot pred da nastane".

Ako prifatime deka Isus i Bog se isto, eden vo drug, i deka Isus postoel ushte pred Gospod da ja sozdade materijata, togash kako mozheme da go prifatime tvrdenjeto deka Isus na Nebesata e vo nekakva materijalna forma ?

Изменето од Messenger - 13.Април.2009 во 03:57
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 17:45
Духовно/енергетско?
Овде овие два поима се поистоветуваат по своето значење. Иако терминот духовност од разни луѓе може да се сфати поинаку, еве, да прифатам дека под духовност се подразбира енергија, од проста причина што порано не можел да се објасни поимот енергија, туку едноставно - дух. Понатаму така и ќе ги третирам овие поими духовно = енергетско (дух=енергија)!

Верувам дека кај сите од старт се отфрла можноста за материјално постоење, таму горе некаде на небесата. Јас иако не верувам во такво нешто, сепак поради размената на мислења, како можна опција ја земам и јас оваа претпоставка.

Лука 24:39 „откако Христос воскреснал, им се јавил на единаесетте апостоли и им рекол дека тој не е дух, туку човек од месо и коски.
Сосема спротивно, во Јован 6:62,63 се вели: „духот е оној кој оживува и се вознесува, а не телото“. Ова второво се потврдува и во Дела 1:9 „ ... се вознесе пред нивните очи...“
Е сега, што може да се разбере од овие два односно три контрадикторни цитати? Дали по воскреснувањето на Исус тој е дух или е материјално тело (од коски и месо)?
Знам, некој можеби во одбрана на своето верување ќе рече дека кога се воскреснал тој бил дух, ама кога се вратил кај апостолите, пак бил тело ... но, нели ова би било премногу?

„... Ќе седне оддесно на бог...“.Повторно се дава просторна ограниченост на духот т.е. на енергијата. Има ли тој дух граница? Дали и како е определен просторот во кој опстојува енергијата? Повторно се дава материјална слика за енергијата - ќе седне! Значи зафаќа одреден простор. Но ајде, повторно да најдеме разбирање во објаснувањето дека тоа било потребно за да можат тие луѓе од пред 2000 и кусур години некако да разберат. Но, зошто пак од десната страна? Од каде пак сега ова? Дали тоа значи дека бог е деснак, а не левак? (btw. повторно споредба со човекот)

Ако гледаме од еден друг аспект, според ова верување дека постои тело и душа, телото на еден човек во оваа ситуација нема никаква улога. Тоа како безживотна материја неможе да биде ниту грешно ниту безгрешно. Тоа е само носител на енергијата, на духот. Значи духот е тој кој прави грев. Тогаш зошто телото се уништува, а духот кој е грешен и понатаму опстојува?

Според некои религии духот преминува од едно во друго тело, односно реинкарнира. Ако е така, тогаш може да се претпостави дека тој дух може да премине во неколку тела. Да претпоставиме дека овој дух во моето сегашно тело е влезен од некое претходно тело, а тој таму дошол од некое трето тело, па пред него од некое четврто ... да не одиме многу наназад. Еве, доволни се само стотина години пред нас. Тогаш на Земјава имало 4 милијарди жители. Денес има 7 милијарди. Ако еден дух оди од тело во тело, како може да се зголемува бројот на тела (луѓето) а кои луѓе секако во себе носат души. Значи до пред 100 години имало 4 милјарди души и 4 милијарди тела, а сега има 7 милијарди души во 7 милијарди тела. Како се зголемуваат душиве? Нели тие само преминуваат од едно тело во друго? Или доаѓаат од некои (за наши сфаќања мртви тела, како на пр. камен, карпа, метал...)?

Значи духот оди горе.
Каде горе?
На небесата.
Каде на небесата?
Кај бога, таму некаде, далеку.
Каде е тоа далеку? Толку многу е далеку, што човек не би можел да го види? Нормално, се знае, ако го види ... отиде религијата!

Ако за нас некои простори се далечни, тогаш би можело да важи и обратното. И ние сме далечни простори за некого. Значи и кај нас постои некој бог, некое божјо царство во кое „тие“ односно „нивните духови“ доаѓаат.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 19:40
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Духовно/енергетско?
Овде овие два поима се поистоветуваат по своето значење. Иако терминот духовност од разни луѓе може да се сфати поинаку, еве, да прифатам дека под духовност се подразбира енергија, од проста причина што порано не можел да се објасни поимот енергија, туку едноставно - дух. Понатаму така и ќе ги третирам овие поими духовно = енергетско (дух=енергија)!
Neznam za ostanatite, no jas pod poimot duhovno-energetsko podrazbiram duhovna energija, a ne materijalna.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Лука 24:39 „откако Христос воскреснал, им се јавил на единаесетте
апостоли и им рекол дека тој не е дух, туку човек од месо и коски. Сосема спротивно, во Јован 6:62,63 се вели: „духот е оној кој оживува и се вознесува, а не телото“. Ова второво се потврдува и во Дела 1:9 „ ... се вознесе пред нивните очи...“ Е сега, што може да се разбере од овие два односно три контрадикторни
цитати?
Toa kazuva za ogranicenosta i nesovrsenosta na coveckiot jazik(osobeno kaj postarite spisi). No toa nisto ne kazuva protiv Hristos i Boga koi se Duh.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Дали по воскреснувањето на Исус тој е дух или е материјално тело (од коски и месо)?
Toj bil delumno-materijalen. Duhovnite atomi vo golema mera go apsorbirale negovoto fizicko telo. Koga se slucil padot, po nekoe vreme, mnogumina ludje bile delumno-materijalni bitija, duri potoa nastanalo (postepeno) potpolno-materijalnoto telo identicno so naseto denes koe go narekuvame covek. Na krajot od Hristovoto Carstvo na mirot, lugjeto povtgorno ce preminat vo delumno materijalna forma.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

„... Ќе седне оддесно на бог...“.Повторно се дава просторна ограниченост на духот т.е. на енергијата.
Има ли тој дух граница? Дали и како е определен росторот во кој опстојува енергијата? Повторно се дава материјална слика за енергијата - ќе седне! Значи зафаќа одреден простор. Но ајде, повторно да најдеме разбирање во објаснувањето дека тоа било потребно за да можат тие луѓе од пред 2000 и кусур години некако да разберат. Но, зошто пак од десната страна? Од каде пак сега ова? Дали тоа значи дека бог е деснак, а не левак? (btw. повторно споредба со човекот)
Uste eden dokaz kolku e jazikot i covekoviot intelekt ogranicen koga se raboti za razbiranje na nestata od Duhot. Zatoa Isus veli deka treba da mislime so srceto(duhovnoto cuvstvo) ne so razumot(intelektot). Intelektot e daden samo kako pomosno sredstvo dur ne se otvorime za vecnata Intelegencija.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Ако гледаме од еден друг аспект, според ова верување дека постои тело и душа, телото на еден човек во оваа ситуација нема никаква улога. Тоа како безживотна материја неможе да биде ниту грешно ниту безгрешно. Тоа е само носител на енергијата, на духот. Значи духот е тој кој прави грев. Тогаш зошто телото се уништува, а духот кој е грешен и понатаму опстојува?
Spored Hristovite objavi vo Univerzalen Zivot(na pr. objavata "Pricina i nastanok na site bolesti") objasneto e deka covekot e sostaven od troedinstvo: Duh, dusha i telo(covek). Duhot e neoptovarlivoto jadro na bitieto. Toj e obvitkan od dushata. Otelotvorenata dusha na planetata Zemja vo telo od meso i koski se narekuva chovek. Dushata gi zema svoite grevovi(optovaruvanja t.e. prekrsuvanja na Vecniot Zakon) so sebe posle smrtta na fizickoto telo(obvivkata) i moze, so cel da si olesni, da gi predade na svoeto idno telo otkako ce se otelotvori kako covek. Na coveckoto telo togas tie optovaruvanja se izrazuvaat kako bolesti, patila, sudbinski udari ili vovlecenost vo elementarni nepogodi. Hristos medjutoa, dokolku mu dozvolime i gi sledime negovite instrukcii, moze da ne zastiti i oslobodi od grevot koi samite sme si go natovarile(t.e. sme sozdale blokadi za slobodno struenje na bozestvenite sili).
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

... Еве, доволни се само стотина години пред нас. Тогаш на Земјава имало 4 милијарди жители. Денес има 7 милијарди. Ако еден дух оди од тело во тело, како може да се зголемува бројот на тела (луѓето) а кои
луѓе секако во себе носат души. Значи до пред 100 години имало 4 милјарди души и 4 милијарди тела, а сега има 7 милијарди души во 7 милијарди тела. Како се зголемуваат душиве? Нели тие само преминуваат од едно тело во друго? Или доаѓаат од некои (за наши сфаќања мртви тела, како на пр. камен, карпа, метал...)?
Boza prasanje. Vo ovaa teorija se trgnuva od pretpostavkata deka brojot na dush*te e na pr. 4 milijardi, i spored toa ne moze da ima denes 7 milijardi ako postoi povtorno radjanje(reinkarnacija). Brojkata na zemjinite ziteli gore dolu bi trebala da bide ista.

No nikoj ne veli deka brojot na dusite e tolku i tolku... dushi moze da ima ne 7 tuku na pr. 700 milijardi. Ponataka, dush*te najcesto ne se reinkarniraat vednas. Rastojanieto od edno do drugo otelotvoruvanje moze da bide od nekolku meseci. preku nekolku godini i decenii pa do nekolku mileniumi!!! Dushata nikoj ne ja tera da odi vo inkarnacija, taa samata se odlucuva za toa posle izlozenite "za" i "protiv" edno novo t.e. natamosno otelotvoruvanje.

No tuka oslovi edno interesno prasanje! Zitelite na Zemjata sè povekje se namnozuvaat vo poslednite decenii. Zosto e toa taka? Od Duhot Bozji, preku prorocicata za denesno vreme, Gabrielle od Würzbirg e objasneto i predupredeno deka naskoro trkaloto na povtorno radjanje ce prestane da se vrti za tesko-opteretenite dushi. Zemjata ce ja promeni svojata vibracija i nejziniot duhoven magnetizam povece nema da moze sluzi kako patokaz kon novo telo. Voedno, ako nema roditeli so soodvetna vibracija na zemjata koi bi mozele da ja privlecat dushata, togas taa ne ni ima nacin da vleze vo telo. Dush*te znaci denes(poslednite decenii) masovno navaluvaat kon Zemjata bidejki prepoznavaat deka nema da mozat uste dolgo da doadjaat, a tolku nesto mnogu bi sakale da doziveat i izziveat kako ludje na Zemjata. Mnogu dushi, poradi svojata odalecenost od Boga, Zemjata ja smetaat kako edinstvena realnost, vo otadestranite podracja se cuvtvuvaat kako stranci. No isto taka i mnogu svetli dushi vo branovi doadjaat na zemjata za da go podgotvat Carstvoto na Mirot na Isus Hristos. Zatoa ima drasticno povekje ludje otkolku pred 100 godini(togas mislam, odvaj imalo nad 1 milijarda).
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Значи духот оди горе. Каде горе? На небесата. Каде на небесата?
Vo odnos na Duhot, materijata se naodja na najnisko vibracijsko nivo, pa moze da se zboruva deka e dolu, a za nas e Neboto gore. No tuka ne treba da se misli na materijalnoto Nebo. Koga Duhot veli Nebo se misli na eden cel neizmerliv duhoven univerzum so bezbroj galaxii, planeti, sonca. Toj Duhoven univerzum ima svoe srediste: Pra-Centralnoto Sonce.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Кај бога, таму некаде, далеку. Каде е тоа далеку? Толку многу е далеку, што човек не би можел да го види? Нормално, се знае, ако го види ... отиде религијата!
Vo edna Hristova objava od pocetokot na 80te e objasneto deka: Bog ni e poblisku od nasite sopstveni race i noze! No nie sme tie koi treba da gi napravime cekorite za da go zabelezime, a potoa i da go vidime. Ne e Bog odalecen od covekot, tuku covekot e odalecen od boga. Iluzijata deka Bog e nekade daleku se javuva poradi grevot(zivot sprotiven od prirodnata duhovna sostojba). Dush*te od poniskite nivoa nemozat da se dvizat kon povisokite, no povisokite mozat kon poniskite.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Ако за нас некои простори се далечни, тогаш би можело да важи и обратното. И ние сме далечни
простори за некого. Значи и кај нас постои некој бог, некое божјо царство во кое „тие“ односно „нивните духови“ доаѓаат.
Kako sto vekje bese objasneto za Boga nie ne sme dalecni, tuku cestopati, poradi nasitelicni postapki i misli toj se cini deka e daleku od nas, pa duri i deka ne postoi, no toa e samo privid.

Изменето од Majkl - 13.Април.2009 во 20:04
Кон врв
Pravoslavna hristijanka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 19
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavna hristijanka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 00:23
Energijata ne mozhe da bide "duh", bidejki se odnesuva na materijata, a mozhe da bide termalna, kinetchka, atomska i sl., no ne i duhovna, bidejki duhot ne e materijalen. Chovechkiot duh e duhovna (nematerijalna) sila, a realno mozhe da sushtestvuva samo vo Boga. Odnosno, otsechen od Boga, chovekot duhovno propagja i umira, koga dushata ostanuva nemokjna nasproti nechisitata duhovna sila. Znachi, chovekot mozhe da ima vistinska duhovna sila samo vo Boga. Dushevnata sila se sodrzhi vo dushata, dodeka energijata mu e svojstvena na teloto/materijata. Pr: Chovekot mozhe da e telesno paraliziran, shto znachi deka nema telesna energija, no dodeka ima zhivot, ima dushevna sila. Duhovnata sila se razlikuva od dushevnata (zemna) psiha, po toa shto e vozvishena, t.e. ja isprava dushata i vodi kon Boga.

Gjavolot e duhovno sushtestvo, no negovata duhovnost e propadnata, t.e. prazna i nishtozhna. Imeno, gjavolot i besovite im podmetnuvaat lazhna duhovnost na chovechkite dushi, so zadacha da gi odvlechat na pogreshen pat, podaleku od Boga, so cel da gi pogubat vo adot. Chovekot so umrtven ili zaspan duh e izgubena dusha, a nejzinoto telo e dezorientirano, so toa i podlezhno na povekje poroci, lagi i eresi, t.e. duhovni i dushevni poremetuvanja i bolesti.

Po smrtta na chovekot, negovoto telo umira i se raspagja na svoite prvobitni sostojki, a opstanuva samo skeletot, koj svedochi deka prvobitno bil stvoren da zhivee vechno. Dushata ostanuva vo svojot duhoven obraz, vo istata sostojba, vo koja ja zatekla smrtta, po koja e izvedena na privaten sud pred Gospoda. Duhovniot obraz na dushata mozhe da bide svetol ili mrachen, ubav ili grd, vo zavisnost od toa dali chovekot se izboril za svojata dusha, i kako go iskoristil svoeto vreme na zemjata. Realno, chovekot se ragja gol na ovoj svet, i gola dusha zaminuva na onoj svet, kade shto za svojot zhivot treba da dade otchet pred Boga, Komu pripagja sekoja chovechka dusha. Odnosno, nam ni e dadena dusha, za koja shto treba da se izborime, i pravilno da go iskoristime svoeto vreme na zemjata, za da se ispravime vo Gospoda. Vo sprotivno, dushata mozhe da bide pogubena od gjavolot i odvedena vo pekolot - mesto oddalecheno od Boga. Tie lugje, koishto ne vlegle vo Carstvoto Nebesno za vreme na zemniot zhivot, t.e. ne zhiveele vo evharistiskata zaednica na Hrista, vo Crkvata Hristova, ne bi mozhele da vlezat ni na onoj svet. Vo Carstvoto Nebesno, kako na angjelite, taka i na lugjeto im se dadeni chinovi i mesta.   



Изменето од Pravoslavna hristijanka - 14.Април.2009 во 00:26
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 00:47
Pravoslavna hristijanka, dali ova znachi deka formata na egzistencija vo Bozheto Carstvo mozhe da bide samo duhovna?    
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Pravoslavna hristijanka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 19
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavna hristijanka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 03:24
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Pravoslavna hristijanka, dali ova znachi deka formata na egzistencija vo Bozheto Carstvo mozhe da bide samo duhovna?    


Se razbira, bidejki Carstvoto Nebesno e duhovno. Nie veruvame vo voskresenie na mrtvite, koe kje nastapi pri Vtoroto prishestvie na Hrista, a kje se sostoi vo toa shto telata na mrtvite kje se soedinat so svoite dushi. Imeno, vo momentot na seopshtoto voskresenie, telata na mrtvite kje bidat izmeneti, od zemni i smrtni, vo duhovni i besmrtni. Isto taka, kje se izmenat i telata na lugjeto, koi zhivi kje go dochekaat Vtoroto prishestvie na Hrista, na samiot kraj na vremeto.

"Има и небесни тела и земни тела, но друг е сјајот на небесните тела, друг на земните. Друг е сјајот на сонцето, а друг е сјајот на месечината; а друг е сјајот на ѕвездите, зашто ѕвезда од ѕвезда се разликува по сјајот. Така е и со воскресението на мртвите; се сее во распадливост, воскреснува во нераспадливост; се сее без чест, воскреснува во слава; се сее во слабост, воскреснува во сила; се сее природно тело, воскреснува духовно тело. Ако има природно тело, има и духовно тело. Така е напишано: „Првиот човек, Адам, стана жива душа”; а последниот Адам - животворен Дух. Но не е прво она што е духовно, туку е прво природното, а духовното доаѓа потоа. Првиот човек е од земја, земјен; вториот Човек е од небото. Каков е земниот, такви се и земните; каков е небесниот, такви се и небесните. И како што го носиме обликот на земниот, така ќе го носиме и обликот на небесниот. Ова ви го велам, браќа: телото и крвта не можат да го наследат Божјото Царство; ниту распадливото го наследува нераспадливото. Еве! Ви кажувам тајна: не ќе - умреме сите, но сите ќе се измениме, во еден миг, во миг на окото, при гласот на последната труба: имено трубата ќе затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме, зашто треба ова распадливото да се облече во нераспадливо; и ова смртното да се облече во бесмртност. А кога, ова, распадливото ќе се облече во нераспадливост; и, ова, смртното ќе се облече во бесмртност, тогаш ќе се збидне напишаното слово: „Победата ја проголта смртта". (I Korint. 15: 40-54).



Изменето од Pravoslavna hristijanka - 14.Април.2009 во 03:37
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,105 секунди.