IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - СДСМ и ветиле на Грција негација на Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СДСМ и ветиле на Грција негација на Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 20:12
Abe dali imate vie prestava koja e Mirka Velinovska. Ne postoi porasipan novinar na denesnicava. I taa moze da odi vo istiot kos so Latas, Mladenov, Nedelkovski i drugi slicni kako niv (novinarski reketari)
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2009 во 00:40
Народов насекаде во светот е „слеп“. Си оди напред и воопшто не знае што се случува околу него. (?!?!?!)
А што се случува?
Политика.
Не за џабе за неа се рекло дека е к*рва.
Тие кои се одлучуваат (навистина) да се бават со неа, подготвени се на најнечистите политички и шпиунски игри. Тек после одреден период од неколку (десетини) години, кога на виделина ќе испаднат (само) некои политичко-шпиунски афери, ние (обичнава раја) ќе се чудиме, како било возможно такво нешто да се направило.
И, што ве чуди такво нешто да има и кај нас во изминатиов период? Дека денешнава состојба на државава не е последица на некоја/и таква/и игра/и?
За ова ние можеби само сме насетувале, претпоставувале, но секако со тие наши сомнежи и претпоставки не би се осудиле да излеземе во јавноста со изнесување на такви факти. Но, ете, Велинова како новинар „ископала“ некои податоци и јавно ги објавува. Не сакам да зборувам(е) за нејзиниот личнен профил, туку само за конкретниот предмет на дискусија. Ќе се повторам, зошто не се најде никој да ја демантира нејзината изјава? За многу по „безвезални“ работи се препукуваат преку медиумиве, па си „влепуваат“ и кривични пријави за навреда, па незнам, за рушење личен интегритет ... бла, бла... Дали затоа што сметаат дека таа не е на нивно ниво, па не сакаат да и’ одговорат или во прашање е нешто друго? Мене тоа ме копка!размислување
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2009 во 00:42
Нинџа, јас Мирка редовно ја читам повеќе од 15 години, па за нејзините политички коментари и анализи, суд сум донела сама. Нема политичар во Македонија кој од неа не добил жестока критика и политички профил под остар агол. Латас и Мирка се два различни поими, а бидејќи не ги спомнуваш во списокот и новинарите од типот на Геровски, Ризаов, Жарко-како-му-беше-презимето, Тричковски, ќе излезе дека се работи за пристрасност. Камо среќа да имавме повеќе новинари-критичари како неа.

Читајте го и толкувајте малку покритички тоа што го пишува Мирка и анализира, остајте тоа соопштенијата по партиските штабови. Остајте партиските интереси, националните се поважни од било која партија.
Дајте размислување со своја глава: дали тоа што е кажано има основа и дали и е на штета на Македонија?!
И зошто никој не го демантира?

Во нејзините зборови има многу вистина, само кој сака да ја сфати.


Изменето од anastea - 05.Март.2009 во 01:33
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2009 во 20:04
Originally posted by anastea anastea напиша:

Во нејзините зборови има многу вистина...

Ova go zakluchi od faktite, dokazite i materijalite koi taa gi citirashe i gi prilozhi kon svojot tekst ili...?
Do what is right, come what may...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 01:19
Што за мене е вистина во текстот на Мирка, еве ќе ги цитирам деловите:

1.Зошто Црвенковски реши да го кандидира за свој „наследник“ човекот кого го именуваше како напуштена љубовница? (Јас ќе дополнам за Фрчковски, предложен е за претседател човек кој Глигоров јавно во своите мемоари го обвини за соработка со грчки контраразузнавачи за нудење поткуп за промена на името! И човек во чиј мандат како министер за внатрешни се случи сеуште неразјаснетиот атентат, за кој не само што не беше отпуштен, туку доби и унапредување! Зошто?!)

2. Атентатите не се случуваат туку така и секогаш имаат конкретни политички мотиви.... Очигледно Киро Глигоров стана вишок (и проблем) што требаше да биде отстранет (што се повтори и со смртта на Борис Трајковски во сомнителна авионска несреќа, а откако беа изведени уставните промени во 2001 година и следуваше законот за територијална поделба, кој Трајковски се закануваше дека нема да го потпише). Заеднички именител на обата настани со далекосежни последици е што СДСМ е на власт, а државните органи се необјасниво незаинтересирани за расветлување на инцидентите. За нив никој не понесува лична политичка одговорност. Напротив, истите ликови по секој ваков чин необјасниво напредуваат или ја зацврстуваат својата политичка позиција, односно, имаат евидентна политичка и материјална корист. Дополнителна небулоза е нивното необјасниво амнестирање од страна на т.н. невладин и медиумски сектор, но и од интересот на Обвинителството и МВР. Така, Фрчкоски, по три месеци, при првата реконструкција на Владата на СДСМ, станува министер за надворешни работи и главен менаџер на грчко-македонските преговори, а Црвенковски, по авионската несреќа на Трајковски, само преминува од премиерската во претседателската фотелја, без да понесе одговорност за кој било од двата настани.

3.Привремената спогодба беше потпишана на 13 септември 1995 година, по многу натегања, а требаше да биде ратификувана во Собранието во рок од еден месец. Така, една недела пред 10 октомври, за кога беше закажана седницата за ратификација, но и големите демонстрации во организација на вонпарламентарната опозиција (ДП и ВМРО-ДПМНЕ), на 3 октомври „случајно“ се случи атентатот врз Киро Глигоров. Нормално, за колективни шокови состојби, вниманието на јавноста беше пренасочено кон атентатот, а ратификацијата се изврши рутински, без никаква дебата. Иако имаше место за сериозно преиспитување на македонската политика во поглед на „деталите“ од Привремената спогодба, кои беа недостапни за јавноста, а носеа сериозни консеквенци за државата. Така, и до денешен ден не е објаснето како дошло до тоа македонскиот анонимен преговарачки тим да ги прифати трите дополнителни барања на Грција што биле доставени буквално на минута пред потпишувањето на спогодбата, а се однесуваат на обврската на Македонија да признае дека симболот од Вергина е грчки, дека државата Македонија ќе ги попречува сите чекори на Македонците, жртви на егзодусот, да си ги остварат своите имотни и граѓански права и, согласноста државата Македонија самата да се деноминира и на својата амбасада во Грција да запише дека ја претставува ФИРОМ. (Со цитирање изјава од новинар кој бил присутен на потпишувањето на Спогодбата. Дали постоеле или не тие анекси и во каква форма, ние најверојатно нема да дознаеме, но факт е дека сите три наведени барања до сега се исполнети, остана уште промена на името).

4....непристојното и невообичаено агресивно однесување на шефот на државата и неговиот кандидат за претседател Фрчкоски по прашањето на името и идентитетот (ова последнава година е повеќе од очигледно)

5.
....радикалната промена на претходно резолутните ставови на Бранко Црвенковски за двојната формула, воведувањето на некаква нова реалност во старите преговори за разликите околу името, воведувањето на идентитетот во некаков голем преговарачки пакет кој од 2001 година ни го носи медијаторот Нимиц, барањето гаранции за идентитет од политички партнери и меѓународни организации... (Фрчкоски преку своја колумна прв го зачна прашањето за идентитетот, преку некаква формула за двоен идентитет и редефинирање на македонците во славо-македонци).

6...двете резолуции на Советот за безбедност, 845 и 817, Повелбата на ООН и Хелсиншката повелба за човековите права и меѓународното право велат дека „преговорите за името се однесуваат само за разликите околу името, а не и за самото име“. Тоа значи дека „секоја страна си ја задржува својата позиција околу ова прашање, но тоа не ја попречува натамошната меѓусебна комуникација“. Членот 5 од Спогодбата, пак, појаснува дека „никој, па ни ООН не може да определи ново име за „втората страна“ исто како што никој не може да ја натера Грција тоа име да го прифати“. (Тогаш зошто Бранко, Фрчко и неколкумина со нив упорно ги девалвираат нашите позиции, со јавни изјави дека Македонија е спремна за компромис т.е. да си го смени името?)

7.И само 3-4 настани од хронологијата која е приложена кон текстот (да не ги цитирам сите):
1995
- 6 јули Стево Црвенковски оди во Њујорк, а се враќа без објаснување за што разговарал или преговарал. Грчкиот министер Арсенис обелоденува дека постојат мал и голем преговарачки пакет.
- 13 септември е потпишана Привремената спогодба со преамбула, шест поглавја и 23 члена за регулирање на односите помеѓу Македонија и Грција.
- 24 септември се менува државното знаме. Идејното решение на новото знаме е на арх. Мирослав Грчев.
- 3 октомври - атентат. Министерот портпарол Ѓунер Исмаил ја презема улогата на контролор на здравствената состојба на преживеаниот Глигоров и главен координатор и комуникатор.
- 5 октомври Собранието донесува резолуција од 6 точки. Се бара истрага и откривање на инспираторите и извршителите на атентатот. Владата таа обврска не ја исполнува до 1998 година.
- 10 октомври ратификација на Привремената спогодба
- 15 октомври Стојан Андов бара формирање анкетна комисија за расветлување на атентатот. Парламентарното мнозинство гласа против.
-
Андов дава изјава за „Дневен телеграф“ дека несменливоста на Фрчкоски се должи на неговите информации за тоа кој стои зад атентатот.
- На 4 ноември Џорџ Сорос дава интервју за „Нова Македонија“ и тврди дека има одлична соработка со Владата и со премиерот Бранко Црвенковски, но затоа нема разбирачка со Киро Глигоров. Сорос цела година предлага Македонија да се преименува во Славомакедонија. Владе Милчин добива доживотна специјална улога на истурен логистичар за потребите на проектите на Бранко Црвенковски.
- Во новогодишниот број на „Нова Македонија“ Бранко Црвенковски објавува прекинување на коалицијата со ЛП на Андов. Следува реконструкција на Владата и промовирање на Љубомир Фрчкоски во шеф на дипломатијата.

1996
- Следува и новата територијална реорганизација без јавна расправа или учество на опозицијата.
- Фрчкоски како шеф на дипломатијата почнува да зборува за нужноста да се дефинира македонскиот идентитет, односно да се допрецизира со некаква додавка.

-----------------------------

Сево ова погоре цитирано за мене е вистина, ако грешам некаде, слободно исправи ме.

На тоа и се однесува последната реченица од мојот пост:
Во нејзините зборови има МНОГУ вистина, само кој сака да ја сфати.
(Сум испуштила можеби едно суштинско зборче: кој КАКО сака да ја сфати, а што се однесува на заклучоците од текстот.)

Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 04:06
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Originally posted by anastea anastea напиша:

Во нејзините зборови има многу вистина...

Ova go zakluchi od faktite, dokazite i materijalite koi taa gi citirashe i gi prilozhi kon svojot tekst ili...?
 
Sekogash krajnata odluka zavisi od CHUVSTVOTO za vistinata, logikata i pravilnosta/moralnosta. Faktite, dokazite i materijalite se samo voved za podtiknuvanje na tie chuvstva. намигнување
 
Shteta shto mnogu lugje go NEMAAT toa chuvstvo, pa mnogu lesno zatalkuvaat na ubavo servirani prikazni kako "jaki argumenti" za nivnata "vistina". голема%20насмевка
 
A vo gorniov sluchaj VISTINATA e na stranata na Mirka! намигнување среќа
 
 
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 05:42
Во истиот тој текст на Мирка има десетици неточни (или барем спорни) моменти. Така што - како решаваме за угледот и квалитетот на новинарот? Ако е 50% точно, значи добар е?!
Од чисто професионален аспект - овие написи на Мирка се чист дилетантизам и аматеризам.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 06:09
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Во истиот тој текст на Мирка има десетици неточни (или барем спорни) моменти. Така што - како решаваме за угледот и квалитетот на новинарот? Ако е 50% точно, значи добар е?!
Од чисто професионален аспект - овие написи на Мирка се чист дилетантизам и аматеризам.
 
Sushtinata na poentata e vazhno da e vistinita, ostanite detatalni "sporni" momenti se odreduvaat na sud, so pokrenuvanje na celosna postapka i ispituvanje na celiot sluchaj. намигнување
 
Isto kako na primer; nekoj da UKRAL neshto a ima nekoi sporni dopolnitelni elementi koi nekoi lugje veruvaat deka mu se kalemat. Taa lichnost vo sekoj sluchaj e KRIMINALEC, megutoa za toa "shto tochno i kolku ukral" ke se dokazhe po otvaranje na edna takva postapka. намигнување
 
 
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 06:54
Немам сомнежи дека лицата за кои се зборува имаат нечисти работи, за кои еден ден ќе одговараат...
Но зборував за "професионализмот" на таканаречената новинарка.
Не навлегувам во тоа дали тоа кое го пишува е вистина или не... Таа е новинар, а не блогер или форумџија! Ние може тука да зборуваме колку сакаме, да фрламе теории, веројатности, па дури и добро познати работи и немаме никаква одговорност за тоа да приложиме факти, докази, потврда. Новинар, кој пишува за најстариот и најпознат Македонски весник, не може да си дозволи таква аматерштина!
Освен тоа - со самото тоа што наведува еден куп невистини, меѓу купот вистини - едноставно значи дека нема кредибилитет. Новинарот има обврска кон луѓето на кои им пишува (читателите), како и кон луѓето за кои пишува. Тој не е маалски муабетчија, кој после две пива, на клупа пред зграда може да вергла за политика...
Само што во Македонија има премногу "новинари" кои сеуште не умеат да ја направат таа разлика. За жал - има премалку кои умеат.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 08:16
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Немам сомнежи дека лицата за кои се зборува имаат нечисти работи, за кои еден ден ќе одговараат...
Но зборував за "професионализмот" на таканаречената новинарка.
Не навлегувам во тоа дали тоа кое го пишува е вистина или не... Таа е новинар, а не блогер или форумџија! Ние може тука да зборуваме колку сакаме, да фрламе теории, веројатности, па дури и добро познати работи и немаме никаква одговорност за тоа да приложиме факти, докази, потврда. Новинар, кој пишува за најстариот и најпознат Македонски весник, не може да си дозволи таква аматерштина!
Освен тоа - со самото тоа што наведува еден куп невистини, меѓу купот вистини - едноставно значи дека нема кредибилитет. Новинарот има обврска кон луѓето на кои им пишува (читателите), како и кон луѓето за кои пишува. Тој не е маалски муабетчија, кој после две пива, на клупа пред зграда може да вергла за политика...
Само што во Македонија има премногу "новинари" кои сеуште не умеат да ја направат таа разлика. За жал - има премалку кои умеат.
 
Za zhal deneshniot profesionalizam se sveduva i na "maalski muabeti" i toa NE e neviden "simptom", tuku fakt shto NASEKADE go ima a i od nadvor e donesen. Vo sekoe nekoe vreme na "panika i bezumie" kakvo shto e deneshnicava, lugeto se poveke i poveke gi pomestuvaat tie granici na profesionalnost, dostoinstvenost, moralnost za da sobere po ushte nekoja "novodojdena glupost", koja ke ja vbrojat vo ramkite na normalno i pravilno.
 
A koga ke mi tekne deka celi VOJNI se pravat na bash takvi neosnovani obvinenija, pa shto ostanuva za komentarot i stilot na pishuvanje na Mirka.  Vo vakvi budali vreminja ponekogash novinarite i osekaat obvrska kon narodot shto poskoro da go obavestat za neprijatnostite koi se sluchuvaat a tie gi razbrale na ovoj ili onoj nachin, za da gi predupredat i po mozhnost sprechat ili ublazhat posledicite - i tuka NIKOJ NEMA PRAVO DA GI OBVINUVA! намигнување
 
Megutoa sepak poznavajki ja nejzinata predhodna rabota ne veruvam deka se raboti za podpolna neargumentiranost a faktite sigurno e deka bi se dostavile na mesto, dokolku IMA potreba od toa.
 
 
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 13:02
Сепак, го задржувам правото да не се согласувам со тебе во врска со ова. Новинарот нема право да изјавува граѓанско мислење, туку само факти и анализи (поткрепени со факти). Тоа е во основата на таа професија. Ако сака да развива теории - нека си отвори блог.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 13:09
Toa e tvoe mislenje i imash pravo na toa! намигнување 
 
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 16:06
Зидарски, јас погоре цитирав што според мене е вистина во текстот. Ако мислиш дека 50% од текстот е невистина, тогаш да дискутираме за тоа, а не за Мирка. Има спорни и најасни моменти, кои се производ на нејзината анализа во вид на заклучоци, но самото тоа што ние не ја знаеме апсолутната вистина, не ни дава право целиот текст да го прогласиме за дилетантски.
Поважно од угледот и квалитетот на новинарот, за мене во овој случај е “угледот и квалитетот“ на политичарите за кои пишува. Зошто никој не се прашува што ако сето тоа е вистина???

Мирка не е тип на класичен новинар, кој пренесува дневни настани од политичкиот и јавниот живот, туку се занимава со политичка анализа, а нејзиниот текст е колумна. Во колумните, авторите изнесуваат свои сопствени мислења и ставови, на што имаат право, без разлика дали се новинари, интелектуалци, политичари, професори... Таа своето мислење го поткрепува со анализа на фактички хронолошки настани кои ни се случиле. Ако во текстот има искажано невистини, навреди и клевети, клучно прашање е: зошто Мирка никој не ја дава на суд?


Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 21:38
Нема да навлегувам во објаснување околу професионалноста и што треба да претставува еден новинар... веќе пишав за тоа...
А колку до последното - зошто никој не ја дава на суд?
Затоа што ако се стигне до суд, ќе бидат замешани толку многу страни, толку многу работи ќе треба да се извадат на јаве за да се извадат сите од оваа ситуација, што ќе се направи огромна штета, пред се за Македонија. И сето тоа, заради нешто што е погрешно претставено и поставено уште од почеток...
Затоа - самата таа ќе мора во доста скоро време да се извади од кашата, или целата ситуација да се "заборави", затоа што инаку ќе предизвика големи проблеми, без потреба и без причина.
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.