|
Дали злото може да биде и добро? |
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Автор | |||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Морам да се појаснам малце,зашто јас на себе си заличив на пацифиста кога ги прочитав другите постови.
Наjпрвин да кажам дека потполно се согласувам со Марија магдалена <<Неискористувањето на можноста да спречиме некое зло-е само по себе зло, не чинење добро.>> Затоа и во мојот прв пост реков дека многу е тешко, и претерано симплифицирање,да се гледа се црно-бело. Има голема разлика во тоа да се брани сопствениот и од тоа да се брани животот на ближниот! Затоа и Христос вели дека нема поголема љубов од тоа некој да ја положи душата за своите пријатели. Или во едно од посланијата од светиот апсотол Павле дека кој не се грижи за своите домашни полош е од неверник.Тоа освен за духовното добро се однесува и за телесното добро на истите тие ближни. Христијанството многу пати е обвинувано дека е пасивна религија иако едно од христијанските мота(така да се изразам) е ПРАВИ ГО ОНА ШТО САКАШ ТЕБЕ ДА ТИ ГО ПРАВАТ. Друго што сега ми текнува е случката кога војниците дошле кај Свети Јован Крстител и го прашале што да прават.Не им рекол сместа да остајте војната служба и да не користите оружје,туку им рекол да бидат задоволни со своите плати! или пак канон од свети Василиј Велики којшто гласи: "Во случај на војна ,христијанинот е повикан да учествува во него ,бидејќи,ако христијанинит бил достоен за името што го носи, ќе бил во состојба да ги преобрати сите околу себе така што сите да чуствуваат љубов едни кон други,и до вооружен конфликт не би ни дошло.Вака бидејќи ја сноси одговорноста за крвопролевањето ,самиот треба да учествува во судирот." Или пак од житието на светиот Константин философ,кога бил во мисија кај Сарацените. Они го прашале зашто не го слушате Иса кога вели да го вртите другиот образ ако некој ве удри ,и сега зашто на нас(Муслиманите) воено ни се спротиставувате.Одговорот на Светиот Кирил бил дека нема поголема љубов од таа да се положи душата за своите ближни,а кога гледаме како некои наши ближни духовно ќе настрадаат од непријателите тогаш праведно е да се брани ближниот дури и со воени средства! Или пак мојата најомилена реченица(иако нон стоп заборавам од кој свет отец била кажана) "Подобро праведна војна отколку мир кој одалечува од Бога" Сега ова го нафрлив што моментално ми текна,бидејќи ова е голема тема за разговор. Изменето од ahmar1 - 19.Февруари.2009 во 15:54 |
|||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Polzavche, ajde otvorija Biblijata i vidi kako Bog sudi, nareduva i egzekutira preku lugjeto... znachi i preku tebe.
Izgleda nie ne zhiveeme vo isti svetovi ili ti ne sakash da se soochish so realnosta. Velish, koga kje vidish kako nekoj go isturil benzinot i se fakja za zapalkata ti kje sednesh i kje pochnesh da mu se molish na Boga da prevzememe neshto??? I shto ochekuvash? So tvoe prisustvo na toa mesto kako Bozhje chedo, so tvoja mozhnost vo istiot mig da reagirash i da gi spasish decata i nevinite lugje od toj psihopat, ti kje sednesh i kje pochnesh da se molish za Bozhja mudrost ili go izvestuvash sto se sluchilo ochekuvajkji Negova momentalna direktna intervencija, kako Toj da ne znae sto se sluchuva? I sega, kako ochekuvash tvojata molba da bide uslishana? 1. Bog da ja pushti svojata ogromna raka od nebesata i da go smachka demonot? 2. Da pushti eden grom? 3. Mozhebi eden kamion? 4. Ili podobra ideja bi bilo instanten srcev udar? 5. Ili najdobro, nekoj drug da se zamesha vmesto tebe i taka toj da zeme grev na svojata dusha, decata da se spasat, a ti da ne ostanesh nitu so najmala fleka na grev? Pa ako tie raboti odea taka polzavche nie nemashe da zhiveeme vo vakviot svet, tuku kje bevme vo Rajot. So nashata pasivnost i nesprechuvanjeto na zloto i grevot, mislejki deka na toj nachin nie nema da napravime grev, vsushnost e dozvoluvanje zloto i grevot da bidat izvrsheni ili so drugi zborovi - toa e impicitno zastanuvanje na strana na zloto.
I ova e onoa poslednoto za koe se drzhat site vernici... So drugi zborovi toa znachi "bidejki se plasham deka od neznaenje, nerazbiranje ili od bilo koja druga prichina mozhebi nekogash i nekade kje zgresham, pa taka kje napravm grev i potoa nema da otidam vo Rajot i nema da mu sednam na Boga od desnata strana, jas si odbiram da bidam potpolno pasiven/na i celata odovornost da mu ja prefrlam na Boga." I mislish deka taa "mudrost" kje te spasi? Polzavche, Isus reche "Ljubi go blizhniot svoj kako sto se ljubish sebe si" i "Pravi im na drugite onoa sto sakash i tie tebe da ti pravat." Toa polzavche e aktivno sledenje na Bozhjiot zbor, toa e Bozhjata poraka i Bog toa ochekuva od tebe, a ne paraliziranost, pasivnost, samo molenje bez dejstvuvanje i nekakvo beskonechno teoloshko teoretiziranje za toa sto e dobrina, a sto e grev. Изменето од Messenger - 19.Февруари.2009 во 16:05 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За човекот што се дави...........
Ако јас му се спротивставувам на Бог во извршувањето на Неговата волја, Тој ќе ме спречи да му помогнам на давеникот....... .......Ма, кога ќе размислам подобро, всушност јас немало ни да се најдам таму и да бидам сведок на чинот на давењето........ќе се најдел некој бесчувствителен, кој давењето на човекот нема ни да го -допре- |
|||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вака цитиран делот од мојот пост и коментарот под него дава сосема искривена слика на она што јас го кажав погоре(Благодарам за забелешката ) Кога се чита целината се гледа дека смислата е сосема поинаква. Зборот е дека Бог нема да те испрати да извршиш злодело заради некоја си добра цел.......Нема да те стави во ситуација да си ја огрешиш душата (убиство), поради било каква возвишена цел.......Вака сфатена мојата изјава е сосема поинаква од твоето толкување за тоа дали Бог и убиството одат или не одат во ист кош.....Сега се надевам дека е јасно........Ова со кошот поинаку си го сфатил...... |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ех, ех, ... сеА, ама ја кажа ...! Па зарем не си прочитала во библијата, на колку места се вели дека бог (по разно разни основи), за казна убива? И не само директниот извршител, туку и до неколку колена од неговото потомство. Верувам има на десетици стихови каде се опишуваат вакви настани. Ајде, да не набројувам сега, ќе спомнам само за Содома и Гомора. Но, добро! Ова ме наведе на еден друг пример, спротивен на оние од погоре. Што ако некој човек се дави? Ќе се обидеш да го спасиш? Претпоставувам дека ќе речеш - да, ќе го спасам! Но, што ако во таа своја (добра) намера ти (несвесно) му се спротивставуваш на бог во спроведувањето на Неговата воља? Од каде знаеш ти, каква намера имал бог со тој човек? Можеби го „искушувал“ во неговата вера! Можеби бог му пресудил таква смрт за некој негов лично сторен грев, или за некој грев сторен од некој негов предок. Оти, нели бог казнува и неколку колена (генерации) од потомството на грешникот! И? Ќе го спасиш ли човекот кој се дави? |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не можеш Марија да бидеш инструмент на Божјата волја во погорепосочениот пример........ -Божјите инструменти- не подразбираат убиства........ Може да си Божји инструмент за да најадеш некој гладен, па Бог знае дека ти имаш леб и да го прати кај тебе; Да угостиш некој кој нема кај да преспие, па Бог знае дека ќе го примиш и да го испрати кај тебе итн итн......... Но да те испрати Бог да извршиш убиство???????????? Ај размисли дали убиството е од Бога??????? А за вториот дел од твојот пост дека неспречувањето на злото е само по себе зло....... ......не се согласувам.......не знам како може да биде зло тоа што ќе се воздржам од убиство......... Оставете на Бог, тој ќе знае што треба да направи со пироманот и да ги избави дечињата од ситуацијата......Сезнаен е..... |
|||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кога се размислува за поставен проблем со вака екстремни примери секогаш се дефокусираме од суштината на проблемот......И зошто да морам баш да го убијам тој човек? Можеби во тој момент ќе најдам некое друго решение со кое нема да морам да направам зло.......Вака поставено личи на сценарио од филм........Туку ај штом се фативте за екстремности еве го моето видување.... Велите според Божјата промисла јас да сум се нашла -случајно- таму и да сум била баш јас таа што е во можност да го убие -пироманот- .............. Хм.......Бог не би те поставил во ситуација да направиш ЛОШО заради некоја Добра цел........никогаш.......Бог нема да те стави во стуација да треба да си наштетиш на твојата душа...заради било каква цел (добра, лоша не е важно) Ако евентуално си доведен во таква ситуација е Бог да види колку веруваш во него......дали ќе ја земеш правдата во свои раце или ќе оставиш Тој да суди........ Ако ја земеш правдата во свои раце (ти да му пресудиш на пироманот т.е да го убиеш).....тогаш НАЈСИГУРНО тоа не е од Бога дадена опција, понуда, предлог......БОГ и УБИСТВО во ист кош...никако не идат....... Ако пак оставиш тој да пресуди и му се молиш, тој нема да ја остави твојата молитва неслушната........Ако е искрена ќе ја исполни.......а исполнувајќи ја твојата молитва, ќе ги спаси дечињата...... БОГ може допуштил да се најдеш во таква ситуација само за да ти ја искуша вербата во него....па на нас е да решиме ќе бидеме судии самозамислени или ќе му оставиме на Врховниот Судија да си ја врши работата....... |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Amin maria, amin! |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Оооооо! Оди ваму да те гушнам за ова што го рече.
|
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За споредба ги ставам овие два поста :
Заклучок од ова?! Дали не сте се запрашале што ако токму вие, по божја предумисла (воља), тој однапред не одредил токму вие во тој момент да се најдете во таа ситуација да го спречите претстоечкото насилство? А вие незнаејќи дека бог токму вас ве одбрал за спречување на тоа зло, не го извршите. Значи, како знаете дека бог во некои ситуации го оправдува злото (заради искушение, созревање, ... бла, бла, бла ...), а не знаете дека преку вас сака да спречи (по големо) зло? Дали сум јасен што сакам да кажам? Мислам ме разбирате! |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Светиот апостол Павле вели: Сè ми е позволено, но не е сè полезно; т.е., сè можам да правам, бидејќи имам слободна волја, но многу од тоа сè ќе биде погубно за мојата душа. |
|||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Sekoj od nas e sposoben da ubie...i sekoj od nas moze da ubie, pod posebni okolnosti...osven Isus, no Isus e nad- covekot.
Ne e strasno toa da se priznae, toa e vo osnova na nasiot instinkt, i toa ne ne pravi losi lugje. |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
So drugi zborovi velish deka, za tebe, tvoeto nepravenje zlo e povredno od spasuvanjeto na dush*te na bilo kolkav broj nevini Bozhji cheda. Velish deka ti bi ostavila da gorat nevini deca, iako si mozhela da gi spasish. I ti toa bi go ochekuvala da bide storeno i od drug chovek. Zamisli megju site tie deca da se naogjaat i tvoite, pa poradi takvoto razmisluvanje na eden chovek, koj mozhel da gi spasi, a ne go napravil toa, site tie da bidat storeni pepel... Ili ushte podobro, pojasno i pofokusirano... kolku navistina samata iskreno da si poglednesh vo svcevinata na svoeto bitie, onamu kade sto e vgradena Bozhjata iskra koja nikogash ne te napushta... Zamisli megju decata da bidat i tvote sinovi i kjerki i ti da bidesh vo istata situacija, da mozhesh da gi spasish pravejki eden grev so cel da storish dobro... DALI I TOGASH BI GO REKLA ISTOTO ONOA STO GO NAPISHA VO TVOJATA POSLEDNA REPLIKA : Не би убила човек заради постигнување на ДОБРО од не знам колку големи размери........... ........Никогаш....... Изменето од Messenger - 18.Февруари.2009 во 23:35 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |