|
Дали злото може да биде и добро? |
Внеси реплика | страница <1234 8> |
Автор | |||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Исклучиво ако злото би придонело за гоооооолемо добро.... И исклучиво ако тоа добро усреќи многу луѓе (а не само еден) на пример не да ги усреќи само моите егоистички интереси........ И исклучиво ако тоа зло е речиси нзабележливо по евентуалните последици (во негативна смисла)....... |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
1. Да не беше лошото - бакнувањето (предавањето) на Исус од страна на Јуда - немаше да се оствари божјото пророштво за спасителот. Абе, како божем римјаните не знаеле кој е Исус, ама ај, мора да се има чин на официјално „предавство“!
2. Ако сте во авион кој е киднапиран и киднаперот се заканува дека ќе ве убие вас и сите други во авионот со активирање бомба, а вие сте во позиција да го убиете киднаперот, нема да го сторите тоа? Од хумани причини или за да не си грешите душа пред вашиот бог? 3. Гледате како некој полива канта со бензин околу некој детска градинка и се приближува со запалено дрво со намера да го запали бензинот, што ќе правите вие? Ќе му се молите на „севишниот“ да го спречи пироманот или ќе се молите изгорените деца да ги прими во рајот? Јас ќе го убијам. Овие драстични примери ги давам за да се сфати суштината на добрината на злото кога е за добро. |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Интересни размислувања..
мада мора да се согласам со макриос дека занимањето со хипотетички ситуации од типот што би било кога би билоне носат никава духовна полза. бидејќи има безброј ситуации и личности и не може у една реченица да се изведе заклучок.Затоа ќе наведам еден пример од средновековна Грузија. Во еден плачкашки напад на Лазите(муслимански кавкаски народ)на еден град во приморјето на Црното Море.Откако го осволе градот и го опљачкале, почнале да ги бараат жителите кои се скриле во некои скришни подземни простории на црквата во градот.(Градот бил занаетчиски центар и занаетчиите на пазарот на робови биле речиси бесценети,но со нив имало и многу жени и деца. Грузијците ги слушале како Лазите ја претураат црквата и наеднаш едно бебе почнало да плаче на цел глас!! сите во подрумот се стресле од страв.Најпрвин се обиделе да го смират детето но тоа упорно плачело на цел глас.Тогаш еден од водачите рекол ако не се смири ќе го задавиме детето само за да се спасиме од заробување.(нели еден к*рбан да иде за да се спасат другите).но тогаш истапиле некои старци и рекле,(сега парафразирам)Браќа не правете таков грев!!што ли ќе ни е градот и тоа привремено да се спасиме од ропство ако ја имаме крвта на ова дете на своите раце,каков ли оправдување ќе дадеме на судниот ден кога ќе треба да одговараме за крвта на тоа невино дете!Нека биде волјата Божја во се!и така детето не го задавиле и Лазите го чуле плачот и ја откриле криптата и ги одвеле сите во ропство.. прашањето е сега дали правилно постапиле? според мене да,правилно постапиле,бидејќи,Христос вели дека залудно е ако го придобиеме целиот свет а и напакостиме на својата душа.Или пак една реченица од Свети Григориј Палама, мислам беше(не ме фаќајте за збор),Ако за да постигнеме некоја добра цел, употребиме како средство нешто зло тогаш и целта станува зла,без разлика што сметаме дека тоа е добро. Језуитското начело-целта ги оправдува средствата- во Православието не важи. Изменето од ahmar1 - 18.Февруари.2009 во 15:04 |
|||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ахмар, искрено да ти речам се сомневам во вистинитоста на приказната. Таа (секако според мене) е само како една поучна приказна или ако сакаш како пропаганден акт за непогрешноста на христијанството, за непоколебливоста во вербата во Исус, за неговата хумана цел...
За воља на вистината и јас знам еден таков вистински настан од една моја (сега веќе покојна) сосетка - баба Олга, која по потекло беше од с. Преод - светиниколско. Таа, кога ја прашав кога е родена, ми рече: „ Сум се роди’ла кога турци бегаа. Тогај тие како су бегале, такој су убивале. Много с’м плакала и мојте сака’ле су да ме зада’ват кога се кријале. Арно ама турци су биле подалечко и не ме чујале ...“ Значи, овде чиста случајност била што турците биле подалеку, инаку ... не ми се верува дека некој од селаните ќе се жртвувал себе си и своето семејство за да спаси едно штотуку родено бебе и тоа токму поради некое религиозно убедување. Но, ова што ти во твојов пост го велиш за моите примери дека се хипотетички ситуации, всушност е сурова реалност. Зарем еден е случај на киднапирање авиони? Зарем еден е случај на убиства по училиштата од страна на разноразни манијаци? Навистина, (сеуште) немало подметнување пожари во градинки како што реков јас во мојот пример, но, затоа има напади со огнено оружје и убивање на невини деца. Ти ќе стоиш и ќе го гледаш убиецот како ги убива невините суштества во училишниот двор? Нема да превземеш нешто да го спречиш? Или, само заради твоето религиозно убедување, ќе си гледаш сеир, па и ако тој се наврти кон тебе? |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Blagodaram ahmar1 za tvojot komentar. Patem, prashanjeto e daleku od teoretsko i so vakvi sluchai se srekjavame sekojdnevno, a nitu pomisluvame na toa bidejki ne ni se sluchilo tokmu nam.
Ne bi sakal da pomislish deka presuduvam za tebe koga kje repliciram na kazhanoto, bidejki toa ne go pravam so nikogo, tuku diskutirame za razlichnite stavovi, mislenja i veruvanja za da mozheme samite da razbereme podobro. Mi padnaa vo ochi tvoite zborovi so koi go opravduvash nedejstvuvanjeto od aspekt na primenuvanje na zloto za da se napravi dobro:
Tvoeto razbiranje e deka Isus rekol (simplificirano) ne pravete nishto sto e protivno na desette Bozhji zapovedi zatoa sto toa e grev i taka kje si ja napakostite svojata dusha. Ako ne se lazham (popravi me ako gresham) ti velish deka, spored takvata interpretacija, nenapakostuvanjeto na tvojata dusha e povredno od spasuvanjeto na zhivotite na site drugi Bozhji cheda? Znachi ako si vo situacija, kako sto navede Zlatnik so primerot na gradinkata ( a takov slichen primer imashe tokmu vo Rusija so edno osnovno uchilishte), ti kje go ostavish chovekot da gi zapali decata samo za da ne si ja ogreshish dushata? Ako si vo situacija da sprechish nekoj terorist da otepa duzina nevini lugje, ti nema da go storish toa samo za da ne si ja ogreshish dushata? Za tebe, otepuvanje na toj demon e zlo, pa spored toa i celta na spasuvanjeto na lugjeto i decata e zla? I ubeden si deka tokmu toa e sushtinata na Isusovoto propovedanje??? Изменето од Messenger - 18.Февруари.2009 во 16:28 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
No sekoj nastan od idninata gi frla svoite senki vo segasnosta, od kade sto moze da se procita ili naseti deka nesto se podgotvuva. Medjutoa preduslov za toa e da se zivee migot i da se ziveat Bozjite zakoni. Togas Bog ce moze i soodvetno da gi vodi ludjeto. Vo sprotivno sudbinata ce si trgne po svoeto tecenie. |
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не би убила човек заради постигнување на ДОБРО од не знам колку големи размери........... ........Никогаш....... |
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
maria, prashanjeto e dali NIE, vo nekoja situacija, bi napravile zlo zatoa sto celta na toa nashe deluvanje e postiganje na nekoe nesporedlivo dobro? Imame konkreten primer so teroristi koi grabnale nevini deca i spremni se site da gi otepat za da go svrtat vnimanieto na svetot za nivnata "pravedna vojna". Slichen primer imavme neodamna vo Indija koga grupa teroristi vlegoe vo hoteli i masakriraa edno chudo nevini lugje. Dokolku si vo situacija so tvoeto deluvanje, sto po definicija bi znachelo pravenje grev, da go sprechish krvoprolevanjeto na nevinite deca ili lugje, dali bi go storila toa ili ne? Dali tvojot grev, koj ima za cel da sto sprechi chovechka i humana katastrofa, kje bide za dobro ili ne? Изменето од Messenger - 18.Февруари.2009 во 23:20 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Марија мојот пост погоре не се однесуваше на твоето видување, туку на претходно изнесените........ |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
So drugi zborovi velish deka, za tebe, tvoeto nepravenje zlo e povredno od spasuvanjeto na dush*te na bilo kolkav broj nevini Bozhji cheda. Velish deka ti bi ostavila da gorat nevini deca, iako si mozhela da gi spasish. I ti toa bi go ochekuvala da bide storeno i od drug chovek. Zamisli megju site tie deca da se naogjaat i tvoite, pa poradi takvoto razmisluvanje na eden chovek, koj mozhel da gi spasi, a ne go napravil toa, site tie da bidat storeni pepel... Ili ushte podobro, pojasno i pofokusirano... kolku navistina samata iskreno da si poglednesh vo svcevinata na svoeto bitie, onamu kade sto e vgradena Bozhjata iskra koja nikogash ne te napushta... Zamisli megju decata da bidat i tvote sinovi i kjerki i ti da bidesh vo istata situacija, da mozhesh da gi spasish pravejki eden grev so cel da storish dobro... DALI I TOGASH BI GO REKLA ISTOTO ONOA STO GO NAPISHA VO TVOJATA POSLEDNA REPLIKA : Не би убила човек заради постигнување на ДОБРО од не знам колку големи размери........... ........Никогаш....... Изменето од Messenger - 18.Февруари.2009 во 23:35 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Sekoj od nas e sposoben da ubie...i sekoj od nas moze da ubie, pod posebni okolnosti...osven Isus, no Isus e nad- covekot.
Ne e strasno toa da se priznae, toa e vo osnova na nasiot instinkt, i toa ne ne pravi losi lugje. |
|||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Светиот апостол Павле вели: Сè ми е позволено, но не е сè полезно; т.е., сè можам да правам, бидејќи имам слободна волја, но многу од тоа сè ќе биде погубно за мојата душа. |
|||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|||
Внеси реплика | страница <1234 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |