IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Црвено - црни новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Црвено - црни новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 17>
Автор
Порака
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2008 во 21:03
po nekogas i go barat igracite
ima mnogu prodadeni dusi
sekogas ne se igra samo za pari
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2008 во 23:00
Нема што навивачите да ги напаѓаат играчите.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 15:56

Вардарци му порачуваат на Трифун Костовски да се врати

МВР се' уште работи на утврдување на лицата кои учествуваа во инцидентот на преслапот Стража

Сашко Ѓ. Димовски

Ден по одлуката на семејството Костовски да го напушти Вардар, фудбалерите на нашиот најтрофеен клуб упатија заеднички апел до спонзорот да го промени својот став и да се врати во „црвено-црните“ структури.

„Не е спорно дека екипата е во резултатска криза во ситуација кога клубот функционира беспрекорно на организациски и финансиски план. Во неколку натпревари се загубени бодови со примени голови во последните минути. Ние како фудбалери ја прифаќаме одговорноста за слабите резултати, но тоа треба да биде предмет на расправа во преодниот рок и во рамките на клубот“, се вели во почетоток на соопштението на вардаровите првотимци до средствата за јавно информирање.

„Не е добро за македонскиот фудбал и спорт воопшто да замине финансиер кој коректно и во целост ги исполнува своите финансиски обврски кон клубот и играчите, кој се има докажано и во Европа на спортски план. Затоа упатуваме заеднички апел до фамилијата Костовски да ја промени својата одлука и да остане во Вардар во овие тешки моменти за клубот. Зад спонзорот стојат сите вистински симпатизери на клубот и спортската јавност во Македонија која знае да препознае искрени заложби за создавање модерен фудбалски колектив“, се вели на крајот од дописот на „црвено-црните“.

Како претставник на првиот тим на Вардар, Мирослав Вајс, изрази поддршка за семејството Костовски и апелира да се врати во клубот.

Ниту претставници на клубот ниту пак фудбалерите не сакаа да говорат за идентитетот на сторителите на немилиот настан на преслапот Стража. Ја осудија постапката на дел од навивачката група „Комити“, но велат дека решавањето на случајот не е нивна обврска туку тоа е работа на припадниците на Министреството за внатрешни работи (МВР). Оттаму пак порачуваат дека се преземени сите мерки за утврдување на лицата кои учествуваа во инцидентот.

Со соопштение, вчера, се огласија и вработените во Вардар. И тие побараа промена на одлуката на семејството Костовски и негово враќање во клубот.

„Од вашето преземање на раководењето со Вардар сведоци сме на едно крајно професионално организирање на работењето и поставување на работните обврски во насока на успешно функционирање на клубот. Затоа, најискрено Ве молиме да се вратите и со заеднички сили да ги надминеме последните негативни случувања и заедно да продолжиме по патот кон успех кој веќе почнавме да го градиме“, е пораката на вработените во Вардар до семејството Костовски.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 16:00
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 19:17
Трифун Костовски дефинитивно си оди од Вардар(15.12.2008) после караницата што ја имаше на полувремето во ложата со Бране Прелоговски каде и покрај музиката на полувремето ечеше од викање и закани јужна.Иако Трифун пред натпреварот им објасни на играчите во соблекувална дека останува и дека цврсто е решен да го направи Вардар шампион, иако му кажа на Цане од Македонија Ѓ.П. со овие зборови ВИЕ И ДА НЕ ПОБЕДИТЕ ДЕНЕС,НИЕ КЕ БИДЕМЕ ШАМПИОНИ НА КРАЈ,знаејки дека требаше да дојдат квалитетни играчи од Реал Сарагоса (ШПАНИЈА) со кој он направи контакт за соработка и размена на играчи, дека е купен Миранда во Пелистер што игра и дека треба да дојдат уште двајца бразилци од Локомотив Пловдив, и уште ред многу квалитетни фудбалери од Македонија и странство.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 19:18
исто се фаќа
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 19:21
Ne e Trifun izgleda kriv za ova nego drugi sto imaat nesto protiv Vardar! Da ostabese moze stvarno ke se desese ova sto trebase za vreme na zimskava pauza da se desi...

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 19:26
јас ти кажав голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 09:43
"Комитите" не си одат, Трифун си оди, Вардар во "кома"

"Нема да го напуштиме Собранието во кое и онака имаме симболично учество. Ние не сме тие што го водевме и доведовме клубот до ова.
Трифун има договор со Вардар до 2012 година, а досега нас никој официјално не н$ известил дека тој го напушта клубот", велат од Иницијативниот одбор

Најтрофејниот македонски клуб очигледно и деновиве ќе живее во стилот на најефтините филмски приказни, под постојана неизвесност во очекување на почетокот на зимските подготовки.

Во петокот, по меѓусебните состаноци, двата колективни члена во Собранието на клубот, Орце Камчев и Трифун Костовски се појавија со ултиматиум до третиот сујбект во највисокиот орган на клубот, Иницијативниот одбор за спас (ИО), односно "Комитите", да го напуштат раководството на клубот доколку се сака Вардар и натаму да биде воден како во изминатите шест месеци. Во текот на вчерашниот ден, пак, од фамилијата Костовски повторен ставот дека во секој случај го напуштаат "Градски", а од Иницијативниот одбор за спас, пак, како одговор на ултиматумот со јасна порака дека воопшто не планираат да заминат од Вардар.


"Ние нема во никој случај да го напуштиме Собранието на клубот. Деновиве чекаме официјален состанок меѓу трите страни па да видиме што ќе биде", велат од Иницијативниот одбор.

Изминатиов викенд и сите навивачки групи на клубот кои имаат членови во ИО одржаа состаноци на кои се согласија со овој став.

"Управниот одбор на 'Стара гарда комити' одржа состанок на кој едногласно е одлучено да не се прифати ултиматумот од страна на Камчев и Костовски за наше напуштање на Собранието на клубот", вели претседателот на "Стара гарда комити", Љупчо Трпезановски, кој е и член на Иницијативниот одбор за спас на клубот, притоа дополнувајќи:
"Вистинскиот проблем е во тоа што Иницијативниот одбор за спас никогаш низ целиот овој период немал официјален состанок, не сметаме средби со поединци во затворени канцеларии или кафе барови, со останатите два субјекти во Собранието, Трифун Костовски и Орце Камчев. Ние с$ уште ја чекаме таа средба на која трите страни ќе разгледаат како понатаму ќе функционира клубот. Нека седнат на заедничка маса, па нека соопштат кои се причините поради кои мора ние да го напуштиме Собранието, да ја разгледаме ситуацијата па да одлучиме. А, од друга страна, па кој одлучувачки фактор сме ние во Вардар? Кое е влијанието на нашите седум делегати во однос на нивните 22? Во што ние одлучувавме изминатите шест месеци за начинот на работа во Вардар".

Според членовите на Иницијативниот одбор моменталниот голем проблем на Вардар е поради тоа што живее само под шпекулации.

"За нас шпекулации е и тоа дека Трифун Костовски ќе го напуштел клубот. Ние тоа го читавме и го читаме само од медиумите. Досега Костовски не го известил со писмен документ Иницијативниот одбор, Управниот одбор на клубот, што значи постојано с$ е во сферата на нагаѓања.
Замислете, ете информација за повлекување на Костовски од Вардар немало ниту има ни на официјалната страница на клубот", вели Трпезановски, за кого постои и еден момент кој малку се потенцира во јавноста а кој, според него, и тоа како е значаен:
"Трифун Костовски има договор со Вардар до 2012 година. И тоа е ситуација за разгледување. Кој, како и зошто ги почитува или не договорите. Тоа треба да се разгледа на состанок со Костовски и Камчев.
"
Инаку, од Иницијативниот одбор за спас на клубот потенцираат дека деновиве, како и да е, очекуваат конечно официјален состанок со Трифун Костовски или претставник на групацијата "Гофи" и Орце Камчев.

"Доколку се случи Трифун Костовски да го напушти Вардар, тогаш во секој случај ќе бараме ново решение за клубот. Ние сигурно нема да го напуштиме Собранието на клубот затоа што и онака нашето учество е симболично", истакнуваат од Иницијативниот одбор.


Да се врати состојбата во клубот од јуни 2008

"Доколку се случи Трифун Костовски да го напушти Вардар тогаш треба да го врати клубот онака како што го затекна во јуни 2008. Што значи да ги врати фудбалерите кои ги ослободи без пари да минат во конкурентскиот клуб, и по само една недела откако ги ослободи да н$ посрамотат на 'Градски'. Никој од нас нема никаков удел и увид во сите тие договори кои ги работеа изминатите месеци. Никој од нас во ништо не се мешаше, ни во избор на тренери, ни во играчи, а сега сме главни виновници!? А, од друга страна сега се повторува приказната со ослободување и на овие фудбалери кои се во моментов во клубот. Оној Вардар кој го доби Трифун не беше суспендиран, а сега е пред суспензија од ФФМ. Ние имавме договор со Трифун Костовски дека од Вардар ќе направи европски клуб. Негови беа зборовите дека клубот резултатски ќе си поигрува со противниците низ шампионатот. Трифун добро нека размисли дали самиот, или кој и како ги изневерил неговите очекувања. Сигурно тоа не се 'Комитите', иако и ние признаваме наши грешки. Зарем Трифун Костовски кога го преземаше Вардар мислеше дека ќе го води Работнички? Верувам дека добро знае дека во Вардар не смее да има импровизации", вели членот на Иницијативниот одбор за спас на клубот, Љупчо Трпезановски.


СПОРЕД "КОМИТИТЕ" НАПАДОТ НЕ Е ПРИЧИНАТА ЗА ЗАМИНУВАЊЕТО НА КОСТОВСКИ

Цел месец се извинувавме за некоректната постапка

Поголемиот дел од "Комитите" се свесни за неоправданоста на потегот со нападот на фудбалерите по дуелот со кичевски Напредок. Јасно е дека таквата постапка, без никакво размислувања, е за крајна осуда. Но од Иницијативниот одбор не се убедени дека тоа е главната причина за заминувањето на Костовски.

"Па ние безмалку цел месец се извинувавме и преку медиумите за неоправданиот чин. Првпат во историјата на клубот се случува да ја преземеме одговорноста, да се оградиме од постапката со ветувања дека тоа не смее да се повтори. Но, и тоа не беше доволно за Костовски, што јасно доведува до заклучок дека сепак нападот не е причината за повлекувањето. Нападот е само добредојден изговор, затоа што и на Трифун Костовски му е јасно дека 'Комити' имаат 3000 до 4000 членови. Тешко дека може сите да се контролираат како што Трифун ги контролираше оние 9 навивачи на Работнички", вели Љупчо Трпезановски.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 11:25
so zdravje Trifunce!

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 16:17
Костовски се повлекуваат - со "тапија"

"Во текот на утрешниот ден и официјално со писмен документ ќе ги информираме раководните тела на ФК Вардар, како и медиумите за нашето конечно повлекување од натамошно финансирање на клубот", ни изјави вчера Коста Костовски

Актуелниот финансиер на најтрофејниот македонски клуб, групацијата "Гофи", преку која фамилијата Костовски беа застапени како носители на раководството во клубот изминатите шест месеци, денеска или најдоцна во текот на утрешниот ден и писмено ќе ги информираат сите управувачки структури на "црвено-црните" дека и официјално се повлекуваат од натамошното финансирање на Вардар.

По повикувањата од страна на Иницијативниот одбор за спас на клубот, кој е главно составен од навивачите на тимот од "Градски", дека досега ниту до клубот ниту до останатите колективни членови на Собранието на Вардар нема официјален документ за заминувањето на Трифун Костовски, вчера со конечен став с$ уште актуелниот потпретседател Коста Костовски.


"Во текот на утрешниот ден или најдоцна в среда и официјално со писмен документ ќе го информираме Управниот одбор на ФК Вардар, останатите членови на Собранието на клубот како и медиумите за нашето конечно повлекување од натамошно финансирање на клубот", ни изјави вчера Костовски, притоа дополнувајќи:
"По првичните најави за повлекување имаше одредени размислувања, притисоци, шпекулации за наше натамошно финансирање меѓутоа одлуката сега е конечна и на писмено ќе биде доставена. Понатаму останува новите раководители да го организираат натамошниот тек на функционирање на клубот".

Низ актуелната ситуација во која е "зафатен" Вардар сосема е јасно дека во најнезавидна положба се фудбалерите кои се поставени на крстопат. Ниту една од досегашните управувачки страни во клубот не знае како натаму ќе се функционира, а играчите на тимот постојано се во исчекување. Поголемиот дел, со оглед на неизвесната иднина пред која е поставен клубот, а кои во пакет токму со фамилијата Костовски минатото лето минаа од Работнички во Вардар, посакуваат заминување од "Градски". Исписници с$ уште не добиваат, со оглед на тоа што се под договор со клубот, "блокирани" се нивните желби за евентуална потрага по нови клубови и финансиско осигурување, а од друга страна стартот на зимските подготовки постојано им се одложува и не знаат дали Вардар во иднина ќе може да ги почитува нивните договори потпишани од летниот преоден рок 2008.

Во текот на вчерашниот ден повторно не се случи најавениот состанок со играчите, откако истиот во петокот во последен момент беше одложен.

"И ние чекаме одговор за тоа кои ќе бидат новите раководители на клубот, како со нив и со фудбалерите на заедничка маса би се седнало и би се нашло единствено решение за сепак успешен пролетен настап на Вардар, кој не би се оставил играчки на цедило во пролетната сезона. Од тој аспект и ние ја чекаме другата страна за да се одреди и натамошниот статус на играчите", истакнува Костовски.

Само ден претходно и од страна на Иницијативниот одбор за спас на клубот истакнаа дека чекаат средба со останатите два субјекти во актуелното Собрание на клубот. Фудбалерите и стручниот штаб исто така чекаат не знаејќи ниту кога и како ќе се стартува со подготовките, а очигледно и Вардар и оваа година ќе почека за посреќни денови.


Орце Камчев ќе ги почитува сите договори и обврски

Еден од трите субјекти кои го носат Собранието на "црвено-црните", бизнисменот Орце Камчев вчера со јасен став дека до крај ќе ги испочитува сите договорни обврски кон Вардар потпишани во јуни 2008 година.

"Јас до крај ќе го почитувам мојот дел од договорот со ФК Вардар потпишан во јуни 2008 како технички спонзор на клубот. Моите обврски кон клубот во целост ќе бидат исполнети, а сите други кои се инволвирани во досегашното раководење на Вардар сами одговараат и одлучуваат за своите постапки", ни изјави вчера Камчев.


АКТУЕЛНИОТ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ ДОАЃА И ПО ОДГОВОР ЗА СВОЈОТ СТАТУС

Милко
Ѓуровски утре во Скопје

Актуелниот шеф на стручниот штаб на Вардар, Милко Ѓуровски, кој има договор со клубот до јуни 2009 година утре треба да допатува во Скопје како дефинитивно би се разгледал и неговиот натамошен статус во клубот.

Од страна на финансиерите во заминување јасно беше ставено до знаење дека сите финансиски обврски за периодот на нивно владеење ќе бидат комплетно подмирени, па секако и кон стручниот штаб, меѓутоа исклучиво на Милко Ѓуровски, во договор со новите раководители, е да одлучи околу неговото останување или заминување од Вардар.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 17:20
"ПЛАНЕТ М" НАЈАВУВА МОЖНОСТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ

Мишо Поповиќ денеска со понуда за Вардар!

* "Преговорите со двата колективни члена во клубот се во интензивна, завршна фаза. Утре официјално ќе ја доставиме нашата понуда до канцеларијата на клубот", ни изјави вчера Сашо Тасевски, адвокатот застапник на "Планет М" која и во мај 2008 понуди 6.300.000 евра за четиригодишен период

Вчерашниот ден придружен со официјалното писмено повлекување на Трифун Костовски од најтрофејниот македонски клуб, за ФК Вардар донесе и најава од страна на компанијата "Планет М" за можност за преземање на тимот од "Градски".
Српскиот бизнисмен Мишо Поповиќ кој стои зад компанијата со регистрирано седиште во Малта, вчера преку својот адвокат застапник Сашо Тасевски и со официјално известување дека во текот на денешниот ден до канцеларијата на "вардарци" во писмена форма ќе ја достават новата понуда за преземање на Вардар.

"Утре официјално до канцеларијата на клубот ќе ја доставиме нашата понуда за финансирање во ФК Вардар. Понудата е максимално сериозна со намери вистински да се инвестира во клубот кој несомнено заслужува подобра иднина", ни изјави вчера Тасевски, притоа допрецизирајќи колкави се реално можностите за нивни влез во клубот.
"Мислам дека сега веќе шансите се навистина реални. Релациите секако се двата колективни члена кои останаа во клубот, а со кои посакуваме и очекуваме соработка. Преговорите се во интензивна, завршна фаза", вели Тасевски.
Како што е познато "Планет М", односно Мишо Поповиќ, уште во мај минатата година достави понуда за вложување во Вардар во период од следните четири години од вкупно 6.300.000 евра, или во првата година буџет од 1.200.000 евра, во втората - 1.500.000 евра, и во третата и четвртата година по 1.800.000 евра, меѓутоа поради одредени недоследности беше одбиена од страна на комисијата за избор на финансиер на ФК Вардар.
Во понудата на "Планет М" се гарантира изградба на две помошни игралишта, мини хотел за потребите на првиот тим, модерна медицинска установа за младинските селекции и купување на деловен простор на име на ФК Вардар на новата Северна трибина од "Градски", при што сите овие ветување би биле осигурани преку писмен договор. Според тој договор Поповиќ би бил согласен доколку не испочитува барем едно од ветувањата веднаш да биде прекината натамошната соработка.
Меѓутоа, низ актуелната понуда од "Планет М" истакнуваат дека во моментов како единствен услов го поставуваат останувањето на актуелните фудбалери во тимот.
"Тешко е во зимски период да се преземе клуб без фудбалери. Затоа нашиот единствен услов, е со исклучок веќе на одредените заминувања, сите останатите актуелни фудбалери да останат во клубот, т.е во моментов да не се дозволи слободно заминување. Меѓутоа, верувам дека околу тоа брзо би се договориле", вели Сашо Тасевски.
Што значи од "Планет М" официјално ќе ја достават својата понуда, меѓутоа сепак останува неизвесноста колку истата ќе биде прифатена од актуелните носители на Собранието на клубот. Околу Вардар с$ уште опстојуваат неколку варијанти за пролетен организациски изглед, па останува наредниве деновиве да го дадат конечниот одговор.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 17:22
Преговорите со "Планет М" се при крај

Преговорите околу преземањето на нашиот најтрофеен фудбалски клуб Вардар траат веќе три дена и во текот на денешниот ден се очекува разврска. Компанијата "Планет М", регистрирана на Малта, зад која стои српскиот бизнисмен Мишо Поповиќ од една страна и претставници на двата колективни члена во Управниот одбор на Вардар, Иницијативниот одбор за спас на Вардар и фирмата на Орце Камчев "Мода и спорт", се блиску до договор и доколку преговорите завршат со позитивен исход, викендов треба да почнат подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Денеска треба да пристигне и тренерот Милко Ѓуровски, кој по завршувањето на есенскиот дел се врати во Словенија. По завршувањето на преговорите ќе се знае и кој од играчите ќе остане во клубот. Според нашите информации, понудата на "Планет М" е истата од мај годинава, односно шест милиони евра за четири години управување, но тогаш нејзиниот обид да го преземе Вардар беше неуспешен и клубот отиде во рацете на Трифун Костовски. Српскиот бизнисмен сега сака чиста ситуација, односно сака целосно да има контрола врз клубот, што би значело заминување на сегашните членови на Собранието кој ги има 29.
Оваа неизвесност околу Вардар почна по заминувањето на Трифун Костовски, кој издржа само шест месеци на чело на "црвено-црните". Повод за неговото заминување беше нападот на клупскиот автобус на "Стража" по натпреварот со Напредок во Кичево од страна на дел од навивачката група Комити, која е дел од Управниот одбор преку Иницијативниот одбор за спас на Вардар.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 00:22
"Планет М" нов сопственик на Вардар

Српскиот бизнисмен Мишо Поповиќ со неговата фирма "Планет М", и дефинитивно го презедоа раководењето со нашиот најтрофеен македонски клуб, Вардар. По речиси неколкудневните преговори, Поповиќ го стави потписот на договорот, кој треба да биде официјализиран на собранието кое, според нашите информации, најверојатно ќе се одржи во четврток.

Со влегувањето на Поповиќ, Вардар конечно доби нов сопственик по напуштањето на Трифун Костовски кој се реши да ги прекине финансирањето на "црвено-црните" поради многу причини.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.