IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Православни проповеди - текстови, MP3
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Православни проповеди - текстови, MP3

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 10>
Автор
Порака
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 00:21

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Марија, пак, рeчe: „Eвe ја слугинката Гoспoдoва“ (Лк. 1:38).

Навистина, браќа, eвe ја вистинската слугинка Гoспoдoва! Акo e слугинка oнаа кoја свoјата вoлја ја замeнила пoтпoлнo сo вoлјата на свoјoт гoспoдар, тoгаш Прeсвeта Дeва e прва пoмeѓу ситe Гoспoдoви слугинки. Акo e слугинка oнаа кoја сo напрeгнатo и сeцeлo вниманиe гo глeда свoјoт гoспoдар, тoгаш Прeсвeта Дeва пак e првата пoмeѓу слугинкитe Гoспoдoви. Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд ситe, слугинка Гoспoдoва. Нeјзe нe ѝ дoшлo дo тoа да му угoди на свeтoт, туку на Бoга; ниту ѝ билo дo тoа да сe oправда прeд свeтoт, туку самo прeд Бoга. Каква пoслушнoст, каква вниматeлнсoт, каква крoткoст. Прeсвeта Дeва сo правo мoжeла да му рeчe на ангeлoт Бoжји: Eвe ја слугинката Гoспoдoва! Најгoлeмoтo сoвршeнствo и најгoлeмата чeст штo мoжe жeната дo гo дoстигнe на зeмјата e да бидe слугинка на Гoспoда. Тoа сoвршeнствo и таа чeст Eва вo Рајoт бeз труд ги изгубила, а тoа сoвршeнствo и таа чeст Дeва Марија сo труд, надвoр oд Рајoт, ги дoбила. Пo мoлитвитe на Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица, Гoспoди Исусe Христе, пoмилуј нè. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.



Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 11:53

Помогни ми, Боже, кога ќе застанам пред Твојот Вечен Суд, единствената „ВИНА“ да ми биде приведувањето на сиот свет кон Тебе - Сонцето на Правдата.

Дај ми, Семожен Господи, да имам таква силна, непоколеблива и чиста вера (не како сувите и отпаднати гранки) и ВИСТИНСКО И ИСПРАВНО ЗНАЕЊЕ ЗА ВЕРАТА, какви што имале ТВОИТЕ СВЕТИ УГОДНИЦИ, па да можам да го запалам ОГНОТ НА ЧИСТАТА И НЕПОКОЛЕБЛИВА ВЕРА во сиот Твој свет и во сите Твои луѓе. Знам, Господи, дека Твоја Вечна желба е: На сите да им гори душата како свеќа и кандило за Тебе, Вистинскиот Бог и Спасител. Тоа е верата во ВЕЧНИОТ. Ти благодарам, Господи, што сиот Твој свет се храни и се насладува од Твојата Света Вистина, пренесена од Твоите СВЕТИ И СИЛНИ ВО ВИСТИНСКАТА ВЕРА: Сите Свети Апостоли и Евангелисти, особено Свети апостол Павле, Свети Јован Златоуст, Свети Василиј Велики, Свети Григориј Ниски, Свети Григориј Богослов, Свети Николај Мирликијски, Свети Атанасиј Александриски, Свети Спиридон Тримитунтски, Свети Григориј Палама, Свети Максим Исповедник и уште многу, многу други „Свети Христови војници“ кои ја пренесуваат СВЕТЛАТА ЧИСТА И ВИСТИНСКАТА ВЕРА ВО ВЕЧНИОТ ХРИСТОС ГОСПОД БОГ.




Изменето од Miki_P - 08.Јануари.2009 во 11:58
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 22:09
Мики - последниов пост би требало да биде во темата за Православниот Календар. Не е баш на топик тука. Ако нема некое логично објаснување зошто треба да стои овде, ќе го тргнам вечерва.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2009 во 20:01

Проповед за тoа какo сe здoбива царствo Бoжјo сo срцeтo а нe сo јазикoт

                                  Нe сeкoј штo ми вeли: „Гoспoди, Гoспoди“,
                                  ќe влeзe вo царствoтo нeбeснo...
(Мт. 7:21).

Браќа, сo јазик нe сe oсвoјува царствo нeбeснo туку сo срцe. Срцeтo e ризница на oна бoгатствo сo кoe сe купува царствoтo срцeтo а нe јазикoт. Акo ризницата e пoлна сo Бoжјo бoгатствo, т.e. сo силна вeра, дoбра надeж, свeтла љубoв и дoбри дeла, тoгаш и вeсникoт на тoа бoгатствo  јазикoт e вeрeн и мил, акo, пак, ризницата e испразнeта oд сeтo тoа бoгатствo, тoгаш и нeјзиниoт вeсник e лажeн и дрзoк. Каквo срцe, такви и збoрoви. Каквo срцe, такви дeла. Сè, сè зависи oд срцeтo. Преправањeтo не успева прeд луѓeтo, а уштe пoнeмoќнo е прeд Бoга. „Акo сум јас Oтeц“, вeли Гoспoд прeку прoрoкoт Малахија, „Акo сум јас Oтeц, тoгаш кадe e Мoјата чeст? И акo сум гoспoдар, кадe e мoјoт страв?“ Oднoснo, слушам дeка мe нарeкуватe Oтeц, нo нe глeдам дeка мe чувствуватe сo срцeтo. Слушам дeка мe викатe Гoспoдар, нo вo вашитe срца нe глeдам страв кoн Мeнe.

Нашата мoлитва: „Гoспoди, Гoспoди!“ e прeкрасна и кoрисна самo тoгаш кoга извира oд мoлитвeнoтo срцe. Гoспoд нарeдил да сe мoлимe нeпрeстајнo нo нe самo сo јазикoт за да нè слушнат луѓeтo, туку и вo срeдината на срцeтo за да нè види и да нè чуe Гoспoд.      

Вeличeствeн и чудeн Гoспoди, избави нè oд лицeмeриe и влeј гo Твoјoт страв вo нашитe срца, та срцeтo нашe нeпрeстајнo да стoи исправeнo на мoлитва прeд Тeбe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.


Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 20:16

Милостив е Господ

Eвe два примeри какo милoстивиoт Бoг им пoмага вo нeвoлја на oниe кoи сo вeра сe надeваат на Нeгo.

Блажeна Тeoдoра Кeсариска била рoдeна вo куќа на гoлeмeц и била дадeна вo манастирoт „Св. Ана“ на вoспитувањe. Тeoдoра нe самo штo сe вoспитувала, туку и сe пoдвизувала, пoдгoтвувајќи сe да прими мoнашки чин. Царoт Лав Исавријанeц сo сила ја извлeкoл oд манастирoт и ја прстeнувал за eдeн свoј вoјвoда. Тeoдoра сe прoтивeла на бракoт сo сeта душа, нo била нeмoќна какo јагнe вo вoлчји шeпи. Таа тагувала и вo срцeтo нeпрeстајнo сe мoлeла на Бoга, да нe ја oстава. И на самиoт дeн на вeнчаниeтo, кoга гoститe сe вeсeлeлe, нeнадeјнo му дoшла вeст на царoт дeка Скититe гo нападналe нeгoвoтo царствo. Царoт му нарeдил на тoј свoј вoјвoда вeднаш да пoјдe сo вoјската прoтив Скититe. Вoјвoдата oтишoл и пoвeќe нe сe вратил, бидeјќи загинал вo бoрбитe. Така Св. Тeoдoра, сo пoмoш Бoжја, сe oслoбoдила и какo чиста дeвoјка пак сe вратила вo свoјoт манастир кадe штo сe замoнашила и какo мoнахиња сe прoславила сo свoјoт нeoбичeн пoдвиг.

Втoр примeр.

Вo манастирoт „Нeусипајуштих“ („На oниe кoи штo нe спијат“) eдна гладна гoдина сe случилo да бидe гoлeма нeмаштија. Игумeнoт Св. Маркeл, eдeн дeн дoчeкал нeкoи сирoмашни луѓe и ги нагoстил, па уштe сакал да им дадe пари за патoт. Маркeл гo прашал манастирскиoт eкoнoм кoлку пари има. Eкoнoмoт oдгoвoрил: „Дeсeт срeбрeници“. Игумeнoт нарeдил ситe дeсeт срeбрeници да им сe дадат на сирoмаситe. Eкoнoмoт нe ги дал ситe дeсeт срeбрeници, туку дeвeт, а eдeн задржал за манастирскитe пoтрeби. Тoј бил мнoгу загрижeн за манастирoт, бидeјќи билo гoлeма нeмаштија. Тoгаш нeнадeјнo манастирoт гo пoсeтил нeкoј бoгат чoвeк и му дoнeсoл на игумeнoт 90 златни таланти. Видoвитиoт Маркeл тoгаш гo пoвикал eкoнoмoт и му рeкoл: „Eвe, Бoг сакал прeку oвoј благoчeстив чoвeк да ни испрати 100 таланти, нo бидeјќи ти нe мe пoслуша мeнe и задржа eдeн срeбрeник, заради тoа сeoпштиoт Прoмислитeл нè лишува oд дeсeт таланти“.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 20:31
За царствoтo на свeтитeлитe

                           Пoтoа, свeтиитe на Сeвишниoт ќe гo зeмат царствoтo и ќe владeат сo нeгo и вo вeки вeкoв (Дан. 7:18).

Пoнижeни и пoрoбeни вo зeмнитe царства, свeтитeлитe ќe царуваат вeчнo вo нeбeснoтo царствo. Пoслeдни на зeмјата, тиe какo први ќe сe вeсeлат на нeбoтo. Гладни и жeдни, и бoси и гoли вo минливитe царства, тиe ќe бидат какo царски синoви, наситeни и oблeчeни вo царски oблeки вo нeминливoтo царствo, вo свoeтo нeгнилeжнo царствo. Тoа e пoслeднo царствo и, всушнoст eдинствeнo, штo мoжe да сe нарeчe царствo. Сè другo e минливo, приврeмeнo училиштe, измама и суeта. За вeчнoтo царствo на свeтитeлитe сe рeгрутираат на зeмјата граѓани oд ситe царства зeмни и oд ситe врeмиња. Тoа сe синoви и ќeрки на Христа Спаситeлoт, дeца на живиoт Бoг. Oниe кoи сe прeсeлилe oд oвoј живoт вo oнoј, и сeга царуваат, нo уштe нe e пoкажан сиoт блeсoк и сeта вeличина на нивнoтo царувањe. Тoа ќe сe пoкажe на втoрoтo дoаѓањe Христoвo, Судијата на живитe и на мртвитe. Тoгаш ќe сe пoкажe сиoт блeсoк и сeта вeличина на царствoтo на свeтитeлитe. Тoа e вeчнoтo царствo на Христа Бoга нашиoт. На тoа царствo нeма да има ни смeна ни крај вo вeки вeкoв.

O Гoспoди Исусe, Сoздатeлу на царствoтo на свeтитeлитe, смилувај сe на нас грeшнитe и пoдгoтви нè за вeчнoтo царствo на Твoитe свeтии. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.


Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 22:52

Откровение и Предание

Пребивањето на Светиот Дух во телото на Црквата, значи дека, Црквата ја чува вистината и откровението на ист начин, како што живото тело си ја чува душата. Откровението – чијашто кулминација, како што знаеме е Педесетница – го конституира примарниот фактор во животот на Црквата. Црквата е жива затоа што го поседува Откровението, токму затоа што го поседува, таа и постои. Конечно, кога велиме дека Црквата го поседува и чува Откровението, сакаме да кажеме дека таа го прави тоа затоа што Откровението е Предавање и станува Предание во Црквата. Предание е токму затоа што беше пренесено во Христа и во Светиот Дух, и станува Предание затоа што Црквата го чува низ текот на историјата, како сила на нејзиниот живот. Со други зборови, Преданието е непрекинатото постоење на Откровението во Црквата. Тоа е внатрешната и привлечна сила којашто ја држи Црквата заедно. Преку Преданието, Црквата е сочувана жива и непроменета, едноставно, зашто само во Преданието може да биде најдена автеничната порака на Откровението, и само преку Преданието животот на Црквата стигнува во секој даден момент од времето. Уште на самиот почеток од нејзиното постоење, па сè до ден денес, Црквата е свесна – со истиот интензитет сега како и тогаш – за присуството на Христос и Утешителот. Според ова, Црквата уште од првиот момент од нејзиното постоење, па сè до ден денес, го живее и доживува Откровението, и таа ќе продолжи да го прави ова засекогаш, така што и „вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Мат. 16, 18). Ова живеење и повторно доживување на Откровението во Црквата, оваа континуирана сегашност на Откровението коешто е реализирано преку Преданието, го конституира животот на Црквата: Евангелието „Кое го примивте и во Кое стоите; преку Него и се спасувате“ (1. Кор. 15, 1-2). Преданието, според тоа, е сигурноста дека тоа што ние денес го поседуваме не е нешто кое е застанато во воздухот, туку попрво е органски поврзано со животот на Христос и со сè она што апостолите го примија. Со други зборови, Преданието ни ја обезбедува вечноста, современоста и универзалноста на Евангелието, кое е преживеано во Црквата во секоја историска реалност, и кое преку Црквата му се соопштува на светот како проповед на спасението.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 22:56


Предание и преданија

Овде е неопходно да се потсетиме на разликата помеѓу Преданието и преданијата. Човечкото предание не треба да се меша со соборната полнота на животот во Црквата, со едното универзално Предание. Спротивно на ова едно Предание, кое ја констируира свеста и идентитетот на Црквата низ вековите, преданијата се дело на човечки раце; тие доаѓаат и си заминуваат, се менуваат и дополнуваат, отфрлани се или поддржувани, во зависност од духовната клима која преовладува. Овие преданија можат да бидат корисни, позитивни и креативни; но исто така можат да бидат и без значење, или дури и производ на човековата грешност. Можно е да помогнат во разбирањето на Преданието, но тогаш повторно, исто така може да станат непремостлива препрека во приближувањето на христијанската порака.

Затоа, кога зборуваме за Преданието, не мислиме на сите оние човечки елементи кои се сретнуваат во историската Црква, туку на едниот и единствен депозит на верата, кој се наоѓа во Црквата, и заради кој Црквата е „столб и тврдина на вистината“ (1. Тим. 3, 15). Заедничката Доктринарна Комисија договорена од вселенскиот патријарх и архиепископот кентербериски за консултации во врска со согласувањата и разликите помеѓу Англиканската и Источно Православните Цркви (1930) го издаде следново соопштение:

Се согласуваме дека под Свето Предание ги подразбираме, вистините кои слегоа од нашиот Господ и апостолите преку Отците, кои беа исповедани едногласно и континуирано во целата Црква, и се предадени под раководство на Светиот Дух.

Сè што е неопходно за спасение може да се најде во Светото писмо како комплетирано, објаснето, протолкувано, и разбрано во Светото предание, под раководство на Светиот Дух Кој пребива во Црквата.

Се согласуваме дека, ништо од она што се содржи во Преданието, не е во спротивност со Светото писмо. Иако овие две може да бидат логички дефинирани и истакнати, сепак не можат да бидат одвоени едно од друго, ниту пак од Црквата.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 13:04


Преданието и сегашноста

Во врска со ова треба да кажеме дека Преданието не е едноставно гласот на минатото; попрво, тоа е гласот на вечноста. Преданието не е некој вид на свештена археологија, па ниту забелешка на искуството од минатото. Вредноста и значењето на Преданието не е во тоа што е базирано врз извонредна историска автентичност, туку во тоа што е базирано врз непроменливиот и секогаш жив глас на Откровението. Оваа верност на Преданието не значи едноставно признавање на историското минато, туку исто така примање, со смирение, на зборот Божји.

Преданието не е само сведоштво на историјата, „да“ на животот во минатото: попрво, тоа е воглавно упатување кон вистината која беше откриена во Христа и е сочувана во Црквата во Светиот Дух.

Отец Георги Флоровски добро забележува: Преданието не е во принцип тежнеење за реставрирање на минатото, користејќи го минатото како критериум за сегашноста. Таквото сфаќање за Преданието е отфрлено од историјата и од свеста на Црквата. Преданието е авторитет за поучување, авторитет за да го носиш сведоштвото на вистината.

Црквата го носи сведоштвото на вистината, не преку спомнување или од зборовите на другите, туку од нејзиниот живот, непрекинато искуство, од соборната полнота...

Според св. Иринеј, тоа е поврзано со „вистинското помазание на вистината“, charisma veritatis certum, и „учењето на Апостолите“ за него не беше толку многу непроменлив пример за да биде повторуван или имитиран, како вечно живеење и непресушен извор на живот и инспирација.

Преданието е константно траење на Светиот Дух а не само спомнување на зборови.

Преданието е харизматично (благодатно) а не историско, начало.

Преданието, како харизматичен настан, како едно непрекинато откровение на зборот Божји во Светиот Дух во секој карактеристичен историски период не е нешто далечно, нешто што отскокнува од историјата и коешто, за да го откриете мора да се вратите назад во вековите, туку тоа е реалност која е крајно современа, токму како што плодовите на Духот („љубов, радост, мир, долготрпение, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста“ Гал. 5, 22-23) се крајно современи за животот на модерниот човек.

Преданието е секогаш присутно, овде и сега. Секогаш е отворено, спремно да ја прегрне сегашноста и да ја прими иднината.

Токму како што Црквата во секој даден историски момент прима нови членови, па исто така Преданието е опипливо и веродостојно во секое време, едноставно зашто Црквата е живиот носител на Преданието.

Современоста на Преданието е базирана врз непрекинатото присуство на Христос во Црквата, и на сигурноста дека учител на Црквата е Светиот Дух.

Патријархот Доситеј Ерусалимски, во своето Исповедание (1672) пишува: Веруваме дека соборната Црква ја учи Светиот Дух. Зашто тој е вистинскиот Утешител, Кого Христос Го испраќа од Отецот за да нè учи на вистината и за да ја истера темнината од умовите на верните. Учењето (διδαχη) на Светиот Дух, не ја прави директно Црквата прекрасна и сјајна, туку индиректно, преку Отците и возглавителите на Соборната Црква.

Отфрлањето на важноста од Преданието е суштинско отфрлање на делото на Светиот Дух во историјата и сомнеж во Неговите благодати.

Конечно, да се отфрли Преданието значи да се отфрли Црквата како тело Христово и како сад на Светиот Дух.

Повикувајќи се на прашањето фактот дека Преданието поседува огромна важност за овде и сега на Црквата, ако негираме дека ова Предание е икона на соборната вонвременска природа на Црквата, ние ја редуцираме и прекројуваме Црквата од нејзината Богочовечност во едноставно човечко општество, базирано исклучиво на човечки стандарди. Отфрлањето на Преданието е како да се прифаќа дека Христос ја има напуштено Црквата, така што Неговите зборови, „и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот“ (Мат. 28, 20) и „Јас ќе Го помолам Отецот, и Он ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека“ (Јован 14, 16) на крајот се измама.

Прифаќајќи ја премисата дека ние денес сме способни да го сфатиме и протолкуваме евангелието базирајќи се себеси потполно на нашата брилијантност и искуство, без Преданието, ја разголуваме Црквата облечена во Христа; го одвојуваме телото од главата, го одземаме животодавниот Дух, така оставајќи го евангелието отворено за индивидуален суд и произволните каприци на нашата сопствена субјективност.

Православните Патријарси од Исток во нивното познато послание од 1848 го опишаа многу едноставно, но со комплетна теолошка полнота овој континуитет на Преданието: Нашата вера, браќа, не е ниту од човек ниту преку човек, туку преку откровението на Исус Христос, која светите апостоли ја проповедаа, свештените Вселенски Собори ја потврдија, најголемите и мудри доктори (учители) на вселената ја пренесоа преку нивното учење, и светите маченици ја потврдија со нивната крв. Ја чуваме чиста верοисповедта која ја имаме примено.
Не можеме да го негираме животот на Црквата, тој „непрекинат синџир“, кој ја дефинира „свештената ограда“ на Црквата, „чијашто врата е Христос и во која сето Православно стадо е пастирствувано“.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 13:09
Преданието и Божјите луѓе

Прашањето е вака поставено: како можеме да ја провериме вистинитоста на Преданието?

Патријарсите од Исток го дадоа следниов одговор во нивното послание: „Бранител на верата е телото на Црквата, а тоа е народот (λαός)“.

Народот Божји, земен заедно како целина, поседува духовно сетило со коешто може да се провери дали е или не е, и до кој степен, нашите дејанија и проповеди (κηρύγματα) се во согласност со животот и зборот на соборната Црква. На овој начин Преданието е заштитено внатре во целото црковно тело.

Ерархијата на Црквата учи, односно го толкува Преданието, а народот во својата целосност прави декларации во врска со нивната верност на Преданието. Овде имаме внатрешен реципроцитет.

Учителите на Црквата го толкуваат Преданието, го пренесуваат евангелието до народот, а народот пресудува дали она толкување кое им е пренесено е автентично или не. Ова значи дека сите кои го толкуваат евангелието никогаш не можат да не го земаат предвид народот, зашто народот во својата целовитост е носител на Преданието. На овој начин, и оние кои поучуваат и оние кои биваат поучувани, и ерархијата и народот, конституираат целина која се труди околу чувањето на вистината, за заштита и разбирање на Преданието. Секој од свој аспект придонесува за истата задача. Ерархијата изнесува суд за Преданието, а народот расудува за судовите на ерархијата. На овој начин се одобрува нејзиното учење и нејзините одлуки.

Кога св. Павле им напиша на Солуњаните, „чувајте ги преданијата“ (2. Сол. 2, 15) тој го потврдува токму ова: правото кое го има народот за да го чува Преданието и да отфрла секакви туѓи елементи, кои можат да влијаат врз чистотата на црковниот живот.

На овој начин целото тело ја извршува огромната задача за чување на вистинитоста на Преданието. Со инстинктот кој доаѓа од самото искуство на Преданието, има способност да констатира што се содржи во consensus patrum et apostolorum а што останува надвор од него. Ова посебно сетило (чувство) кое го поседува народот Божји и кое на крај луѓето ги прави „чувари на верата“ не е ништо друго, освен плод на опитот проживеан од апостолите и примен и проживеан од отците и светителите на Црквата, и живо сочуван во секој историски период на Црквата. Според ова, тоа е идентитетот на искуството кое ја потврдува верноста на Преданието.

Низ вековите, Црквата го проповеда и живее истото евангелие, истата вистина. И, се разбира, оваа вистина не е идеја, концепт, туку посебна личност, богочовечката личност на Христос (Јован 14, 6). Тогаш „Христос е ист вчера, и денес, и во веки“ (Евр. 13, 8), и Светиот Дух Кој го оживува верниот народ Божји и го обезбедува единството на животот. Според ова, искуството на верниот народ Божји денес, не е поразлично од искуствата на апостолите и светителите. Ова е едното и исто искуство на народот Божји, кое всушност е верност кон Преданието.     

Очигледно е дека кога зборуваме за верност кон Преданието не ја лишуваме Црквата од правото, ниту ја доведуваме под прашање нејзината обврска, да ја изразува на нов начин, кој одговара на потребите од секој период, едната уникатна евангелска порака. Наспроти ова, верноста кон Преданието често пати нè присилува да се откажеме од формите и шемите на минатото. Така што верноста кон Преданието никогаш не ги спречуваше Отците на Црквата во изразувањето со нова терминологија и модерно, сè она што Црквата веќе го има проживеано и искусено уште од самиот почеток на нејзиното постоење. Оттука, што и да беше формулирано од Отците или Вселенските Собори подоцна, токму затоа што тоа произлезе од истата соборна полнота, има еднаква вредност и автентичност со сè што било кажано уште од самиот почеток.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 13:35


Црква, Свето Писмо и Свето Предание

Со други зборови, Светото Предание е Свето Писмо протолкувано од Црквата. И токму како што Црквата го разбира Светото писмо во светлоста на Св. Предание, така, на сличен начин, го разбира Св. Предание во светлоста на Светото Писмо. Св. Предание е исполнето од Светото Писмо; токму затоа нејзината теологија, теологијата на Отците и Соборите, не е ништо друго, туку библиска теологија.
Светото Писмо и Св. Предание се разбираат меѓусебно и постојат заедно. Обете се соединети непоколебливо со Црквата. Светото Писмо е родено во Црквата и за Црквата, и Св. Предание уште од почетокот го носи печатот на Црквата. Во Црквата, Светото Писмо и Св. Предание сè појавија и сè содржат. На овој начин Светото Писмо, Св. Предание и Црквата се меѓусебно поврзани преку внатрешна врска, хармонично сопостоење, меѓусебно дополнување и согласување. Светото Писмо и Св. Предание како откровенско-харизматични благодатни) реалности се содржат во Црквата, којашто исто така е откровенско-харизматична реалност.
Оние кои ги разделуваат Светото Писмо, Св. Предание и Црквата доаѓаат до погрешен заклучок дека или Светото Писмо е супериорно над Црквата и Св. Предание, или дека Црквата е супериорна над Светото Писмо. Првото мислење се наоѓа помеѓу протестантските теолози, подоцна и во римокатоличката теологија. Оваа хипербола води кон променување на значењето на Црквата, или кон подреденост (субординација) или кон надреденост. Ставајќи ја Библијата врз или над Црквата и Св. Предание, ја уништуваме рамнотежата, ја уништуваме канонската поставеност, и го превземаме првиот чекор кон индивидуалистичката теологија надвор од Црквата. Од друга страна, пак, идејата дека Црквата е супериорна над Светото Писмо, води кон мислењето дека Црквата е способна да го изнесе секоја догма од неа самата. Само ако прифатиме дека Црквата, Св. Предание и Светото Писмо се, ниту делливи ниту помешани, бивајќи соединети без мешање, ќе бидеме способни да разбереме дека самата Црквата е таа која може да го најде вистинското значење на Светото Писмо, токму како што Самиот Син е Тој Којшто е способен да ги разбере зборовите на Отецот.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 13:41


Единството на Црквата и преданието

Преданието и Црквата не се просто паралелни концепти, туку реалности кои се суштински во меѓусебни односи и сврзани заедно. Без да бидат уништени, тие не можат да бидат разделени; тие постојат секогаш обединети без мешање. Навистина, во таа смисла, Црквата е Преданието и Преданието е разбрано како совест на Црквата. Оттука, невозможно е да се зборува за Преданието без, во исто време, да се зборува за Црквата. Учењето за Преданието е еклисиологија: навистина, сржта на Црквата. Овде Предание е Христос, Кого што Го примивме, како што вели св. Павле; и токму ова Предание е антитеза на „човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа“.
Кога велиме Преданието е Христос, ние мислиме дека Црквата упатува назад кон Христа и преку Христа кон сувереното начало на Бог Отецот, кон изворот на Троичното и црковно единство: „Едно тело сте, и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање; Еден е Господ, една е верата, едно е крштавањето, еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сè, и преку сите, и во сите нас“ (Ефес. 4, 4- 6). Така стигнуваме до изворот на Црковното единство, до изворот на Преданието, до изворот на секој дар.

Во животот на надсуштествената Троица, Отецот, Којшто е единствената причина и начало на ипостасите (личностите) им се предава Себеси на другите две божествени Личности, раѓајќи Го Синот и предизвикувајќи Го Светиот Дух да происходи. Треба да го разбереме ова „предавање“ (предание) како општење на сета божествена суштина на Отецот и Синот и Светиот Дух, како потполна кеноза (истоштување, испразнување) на Отецот. Првенството овде е разбрано како врвна граница на љубовта: предавањето на Отецот во полза на другите две личности. Синот и Светиот Дух одговараат на овој излив на Отчинската љубов. Тие не ја узурпираат љубовта на Отецот за своја лична корист, нити ја грабаат (Филип. 2, 6), туку од своја страна ја нудат нивната егзистенција и живот – слично, во љубовта – на Отецот. Оваа размена (αντιδοσις) е изразена како апсолутно послушание кон вољата на Отецот.

Слично во Црквата, која е икона и одраз на животот на Троичниот Бог, Синот се предава Себеси за живот на светот (Јован 6, 51). И овде, исто така, има изобилство од љубов и од давање. Овде имаме предавање во љубовта (η παραδοσεις εν αγαπη). „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син“ (Јован 3,16). Апсолутното послушание на Синот кон Отецот Го води кон кенозис, кон смирение, заради спасението на светот. Исто така Светиот Дух пребива во светот за да биде постојан сведок на вистината (Јован 15, 26). Исходејќи од Отецот и бивајќи испратен преку Синот, Светиот Дух го продолжува делото Христово во историјата, бивајќи Утешител на луѓето.

Слегувањето на Светиот Дух, разбрано како предание и вдомување (ενοικησις) во телото на Црквата, го осигурува чувањето на вистината и новиот живот. Светиот Дух ѝ се предава (παραδιδεται) на Црквата; не слегува повеќекратно врз земјата, туку пребива и се всели во историската Црква. Педесетница не е настан кој му припаѓа на минатото: попрво таа е постојано присуство во животот на Црквата, универзална реалност која ја прегрнува Црквата, правејќи ја жива икона на вечноста во историјата на светот.

Според ова, внатрешните меѓусебни односи помеѓу трите божествени личности исто како и во Црквата (којашто е икона на заедницата на Троица) Божјата љубов се манифестира како предание, како постојано излевање. Бог Отецот се дава Себеси заради другите две божествени личности; Синот, од љубов, стана еден од нас и се предаде Себеси за човечкиот род; на крај, Утешителот пребива во телото на Црквата до свршетокот (συντελεια) на вековите и го продолжува делото на Синот во светот.


Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2009 во 19:34

Убава проповед која кај мене поттикнува едно прашање.

Дали СВЕТИОТ ДУХ пребива само во православната Црква или во секоја душа и Христова заедница која верува и изповедува дека:

ИСУС е ГОСПОД!?

поздрав


Изменето од spiros - 18.Јануари.2009 во 19:35
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2009 во 20:30


Originally posted by spiros spiros напиша:


Убава проповед која кај мене поттикнува едно прашање.

Дали СВЕТИОТ ДУХ пребива само во православната Црква или во секоја душа и Христова заедница која верува и изповедува дека:

ИСУС е ГОСПОД!?

поздрав


Прво, од последното: Сите верски заедници кои произлегуваат од Протестантизмот Го признаваат Христа за Бог (Господ), но ниедна ја нема Божјата благодат, затоа што не го признаваат Божјото Откровение во целост. Имено, тие го почитуваат Светото Писмо (Библијата), но го отфрлаат Светото Предание на Црквата, кое е постаро и без кое не може да се замисли ни Светото Писмо, т.е., Светото Писмо - само - останува недоречено.


Светото Предание, постои и треба да се чува, а за тоа имаме директни и индиректни потврди во Светото Писмо. Индиректна потврда е фактот дека Светото Писмо постанало од Светото Предание. Пред Мојсеј не постоела ниту една книга на Библијата. Тоа што Мојсеј го напишал во книгите Исход, Левит, Броеви и Повторени закони секако претставува лично доживување и искуство на Мојсеј. Но, тоа што го напишал во првата книга на Библијата, во книгата Битие, напишано е според преданието. Значи, во Стариот завет преданието му претходело на Светото Писмо.


Пребивањето на Светиот Дух во телото на Црквата, значи дека, Црквата ја чува вистината и откровението на ист начин, како што живото тело си ја чува душата. Откровението – чијашто кулминација, како што знаеме е Педесетница – го конституира примарниот фактор во животот на Црквата. Црквата е жива затоа што го поседува Откровението, токму затоа што го поседува, таа и постои. Конечно, кога велиме дека Црквата го поседува и чува Откровението, сакаме да кажеме дека таа го прави тоа затоа што Откровението е Предавање и станува Предание во Црквата. Предание е токму затоа што беше пренесено во Христа и во Светиот Дух, и станува Предание затоа што Црквата го чува низ текот на историјата, како сила на нејзиниот живот. Со други зборови, Преданието е непрекинатото постоење на Откровението во Црквата.


Низ вековите, Црквата го проповеда и живее истото евангелие, истата вистина. И, се разбира, оваа вистина не е идеја, концепт, туку посебна личност, богочовечката личност на Христос (Јован 14, 6). Тогаш „Христос е ист вчера, и денес, и во веки“ (Евр. 13, 8), и Светиот Дух Кој го оживува верниот народ Божји и го обезбедува единството на животот. Според ова, искуството на верниот народ Божји денес, не е поразлично од искуствата на апостолите и светителите. Ова е едното и исто искуство на народот Божји, кое всушност е верност кон Преданието.


Светиот Дух, пак, делува само таму каде што има Жива Црква, каде што живее и ја оживотворува. Тоа е: Едната Света Соборна и Апостолска Црква. Таму, каде што Христос е главата - а Црквата - телото; таму каде што Светото Предание и Светото Писмо се вткајуваат;

Црквата ја oснoвал Гoспoд Исус Христoс и Неа ja вдахнoвува Свeтиoт Дух. Уштe, затoа штo Црквата oзначува држава на свeтиитe, градина на питoми oвoшја.

„Црквата e трлo“ вeли свeти Јoван Златoуст „акo си внатрe, вoлкoт нe влeгува; акo ли излeзeш, ѕвeрoвитe ќe тe растргнат...

Нe oддалeчувај сe oд Црквата; нeма ништo пoсилнo oд Црквата. Црквата ти e надeж и спасeниe. Таа e пoвoзвишeна oд нeбoтo, пoцврста e oд камeнoт, oд зeмјата e пoширoка; никoгаш нe старee, сeкoгаш сe пoдмладува”.

Повеќе од две илјади години „Креаторот“ - Семилостивиот Господ Бог ја крепи Црквата Христова, а со неа раководи Светиот Дух, преку луѓе што Му се мили на Господа, т.е., преку луѓе што целосно се предале во служба на Бога. Може ли таква градба да се сруши!?!?!?

Поздрав.





Изменето од Miki_P - 18.Јануари.2009 во 20:33
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.