IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Исусова молитва - исцелител
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Исусова молитва - исцелител

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 29>
Автор
Порака
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 13:37
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Koga Isus se molel na Tatkoto,

Зошто се плашиш да го употребиш терминот Отец? Кога се кажува Отец, целиот тек на настаните добива духовна смисла. Ако кажеш татко, па макар и Татко (со голема буква), целиот тек добива световна и приземна смисла.

Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:


Nekoi se obiduvaat tuka da ne ubedat deka mozeme da se molime i dodeka spieme, no Isus ne spiel dodeka se molel.
Potsetete se na nokjta vo Getsemanskata gradina koga bese uapsen Isus. Zarem ne mozese Isus da se moli spiejkji kako sto ne ucat nekoi na ovaa tema? No sepak Isus ne spiese dodeka se molese, a isto taka i gi UKORI nekolku pati negovite uchenici koi spiea, namesto da se molat.

Ооо, и тоа како можеме!

Матеј 26:41 Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.

Во овој стих јасно кажува дека затоа што телото е слабо на човек му треба одмор. Но на вистинскиот верник кој е со Бога духот секогаш му е со Него, духот секогаш му е бодар.

Марко 13:33 Внимавајте, бидете будни и молете се, зашто не знаете кога ќе биде часот.

Овде се вели дека треба да бидеме будни, затоа што не знаеме кога ќе дојде Бог. А дали тоа значи дека не смееме да спиеме, да се одмориме? Не! Тоа значи дека постојано треба да сме на стража на своето срце и да не дозволуваме да ни влезат лоши помисли. А сето тоа се остварува преку молитвата.

Ај сега да видиме што вели Господ, и што велат Апостолите:

Лука 21:36 бидете будни во секое време и молете се, за да го избегнете сето она што треба да се случи и да застанете пред Синот Човечки!

Ефесјаните 6:18 Со секаква молитва и молба во секоја пригода молете се во духот.

1 Солунјаните 5:17 Молете се постојано!

Постојано значи без престан, нон-стоп, без крај. Тоа е и нашата христијанска цел - да се молиме постојано, затоа што молитвата е разговор со Бога. Значи молитвата ја прави заедницата меѓу нас и Бог.

1 Тимотеј 5:5 А онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе.

Дела Ап. 1:14 Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови.

1 Солунјаните 3:10 Кога дење и ноќе многу усрдно се молиме, за да го видиме вашето лице и да го дополниме она што и недостига на вашата вера?

Дела Ап. 2:42 И беа истрајни во учењето на апостолите, во заедничкиот живот, во прекршувањето на лебот и во молитвите.

(ем истрајни, т.е. постојани, до крај, ем не вели во учењето на Христос, туку учењето на апостолите - со што се потенцира Светото Предание!)

1 Солунјаните: 1:2 Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во молитвите наши, непрестано,

2 Тимотеј 1:3 Му благодарам на Бога, Кому уште од прародителите Му служам со чиста совест, додека постојано те споменувам во молитвите свои дење и ноќе;

Дела Ап. 6:4 а ние целосно ќе и се посветиме на молитвата и на службата на словото

Римјаните 12:12 радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани;

Колосјаните 4:2 Бидете постојани во молитвата, бидете бодри во неа со благодарност!

Друже, ако ја следиме твојата логика, испаѓа дека само денот треба да го резервираме за Господ? Зарем во тие 8 часа кога спиеме, треба да го заборавиме Оној Кој нас не` создаде, и да им се препуштиме на фантазиите, кои многу често не се плод на нашиот мисловен процес, туку се плод на демоните, кои успеваат да навлезат во нашиот мисловен процес.
 
Зошто навлегуваат? Па, за да не` искушаат!
Зошто? За да станеме силни и истрајни од верата, и да видиме дека сме ништо без Бога.
А зошто успеваат да навлезат? Едноставно - ние ги пуштаме.
Зошто? Затоа што не сме со Бога, и им робуваме на страстите.

Како треба сега? 8 часа во денот да бидеме под власт на ѓаволот, а останатите 16 евентуално да бидеме Господови? збунетост


Изменето од makarios - 29.Декември.2008 во 13:39
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 13:55

Добро, а како изгледа молитва во сон? Мислам се моли додека паралелно се сонува (а сонуваме сите без исклучок) или се сонува дека се моли?

Или пак е сепак тоа состојба на будност? Дали при тоа телото го добива потребниот одмор?

Изменето од maria_magdalena - 29.Декември.2008 во 14:13
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 14:33
 
Originally posted by makarios makarios напиша:


Матеј 26:41 Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.

Pa tokmu i jas toa go velam, deka treba da sme budni dodeka se molime, a ne kako sto vie propovedate tuka, deka mozeme i spiejkji da se molime среќа
 
 
Originally posted by makarios makarios напиша:


Друже, ако ја следиме твојата логика, испаѓа дека само денот треба да го резервираме за Господ? Зарем во тие 8 часа кога спиеме, треба да го заборавиме Оној Кој нас не` создаде, и да им се препуштиме на фантазиите, кои многу често не се плод на нашиот мисловен процес, туку се плод на демоните, кои успеваат да навлезат во нашиот мисловен процес.
 
Dve zabludi imas vo tekstot pogore.
Prvo, se zalazuvate sebe si deka se molite dodeka spiete, a vsushnost spiete.
Vtoro, ucite pogreshno deka demonite mozat da vlezat vo nas duri i koga spieme, nesvesno. Ova e bibliski pogreshno. Demonite ne mozat da vlezat vo nas dokolku nie svesno ne im go dozvolime toa. Demonite vleguvaat vo nas samo ako svesno im otvorime vrata, ako gi pokanime preku idolopoklonstvo, preku spiritizam, preku sledenje lazni uenja, no sekogas svesno, a ne vo spienje среќа
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 15:55

Марија,

куќата се гради од темелите, па затоа советувам да спуштиме долу или како што ти кажа предходно дури и подолу и да започнеме со смирената и почетничка молитвата. Моливата во сон е пракса на совршените, според зборовите на св.цар. Давид кој вели: Јас спијам, а моето срце е будно

Како тоа се одвива јас незнам, секој кој ја практикува молитвата (Исусова) споед благодатта на Светиот Дух и делумното лично искуство може одалеку да насети какво е тоа дејство. Само знам и верувам во силата Божја, она што го пишува во Светото Писмо и искуството на светите отци кои тоа предание ни го оставиле дека е така.



еве и еден практичен совет од Старец Јосиф Исихаст


Молитвата треба да се кажува со внатрешното слово, но бидејќи, на почетокот умот се нема навикнато на неа, ја заборава. Заради тоа ја кажуваме некогаш со уста, а некогаш со ум. Тоа се случува сѐ дотогаш, додека не се засити умот, така што молитвата станува енергија. Енергија имаш тогаш, кога кажувајќи ја молитвата, во себе чувствуваш радост и желба постојано да ја повторуваш. Значи, кога умот ќе ја преземе молитвата, така што, ќе стане што ти пишувам – радост, тогаш ќе се кажува внатре во тебе, непрестајно, без твој напор.       


Изменето од Опитен - 29.Декември.2008 во 16:09
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 16:01
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

 
Originally posted by makarios makarios напиша:


Матеј 26:41 Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.

Pa tokmu i jas toa go velam, deka treba da sme budni dodeka se molime, a ne kako sto vie propovedate tuka, deka mozeme i spiejkji da se molime среќа

Под буден пред се` се подразбира на внимателен, на штрек, претпазлив. Не се мисли на разбуден.
А што вели во вториот дел?
Духот е бодар, но телото е слабо.
Тоа значи дека телото од слабост спие, а духот е  бодар на молитва.

Дела 4:7 Но близу е крајот на се. Па бидете мудри и бодри во молитвите.

А Господ вели бидете будни, затоа што не знаете во кој час ќе дојде денот.Зарем треба без престан телесно да сме со отворени очи? Или тоа се мисли на молитвата и на претпазливоста од ѓаволто дури и во сон?

Како се истерува ѓаволскиот род?

Матеј: 17:21 Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.
 
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:


Dve zabludi imas vo tekstot pogore.
Prvo, se zalazuvate sebe si deka se molite dodeka spiete, a vsushnost spiete.
Vtoro, ucite pogreshno deka demonite mozat da vlezat vo nas duri i koga spieme, nesvesno. Ova e bibliski pogreshno. Demonite ne mozat da vlezat vo nas dokolku nie svesno ne im go dozvolime toa. Demonite vleguvaat vo nas samo ako svesno im otvorime vrata, ako gi pokanime preku idolopoklonstvo, preku spiritizam, preku sledenje lazni uenja, no sekogas svesno, a ne vo spienje среќа


Дали ти мислиш дека додека спиеме, нашата мисла секнува? Додека спиеме, телото делумно престанува со функција. Зошто е тоа така? Мозокот преку нервите испраќа порака до сите органи и ткива во телото дека е време за одмор. Мозокот и натаму останува активен, преку целата вечер. Тој е должен да процесира до кога е потребно спиењето, и да испрати нова порака со која ќе каже дека е доволно спиење. Органите и ткивата велам, делумно не работат, но сепак - работат со многу намален интензитет, додека моторните способности речиси и да не се активни, затоа што мозокот не дозволува на мускулите да се движат - од проста причина да не се повредиме додека спиеме (ова за моторните функции се учи на час по психолохија).

Доказ: срцето работи и ние дишеме, во REM фазата, ние ги движеме очите, понекогаш мажите имаат течение во сонот и тн.

Ова е така да кажам, биолошкото објаснување на цитатот „телото е слабо“.

Но, зборуваме за телото. Ајде да видиме што прави мозокот. Мозокот постојано стражари над своето тело. И тој можеме така да кажеме влегува во забавен од, но сепак, во суштина, не престанува со работа. Е сега, кој е одговорен за проекција на сонот? Се разбира, мозокот. Тоа го прави преку мислите. Она што Светите Отци со векови го зборуваат, современата наука го потврдува: помислата, чувството, реакцијата, страста која сме ја апсорбирале во текот на денот - може да се продуцира во сонот. Еве, да речеме дека си во право, демоните не може да делуваат во сонот. Но, сето апсорбирано во денот, што значи и мислите предизвикани од демоните, ние ги проектираме во нашиот сон, а тоа значи дека дури и ти да си во право, демоните индиректно делуваат врз нас додека спиеме.

Друго е прашањето како воопшто влегуваат демоните во нас. Па демоните постојано можат да си играат со нашите мисли, ако не сме во молитва. Нели така рече Господ? Демоните се истеруваат само со пост и молитва. Значи, ако не постиме и не се молиме, не може да ги истераме демоните.

Ајде сега, да видиме дали сме ние несвесни во сонот:

Матеј 1:20 Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави насон и рече: <Јосифе, син Давидов, не  бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.

Матеј 2:12 И кога примија в сон вест, не се вратија веќе при Ирода, а си заминаа по друг пат за својата земја.

Матеј 2:13 А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосифа в сон, велејќи: Стани, земи Го Младенецот и
мајка Му, па бегај во Египет и остани таму дури не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.

Матеј 2:19 По смртта на Ирод, на Јосиф, кој беше во Египет, му се јави насон ангел Господов

Матеј 2:22 Меѓутоа, кога Јосиф дозна дека во Јудеја, на местото на Ирод дошол на власт неговиот син Архелај, се исплаши да појде таму. Па откако насон прими упатства, замина во покраината Галилеја.

Велиш човекот е несвесен во сонот? Како може ангелот да му се јави во сонот тогаш на праведен Јосиф? Значи ли тоа, Јосиф бил марионета, бил лишен од слободната волја?
А пази, демоните се паднати ангели, и тие можат подеднаков да се јават во сонот, како што можат и ангелите.

Лука 17:34 Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца на една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават.

Ова, дека едниот не бил буден во сонот, односно не се молел, а другиот се молел.

Ова е објаснување за цитатот „духот е бодар“.


Изменето од makarios - 29.Декември.2008 во 16:04
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 16:44
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

 
Originally posted by makarios makarios напиша:


Матеј 26:41 Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.

Pa tokmu i jas toa go velam, deka treba da sme budni dodeka se molime, a ne kako sto vie propovedate tuka, deka mozeme i spiejkji da se molime среќа

Originally posted by makarios makarios напиша:

Под буден пред се` се подразбира на внимателен, на штрек, претпазлив. Не се мисли на разбуден.

Ova e presmeshno газење%20од%20смеење Pa vo predhodniot stih od samiot kontekst gledame deka ucenicite zaspale i zatoa Isus im rekol da bidat budni, a ti vikas tuka deka ne se misli na razbuden голема%20насмевка

40 И дојде при учениците, и ги најде како спијат, и му рече на Петра: „Така! Не можевте ли да пробдеете со Мене еден час?

41 Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение! Духот е бодар, но телото е слабо!”

Originally posted by makarios makarios напиша:


Лука 17:34 Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца на една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават.

Ова, дека едниот не бил буден во сонот, односно не се молел, а другиот се молел.
 
Coveku, pa ti se nadmina sebe si. голема%20насмевка ova nema ni da go komentiram, samo ke go boldiram tvoeto tolkuvanje, za site da vidat kako tolkuva eden "pravoslaven" hristijanin голема%20насмевка


Изменето од Pravoslaven - 29.Декември.2008 во 17:36
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 17:21
ПОСМЕШНО ТУМАЧЕЊЕ ДО СЕГА НЕ СУМ СЛУШНАЛ, ПА НИТУ СУМ ПРОЧИТАЛ.
НО ЕТЕ, ЗА СЕ ИМА ПРВ ПАТ.....


Значи:
Според Макариос, спасението е наша заслуга во зависност од тоа кој колку се молиме, а не заради ЗАСТАПНИЧКАТА СМРТ НА ГОЛГОТА И КРВТА ПРОЛИЕНА ОД НАШИОТ СПАСИТЕЛ ИСУС ХРИСТОС.

Јака теологија, се гледа дека е јака...


Алал да му е ...
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 19:04
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:


Ova e presmeshno газење%20од%20смеење Pa vo predhodniot stih od samiot kontekst gledame deka ucenicite zaspale i zatoa Isus im rekol da bidat budni, a ti vikas tuka deka ne se misli na razbuden голема%20насмевка


Ќе престанам да коментирам, затоа што јас го кажав своето мислење околу ова прашање. Ако сакаш издржано да зборуваме, почни со теолошки размислувања, со поткрепа од учењето на Црквата (онака како ни е оставено во Преданието од Светите Отци!).

Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

 
Coveku, pa ti se nadmina sebe si. голема%20насмевка ova nema ni da go komentiram, samo ke go boldiram tvoeto tolkuvanje, za site da vidat kako tolkuva eden "pravoslaven" hristijanin голема%20насмевка


Знаев дека ќе се фатиш на тоа, затоа и го ставив тој цитат, а суштински ништо не кажуваш. Ако имаш теолошко образложение, кажи го.  Мислиш ли дека овој твој коментар е издржан против аргумент на тоа што го реков?

Што бидна со сонот на праведен Јосиф? Што бидна со демоните кои не напаѓаат во сон?

Но, Опитен е во право, за ова прашање може само теоретски да зборуваме, затоа што непрестајната молитва ја имаат совршените.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 19:04
Originally posted by gospel gospel напиша:


Значи:
Според Макариос, спасението е наша заслуга во зависност од тоа кој колку се молиме, а не заради ЗАСТАПНИЧКАТА СМРТ НА ГОЛГОТА И КРВТА ПРОЛИЕНА ОД НАШИОТ СПАСИТЕЛ ИСУС ХРИСТОС.


Каде само реков така?
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 22:01
Originally posted by makarios makarios напиша:


Originally posted by gospel gospel напиша:

Значи:
Според Макариос, спасението е наша заслуга во зависност од тоа кој колку се молиме, а не заради ЗАСТАПНИЧКАТА СМРТ НА ГОЛГОТА И КРВТА ПРОЛИЕНА ОД НАШИОТ СПАСИТЕЛ ИСУС ХРИСТОС.
Каде само реков така?





Лука 17:34 Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца на една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават.

Ова, дека едниот не бил буден во сонот, односно не се молел, а другиот се молел.


Овај коментар на цитатот е твој, не е мој!

Според ова што го тумачиш излегува дека заради молењето едниот е земен, а другиот бидејќи не се молел бил оставен.

И втора работа, дали го знаеш вистинското значење на стихот од Лука 17:34?
Што означува тој настан, кога ќе се случи овај настан, кој е тој што ќе биде земен и каде е неговата последна дестинација, а кој е тој што ќе биде оставен и поради што е оставен?
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 22:09
Originally posted by gospel gospel напиша:



[QUOTE=gospel] ПОСМЕШНО ТУМАЧЕЊЕ ДО СЕГА НЕ СУМ СЛУШНАЛ, ПА НИТУ СУМ ПРОЧИТАЛ.
НО ЕТЕ, ЗА СЕ ИМА ПРВ ПАТ.....


Значи:
Според Макариос, спасението е наша заслуга во зависност од тоа кој колку се молиме, а не заради ЗАСТАПНИЧКАТА СМРТ НА ГОЛГОТА И КРВТА ПРОЛИЕНА ОД НАШИОТ СПАСИТЕЛ ИСУС ХРИСТОС.

Јака теологија, се гледа дека е јака...


Алал да му е ...



Чудно, но и погрешно е „објаснувањето“ на gospel. Зошто?! Затоа што преку „ЗАСТАПНИЧКАТА СМРТ НА ГОЛГОТА И КРВТА ПРОЛИЕНА“ од нашиот Господ Исус Христос на крстот, е „скршен“ мразот и е уништена вечната смрт за оние што ќе Му се поклонуваат (на Спасителот) и кои ќе живеат во покајание (заради своите гревови), проследено со живот во Црквата Христова, исполнет со непрестани молитви.

Овој е единствениот пат за обезбедување „влезница“ за настанување во Небесното Христово Царство. Се друго е опасна заблуда.

Замислете кога би рекле: Луѓе, за вас спасението го „одработи“ Христос на спасоносниот крст, живејте и лудувајте без грижа за вашата душа - нели Христос ви ја заврши работата!?

Вака размислуваат оние што си се потсмеваат со себеси.


Изменето од Miki_P - 30.Декември.2008 во 11:27
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 22:34
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:



Originally posted by gospel gospel напиша:

ПОСМЕШНО ТУМАЧЕЊЕ ДО СЕГА НЕ СУМ СЛУШНАЛ, ПА НИТУ СУМ ПРОЧИТАЛ.
НО ЕТЕ, ЗА СЕ ИМА ПРВ ПАТ.....


Значи:
Според Макариос, спасението е наша заслуга во зависност од тоа кој колку се молиме, а не заради ЗАСТАПНИЧКАТА СМРТ НА ГОЛГОТА И КРВТА ПРОЛИЕНА ОД НАШИОТ СПАСИТЕЛ ИСУС ХРИСТОС.

Јака теологија, се гледа дека е јака...


Алал да му е ...



Чудно, но и погрешно е „објаснувањето“ на gospel. Зошто?! Затоа што преку „ЗАСТАПНИЧКАТА СМРТ НА ГОЛГОТА И КРВТА ПРОЛИЕНА“ од нашиот Господ Исус Христос на крстот, е „скршен“ мразот и е уништена вечната смрт за оние што ќе Му се поклонуваат (на Спасителот) и кои ќе живеат во покајание (заради своите гревови), проследено со живот во Црквата Христова, исполнет со непрестани молитви.

Овој е единствениот пат за обезбедување „влезница“ за настанување во Небесното Христово Царство. Се друго е опасна заблуда.

Замислете кога би рекле: Луѓе, за вас спасението го „одработи“ Христос на спасоносниот крст, живејте и лудувајте без грижа за вашата душа - нели Христос ви ја заврши работата!?

Вака размислуваат оние што си се потсмеваат со себеси.



Тоа што за тебе е чудно, за Бога е нормално и правилно.

Вака зборува Библијата:

„Зошто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас, - Божји дар е;
НЕ Е ОД ДЕЛА, ДА НЕ БИ НЕКОЈ ДА СЕ ПОФАЛИ
(Ефесјаните 2:8,9)

Пријателе, значи на делото Исусово направено на Голгота,ТИ сакаш да додадеш нешто твое, бидејќи според тебе не е доволно тоа што Исус го направи за тебе?
Дали си свесен, дека со самото тоа што сакаш да додадеш нешто твое, го расипуваш неговото дело, бидејќи го сметаш за непотполно без твоето дело?

ПРИЈАТЕЛЕ, КОГА НЕШТО Е ДАР, ТОГАШ ТОА Е БЕСПЛАТНО И НЕМАШ ПРАВО ДА СЕ ТОПОРИШ СО ТОА, А АКО Е ПО ЗАСЛУГА ТОГАШ ЗА ТОА ТРЕБА ДА СЕ ПРИМИ ПЛАТА, БИДЕЈЌИ СЕКОЈ ШТО РАБОТИ ТРЕБА ДА БИДЕ ПЛАТЕН.

ДАЛИ ТВОЕТО СПАСЕНИЕ Е ПО ЗАСЛУГА ИЛИ ПО БЛАГОДАТ - БЕСПЛАТНО?
И ДАЛИ СПАСЕНИЕТО ЗА ТЕБЕ НЕ ГО ОДРАБОТИ ИСУС НА КРСТОТ НА ГОЛГОТА? ПА СЕГА ТРЕБА УШТЕ НЕШТО ДА ДОДАДЕШ НА НЕГОВОТО ДЕЛО, ЗА ТВОЕТО СПАСЕНИЕ ДА БИДЕ ПОТПОЛНО?

И ако крстот на Голгота е единствениот пат за обезбедување влезница во Небесното Царство, што ти е повеќе потребно кога ја имаш влезницата во своите раце? Кој можи да те спречи да влезиш кога имаш обезбедено влезница преку крвта Исусова?

Морам да ти кажам дека нема поглупа и полуда работа да се застане пред Светиот Бог, со своите дела и со својата самоправедност, заработувајќи го своето спасение со своите сопствени сили и дела.



Изменето од gospel - 29.Декември.2008 во 22:57
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 23:37

Originally posted by gospel gospel напиша:


..... „Зошто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас, - Божји дар е;
НЕ Е ОД ДЕЛА, ДА НЕ БИ НЕКОЈ ДА СЕ ПОФАЛИ
(Ефесјаните 2:8,9) ...





Не знам што читате Вие, и како го разбирате прочитаното, но јас го разбирам вака:

Откровение Јованово: 12 стих:
„И еве, ќе дојдам скоро, и отплатата Моја е со Мене, за да му дадам секому според делата негови.“


Поздрав.

Изменето од Miki_P - 30.Декември.2008 во 11:30
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 01:02
Originally posted by gospel gospel напиша:


Вака зборува Библијата:
„Зошто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас, - Божји дар е;
НЕ Е ОД ДЕЛА, ДА НЕ БИ НЕКОЈ ДА СЕ ПОФАЛИ
ПРИЈАТЕЛЕ, КОГА НЕШТО Е ДАР, ТОГАШ ТОА Е БЕСПЛАТНО И НЕМАШ ПРАВО ДА СЕ ТОПОРИШ СО ТОА, А АКО Е ПО ЗАСЛУГА ТОГАШ ЗА ТОА ТРЕБА ДА СЕ ПРИМИ ПЛАТА, БИДЕЈЌИ СЕКОЈ ШТО РАБОТИ ТРЕБА ДА БИДЕ ПЛАТЕН.


Спасението не е од делата и тоа се однесува на сите луѓе во светот. Но што сака тука да каже? Кое спасение, кога јасно знаеме дека нема сите луѓе да бидат спасени, затоа што сите се повикани, но малкумина избрани?

Кога нашите прародители згрешиле, прелагани од сатаната, Бог ги изгонил од рајот, и зад нив рајската порта била затворена. Во Стариот Завет, сите грешници, но и сите праведници, поради тоа оделе во пеколот. За рајските врати повторно да бидат отворени за човекот, требала некоја извонредна жртва, која ниту еден човек не можел да ја даде. Токму затоа и доаѓа овоплотен Синот Божји на земјата – да го отвори рајот за човештвото и да го победи ѓаволот со тоа. А тоа се гледа од стихот каде Господ му вели на покајаниот разбојник дека тој уште во истиот ден ќе биде со Него во рајот. Тој е првиот човек кој влегол во рајот откако биле отворени рајските порти за сите нас, после Христовиот откуп на Голгота.

Но дали сите ние ќе стигнеме таму, затоа што Господ не ја пролеа Својата крв само за тебе и мене, туку за сето човештво, од почетокот на светот до самиот негов крај? Toj Својата Крв ја пролеа и за убијците, и за крадците и разбојниците, и за сите кои вршат престапи.
Токму тоа спасение од пеколот е дарот Божји, затоа се вели –

1 Коринтјаните 15:55 “Смрт, каде ти е осилката? Пеколу, каде ти е победата?”

Тој дар не е по нашите дела. ПО ДАР НИ Е ДАДЕНА МОЖНОСТА ЗА СПАСЕНИЕ; НО НЕ СИТЕ ЌЕ БИДАТ СПАСЕНИ

 
Originally posted by gospel gospel напиша:

И ДАЛИ СПАСЕНИЕТО ЗА ТЕБЕ НЕ ГО ОДРАБОТИ ИСУС НА КРСТОТ НА ГОЛГОТА? ПА СЕГА ТРЕБА УШТЕ НЕШТО ДА ДОДАДЕШ НА НЕГОВОТО ДЕЛО, ЗА ТВОЕТО СПАСЕНИЕ ДА БИДЕ ПОТПОЛНО?


Христос ги отвори рајските порти за мене и за секој човек, но дали ќе влезeмe во рајот, тоа зависи од нашите дела.

Матеј 7:23 И тогаш Јас ќе им кажам: ‘Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!

Римјаните 2:6-7 Кој секому ќе му даде според неговите дела; живот вечен на оние, кои со трпение во добрите дела бараат слава, чест и бесмртност;

2 Коринтјаните 7:1 И така, возљубени, имајќи вакви верувања, да се очистиме од секаква скверност на телото и на духот, па да твориме дела свети и со страв Божји.

Јаков 2:14 Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли таквата вера да го спаси?
17 Така е и со верата: ако нема дела, мртва е сама по себе.
18 Впрочем, некој ќе рече: ти имаш вера, а јас имам дела; покажи ми ја својата вера без дела, а јас ќе ти ја покажам верата преку моите дела.
20 Сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е бесплодна?
22 Гледате дека верата соработуваше со неговите дела, и преку делата верата стана совршена,
24 Ете човекот се оправдува преку дела, а не единствено преку вера. 
25 Исто така и блудницата Рааб, не се оправда ли преку дела, кога ги прими гласниците и кога ги испрати по друг пат?
26 Зашто, како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва.

Јован: 14:15 „Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди.
Јован: 15:10 Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова.

1 Јован: 2:3  По тоа знаеме дека сме Го познале, кога ги чуваме Неговите заповеди
1 Јован: 3:22 и, што и да побараме, добиваме од Него, бидејќи ги чуваме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него.

1 Коринтјаните: 7:19 Обрезанието е ништо, и необрезанието е ништо, а чувањето на Божјите заповеди е се.

Originally posted by gospel gospel напиша:

И ако крстот на Голгота е единствениот пат за обезбедување влезница во Небесното Царство, што ти е повеќе потребно кога ја имаш влезницата во своите раце?


Влезот е отворен, но дали ја имаш влезницата, зависи од тоа дали сам ќе го следуваш Христа и ќе го земеш крстот на свој грб, односно – дали ќе имаш дела достојни за да влезеш во Царствотот Небесно, или ќе бидеш исфрлен како несоодветно облечен гостин на свадбата.

Марко: 8:34 И кога го повика народот и учениците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене.

Originally posted by gospel gospel напиша:

Морам да ти кажам дека нема поглупа и полуда работа да се застане пред Светиот Бог, со своите дела и со својата самоправедност …


А јас морам да ти кажам дека нема поглупа и полуда работа човек да дозволи протестант да му ја толкува Библијата, затоа што така само контрадикторности ќе види.

НЕ СЕ ЗАНЕСУВАЈТЕ ДЕКА ПО АВТОМАТИЗАМ СТЕ СПАСЕНИ, СО ШТО ДРУГИТЕ ГИ СТАВАТЕ ПОД ТЕБЕ. БЕЗ ДЕЛА - НЕМА СПАСЕНИЕ!!!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 29>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,437 секунди.