|
Локална власт |
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Автор | |
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На прашањето како влијаеше локалната власт врз развојот на општината во изминатите четири години, во Битола 69 отсто од граѓаните велат позитивно, 18 ни позитивно ни негативно, а девет негативно. Сличен е процентот и во Струмица каде 66 отсто од граѓаните се изјасниле позитивно, 25 ни позитивно ни негативно, а девет негативно. Во Прилеп 56 отсто од граѓаните сметаат дека локална власт влијаела позитивно врз развојот на општината, 23 отсто ни позитивно ни негативно, а 19 отсто негативно. Во Охрид процентите се 52 позитивно, 37 отсто ни негативно ни позитивно и 11 отсто негативни. За разлика од нив, само 44 отсто од граѓаните на Куманово и 45 отсто од граѓаните на Штип се изјасниле дека локалната власт врз развојот на општината во изминатите четири години влијаела позитивно, 33 отсто од кумановчани и 23 отсто од штипјани сметаат дека не влијаела ни позитивно ни негативно, а 20 отсто од кумановчани и 32 отсто од штипјани ја оценуваат како негативна.
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се извинувам доколку некој се најде засегнат и навреден, но морам да забележам дека во последно време на темите во Политика станува тренд да се вадат цитати од дневниот печат без ваш коментар за што сметам дека не е во ред да стои само цитатот како цитат бидејки горе-доле сите ги читаме дневните весници. Убаво би било доколку дадете ваше мислење за истото, мислам дека затоа сме тука, а не да постираме новинарски натписи или цитати како информација, иако понекогаш и тоа е потребно за да се запознаеме со некој проблем.
Ке ве замолам во иднина да се потрудите да дадете и ваш коментар како би го прочитале и вашето мислење за проблемот и како би се развила дискусија. Благодарам |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прифатено... Мислам дека забелешката ти е на место... |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..prifateno... sprovedeno... |
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a jas si mislev tie sami pisuvaat...lele
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Listajki gi dnevnite vesnici neshto shto mi padna vo oci e intenciite Logoto na partiite da bide Shto sraboti, odnosno akcentoto da se stavi na srabotenoto na kandidatite. Mi se cini deka ovaa pokazuva deka pogolemiot del kandidati kje bidat segashnite gradonacalnici pa duri i segashnive aktivni politicari. Znaci nova krv nema. Edno mi go mati umot- Kje gi stavat li na hartija neuspesite, promashuvanjata ili samo kje se falat? Pak li kje nosat so sebe aktivisti od eden vo drug reon na opshtinite kade kje se kandidiraat i poshiroko? Pak li kje odat na kartata zamajanost na glasacite i prodavanje magla deka na nivnite (mislam i na SDSM i VMRO) mitinzi izleguvaat mnogu gragjani? I konecno dali onie koi ostana so kratki rakavi odnosno vo ovoj mandat ne dobija nishto od nivnite kje poveruvaat deka kje dobijat sega, po pobedata? Kje im poveruvaat li?
|
|
monitor
Сениор Регистриран: 19.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 97 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Децентрализацијата е добро осмислена но треба квалитетно да се реализира.Сметам дека тоа најмногу зависи од градоначалникот и неговата гарнитура.Пред се во поглед на вработувањата во конкретната општина, ке решава
самата општина,а не од Скопје.Пр. во Охрид сеуште не може да се спроведе деценрализација, само поради алчноста на централната власт во Скопје за концесиите со Охридското Езеро. |
|
MIJATA
Група Регистриран: 12.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 50 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ме радува што полека населението во Македонија полека созрева , и на следниве локални избори нема да се гласа за партија, туку за човек.Партиите се свесни за овој проблем, и се во голема потрага и дилема за предложување кандидат за градоначалник во сите општини. Многу партиски определени луѓе се имаат изјаснато дека нема да гласаат за својата партија, доколку не им се понуди добар кандидат.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Citam vo Dnevnik i ne mi se veruva..
Гостивар ги почести со 250евра советниците и администрацијата Советниците и администрацијата во Општина Гостивар ќе ја поделат новогодишната честитка вредна 25 илјади евра и секој од седумдесетте вработени во локалната самоуправа и советниците ќе добијат по 15 илјади денари. Во образложението од Фарие Алиу, раководител на секторот за финансии и буџет на седницата на Советот на општината, беше посочено дека со овие пари на вработените ќе им се помогне порелаксирано да ги поминат претстојните празници или да ги искористат за други потреби.Одлуката за еднократен надомест едногласно беше изгласана.На 47 седница, советниците го изгласаа и предлогот за рекордно високиот буџет за 2009 година. Тој е најголем досега и изнесува над 1,1 милијарда денари или околу 18 милиони евра. Лани општинскиот буџет со ребалансите изнесуваше околу 11 милиони евра. Minatata godina povekje opshtini si donesoa odluka da si se pocastat SAMO TIE so parite od gragjanite... E ova pocrvenetoto posebno mi padna vo oci. Porelaksirano da si gi pominat praznicite. greota se , mozebi ova kje im bide posledno. Idat novi lokalni izbori i mozebi nema da bidat izbrani pa narednata nova godina kje mora ponerelaksirano da ja minuvaat oti kje mora so svoi pari da platat. Do koga lugje . Ova li e decentralizacija, ova li e lokalna vlast. Ta neli sme pred svetska ekonomska kriza. Ta neli nema pari za obrazovanie, za penzioneri, za novogodishni paketcinja za socijalcite. Ili krizata e za narodot, za priviliegiranite ne vazi. E narode, narode... |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изборите поминаа, спласна победничката еуфорија. Дојде време за
соочување со реалноста. А реалноста некако не е многу розова. Барем во
некои општини.
Бурна политичка пролет ја очекува општината Центар Општината Центар повторно доби градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ, сопственикот на супермаркетите „Тинекс“. Но ситуацијата во општинскиот совет не и оди во прилог на оваа партија. Таму, од вкупно 23 советници 11 се од СДСМ, десет од ВМРО-ДПМНЕ и по еден од ЛДП и од НСДП, партии за кои се смета дека се поблиски до социјалдемократите. Сè уште не се одржала ниту конститутивната седница на новиот совет, а меѓу локалните партиски членови сè почесто кружат гласини дека ќе има остра политичка борба во централната скопска општина, која ќе вклучува блокирање детални урбанистички планови, а со тоа и изградба на нови владини објекти, како и обиди за „купување“ советници, за да се смени односот на силите. Советници на СДСМ велат дека е можно да се запрат некои детални урбанистички планови и да почне постапка да се изменат, особено тие што се сметаат за нецелосни или за кои постои сомневање дека биле донесени на незаконски начин. Можно е и плановите привремено да се стават во мирување додека да се направат измени во нив. Најинтересен од сите, секако, е деталниот план за Малиот ринг, односно за централното градско подрачје, кој предвидува изградба на црква и на споменик на Александар Македонски на плоштадот „Македонија“, државна зграда пред Македонската опера и балет, како и објекти што веќе се градат, односно Архивот, Филхармонијата и други. - Сè уште ништо не се знае за целата таа ситуација. Можно е да дојде и до измена на некои планови, сè зависи од тоа како ќе се определат другите советници - кажаа неколку советници од СДСМ. Многу работи во советот ќе зависат од двајцата советници што не се членови на двете најголеми партии. Иванчо Вучевски од НСДП е еден од нив, кој во минатиот состав беше и претседател во почетокот. За гласините дека ќе се поткупуваат советници за да се добие ново мнозинство тој вели дека неговото достоинство не било ставено на продажба, па никој не може да го купи неговиот глас. - Јас сум во општината веќе 12 години и мислам дека тоа доволно кажува. Тука сум за да работам за граѓаните, а не за себе или за другите советници. Тоа се гледа и од фактот што во годините зад нас неколку пати сум реизбран за советник - истакна Вучевски. Реизбран за советник е и Владимир Здравев, директорот на МЕПСО и досегашен претседател на оваа институција, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека не може толку едноставно да се сменат деталните урбанистички планови, особено тој за Малиот ринг, што веќе бил потврден и од Уставниот суд. - Не знам како ќе се одвива целата ситуација. Точно е дека ќе имаме тешка битка за секој глас, но сето тоа треба да го оставиме за конститутивната седница, да видиме што ќе се случи тогаш. Кога ќе се предложи избор за претседател ќе се види кој на која страна ќе биде и како ќе гласа. А што се однесува до измената на деталните планови, никој нема право да се поставува над Уставниот суд - вели Здравев. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne e samo da zazemes pozicija, treba da znaes da go odrabotis toa sto ti e zadaca.
Novinarite ovoj pat osetija na koza kako izgleda da te riba nekoj koj samo zaradi partiskata kniska smee da si go dozvoli toa. Kako li il bese na prosvetarite od Kisela Voda koga lokalnite moknici zaedno so direktorite na ucilistata go isturaa besot vrz niv vo nedela popladne samo i samo da go prekinat shtrajkot. I bi prekin. Ama mnogumina od niv, gradonacalnikot i bajagi sovetnicki/sovetnici ne se veke na svoite pozicii. Vreme e da si zaminat i tie koi toa go dozvolija, podracnata, inspektotor, direktorite. СКАНДАЛ НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА ЕКС-СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Најострите зборови, закани и навреди кон новинарите беа изговорени од устата на советничката Лепа Шеќерова, инаку просветен работник, педагог. Таа на седницата дојде со 35-минутно задоцнување, но сепак ја искористи можноста уште задишана да земе збор и преку микрофоните да ја исплука новинарската професија, а новинарите да ги набрка надвор, небаре и дошле кај неа дома на гости. Шекерова особено беше гневна на една новинарка која претходно неколкупати пишувала за оваа скандалозна одлука која патем, беше поништена и од Антикорупциската комисија и од Уставниот суд. "Бесрамнице! Јас не знам со кој образ дојде овде пред сите нас. Марш
надвор. Овде има чесни луѓе, кај ти е личната етика. Не може овде никој
паметен да се прави. Излези овде, на говорницата да се извиниш јавно",
беа само дел од отровните стрели кои Шекерова ги упати од јавната
говорница. Претседателот на Советот на општината Зоран Антовски, се
обиде но не успеа да ја замолчи, па мораше да ги исклучи микрофоните.
Потоа настана мешаница.
Дел од членовите се оградија од зборовите на нивната колешка, дел ја
поддржуваа. "Вие сакате само сензации!; Не смеете да пишувате што ќе ви
текне!; Ќе ве тужиме!; наспроти "Оставете ги, тие си се на работа исто
како нас; Не се сите исти;...викаа свртени кон присутните новинари.
Овој вербален линч воопшто не беше пријатен за претставниците на
медиумите кои редовно ја следат работата на локалната власт. Нивната
задача е да слушаат и да информираат а не да се објаснуваат со
советниците. Новинарите, сепак, не се уплашија. Успеаја да дознаат дека до вчера, до 14.30 часот од вкупно 23 советници од лаптопите се откажале само четворица. Новите советници кои утре треба да ја одржат првата конститутивна седница ќе останат без основен алат за работа бидејќи општинската комуникација е целосно компјутеризирана. Советниците ги добиваат и материјалите за секоја седница во електронска форма. Сега, доколку екс-советниците не ги вратат лаптопите ќе треба да поминат три-четири месеци за да се распише тендер за набавка на нови. |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е, немој шерифи. Знаеш и самата дека тој израз кај нас е слоободен превод а во суштина значи МАРШАЛ. Што ли амо ќе им правиме на толку Маршали? Со едниот до 1980 година некако одеше, ама сега со стотина? Тешко на нас. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"""""Најострите зборови, закани и навреди кон новинарите беа изговорени од устата на советничката Лепа Шеќерова, инаку просветен работник, педагог. Таа на седницата дојде со 35-минутно задоцнување, но сепак ја искористи можноста уште задишана да земе збор и преку микрофоните да ја исплука новинарската професија, а новинарите да ги набрка надвор, небаре и дошле кај неа дома на гости. Шекерова особено беше гневна на една новинарка која претходно неколкупати пишувала за оваа скандалозна одлука која патем, беше поништена и од Антикорупциската комисија и од Уставниот суд. """""
---Lele majko, ja poznavam licno Lepa. Znaev deka e idiot vo privatniot zivot ama ne znaev deka e do tolku zabegana. Inaku licno bev prisuten koga na dve novovraboteni nastavnicki od ucilisteto vo koe raboti, po telefon im objasnuvase kako treba da obezbedat najmalku po 15 prijateli, koi treba da glasaat za nejzinata politicka opcija, oti vo sprotivno "ne bilo sigurno dali ke dobijat resenija za rabota" Изменето од ninja_34 - 16.Април.2009 во 01:04 |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како ли ќе излезе?
Беџети со зурли влезе во кабинетот Со звуците на зурли и тапани новиот градоначалник Сади Беџети од ДПА вчера влезе во тетовската општинска зграда, каде што ја презеде функцијата од досегашниот прв човек на градот Хазби Лика. Се надевам на фер соработка и не очекувам опструкции од централната власт во реализирањето на инфраструктурните проекти. Нема да има никаков реваншизам кон досегашната општинска администрација, ќе биде задржан и проширен досегашниот мултиетнички начин на работа - изјави Беџети. |
|
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |