IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 32>
Автор
Порака
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 06:01

Старец Софрониј Сахаров

Во почетокот беше Словото. Без Него ништо не постои. Катадневно го вкусуваме болниот и беден живот во нашето тело. А сепак, создадени сме според образот на Христа, Апсолутниот. Проблемот, тајната на нашиот живот, е во преминот од релативното во Апсолутниот. Ако битието е создадено од Бога, не треба да умре. Бог го создаде животот, не ја создаде смртта. Нашата цел е животот во Христа Бога, во бесмртноста, во вечноста. Согласно Откровението, возможно е вечноста Божја да ни се подаде.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 06:07


Свети Силуан Атонски

Ако мислиш лошо за луѓето, тоа значи дека лошиот дух живее во тебе. И тој ти ги вметнува лошите помисли за луѓето. И ако некој не се покае и умре, не простувајќи му на братот, тогаш неговата душа ќе отиде таму каде што живее лошиот дух, што ја заробил душата. Таков е духовниот закон: ако простуваш, значи дека и тебе Господ ти простил. А ако не му простуваш на братот, значи дека и твојот грев останува со тебе. Господ сака да го љубиме ближниот. И ако размислуваш за него, дека го љуби Господ, значи дека љубовта Господова е со тебе. И ако мислиш дека Господ многу го љуби Своето создание, и самиот ја сожалуваш сета твар, и ги љубиш своите непријатели, себеси, пак, се сметаш за полош од сите, значи дека со тебе е голема благодат на Светиот Дух.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
bob Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bob Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 11:22

... GOSPODI ISUSE HRISTE pomiluj ne...

Изменето од bob - 16.Декември.2008 во 07:35
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 04:01

свети Симеон Нов Богослов

Во сегашниов живот, кога преку покајанието слободно и доброволно влегуваме во Божјата светлина, ние сме обвинети и судени; меѓутоа, со Божјата љубов и милосрдие, ова обвинување се врши во тајност, во длабочините на нашата душа, за наше очистување и за прошка на нашите гревови. Тогаш, само Бог и самите ние ги гледаме длабочините на срцата наши. Оние што во овој живот трпат ваков суд, нема што повеќе да се плашат од друг испит.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 04:05

страец Софрониј

Како да го поминеме денот без грев, или поинаку речено, свето? Еве го нашиот секојдневен проблем. Како да ги преобразиме нашето битие, умот, чувствата, самите наши природни реакции, така што да не сториме грев против нашиот Небесен Отец, против Христа, против Светиот Дух, против човековата ипостас, против нашиот брат и против секое нешто на овој свет.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2008 во 17:48
Старец Софрониј

Бог може да го допре духот на човекот и на непосреден начин да му го даде самопознанието. Постои голема разлика помеѓу ова познание и она што се стекнува во теолошките школи. Може да е многу опасно да се студира теологија, без егзистенционален опит на животот, во Духот Христов. Во опасност сме, навистина да ја изучуваме теологијата во нејзините апофатички форми, како философија или поезија. Во опасност сме да присвоиме некој погрешен став, да се сметаме себе си како нешто големо, што е доволно за да се загубиме. Должни сме да бараме во животот еден друг вид на вдахновение, во Христа. Теолошката наука што се учи во школите и која стана научна дисциплина достапна за сите, не ни овозможува познание на Бога. Познанието на Бога извира од животот во Бога, кој се раѓа во внатрешноста на срцето.

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2008 во 17:50
свети Амвросиј Оптински

Молитвата на митарот Господи смилувај се на мене грешниот, ќе ги придружува праведниците до вратата на Царството, зашто на патот кон спасението христијанинот мора постојано да се наоѓа меѓу стравот и надежта. Свети Исаак Сирин оваа мисла ја изразил со еден трогателен збор ’каењето – вели тој – е треперење на душата пред вратите на рајот’.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2008 во 17:53
стрец Софрониј

За да ја зачуваме благодатта на Светиот Дух, должни сме да се држиме подалеку од секоја помисла која не Му е угодна на Бога – ни вели Старец Силуан. Ова е нашето дело. Ова е нашето духовно восовршување. Но, бидејќи станува збор за спасение во вечноста, ова восовршување никогаш не завршува. Почнуваме и повторно почнуваме, без крај!


Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2008 во 15:25


Старец Софрониј од Есекс

Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи ѝ се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење. Овој пат е долг и трнлив, но доаѓа моментот кога зракот на Божествената Светлина ја пробива густата темнина и пред нас се отвора простор низ којшто можеме да го видиме Изворот на таа Светлина. Тогаш Исусовата молитва добива космички и метакосмички димензии.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2008 во 15:55
Слепиот човек кој седеше покрај патот близу Ерихон, ја кажа молитвата: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме.“ Свети апостол Павле во своето прво послание до Тимотеја вели: „Христос дојде да ги спаси грешниците, од кои првиот сум јас“. Овие две реченици ни ја откриваат една од најважните молитви во Црквата - Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“.

Отците на Црквата велат дека оваа едноставна молитва е најдиректен и наједноставен начин на исполнување на заповедите на Новиот Завет да се молиме непрестајно. Оваа молитва може да ја кажува секој, од најмало дете, до најуспешен бизнисмен.

Од оваа молитва, никогаш не може да се измориме.

отец Матеј, парохиски свештеник на Американска Православна Црква
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2008 во 16:01
Житие и поуки на св. Јован Јаков Хозевит Испечати Е-пошта

Преподобниот Јован Јаков се родил во Романија, општина Хородиштеа во 1913 г. од родителите Максим и Екатерина Јаков. На крШтевката го добил името Илија, но тогаш никој не ни можел да претпостави дека овој Илија Ќе живее и Ќе се подвизува на истот место каде Што се подвизувале двата големи пророци св. Илија и св. Јован Крстител.
Копнежот по Господовите дворови и по подвижнички живот, според примерот на големите пустиножителни отци на нашата Православна Црква, уште од млади години, по завршувањето на гимназијата го привлекол кон манастирот Њамц во Молдавија. Таму во 1933г. е замонашен на 23 годишна возраст, при што го добил монашкото име Јован. Поминал низ многу послушанија. Но читајЌи ги, со големо внимание и сериозност, житијата на светителите - основачи на монашкиот живот во Палестина, како на пример, житието на св. Теодосиј, основачот на општежитието, на св. Ефтимиј Велики и св. Сава Освештен, тој се разгорел со голема ревност, копнеејќи да отпатува за Ерусалим, за да може одблиску да црпи од божествениот источник на пустиножителниот подвиг. Од 1936 г. се повлекува во Лаврата на св. Сава Освештен, станувајќи пример за послушание во монашкиот живот.
Во 1946 г. бил повикан да служи во романскиот скит во јорданската долина и бил хиротонисан за свеШтеник, како игумен и свеШтенослужител во скитот, каде поминал повеЌе од 6 г., ревнувајќи во подвигот на пустиножителство, подражавајќи го животот на св. Марија Египетска.
Во потрага по уште поосаменички живот, тој се населил во една пештера близу до Хозевитскиот манастир, подвизувајЌи се во пост и молитва и беседејЌи со Бога дење и ноЌе повеЌе од 8 г.; тука ги напиШал и своите лирски стихови насловени како 'Духовна храна”, кои се плод на неговото постојано духовно вознесување кон она што е небесно, с# додека Господ не го повикал во 1960 г. Погребан е во истата пеШтера во која и се подвизувал, откако поживеал само 47 г. Дваесет години подоцна, во 1980 г. на чудесен начин се откриени неговите свети мошти и од пештерата се пренесени во манстирот на св. Георгиј Хозевит, каде и денес почиваат и покрај кои се случуваат многубројни чудесни исцеленија, укрепувајќи ги монасите и многубројните поклоници од цел свет.


 Преподобниот Јован оставил голем број на списи, кои се добар патоказ на христијаните во искачувањето по лествицата на духовни вредности. Од нив може да се согледа еден живот исполнет со подвизи, на човек којшто со умот и срцето секогаш  бил насочен кон Распнатиот заради спасението на светот. Меѓу списите на св. Јован се наоѓаат и духовни поуки, многу значајни за спасението на дуШата, на тема: Да не станеме судии на служителите Божји, 'Не судете за да не ви се суди.”(Мт.7,1).
Преподобниот зборувал за тоа дека денес многу ревнуваат за вистинската вера, но духовно не напредуваат. Вината ја префрламе на денеШниот свет, но Господ не  избрал од светот. Велиме дека манстирите не се као што доликува, но првите христијани немале ни цркви, ниту манастири, па сепак биле духовно понапредни. Ги обвинуваме игумените, духовните пастири дека не се искусни и не се грижат за стадото и заради тоа запаѓаме во опасност и не напредуваме. Ако се жалиме дека сме туѓинци и неволници, тогаш  ќе неисмејат древните христијани, кои постојано биле прогонувани, одведувани во ропство, каде трпеле најголеми неволји. И покрај сето тоа нивниот живот блескал како оган во мракот на паганството.
На кого и да ја префрлиме вината за своето духовно мртвило, не можеме да се оправдаме. Нема како некогаш гонење, нема ропство, па сепак, на секој чекор наидуваме на препреки и не напредуваме. Причина за нашето сопнување сме ние самите. Ги забораваме своите гревови и ги гледаме туѓите, и уште се трудиме да ги обелодениме и да им судиме! Но она што ни нанесува уште поголемаштета е тоа што ги судиме и клеветиме служителите на Светиот олтар, до кои не ни доликува ни да се допреме.
Кој си ти што му судиш на туѓ слуга? - вели Светиот апостол Павле - Пред својот господар тој стои или паѓа. Но ќе биде исправен, заштоБог е моЌен да го исправи. ( Рим.14,4)
Гревовите и слабостите на клириците не е пристојно да се објавуваат. И самите клирици се слаби луѓе кои произлегле од овој суетен свет. Тие не паднале од небо ниту израснале меЃу ангелите. Ги родил денеШниот свет. Тие растеле во овој суетен свет, учеле во светското училиШте. А откако пристапиле на служба во Олтарот, светот повторно не ги остава на мир. Ветрот на порочноста со новата мода денес патува брзо како и мислата. Тоа што се прави или зборува во Америка после само неколку мигови им станува познато дури и на најмалите деца. И како Што патуваат вестите исто така брзо патува порочноста низ светот. Свештениците бидејќи се во врска со светот денеска се поранливи отколку порано. Нивните должности се исти како и порано, но препреките се зголемиле, духот на светот огрубел и подивел.
Науката прогласи најжестока војна против духовниот живот, а светот на слепо се поведува по науката, оддалечувајЌи се од светата вера. Лукавиот владетел на овој век пушта најжестоки стрели против црковните лица.
Овој суетен свет го труе човечкиот дух со најразновидни измами, па потоа бара да ги види клириците како светители од иконите. Меѓутоа, од каде произлегле клириците? Зарем не од коренот на овој свет. Да беше коренот поблагороден, и ластарите ќе беа подобри. Солта која се вади од море лесно се растопува кога Ќе наиде на влага. Свештениците се сол која произлегла од морето на светот и бидејќи светските ветрови денес се полоШи и попродорни, и солта се растопува полесно отколку порано, а понекогаш и сосема се расипува. Бидејќи светот е современ, свештениците не можат да бидат како оние од древните времиња. Се се менува според духот на времето. Не судете за да не ви се суди(Мт 7,1).

 Подготвиле:  сестрите од манастирот во Рајчица



Изменето од Tetratka - 09.Декември.2008 во 16:02
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2008 во 10:34
ПОРАКА ДО ТЕБЕ ОД НЕПОЗНАТ СВЕТОГОРСКИ СТАРЕЦ



   Синко, можеби нема ни малку да обратиш внимание на овие мои зборови. Но, Бог знае дека само од сочуство и љубов кон тебе и грижејќи се за твое добро, ти зборувам и ти го изнесувам сето ова. Не ти барам ништо.

   И Христос не ти бара ништо. На Бога ништо не Му е потребно. Единствено што сака е тебе да ти е добро. Тој сака и ти да се радуваш со Него, како и толку многу други што Му се радуваат. Те љуби и те посакува во Својата близина, како што таткото го љуби своето чедо.

   Меѓутоа, ти дава и право да Го отфрлиш, Него, својот Отец и Создател. Толку ја почитува твојата слобода, толку го цени твојот слободен избор! Не те сака во Своја близина присилно, нити како Негов роб, туку како слободно чедо на Благодатта Негова. Те сака како Свој брат и пријател.

   Ако Го прифатиш, Тој прв ќе дојде и ќе се радува со тебе. Ќе пребива во тебе и ќе ти го даде Својот спокој. Толку ќе бидеш спокоен, што ќе плачеш од радост и среќа каква што не можеш ни да замислиш. Ќе Му благодариш и ќе Го прославуваш.

   Ако пак, Го отфрлиш, ќе го прифати тоа со горчина и ќе си замине. Нема да ти нанесе ама баш никакво зло. Само ќе ја боледува твојата болка, твојата несреќа, твојот пустош, затоа што ќе бидеш далеку од Него. Трпеливо ќе те чека пред вратата од домот на твојата душа, зашто, можеби, за среќа, ќе се покаеш и ќе те чека до крај, за повторно да те приведе при Себе.

   Прими Го, дете мое, како што ти реков и ако сакаш, заради радоста своја, задржи Го!






Со благослов од Архимандрит Партениј,
игумен на Бигорскиот манастир

                                                    



Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2008 во 10:42
Originally posted by Sunny Sunny напиша:

ПОРАКА ДО ТЕБЕ ОД НЕПОЗНАТ СВЕТОГОРСКИ СТАРЕЦ




   Синко, можеби нема ни малку да обратиш внимание на овие мои зборови. Но, Бог знае дека само од сочуство и љубов кон тебе и грижејќи се за твое добро, ти зборувам и ти го изнесувам сето ова. Не ти барам ништо.

   И Христос не ти бара ништо. На Бога ништо не Му е потребно. Единствено што сака е тебе да ти е добро. Тој сака и ти да се радуваш со Него, како и толку многу други што Му се радуваат. Те љуби и те посакува во Својата близина, како што таткото го љуби своето чедо.

   Меѓутоа, ти дава и право да Го отфрлиш, Него, својот Отец и Создател. Толку ја почитува твојата слобода, толку го цени твојот слободен избор! Не те сака во Своја близина присилно, нити како Негов роб, туку како слободно чедо на Благодатта Негова. Те сака како Свој брат и пријател.

   Ако Го прифатиш, Тој прв ќе дојде и ќе се радува со тебе. Ќе пребива во тебе и ќе ти го даде Својот спокој. Толку ќе бидеш спокоен, што ќе плачеш од радост и среќа каква што не можеш ни да замислиш. Ќе Му благодариш и ќе Го прославуваш.

   Ако пак, Го отфрлиш, ќе го прифати тоа со горчина и ќе си замине. Нема да ти нанесе ама баш никакво зло. Само ќе ја боледува твојата болка, твојата несреќа, твојот пустош, затоа што ќе бидеш далеку од Него. Трпеливо ќе те чека пред вратата од домот на твојата душа, зашто, можеби, за среќа, ќе се покаеш и ќе те чека до крај, за повторно да те приведе при Себе.

   Прими Го, дете мое, како што ти реков и ако сакаш, заради радоста своја, задржи Го!






Со благослов од Архимандрит Партениј,
игумен на Бигорскиот манастир

                                                    



 

голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка

големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
blagorodna Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 568
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blagorodna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2008 во 12:05
Od ko iscitav so rekle svetive oci za sekso, se razocarav zas samo tamu im bil pameto i nema da gi verua mnogu.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,813 секунди.