IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 30>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2008 во 18:59
Sno{ti minav pokraj vazi,
tebe mome ne te najdov,
srce mi se rastreperi,
po~nav solzi da ronam.

Se~i mome rusi kosi,
pravi skala da se ka~am,
da ti vidam belo lice,
em rudoto ti grlo.

Ka`i mome vistinata,
qubi{ li me, mami{ li me,
il sos'men se podigrava{,
da ti mine vremeto.

Ah da mo`am da razberam,
bula li si, il' grkiwa
il' si mome makedonka,
{to si tolku ubava.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2008 во 19:04
МОЛИТВА

Дај ми, Боже, сила небесна
да се кренам,да се извишам,
како ѕвезда јас да огреам,
химна да му запеам.

Нека расте,о Боже, родот убав мој,
златен дожд од мудрост долго нека пие.
Нека биде,о Боже, вечен родот мој,
нека е што не сме ние.

Дај ми, Боже, љубов ангелска
плодно семе јас да посеам,
да се роди жито медено,
вино-зрело сведено.

Нека расте,о Боже,родот убав мој,
златен дожд од мудрост долго нека пие,
нека биде,о Боже,вечен родот мој,
нека е што не сме ние.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2008 во 19:05
Te vidov tebe i se zaqubiv
i sakav da te imam jas.
i srceto da ti go podaram ---
pak ne mo`am se da iska`am. h2

Glasot tvoj e angelski
pa duri pee ti se ne`ni.
Te{ko e da te slu{am jas
srce imam no }e izgasnit.

I tvojata ubava rusa kosa
spletena e so meka koprina.
Ne si voda da te ispijam
a ni reka da te preplivam.

Dewe i no}e na tebe mislam jas
a angel moj za tebe umiram.
I svetot koga bi se izmenil
ti }e bide{ moja pak moja. 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
nekojnekojski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nekojnekojski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 23:18
aj postirajte i noti..ne samo pesni i akordi (mozhe linkovi)
You gotta have a lot of patience, to learn to have patience
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 17:44
Антице џанам душице
Антице џанам душице,

ах што пусти к'смет си немала.
И на твојата убавина
и на твојата личотија.

Не жали Анте, не плачи
не рони солзи крвави.
Не жали Анте, не плачи,
не расипуј си го лицето.

Сестра ти мала се омажи,
а ти поголема несвршена.
Ти момче стројник ми испрати,
тебе ми те прво посака.
На душа ми те зедоја,
мајка ти, а и татко ти.

Не жали Анте, не плачи
не рони солзи крвави.
Не жали Анте, не плачи,
не расипуј си го лицето.

На стројникот што му рекоја
Антица ни је посвршена.
Антица ми је посвршена
за Димитрија Робета.

Ако ја сакаш малата,
малата кира Василикија.
Ако ја сакаш малата,
малата кира Василикија.


Ако пијам рујно вино

Ако пијам рујно вино
ако пијам рум, ракија [2х]
ако пијам, ако пијам
пијам да те заборавам. [2х]

Ако не ми веруваш
отвори го прозорецот [2х]
погледни го Пелистер
прашај ги врвовите. [2х]

Ако пијам изгор очи
ако љубам шеќер усни [2х]
ако мрсам бујни коси
изгор пак либе за тебе. [2х]


Ајде што ти текна да побегнеш

Ајде што ти текна да побегнеш
на сабајле во зорите. [2х]

Ајде на сабајле во зорите
уште петли непропеани. [2х]

Ајде дали куќа не бендиса
или свекор или свекрва. [2х]

Ајде куќата е мошне арна
свекорот е кротко јагне. [2х]

Ајде свекорот е кротко јагне
а свекрва љута змија. [2х]

Ајде кабаетот е во момчето
мома легни, мома стани. [2х]


Ајде што пијана шеташ Фиме

Ајде што пијана шеташ Фиме
што пијана шеташ,
ај што пијана шеташ Фиме мори
пијана без ракија.

Ајде тебе не прилега Фиме
тебе не прилега,
ајде тебе не прилега Фиме мори
чаршија да одиш.

Ајде чаршија да шеташ Фиме
чаршија да шеташ,
ајде чаршија да шеташ Фиме мори
боса по налани.

Ајде тебе ти прилега Фиме
на сарај да седиш,
ајде на сарај да седиш Фиме мори
жолтици да нижиш.

Ајде жолтици да нижиш Фиме
жолтици да нижиш,
ајде жолтици да нижиш Фиме мори
на грло да носиш.


Ајде шана мана на кантарот

Ајде шана мана на кантарот
да ме бараш Веле зад амбарот
ајде да ми дојдиш на Велигден
на Велигден Веле, третиот ден.

Ајде да заиграш едно оро
едно оро Веле на сред село
ајде и да умрам не ми е жал
се' што носам Веле, се' е твое.

Ајде челината лаковани
Од Пандета, Веле, Шулинчето
ајде шегунчето навезано
од Смилета, Веле, Малинчето.

Ајде кошничето кадифено
од Сандрета, Веле, Новинчето
ајде и да умрам не ми е жал
се' што носам Веле, се' е твое.


Ајде ќе те прашам бре Донке

Ајде ќе те прашам бре Донке
Донке Вардаринке
ајде дали тече бре Донке
Вардар матна вода.

Ајде тече, тече бре брате
бели пени фрла,
ајде ми довлече бре брате
до два ми јунака.

Ајде првиот ми беше
јунак Мирче Ацев,
ајде вториот ми беше
јунак Страшо Пинџур.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 17:47
Ајде Милке да бегаме

Ајде Милке да бегаме
в наше село Малешево.
Милкано мори моме убаво.

В наше село Малешево
од три страни сонце грее.
Милкано мори моме убаво.

Од три страни сонце грее
од четврта месечина.
Милкано мори моме убаво.

Два пати се жетва жнее
три пати се лозје бере
Милкано мори моме убаво.


Ајде дали знаеш, паметиш Милице

Ајде дали знаеш, паметиш Милице
кога си бевме малечки, де
кога си бевме малечки Милице
ај кога се двајцата љубевме.

Ај кога се двајцата љубевме Милице
во чичовото градинче, де
во чичовото градинче Милице
ај кај шарените цвеќиња.

Ај кај шарените цвеќиња Милице
трендафил цвеќе цутеше, де
трендафил цвеќе цутеше Милице
ај на скутот ти ми спиеше.

Ај кога те тебе целував Милице
лице ти беше спотнато, де
лице ти беше спотнато Милице
ај од очи оган ти фрлаше.


Ај! В Македонија глас се чует

Ај! В Македонија глас се чует
од нејзини сираци. [2х]

Ај! Душманите побеснале
колат, бесат се на ред. [2х]

Ај! Вие браќа Македонци
Вие славни јунаци. [2х]

Ај! Крв'о знаме да развејме
в македонски долини. [2х]

Ај! На знаме е напишано
„слобода или смрт”. [2х]

Ај! Нека чует и Европа
дека робот се пробуди. [2х]

Ај! Македонија не се плаши
од нивниот јатаган. [2x]

Ај тој се фрлат како тигар
среде војски, јатаган. [2x]


Ај да бегаме мори Васе

Ај да бегаме мори Васе
ај да бегаме [x2]
в града Солуна
ај да бегаме
в града Солуна.

Там ќе најдеме мори Васе
там ќе најдеме [x2]
мома Спасија [x2]
болна легнала.

Ми повикала мори Васе
ми повикала [x2]
до три доктора
ми повикала до три доктора.

Први и вели мори Васе
од мерак лежи
втори и вели
тешко е болна. [x2]

Трети и вели мори Васе
трети и вели [x2]
јас ќе ја лекувам [x2]
и ќе ја земам.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 17:54
А бре, лудо аџамија

А бре, лудо аџамија,
не ме лажи аман,
косите ми ги мрсеше,
снагата ми ја кршеше,
оф, аман, аман.

Нел' ми вети да ми купиш,
срма елек, аман,
косите ми ги мрсеше,
снагата ми ја кршеше,
оф, аман, аман.

Нел' ми вети да ми купиш,
златен прстен, аман,
косите ми ги мрсеше,
снагата ми ја кршеше,
оф, аман, аман.


А бре Македонче

А бре Македонче, леле каде се спремаш?
Борба те чека, борба за слобода.
Борба за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.

Момци наредени, моми накитени,
борба ќе одат, борба за слобода.
Борба за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.

Нека разберат, клетите фашисти,
Македонско име нема да загине!


А бре невесто

А бре невесте, око калешово,
зашчо си толку бреј ујадено?
А бре војниче, младо војниче,
како да не сум бреј ујадено?
Еве имат бре, девет години,
како ми лудо војник зедоје.

А бре невесте, младо невесте,
какви јадови сега кажуваш?
Какви јадови сега кажуваш
и да го видиш не го позинаш?

А бре војниче, младо војниче,
ја имам мајка, моја свекрва.
Кога т'ја мајка сина прегрне
и ја да си му рака целивам.


Абер дојде од Прибилци

Абер доjде од Прибилци,
од Прибилци каj мудурот.
Абер доjде од Jордана
за муќета Сулеjманот.

Абре муќе ефендијо,
да ми купиш два мансера,
два мансера един нумер,
два мансера един нумер.

Испрати ги Сапотница,
Сапотница каj Велета.
Сапотница каj Велета,
каj Велета Абедина.

А бре Jордан бре Пиперка,
абре Jордан млад Воjводо.
Даj ми мулвет седум дена,
дур' да поjдам во Битола.
Дур' да поjдам во Битола,
во Битола, во Дебоjно.


Абер ми дојде

Абер ми дојде од мојто либе, [x2]
јас да идам јас да го видам. [x2]

Дали е болно или е здраво [x2]
или за мене болно легнало. [x2]

Кога отидов да го видам, [x2]
стана либе ме прегрна. [x2]

Абер ми дојде од мојто либе
јас да идам, јас да го видам.


Абер ми дојде од Солуна града

Абер ми дојде од Солуна града
солунчани де бесилка стаиле,
ќе ми го бесат Гоцета,
Гоцета Делчев војвода.

Гоце ми се сторил
црно ќумурџиче
па ми се шетал
Солунска чаршија.
На среќа сретнал аскери
и на Гоцета зборуват:

- А бре ѓаурче, црно ќумурџиче
не ли го виде Гоцета,
Гоцета Делчев војвода?

- А бре аскери, вие бре аскери
и да го видам Гоцета,
јас Гоце не го познавам.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 17:59
Абер ми иде од Могила

Абер ми иди од Могила,
низ поле Пелагониско,
право ми оди Битола
Битола кај валијата. [2х]

Валијо бре Селим-ефенди [2х]
Могила е полна комити
таму е Димче Могилче. [2х]

Налутил се Селим-ефенди, [2х]
боднал си коња дорија
утре ќе оди Могила
собрал си аскер најсилен
низ прстен јајце да боде.

Ај од тука Димче Могилче
ај од тука куче каурско,
жената ќе ти ја украдам
далеку ќе ја однесам [2х]
во сарај ќе ја потурчам.

Ај од тука Селим-ефенди
ај од тука куче касапско,
кожата ќе ти ја одерам
на плевна ќе ја обесам [2х]
тапан ќе ја направам.


Абре Македонче, ти вардарско пиле

Абре Македонче ти вардарско пиле
каде ќе одиш по ноќно време
аман, аман, поноќно време.
Тебе ми те чекат абре Македонче
тебе ми те чекат до три пусии,
аман, аман, аман до три пусии.

Прва пусија абре Македонче
прва пусија града Прилепа
аман, аман, аман града Прилепа.
Втора пусија абре Македонче
втора пусија града Битола
аман, аман, аман града Битола.

Трета пусија абре Македонче
трета пусија града Солуна
аман, аман, аман града Солуна.
Абре Македонче ти вардарско пиле
немој да одиш по ноќно време
аман, аман, аман по ноќно време.


Аир да не сториш мајко

Аир да не сториш мајко
што ме надвор даде,
многу надалеку, мамо,
преку црна гора.
Преку црна гора, мамо,
преку матна вода.
Преку матна вода, мамо,
во ајдучка куќа.
Во ајдучка куќа, мамо,
деветина браќа.
Деветина браќа, мамо,
горски јаблани,
а мојот десетти, мамо,
ем горски, ем долски.

Везден дома седат, мамо,
порти затворени,
по изби се кријат, мамо,
рујно вино пијат.
А ко ќе се смрачи, мамо,
порти ми отварат.
Порти ми отварат, мамо,
по ајдутлак идат.
Сношти отидоја, мамо,
сабајле дојдоја.
По ридот тераја, мамо,
до девет товара.

До девет товара, мамо,
таја бела свила,
а десетти товар, мамо,
чиста вода сија,
а у вода сија, мамо,
глава од јунака.
Главата ми беше, мамо,
на мојто братче.


Ај зајди, зајди море јасно сонце
Ај зајди зајди море јасно сонце,
мене ми здодеја ова пуста жетва.
Над глава ми стојат до три спахии
И они ми велат ајде бргу жнејте.

Први ни вели ајде бргу жнејте,
А втори ми вели ниско да жнејме, [2х]
А трети ми вели класја збирајте.

А мене ми плаче моето машко дете
Јас не можам дидам да го превијам, [2х]
Да го превијам да го најадам.


Ај засвирете млади момчиња

Аj засвирете млади момчиња,
песна весела со душа и срце,
мерак имам jас со вас да запеам,
песна убава, песна македонска.

Мерак имам jас со вас да запеам,
песна весела, песна мераклиска,
песна весела, песна македонска.

Аj со мерак ќе ти засвириме,
и со мерак ќе ти запееме,
коj што пее зло не мисли,
тоа го велат и старите.

Моjата песна знаj сè ќе победи,
среќа љубов тоj во песна ќе претвори.
Среќен живот jас со песна поминав
со песна живеам, со песна ќе умрам.


Ај мерак имам

Ај мерак имам, мерак имам
за наш'то комшиче. [x2]
ај го побарав, го побарав
не ми го дадоа. [x2]

Ај го дадоа, го дадоа
за мојот побратим [x2]
ај па ме кани, па ме кани
нунко да му бидам. [x2]

Ај венчај куме, венчај куме
млада невестица [x2]
Ај пак да венчам, как да венчам
срцево ми плаче. [x2]

Ај до недела, до недела
млада невеста [x2]
ај до другата, до другата
црна удовица.

Ај до другата, до другата
млада удовица [x2]
ај до третата, до третата
моја да ми биде.


Ајде Анѓо да повечераме

Ајде Анѓе да повечераме, мори,
ајде Анѓе да повечераме.
Вечерајте Анѓа не чекајте, море,
вечерајте Анѓа не чекајте.

Анѓе је се нешто учинило, море,
Анѓо је се нешто учинило.
Влегло лудо в долното градинче, море,
влегло лудо в долното градинче.

Ми обрало секаквоно цвеќе, море,
ми обрало секаквоно цвеќе.
Секаквоно цвеќе, бело ем црвено, море,
секаквоно цвеќе, бело ем црвено.


Ајде болно лежи мојто либе

Ајде болно лежи мојто либе
болно лежи на постела
болно лежи мојто либе
болно лежи на постела. [x2]

Ајде нит' умират, нит' стануват
ниту богу душа дават
нит' умират, нит' стануват
ниту богу душа дават. [x2]

Ајде ниту мене изим дават
да заљубам друго либе
да заљубам друго либе
друго либе поубаво. [x2]

Ајде стани, стани верно либе
стани, стани да не станиш
ќе одиме во Битола
ќе пиеме пресна бира [x2]
таму свирки ќе ни свират.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 18:04
Ајде бостан садат мамо

Ајде бостан садат мамо
три девојки убави [x2]
дење садат ноќе им го крадат. [x2]

Ајде ми фатија мамо
едно лудо младо, [x2]
Прва вели да го заколиме
втора вели да го обесиме.

Ајде втора вели мамо
да го обесиме [x2]
трета вели дајте ми го мене. [x2]


Ајде вино пијам

Ајде вино пијам, леле вино пијам
непара го пијам леле, леле, непара го пијам.
Ајде на ракија леле, на ракија
мошне сум мераклија леле, леле, мошне сум мераклија.

Ајде коња јавам, леле коња јавам
коњче аџамија, леле, коњче аџамија
море јас го терам, леле јас го терам
на студен кладенец леле, леле на студен кладенец.

Ајде тој ме носи, леле тој ме носи
на момини порти леле, леле на момини порти.
Ајде пусти порти, леле пусти порти
тешко затворени леле, леле тешко затворени.

Ајде не сум пиле, леле не сум пиле,
порти да прелетам леле, леле порти да прелетам,
ајде не сум змија леле, не сум змија
здола да се проврам леле, леле либе да си видам.


Абре воденичаре

Абре воденичаре, баш пријателе
море мојте очи твои нека бидат
сомели ми житото.

Воденицата вода ми нема
не ти мелам житото.

Ајде воденичаре, баш пријателе,
море мојте солзи вода нека бидат
сомели ми житото.

Воденицата камен ми нема
нети мелам житото.

Ајде воденичаре, баш пријателе
море мојто лице твое нека биде
сомели ми житото.

Воденицата вода ми нема
не ти мелам житото.

Ајде воденичаре, баш пријателе
море мојта снага твоја нека биде
сомели ми житото.

Воденицата вода ми има
ќе ти мелам житото.

Ајде да одиме во Битола

Ајде да одиме во Битола
во Битола, Широк Сокак
таму, таму има моми убави
моми убави, баш македонски.

Ајде да одиме во меана
во меана Тумбе кафе,
таму, таму точат рујно вино
песни пеат баш македонски.

Ајде да одиме на Пелистер
на Пелистер, Бегова чешма
таму, таму играат Македонци
оро комшиско баш македонско.


Ајде да се земиме, Васе

Ајде да се земиме, Васе, Васе
ајде да се земиме.
Како да се земиме Васе, Васе
кога пари немаме?

Пари ќе направиме Васе, Васе
куќа ќе направиме.
Васето на Ваневци, Васе, Васе
Томе на Тодиевци.

Кога бевме Битола, Васе, Васе
шеќер, локум јадевме.
Шеќер локум јадевме Васе, Васе
ладна бира пиевме.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 18:08
Ајде дали знаеш, паметиш Милице

Ајде дали знаеш, паметиш Милице
кога си бевме малечки, де
кога си бевме малечки Милице
ај кога се двајцата љубевме.

Ај кога се двајцата љубевме Милице
во чичовото градинче, де
во чичовото градинче Милице
ај кај шарените цвеќиња.

Ај кај шарените цвеќиња Милице
трендафил цвеќе цутеше, де
трендафил цвеќе цутеше Милице
ај на скутот ти ми спиеше.

Ај кога те тебе целував Милице
лице ти беше спотнато, де
лице ти беше спотнато Милице
ај од очи оган ти фрлаше.


Ајде жалај ме, Малино

Ајде жалај ме, Малино моме, плакај ме,
оти јас ќе одам, Малино моме, комита.

Ај низ таја, Малино моме, Пирин Планина,
на кумитските, Малино моме, зборишта.

Ајде отиди, Малино моме, в градина,
ајде набери, Малино моме, китка трендафил.

Ајде накити, Малино моме, Делчев војвода
и неговата, Малино моме, верна дружина.


Ајде засвирете браќа свирачи

Ајде засвирете браќа свирачи
да заборавам се' што ме мачи,
пари ќе платам, ќе ве позлатам
бар малку радост јас да си вратам.

Рефрен:
Играм и пеам ќе му се смеам
на овој живот што го живеам. [x2]

Оваа вечер јас се' ќе платам
животот краток
целиот век јас
и многу маки по него тргам.

Рефрен
Играм и пеам ќе му се смеам
на овој живот што го живеам. [x2]

Не заборавај вино и ракија
меани крчми мои биле,
јас во нив минав најлуди ноќи.

Рефрен
Играм и пеам ќе му се смеам
на овој живот што го живеам. [x2]


Ајде кога водев коњ да појам

Ајде кога водев мила мамо
коњ да појам на кладенец
море там' си најдов мила мамо
едно лично мало моме.

Ајде очите и' черешови
лицето и' јасно сонце
море учи мајко поучувај
што да правам да го земам?

Ајде слушај синко стара мајка
не лудувај по момето
море момето е посвршено
во комшии за Ѓорѓија.

Море ќе го грабам мила мамо
ќе го грабам од Ѓорѓија
море ќе го носам во одаи
во одаи на дивани.


Ајде која ми те лаже, Миле бре

Ајде која ми те лаже, Миле бре,
во нашето село, Миле бре,
во нашето село.

Ајде во нашето село, Миле бре,
во горната маала, Миле бре,
во горната маала.

Ајде во горната маала, Миле бре,
поповата куќа, Миле бре,
поповата куќа.

Ајде поповата куќа, Миле бре,
поповата ќерка, Миле бре,
поповата ќерка.

Ајде поповата ќерка, Миле бре,
таја најмалата, Миле бре,
таја најмалата.

Ајде таа најмалата, Миле бре,
таа најубата, Миле бре,
таа најубата.

Ајде кога од одува, Миле бре,
како еребица, Миле бре,
како еребица.

Ајде кога збор зборува, Миле бре,
како ластавица, Миле бре,
како ластавица.


Ајде легнала е Лилјана

Ајде легнала е Лилјана
на зелената полјана.
Ај’, на зелената полјана,
на Радевото колено.

Ајде, Раде ми ја будеше,
бело ѝ лице љубеше:
"Ајде, стани, стани, Лилјано,
да видиш чудо големо.

Ај' темен се облак зададе,
ситна ќе роса да зароси.
Ајде, три порој ќе дотечат,
нас двајца ќе нè однесат!"


Изменето од Miki_P - 03.Декември.2008 во 18:09
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 18:15
Ајде Милке да бегаме

Ајде Милке да бегаме
в наше село Малешево.
Милкано мори моме убаво.

В наше село Малешево
од три страни сонце грее.
Милкано мори моме убаво.

Од три страни сонце грее
од четврта месечина.
Милкано мори моме убаво.

Два пати се жетва жнее
три пати се лозје бере
Милкано мори моме убаво.


Ајде мори Стојно ле, мој соколе

Ајде мори Стојно ле, мој соколе,
ти виното мори не го пиеш,
ај мори виновина ти мирисаш.

Не лудо жими мој братено,
ајде мори сношти урва воѓеало,
помина покрај мојта врата.

Ајде мор ми се фати,
ми се фати мојто либе,
ми се истури мор виното.

Ајде мор затова,
лудо ле море, мор затова,
виновина море ти мирисаш.


Ајде поминувам, заминувам

Ајде поминувам мори, заминувам,
на бел камен починувам,
на бел камен починувам.

Ајде запитувам мори, попитувам,
дека седи калеш Грозда,
дека седи калеш Грозда.

Ајде калеш Грозда мори, калеш Грозда
калеш Грозда вапцарката,
калеш Грозда вапцарката.

Ајде да ми вапца мори, да ми вапца
да ми вапца два барјаци,
да ми вапца два барјаци.

Ајде еден зелен мори, еден зелен,
еден зелен, другио црвен,
еден зелен, другио црвен.

Ајде зелениот мори, за на свадба,
црвениот за на бојот,
црвениот за на бојот.


Ајде провикнал се Иљо Малешевски

Ајде провикнал се
Иљо Малешевски [x2]
Иљо војводата.

Кој си нема пушка
тука нека дојде [x2]
пушка да му дадам.

Кој си нема сабја
тука нека дојде [x2]
сабја да му дадам.

Малешево да иде
душман да истера [x2]
од градот Берово.


Ајде разболе се мојто либе

Ајде разболе се мојто либе
во туѓа земја,
ајде разболе се и ќе умре
многу далеку.

Ајде пратив писмо мила мамо
јазе да идам,
ајде јас да идам мила мамо
за да го видам.
Ај да го видам мила мајко
па да си умре.

Ајде немој ќерко, немој душо
многу е далеку,
ајде немаш пари, немаш ништо
сме сиромаси.

Ајде ќе продадам мила мајко
ковани ѓердан,
ајде ќе продадам мила мајко
јазе да идам.
Ајде јас да идам мила мајко
за да го видам.


Ајде ред се редат мале

Ајде ред се редат мале
ајде ред се редат
кочански сејмени, мила мале
кочански сејмени.

Ајде ќе ми одат мале
ајде ќе ми одат
покрај Крива Река
мила мале, покрај Крива Река.

Ајде ќе го барат мале
ајде ќе го барат
Иљо арамија, мила мале,
Иљо арамија.

Ајде не ми било Иљо
ајде не ми било
покрај Крива Река, мила мале
покрај Крива Река.

Ајде тук ми било Иљо
ајде тук ми било
во Солуна града, мила мале
во Солуна града.

Ајде Иљо пило мале
ајде Иљо пило
вино ем ракија, мила мале
вино ем ракија.

Ајде го служила мале
ајде го служила
мома македонка, мила мале
мома македонка.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 18:33
Ајде се налутил турскиот паша

Ајде се налутил турскиот паша
од Панаѓуриште. [x2]

Ајде ми повикал девет мина турци
турци разбојници. [x2]

Идите ја фатите жива ја донесите
Рајна поп Ѓорѓиева. [x2]

Сакате ме колите, сакате ме бесите
јас сум војводата
јас сум војводата Рајна поп Ѓорѓиева
јас го сошив бајракот.

Јас го сошив бајракот и му турив знакот
смрт или слобода,
смрт или слобода за Македонија
земја поробена. [x2]


Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо

Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо,
што тамбура свири.
Тамбурата свири, калеш бре Анѓо,
анама да бидиш.

Анама да бидиш, калеш бре Анѓо,
на чардак да седиш.
На чардак да седиш, калеш бре Анѓо,
жолтици да броиш.

Жолтици да броиш, калеш бре Анѓо,
бисери да нижиш.
Бисери да нижиш, калеш бре Анѓо,
на грло да редиш.

Ајде, слушај, слушај клето бре Турче,
анама не бивам.
Анама не бивам, клето бре Турче,
турски не разбирам.


Ајде сонце зајде

Ајде сонце зајде
меѓу две планини, нане мори,
ајде сонце зајде
меѓу две планини.

Ајде у планини
два бели шатора, нане мори,
ајде у планини
два бели шатора.

Ајде под шатори
болно моме лежи, нане мори,
ајде под шатори
болно моме лежи.

Ајде ја болело
запче срмајлија, нане мори,
ајде ја болело
запче срмајлија.


Ајде станав се оженив
(Зедов жена мрзелива)

Ајде станав се оженив
дејгиди де, дејгиди де.
Зедов жена мрзелива
дејгиди де, дејгиди де.

Ја одведов кај докторот
дејгиди де, дејгиди де.
Доктор вели фајде нема
дејгиди де, дејгиди де.

Ја одведов кај бајачот
дејгиди де, дејгиди де.
Бајач вели фајде нема
дејгиди де, дејгиди де.

Па си зедов суровица
дејгиди де, дејгиди де.
Десет удри еднаш брои
дејгиди де, дејгиди де.

Стана жена си оздраве
дејгиди де, дејгиди де.
Мрза жена фајде има
дејгиди де, дејгиди де.


Ајде ќе те прашам бре Донке

Ајде ќе те прашам бре Донке
Донке Вардаринке
ајде дали тече бре Донке
Вардар матна вода.

Ајде тече, тече бре брате
бели пени фрла,
ајде ми довлече бре брате
до два ми јунака.

Ајде првиот ми беше
јунак Мирче Ацев,
ајде вториот ми беше
јунак Страшо Пинџур.
Ајде што ти текна


Ајде што ти текна да побегнеш

Ајде што ти текна да побегнеш
на сабајле во зорите. [2х]

Ајде на сабајле во зорите
уште петли непропеани. [2х]

Ајде дали куќа не бендиса
или свекор или свекрва. [2х]

Ајде куќата е мошне арна
свекорот е кротко јагне. [2х]

Ајде свекорот е кротко јагне
а свекрва љута змија. [2х]

Ајде кабаетот е во момчето
мома легни, мома стани. [2х]


Ајде, ајде моме Стојне

Ајде, ајде моме Стојне
ајде ајде моме Стојне да бегаме. [х2]

Не сум мома за бегање
не сум мома либе Ѓорѓи за бегање. [х2]

Имам платно за белење
имам платно либе Ѓорѓи за белење. [х2]

Остави го на мајка ти
остави го моме Стојне на мајка ти. [х2]

Нека плаче, нека бели
нека плаче моме Стојне нека бели. [х2]


Ако имаш срце

Ноќите мои со тебе
ко сонце грееш крај мене
без тебе не би пеела,
без тебе не би живеела. [х2]

Рефрен:
Ако имаш срце разбери ме
земи к'о цвеќе посади ме
вечно да цветам јас за тебе
а ти да стоиш крај мене.

Не жали ноќи неспани
не брои бели денови,
ноќите се за љубење
денови мисли студени. [х2]

Наутро кафе испиваш,
набргу си заминуваш,
за тебе кафе медено
за мене кафе отровно.

Рефрен
Ако имаш срце разбери ме
земи к'о цвеќе посади ме
вечно да цветам јас за тебе
а ти да стоиш крај мене.


Ако одам во Битола

Ако одам во Битола,
ќе прошетам по Широк Сокак.

А на дембел чаршија
кафе ќе се напијам,
младост мило ќе си спомињам. [x2]

Еј, мори моме, како да речам,
за Солуна, за Стамбола,
неа не давам. [x2]

Ако одам во Битола,
ќе нарачам до три пајтона.

Први мене ќе носи,
в' други чалгии ќе свират,
в' трети товар, мерак ќе носам.

Еј, мори моме, како да речам,
за Солуна, за Стамбола,
неја не давам. [x2]

За Солуна, за Стамбола,
Битола не давам.


Ако умрам, ил' загинам

Ако умрам ил загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино
скршете ги чашите.

Рефрен:
Еј, верни другари,
песна запејте,
мене спомнете. [х2]

Ако умрам ил загинам,
поп немој да викате
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.

Рефрен
Еј, верни другари,
песна запејте,
мене спомнете. [х2]

Ако умрам ил загинам,
ќе останат спомени.
Што сум лудо, лудовало
на младите години.

Рефрен
Еј, верни другари,
песна запејте,
мене спомнете. [х2]

Аман седнала ми бре Јана

Аман седнала ми бре Јана,
под таја сенка лозница,
леле, таа бела лозница,
аман широк шик плете,
леле со мајка се пречка.

Аман не ми дочу бре Јано,
леле стара бре вештице,
леле стара, стара старице,
леле подај ми бре вештер,
аман де новите стомни.

Аман јас да си отидам
леле на студен кладенец,
аман вода да се напијам,
леле грло да ладам,
аман јадови да заборавам.


Ангеле еден на мама, џанам

Ангеле еден на мама, џанам,
не дигај кула голема.

Не мачи млади невести, џанам,
да носат песок и цигли.

Не мачи млади ергени, џанам,
да носат тешки камења.

Не мачи млади девојки, џанам,
не мачи млади девојки.
Да носат вода студена, џанам,
водата ни е далеку.


Ано поминуваш

Ано поминуваш, Ано заминуваш,
што писма држиш, со мене не збориш?
Ано ле, душо ле,
душа не остана Ано во мене,
севдо ле, изгорев Ано за тебе.

Ано жити Бога, дај ми една вода,
со твојата рака, од твојата стомна
да се напијам, срце изгорело
Ано ле, душо ле,
душа не остана Ано во мене,
севдо ле, изгорев Ано за тебе.

Ано жити брата, отвори ми врата
да ти го видам белото ти лице.
Твое бело лице и црните очи.
Ано ле, душо ле,
душа не остана Ано во мене,
севдо ле, изгорев Ано за тебе.

Ај ти бре Димо, кир Димо Шанов,
нели је знаиш мојата свекрва?
Мојата свекрва Љуба Тасканџивка
не ме остава на порта да слезам,
на порта да слезам, со тебе да зборвам.
Димо ле, душо ле,
душа не остана Димо во мене,
севдо ле, изгорев Димо за тебе.


Антице џанам душице

Антице џанам душице,
ах што пусти к'смет си немала.
И на твојата убавина
и на твојата личотија.

Не жали Анте, не плачи
не рони солзи крвави.
Не жали Анте, не плачи,
не расипуј си го лицето.

Сестра ти мала се омажи,
а ти поголема несвршена.
Ти момче стројник ми испрати,
тебе ми те прво посака.
На душа ми те зедоја,
мајка ти, а и татко ти.

Не жали Анте, не плачи
не рони солзи крвави.
Не жали Анте, не плачи,
не расипуј си го лицето.

На стројникот што му рекоја
Антица ни је посвршена.
Антица ми је посвршена
за Димитрија Робета.

Ако ја сакаш малата,
малата кира Василикија.
Ако ја сакаш малата,
малата кира Василикија.


Ах каде е мојто либе

Ах каде е мојто либе
дали мисли тој на мене
јас за него само венам
и за него ќе умрам.

Коленичев јас пред него
ем со солзи на очите
кажи, кажи неверно либе
која љубиш освен мене.

То што кажа и пред мама
и кога си бевме двата
ако јас би те излажал
подобро е да умрам.

Блазе оној што си љуби
кој што љуби верно либе
тој бесценет камен носи
и е верен догроба.


Ах љубов, пак љубов

Ах љубов, пак љубов
Ова момче ме моли бре
со тие очи
со тие очи бадемлии
а ти моме не ме гледај [2х]
лесно заспивај.

Рефрен:
Ах љубов, пак љубов
без тебе не може
за очи бадемлии
кој болен не лежи.

Море момче многу сакаш бре
да не ти се слоши
сакаш ли да ме целиваш
итро моме ти насмеј се [2х]
појди со мене.

Рефрен
Ах љубов, пак љубов
без тебе не може
за очи бадемлии
кој болен не лежи.

Море ќе ме молиш бре ти
лудо младо
ти без мене не можеш
Цел свет да шеташ [2х]
нема да најдиш
полично од мене.

Рефрен
Ах љубов, пак љубов
без тебе не може
за очи бадемлии
кој болен не лежи.


Ах море мажу

Ах море мажу, мил домаќин,
јас ќе ти умрам.
Ах мори жено, жалба ми падна,
кажи што ти се стори?
Ах мори жено, жалба ми падна,
кажи што ти се јаде?

Мене ми се јаде пресна погача,
шо невеста месила.
Мене ми се јаде печена кокошка,
уште не пронесена.
Мене ми се пие тригодишно вино,
три пати преточено.

Јас ти слегов долу во избата,
каде стојат дрвата,
па си зедов една суровица,
уште недокастрена,
десет пати удри, еднаш брои,
уште недокастрена.

Еве ти жено пресна погача,
шо невеста месила.
Еве ти жено печена кокошка,
уште не пронесена.
Еве ти жено тригодишно вино,
три пати преточено.


Ах мори бабо, стара бабо

Ах мори бабо, стара бабо,
ах што имаш ќерка мори убава
бабо, аман, аман.
А што имаш ќерка убава,
ама имаш лоши комшии
бабо, аман, аман.

Ах што имаш лоши комшии,
што лоши зборој зборвеја
бабо, аман, аман.
Како на небото ѕвездите,
како в' Црна Река рибите
бабо, аман, аман.

Како во гората лисјата,
како во полето тревата,
бабо, аман, аман.
Како на момите ѓерданите,
како на момците гајтаните
бабо, аман, аман.

Ах, море синко, мили синко,
кога имам ќерка убава,
синко, аман, аман,
та кучиња лаеле,
та комшии зборвеле,
исто ми е.


Ах мори мајко

Ах мори мајко што не ме мажиш
што не ми бараш лика, прилика
уште ли ќе седам на разбојот
уште ли ќе белам бело платно?

Ах мори ќерко не се будали
ја земи си ја метлата
па измети рамни дворови
и навади зумбул цвеќе!


Ах мори Маре девојче

Ах мори Маре девојче
излези до порти
јас само чекам горе долу
за да те видам.

Не можам либе не можам
јас да излезам
мајка ми лудо татко ми
клети тирани.

Ах мори маре девојче
излези на порти
ај да се ние двајцата
Маре земиме.

Ај да се ние двајцата
Маре земиме
заедно ние двајцата
живот да живејме.


Ах мори моме убаво

Ах мори моме убаво
ќешки кај вас да не дојдев,
мајка ти да не ја сретнев,
од Сарај с' коња идеше.

Ах мори моме убаво
моли му се на мајка ти,
да не ми прави давија,
да не ме знаем запеана,
младоста ќе ми оцрни.

Ах море лудо, будало,
ти мајка ми ја знаеше
што време таа си иди,
и тогај да не идеше.


Ацано млада невесто

Ацано млада невесто,
што доцкан седиш на порта,
нели те тебе срамота?

Ми поминуваат еснафи,
ем тија пусти вебаи,
ем тија чапкан касапи.

Со око ти намигнуваат,
со глава ти навртуваат,
ќе ми те тебе прелажат.

Дејгиди, Ѓорѓи будала,
што ако с' око намигнуват,
нели те тебе пречекувам?
Што ако с' глава навртуват,
нели те тебе пречекувам?


Изменето од Miki_P - 03.Декември.2008 во 18:36
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 21:09
Мики, поздрав до тебе...големо%20гушкање
Имаме многу убава тема со текстови и акорди од народни песни, па ќе ти ги префрлам постовите тука.
 
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 21:42
Морe што си бевме големото друштво

Морe што си бевме големото друштво,
големото друштво - сите пијаници.

Кој војник појде, кој в' затвор ојде,
кој граница фати - назад не се врати.

Море ако дај Бог да се собериме,
горе Маркој Кули прле ќе печиме,

Прле ќе печиме, вино ќе пијаме,
вино ќе пијаме, моми ќе љубиме.

Моми ќе љубиме, моми Македонки,
моми Македонки - сите прилепчанки.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,145 секунди.