IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 32>
Автор
Порака
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2008 во 05:58

свети Теофан Затворник

Бог го створил човека заради блаженств, и тоа блаженство токму во Него, преку живо општење со Него
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 06:00
Старец Јосиф Спилеот

Твоите усни непрестајно нека ја изговараат молитвата: Господи Исусе Христе, помилуј ме! Твоето дишење нека се приврзе за Името на нашиот Спасител. Кога тоа ќе потрае доволно долго, умот ќе се навикне да го изговара тоа со внатрешното слово. А кога умот ќе се очисти со молитвата, ќе ја спушти во срцето. Ќе дојде до соединувањето на умот, зборовите и срцето. Со други зборови, со непрестајното повикување молитвата наоѓа пат до срцето преку вдишувањето и издишувањето. Тогаш умот, зборот и срцето стануваат едно. А, срцето кое непрестајно се очистува прима соодветна и осенувачка благодат. Така малку по малку, внатре во тебе ќе се создаде небо – рај, а ти тоа нема ни да го приметиш. Знај само дека сѐ, почеток и крај на секое добро, е Христос. Ние ништо не можеме сами да направиме ако Христос не содејствува со Својата божествена благодат. Најпрво Тој ни се откри, па потоа ние Го спознавме. Ние Го љубиме Него бидејќи Тој првин нас нѐ возљуби. Ако Тој не подејствува во нас, доброто нема да се покрене.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2008 во 12:58
Свети Григориј Палама

Преку Неа луѓето примаат благодат. Ниту еден дар во Црквата не е примен без помош на Мајката Божја, која е првина на прославената Црква.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 04:40
стерец Ефрем Филотејски

Зачестеноста на молитвата создава навика за молитва, која што набрзо станува втора природа и често ги доведува умот и срцето до повисока духовна состојба.
Зачестеноста на молитвата е единствен начин да се досегне вистинската и чиста молитва. Честото кaжување ги создава најдобрите услови за ефективна подготовка за молитва и најсигурниот пат за достигнување на крајната цел на молитвата и спасенито.

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 05:07
Свети Максим Исповедник

Спасителот вели: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога (Мат. 5, 8), зашто Бог е скриен во срцата на оние што веруваат во Него. Тие ќе Го видат Бога и ризниците скриени во Него, кога ќе се очистат преку љубов и воздржание и ќе Го видат толку појасно колку повеќе се исчистени.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2008 во 04:02
Преподобен Григориј Палама

О Божествена Дево! Како да Те прославам Тебе, Која Си ризница на славата? Тие што се сеќаваат на Тебе се осветуваат само спомнувајќи Те, на тие што се устремуваат кон Тебе умот им бива просветлен, зашто се вознел кон Божествените висини; со Тебе се просветлува духовното око, и Духот Божествен со Тебе слегува и го просветлува срцето на човекот, зашто Управителка на сите благодатни дарови Си, Која не за Себе ги чува, а сета вселена со благодат ита да ја преисполни. На неисцрпните богатства Управителот им е назначен само за да ги распореди. Та кој би го чувал богатството што не може да биде намалено? Затоа, Владичице, подај ни ги изобилно оние блага, а ако ние се покажеме недостојни да ги примиме, направи нѐ подготвени и за нас Сама одмери ги, зашто во Твоите раце сѐ Ти е предадено...
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 04:09
Старец Софрониј

... Во евангелските заповеди се содржи Божјото самооткривање. Колку подлабоко влегуваме во нивниот дух толку поконкретно станува нашето согледување на Бога. И кога овие заповеди, по милоста Негова, ќе станат единствен принцип на целото наше битие, времено и вечно, ќе Му станеме слични Нему, зашто ќе Го видиме каков што е (1 Јов. 3, 2).
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 17:34

св.Јован Дамаскин

Со покајанието, секогаш можеме да поставиме почеток. Напишано е: ’ако си паднал’ а ти ’стани’ (сп. Изрек. 24, 16). И ако повторно паднеш повторно стани, и нималку не очајувај за своето спасение, што и да се случи. Сѐ додека ти не му се предаваш волно на непријателот, додека твоето трпение му одолева, придружено со самоосудувањето, ќе најдеш спасение. ’Зашто и нас кои некогаш бевме неразумни, непокорни’ вели апостолот Павле, ’Он нѐ спаси, не според праведните дела извршени од нас, туку според милоста Негова (Тит. 3, 3 - 5). Затоа не очајувај на ниеден начин, отфрлајќи ја така Божјата помош, зашто Тој може да направи сѐ што сака. Ти напротив, положи ја својата надеж на Него и Тој ќе направи едно од овие нешта: или преку испитувања и искушенија или на некој друг начин, само Нему познат, ќе го устрои товето обновување; или пак ќе го прифати твоето трпение и смирение наместо подвиг; или заради надежта во Него ќе подејствува милостиво врз тебе на начин за тебе непознат за којшто самиот не си ни свесен, па така ќе ја спаси окованата душа. Само ти не напуштај Го својот Лекар, зашто инаку ќе пострадш бесмислено, со двојна смрт, како оној што не ги познал скриените патишта Господови.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 16:14
Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Старец Ефрем Катунакиски
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 16:16



Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).



Старец Ефрем Катунакиски
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 16:03
Секој христијанин непрестајно треба да има на ум дека постои Бог и дека Он ги гледа не само нашите дела, туку и сите наши мисли и сите наши чувства: дека никаде и со ништо не можеме да се скриеме од Него.

Свети Тихон Задонски


Изменето од Miki_P - 03.Декември.2008 во 19:11
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 16:17
Во неделните и празнични денови посетувај го Божјиот храм. Во храмот спомнувај си за сите Божји дарови. Благодари Му со сето свое срце за сите Негови дарови. Вети Му дека во знак на благодарност ќе живееш според Неговата света волја. Ваквото ветување е најпријатната жртва за Него.

Свети Тихон Задонски
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 16:20
Покажуваj љубов кон секого без разлика: и спрема пријателите и спрема непријателите. Со својата љубов најбргу и најсигурно ќе ги победиш и ќе ги поправиш сите твои непријатели.

Свети Тихон Задонски

Изменето од Miki_P - 03.Декември.2008 во 19:08
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 16:28
Каква работа и да започнуваш, секогаш прашувај се: дали таа работа е согласна со Божјиот закон и дали ти е вистински корисна. Ако е согласна со Божјиот закон, почни ја без колебање и работи ја предано и со сето свое срце и со сите свои сили. Ако е, пак, спротивна на Божјата волја, отфрли ја, зашто многу лесно ќе можеш да паднеш во мрежата на ѓаволот, кој деноноќно стражари трудејќи се што повеќе луѓе да улови. Не ти е корисно се што ти се чини корисно, туку само она што е согласно со Божјиот закон и со гласот на твојата совест.

Свети Тихон Задонски

Изменето од Miki_P - 03.Декември.2008 во 19:11
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.