IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 61>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 18:02

СЕЛЕКТОРОТ ГО "ОБВИНИ" КАПИТЕНОТ ЗА НЕГОВИТЕ КВАЛИФИКАЦИСКИ НЕУСПЕСИ

Катанец "удри" по Седлоски!!!

*Шок за капитенот кој е единствениот "заборавен" за престојниот тест дуел со Црна Гора во Подгорица

Гоце Седлоски го нема во списокот на Среќко Катанец за престојниот тест меч со Црна Гора. Го нема само главниот столб и капитенот на националниот тим од сите оние фудбалери кои беа дел од стартниот неуспех во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2010. Среќко Катанец со овој свој потег директно го "обвини" Седлоски како главен виновник за поразот од Исланд.

Словенецот покажува сила и удира по Гоце Седлоски еден од ретките фудбалери кои му ја спасија кожата во изминатиот период на човекот кој без позитивни квалификациски резултати и понатаму останува на нашата клупа и упорно продолжува да го понижува македонскиот репрезентативен фудбал. Удира по човекот кој е авторитет и нешто значи барем за овој наш фудбал иако во своето "правдање" Катанец преку веб-страната на ФФМ нагласи:

"Седлоски одигра многу натпревари за репрезентацијата. Разговарав со него. Црна Гора е пријателски натпревар и не би било коректно еден таков играч да седи на клупа или на трибина".

Каков играч е Седлоски!? Тоа треба да го каже Катанец и зошто удира по одбраната кога во целиот негов мандат има проблем со бековските позиции и средниот ред. Сега Катанец експериментира со Седлоски а според наши извори тој не разговарал со капитенот во моментите кога ја донел одлуката дека него ќе го нема на списокот за дуелот со Црна Гора. Тоа не го заслужува ниту еден репрезентативец а посебно не капитенот.

Што се случува со националниот тим!? Ако во минатото Катанец им беше како "татко" на репрезентативците сега со оваа одлука да се заобиколи Седлоски како да се најавува дека нешто не е како што треба. Пукна по Исланд и како во секоја нормална држава требаше да "лета главата" на селекторот кој загуби уште еден квалификациски циклус поради неговата тврдоглавост или неговото незнаење. Денеска Седлоски утре некој друг... а досега грбот на селекторот му го свртеа неколку докажани фудбалери од типот на Александар Митрески (Нирнберг), Роберт Попов (Оксер), Славчо Георгиевски (Славија)....

Во ред е да се прават експерименти и конечно такво нешто му беше потребно на нашиот најдобар состав но не само Седлоски туку и сите оние кои добија минуси за дуелите со Шкотска, Холандија и Исланд. Ако Седлоски беше крив за голот со Исланд тогаш кој ја донесе победата над Шкотска!? Катанец заборава на многу натпревари на кои капитенот му беше најдобар... Ако некој треба да се брише и ако некој треба да лета на списокот треба да се почне од Среќо Катанец и неговиот стручен штаб. А Седлоски и во минатото беше во ваква улога па ја доби битката со поранешниот в.д селектор Бобан Бабунски. Историјата се повторува а што ќе се случи "утре" ќе покаже времето. Авторитетот на Седлоски е голем меѓу репрезентативците кои вчера со разочарување ја примија веста за заобиколувањето на капитенот. А Катанец најави дека со Црна Гора шанса ќе им даде на "резервите" од типот на Пандев, Шумуликоски, Наумоски, Мазнов....сите се тука и за кои резерви зборува нашиот селектор!?

Натпреварот со Црна Гора се игра на 19 ноември а два дена порано е собирот на репрезентацијата во Подгорица.

И. Д. Ивановски

СПИСОКОТ ЗА ЦРНА ГОРА

Голмани:

Петар Милошевски           (Енозиз)

Томе Пачовски   (Вардар)

Одбрана:

Игор Митрески   (Енерџи К.)

Александар Васоски        (Ајнтрахт)

Николче Новески              (Мајнц)

Бобан Грнчаров                (Макаби П.Т)

Горан Попов       (Херенвен)

Владе Лазаревски             (Полониа В.)

Даниел Мојсов   (Македонија Ѓ.П)

Среден ред:

Дејан Милошевски           (Ветра)

Величе Шумуликоски      (Ипсвич)

Влатко Гроздановски      (Војводина)

Дарко Тасевски  (Левски)

Ванчо Трајанов (Черноморец)

Напад:

Горан Пандев     (Лацио)

Илчо Наумоски  (Матерсбург)

Горан Мазнов    (Томск)

Ацо Стојков                        (Ниреѓихаза)

Само еден нов - Милошевски од Ветра

Во сенка на Гоце Седлоски мина вчерашниот дебитански повик за националниот состав кој го доби Дејан Милошевски. Фудбалерот кој пред цел месец го напушти литванскиот клуб Ветра добива шанса да покаже што знае.

"Дејан Милошевски е фудбалер за кој имам информации дека има квалитет. Сакаме да ја зголемиме конк*ренцијата во средниот ред", коментира Катанец за новото име на неговиот список.

Но дали само Милошевски требаше да добие шанса!? Што е со другите и кога ако не сега!?

Ништо ново: По Заховиќ - Седлоски

Катанец и се е можно. Ова не е ништо ново од негова страна имајќи го во предвид неговото минато и деновите кога беше на клупата на Словенија. И таму влета во 'војна' со капитенот Заховиќ која мнозинството од јавноста во таа земја застана на странат на фудбалерот. Сега историјата како да се повторува па и тука удира по капитенот - Седлоски.

Седлоски: "Барај ме утре..."

"Не знам што да кажам во овој момент. Шокиран сум... нема веднаш да давам коментари затоа што јас сум професионалец и сега размислувам за денешниот дуел со Капфенберг. Ова е важем меч за мојот Матерсбург и затоа најдобро е да се чуеме утре...", беше кусиот коментар на разочараниот капитен.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 19:16

ВО ПОСЛЕДНИТЕ МИНУТИ ОД МЕЧОТ РЕНОВА ДОЈДЕ ДО БОД НА ДЕРБИТО ПРОТИВ "ЦРВЕНО - ЦРНИТЕ"

Нухиу не дозволи радост на Вардар

*Со прекрасен лоб-удар во 88. минута играчот за врска му "откина" два бода на гостинскиот тим

РЕНОВА - ВАРДАР 1:1 (0:1)
Стадион "Билјанини Извори" во Охрид. Гледачи: 500. Судија: Љубомир Крстевски. Помошници: Панде Атанасов и Златко Стојановски (сите од Битола). Делегат: Благоја Котларовски (Ресен).

РЕНОВА:
Ковачевиќ 2,5
И. Стојанов 2,5
Адеми 2
(70' Андонов 2)
Мемеди 2,5
Игњатовски 2
Емини 2
Нухиу 3,5
Али 2,5
Тодоровски 2,5
Трајчов 2
Ибраими 2,5
(57' Исмаили 2)

ВАРДАР:
2 Пачовски
3 Божиновски
2,5 Ѓошевски
2,5 Најдоски
2 Пеев
2 Масев
2,5 Ејупи
2 Бајевски
(2 Милисављевиќ 52')
3 Емрулаху
(2 Јанчевски 60')
2,5 Положани
2,5 Јовановиќ
(2 Љубисављевиќ 59')

ОД ЗАПИСНИКОТ:
Стрелци: Нухиу 88' (Р); Емрулаху 21' (В). Ж.картони: Ибраими, Али, Игњатовски, Емини (Р); Положани, Божиновски, Љубисављевиќ, Најдоски (В).
Играч на натпреварот: Фисник Нухиу

Ново реми, петто по ред на дерби дуелите меѓу Ренова и Вардар. Највозбудливиот меч во вчерашното петнаесетто коло во нашата најдобра фудбалска лига заврши без победник 1:1. Ренова не успеа да му нанесе втор едноподруго пораз на Вардар во Охрид, додека "црвено-црните" не успеаја да се реваншираат за елиминацијата во националниот Куп. Двата тима ќе чекаат нова шанса, се разбира на пролет, да се победат меѓусебно.

Иако Вардар на овој меч влезе со една голема неефикасност, и беше без победа седум меча, без многу стандарни играчи, сепак, според почетокот на мечот се доби впечаток дека на нашиот најтрофеен клуб конечно ќе му тргне и конечно ќе почне да победува. Гостите постигнаа гол уште во 21. минута, преку Емрулаху, кој претходно беше одлично проигран во казнениот простор на Ренова. Ова беше најава за добра фудбалска претстава, а подоцна очекувањата се исполнија. Вардар малку се повлече на својата половина, Ренова ја презеде играта на средината на теренот и со неколку шанси се закани кон противничкиот гол. Тетовските "сино-бели" на овој меч немаа среќа, с$ до две минути пред крајот на мечот. Во 88. минута Али одигра повратна топка до Нухиу, кој од работ на шеснаесетникот со прекрасен лоб-удар го израмни резултатот на 1:1 и воедно го постави конечниот резултат. Вардар може да жали за пропуштената можност за победа, но од друга страна може и да биде среќен за ремито. Пред да го израмни резултатот, Ренова двапати го погоди дирекот од голот на Пачовски, и тоа двапати преку Ираими. При резултат 0:0, напаѓачот на тетовци од слободен удар го погоди дирекот, а потоа при 0:1 во 32. минута, на речиси ист начин заврши неговиот силен и прецизен шут. Како и да е, овој натпревар го оправда епитетот дерби бидејќи двата тима одиграа отворено со понеколку шанси и, се разбира, неизвесно до самиот финиш.

М. Постолоски

Минута по минута....
2' - Емрулаху се обидува од далечина, прецизен шут по земја, брани голманот Ковачевиќ
7' - Масев од десетина метри упати удар со глава, но само во добропоставениот голман на Ренова
11' - Одличен и прецизен шут на Ибраими од слободен удар од околу 25 метри, но дирекот беше сојузник на Пачовски
13' - Одлична шанса за Тодоровски, кој излезе сам со Пачовски, од десната страна откосо, сепак, неговиот шут заврши за малку крај голот
0:1 - 21' - Центаршут на Бајевски до Јовановиќ, кој ја спушта топката до Емрулаху а последниот од прва од околу 7-8 метри ја тресе мрежата на домаќините
23' - Мемеди одлично го пронајде Тодоровски, кој шутираше од десетина метри, но само во добро поставениот Пачовски
32' - Двојно проигрување Тодоровски - Ибраими, вториот испрати силен и прецизен шут, но дирекот повторно го спасува голот на Вардар
48' - Ибраими повторно се обидува од далечина, овој пат топката заврши над голот
59' - Положани на спротивната страна откосо испрати силен, но непрецизен шут, кој заврши високо над голот на Ренова
70' - Али со гради ја спушта топката до Андонов, кој од неколку метри шутираше само во рацете на Пачовски
1:1 - 88' - Али кратко го проигрува Нухиу, кој со прекрасен лоб удар од работ на шеснаесетникот ја тресе мрежата на Вардар и го израмнува резултатот

СТАТИСТИКА
РЕНОВА ВАРДАР
8 корнери 4
12/6 удари/во 9/5
17 прекршоци 14
4 офсајди 3
4 ж.картони 4

ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ:
Влатко Костов:
"Имавме далеку подобри шанси за голови, но, ете, погодивме во финишот на мечот. Нашата желба уште еднаш н$ доведе до бод. Во првиот дел имавме повеќе од играта на средината на теренот, додека во вториот фрливме с$ во нападот, ризик кој на крајот се исплати", изјави кормиларот на тетовци.

Милко Ѓуровски:
"Пробавме во вториот дел со влегувањето на Милисављевиќ и Јанчевски да го решиме мечот во наша корист. Сакав да постигнеме уште еден погодок за да не ни се случи токму ова што се случи. С$ уште сме на почеток. Јас се обидувам со тимот да играме офанзивно, но серијата повредени играчи очигледно дека влијае врз нас и на психолошки план. По постигнатиог гол мислев дека конечно ќе ни тргне, но ете ќе мора да почекаме на некој друга натпревар", изјави стратегот на "црвено-црните".

Вардар погоди по 432 минути
Кончено по цели четири меча "црвено-црните" постигнаа гол. Вардар претходно не успеа да ја затресе мрежата на Пелистер, Победа и Силекс во првенството, како и против Ренова во Охрид во 1/8 финалето во Купот кога загуби 2:0. Ако се пресмета и дуелот со Металург на кој Јанчевски постигна гол во 38. минута, и ако ги земеме предвид вчерашните дваесетина минути со Ренова, тогаш Вардар постигна гол по дури 432 минути игра. Мора да се додаде дека ова е четврто реми по ред за "црвено-црните", кои веќе осум меча по ред не знаат за победа.

Милко и Костов со офанзивна тактика
Секоја чест за тренерите на двата тима, кои и покрај големата важност за бодовите од дерби дуелот се одлучија на поотворена тактичка варијанта.  Ова важи особено за последните триесетина минути од натпреварот кога Костов и Ѓуровски направија офанзивни измени, односно внесувајќи напаѓачи.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 23:10
vardar ... veciti luzer тага
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2008 во 09:26
мислам дека претерувашнамигнување
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2008 во 09:30
Слабиот пласман на пелистерци резултат и на недисциплина
Половина тим поцрвенет

Битола. - Пелистер важи за најнедисциплинираниот тим во изминатите 15 кола во Првата лига. Петмина првотимци заработија црвен картон, додека жолтата картонијада ја надминува бројката од 40. Покрај нив, два црвени картона има добиено и тренерот Неџат Хусеин, кој пред 20-ина дена беше разрешен од местото шеф на стручниот штаб.
Ваквата недисциплина бездруго има своевиден одраз и врз резултатите на тимот, со кои битолчани воопшто не можат да бидат задоволни, бидејќи од можните 39, освоија само 12 бодови и по 15. коло се најдоа на претпоследното место на табелата. Нервозата и психолошката оптовареност не е ни малку случајна ако се имаат предвид потресите во клубот кои се присутни уште од летоска, од неисплатените плати за четири месеци, преку заминувањето на неколкумина првотимци, до оставките на менаџерскиот тим и на претседателот на УО.


E oва ,Мирослав, се вечни лузеринамигнување
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 23:20
ЕАКЦИИ ПО НАТПРЕВАРИТЕ ОД 5. КОЛО ВО ГРУПИТЕ "Е", "Ф", "Г" И "Х" ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Пола осминафинален капацитет - пополнет!

Манчестер Ј., Виљареал и Јувентус добија ново друштво. Осминафиналната рунда е достапна од завчера и за Реал (М), Арсенал, Порто, Баерн (М) и Лион. Ова се тимовите кои на коло пред крајот во кварталот "Е" - "Х" успеаја да си обезбедат место во собирот на 16-те најдобри во Европа.
Гледајќи на прва, собирот е и горе-долу очекуван. И пред почетокот на групната фаза, во овие четири групи се издвоија според имињата и "финансискиот грб" овие тимови како главни фаворити за продолжување во следната фаза. Манчестер Ј. и Виљареал, рака на срце, беа и финансиски и играчки постабилни од Селтик и Алборг, Реал (М) и Јувентус од Зенит и Бате Борисов, а и Лион и Баерн (М) од Фиорентина и Стеауа. Се чинеше дека мала неизвеснот би требало да има во групата "Г", каде Фенербахче и Динамо (К) требаше да се обидат да им ги замрсат сметките на трофејните европски состави Арсенал и Порто. Но како дојдоа работите до претпоследното коло, екс-европскиот шампион Порто успеа да се врати брзо рамо до рамо со Арсенал, кој, пак, од почетокот си го фати врвот во групата, а таму има реални шанси и да остане до генералното рангирање по 6. коло.
Можеби и можеше да се претпостави дека Манчестер Ј. и Виљареал нема премногу да ризикуваат на својата втора, решавачка пресметка, за пласман на првите две места во групата. Одиграа колку што им беше доволно, иако со забележлив жар во борбата, но не ризикуваа за да победат, само за да не дозволат пораз. Посигурно беше да се мисли на бодот кој го имаат в рака од почетокот на мечот отколку да јуришаат на три, а да останат без ниту еден.
Европскиот шампион и годинава покажа дека мудро им приоѓа на средбите во најквалитетното европско натпреварување, а искусниот лисец Фергусон полека го подготвува тимот за финалната пресметка, т.н. нокаут-рунда. Ако во оваа групна фаза имаше и поправен, во фазата по групи за него нема да има простор. Селтик сам си е виновен што од оваа група се стави во позиција да стравува и за место во Купот на УЕФА, откако уште еднаш покажа дека има тотално лиш напаѓачки ред со "изгубениот" Самарас, кој во серија не знае да постигне гол.
Машината на Баерн (М) проработе и на оваа средба во второто полувреме. Додека Лука Тони се мачеше да погоди во првото полувреме, тргна Мирослав Клосе во вториот дел. Погоди за отворање на резултатот, а потоа с$ беше полесно. Лион одигра уште еден фантастичен меч и покажа дека не случајно секоја година високо котира на европската фудбалска карта. Годинава можеби и созреа за највисок пласман.
Арсенал по сите проблеми во дуелот со Динамо (К) се врати како голем победник. "Проблематичниот" Галас се врати со висок стил, а и младиот Никлас Бендтнер покажа дека му треба повеќе простор во првиот избор на Венгер. Порто иако незабележлив, сепак, се враќа на европскиот фудбалски трон. Неговата вистинска сила во првиот дел добро ја почувствуваа и Турците во Истанбул.
За групата "Х" и нема потреба многу да се зборува. Рускиот, сега веќе екс-шампион, Зенит разочара уште на стартот, па сега веќе беше доцна да се поправаат првите грешки. Реал (М) и Јувентус ги фатија источњаците на искуство и успеаја да си обезбедат место во најдобриот состав на европски фудбалски гиганти. Зенит сега може повторно да се обиде да ја спаси сезоната со атак на Купот на УЕФА.

Раул се израмни по бројот на головите со Инзаги

Напаѓачот на Реал (М), Раул, се израмни со Филипо Инзаги од Милан по бројот на постигнатите голови во европските купови. Со вчерашниот погодок против екипата на Бате Борисов тој стигна до 62. гол во Лигата на шампионите, односно 64. гол во натпреварите во европските купови.
Инзаги с$ уште го држи врвот со 64 гола, но има значително помалку постигнато во Лигата на шампионите каде не се наоѓа во најдобрата тројка. Зад Раул како најдобар стрелец низ историјата на Лигата на шампионите е Руд Ван Нистелрој, кој има 60 гола, додека Андри Шевченко има постигнато 56.

Пуел: Имам фантастичен тим

Тренерот на Олимпик Лион, Клод Пуел, не го криеше задоволството од победата над Фиорентина од 2:1 и изјави дека неговиот тим ја заслужил победата.
"Средбата беше многу тешка. Фиорентина наметна еден силен ритам, но ние игравме дисциплинирано и затоа победивме. Фудбалерите ги исполнија укажувањата и нема причина да бидам незадоволен. Тимот навистина игра фантастично и затоа одииме нагоре", вели Пуел.

"Поразот од Интер не делуваше на нас"

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини, изјави дека е задоволен од претставувањето на неговата екипа на средбата со Зенит и пласманот во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.
"Задоволен сум од овој резултат. Мислам дека игравме толку колку што требаше. Го направивме тоа за што дојдовме овде. Зените е добар тим, така што не треба премногу да се залетуваме. Важно е да продолжиме понатаму во ист стил. Она што ме радува е што покажавме дека поразот од Интер не се одрази на нас на оваа средба."

Пелегрини среќен за пласманот, но се плаши од повредите

Тренерот на Виљареал, Мануел Пелегрини, по нерешените 0:0 со Манчестер Ј. изјави дека најважно е што Виљареал успеа да се пласира во следната фаза. Тој не крие дека оваа средба можеше да заврши и поинаку, но смета дека сега е важно тимот да се подготви за новите предизвици.
"Искрено, не успеавме да победиме, но најважен е пласманот во следната рунда. Имаме многу проблеми со повредите и тие ми создаваат главоболки. Не знам како ќе биде понатаму, но со ваков тим без многу играчи не може да бидеме доволно конк*рентни. Важно е што овој пат покажавме карактер."

Фиорентина нема искуство за ЛШ

Главниот коментар кој можеше да се чуе по средбата Фиорентина - Лион (1:2) се однесува на неискуството на "виолетовите". За нив Лигата на шампионите годинава дојде како сосема ново искуство, од кое очигледно не можеа да излезат како победници.
"Ако зборуваме реално, навистина на овој тим му недостасува искуство за вакво натпреварување. За повеќето играчи од првиот тим ова беше прв настап во Лигата на шампионите и беа премногу импресионирани. Создадовме доста шанси, но ни недостасуваше и среќа. Кога с$ ќе се собере, нема причина да бидеме незадоволни", изјави голгетерот на "виолетовите", Алберто Џилардино.

Руни се извини за симулирањето пенал

Тренерот на Манчестер Ј., Алекс Фергусон, изјави дека напаѓачот на тимот Вејн Руни им се извинил на своите соиграчи и на навивачите за симулирањето прекршок во шеснаесетникот на Виљареал на завчерашниот меч.
"Руни дојде, се извини и ми рече дека немал намера да исценира прекршок. Мислам дека премногу го гледаше Пирес, па мислеше дека и тој може. Руни барем им се извини на играчите, а Пирес тоа не би го направил никогаш", изјавил Ферги.

Фановите имаат аверзија од дуелите Манчестер Ј. - Виљареал

Откако и четвртипат Виљареал и Манчестер Ј. одиграа без постигнат гол, фановите низ светот се молат само овие две екипи да не се сретнат уште еднаш годинава во Лигата на шампионите. Најмалку од с$, вистинските љубители на фудбалот сакаат тоа да биде нивна пресметка во финалето во Рим.
"Навистина е неверојатно како не успеавме да дадеме гол на четврти меч. Знам дека фановите не се среќни и сигурно не сакаат ниту да помислат со нив да играме во финалето", прокоментирал Фергусон.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 23:24
Сколари го сака Адријано како замена за Дрогба





Дидие Дрогба уште еднаш ја потврди својата нелојалност кон Челзи откако беше уловен на вечера со клупските директори на Интер. Ваквиот потег на Дрогба го налути менаџерот на Челзи, Луис Фелипе Сколари, кој е подготвен да му дозволи на најдобриот напаѓач на Челзи да си замине од „Стемфорд бриџ“, но само доколку во замена за него го добие Адријано.
Англиските медиуми објавија фотографии од црномурестиот голгетер како седи во друштво на Марко Бранка, човекот задолжен за трансфери во Интер, по што сосема логично се појавија нови шпекулации за негово заминување на Апенински Полуостров.
Дрогба не крие дека би сакал повторно да игра за тренерот Жозе Мурињо, по серијата недоразбирања што ги имаше со Луис Фелипе Сколари, особено ако се знае дека веќе го загуби првотимскиот статус од Николас Анелка. Токму поради тоа интернационалецот од Брегот на Слонова Коска инсистира што поскоро да му биде дозволено да се пресели на „Џузепе Меаца“, по можност веќе во текот на јануарскиот преоден рок.
- Јас сум тренер на Челзи, се грижам за игрите на тимот. Не ми е грижа со кого вечерал Дрогба, тоа е проблем за извршниот директор Кенион и за газдата Абрамович. Доколку тие решат да го продадат, јас веќе покажав дека можам да се снајдам и без Дрогба. Нормално, ќе ни биде потребен нов голгетер, а јас би сакал тоа да биде Адријано - им порача Сколари на своите газди пред преговорите со Интер.
Се чини дека ваков развој на настаните е сосема реален ако се знае дека Адријано важи за многу проблематичен фудбалер во составот на Жозе Мурињо. Токму затоа португалскиот стратег без многу размислување би се откажал од бразилскиот гол-мајстор, особено ако во замена за него го добие својот миленик Дрогба.


Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 23:24
Рамос во Милан во размена за Пато


Првите луѓе на Милан не отстапуваат од својата намера да го доведат на „Сан Сиро“ десниот бек на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Серхио Рамос.
Овој фудбалер никако не успева да се договори со „кралевите“ за продолжување на верноста кон најтрофејниот европски клуб, поради што се прогнозира дека тој веднаш по завршувањето на сезонава ќе биде продаден од претседателот Калдерон. Доколку ваквите најави се реализираат, скоро сигурно е дека Рамос својата кариера ќе ја продолжи во дресот на Милан, со оглед на фактот дека „росонерите“ нема да жалат пари за да го доведат овој фудбалер во своите редови.
Досегашните понуди на Милан за услугите на Рамос беа експресно одбивани од „кралскиот клуб“, но ситуацијата би можела да се смени ако се знае дека Адријано Галијани е подготвен во овој трансфер да го вметне и Алехандре Пато.
Во таборот на Реал Мадрид имаат сериозен проблем со недостигот од елитни напаѓачи, и во Пато сигурно гледаат идеално решение за голгетерската криза, и тоа на подолг рок ако се земе предвид возраста на бразилскиот тинејџер.
Останува да се види дали „кралевите“ ќе се согласат на директна размена Рамос - Пато или, пак, ќе бараат доплата од десетина милиони евра, варијанта што сигурно нема да им одговара на претставниците на Милан.



Понуда за Вилијам Гала



Покрај интересот за Рамос, челниците на Милан не кријат и дека во јануарскиот преоден рок ќе се обидат да го ангажираат Вилијам Гала.
Екскапитенот на Арсенал е во војна со соиграчите и со управата на клубот, поради што е јасно дека зимава ќе го напушти англискиот тим. Иако многумина прогнозираат дека францускиот дефанзивец ќе се врати во татковината, последните информации говорат дека Милан ќе испрати многу сериозна понуда за услугите на Гала.
Имено, на овој фудбалер ќе му биде понуден тригодишен договор вреден четири милиони евра по сезона (сума што Гала не може да ја добие во ниту еден француски клуб), додека со Арсенал може да биде договорена отштета од околу шест милиони евра.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 23:25
„Кралевите“ пресилни за Бате






Најквалитетните европски тимови си го обезбедија пласманот во следната рунда од Лигата на шампионите уште на едно коло пред завршувањето на фазата по групи.
Реал Мадрид и без огромен број првотимци стигна до триумф на гостувањето во Белорусија против Бате Борисов. Капитенот Раул беше стрелецот на победничкиот погодок за победата од 1-0, што значи и сигурен пласман на „кралевите“ во осминафиналето.
- Мило ми е што работите се одвиваа во наша полза, ќе беше многу незгодно доколку средбата од последното коло против Зенит беше клучна за нашиот пласман во следната рунда. Вака, добрата игра и победата во Белорусија се покажа сосема доволна за да бидеме дел од најдобрите 16 тима во Европа, изјави тренерот на Реал Мадрид, Бернд Шустер.
Во прилог на најтрофејниот европски клуб отиде и резултатот од Санкт Петербург, каде што Зенит не успеа да го совлада Јувентус (0-0). Иако резултатот не беше од скоро никакво значење за италијанскиот гигант, избраниците на Клаудио Раниери сепак одиграа одличен меч и беа многу поблизу до победата.
Арсенал со многу проблеми стигна до победа на домашен терен против Динамо Киев од 1-0. „Топчиите“ го скршија отпорот на противниците дури на пет минути до крајот, кога Данецот Бентнер по сомнителниот прием на топката (гостите бараа играње со рака) ја затресе мрежата на Динамо.
Арсенал за противник во последното коло ќе го има португалскиот првак Порто, кој, исто така, си го обезбеди учеството во осминафиналето откако како гостин го совлада Фенербахче со 1-2.
И четвртиот меѓусебен дуел меѓу Вилјареал и Манчестер јунајтед заврши со идентични 0-0, исход што им одеше во прилог и на двете екипи. Средбата на „Ел Мадригал“ ја одбележа грубиот старт на Капдевиља врз Роналдо, за кој фудбалерот на Вилјареал доби црвен картон, како и обидот на Вејн Руни да одглуми пенал во противничкиот шеснаесетник.
- Вејн по средбата ми се извини за својот потег. Тој, очигледно, премногу го гледал Роберт Пирес, кој има навика да паѓа на таков начин секогаш кога ќе му пријдат противничките фудбалери. Она што многу повеќе ме загрижува се стартовите врз Роналдо, кој станува очигледна цел на противниците на секој натпревар што го играме. Секој сака да го повреди Кристијано, тоа е сериозен проблем за фудбалот во целина - изјави Сер Алекс Фергусон.
До најзначаен триумф стигнаа фудбалерите на Лион, кои со победата од 1-2 на „Артемио Франки“ против Фиорентина си го визираа учеството меѓу најдобрите 16 тима на европскиот континент.
ГРУПА Е: Алборг - Селтик 2-1, Вилјареал - Манчестер ј. 0-0. ТАБЕЛА: Манчестер ј. 9, Вилјареал 9, Алборг 5, Селтик 2.
ГРУПА Ф: Фиорентина - Лион 1-2, Баерн М. - Стеауа 3-0. ТАБЕЛА: Лион 11, Баерн М. 11, Фиорентина 3, Стеауа 1.
ГРУПА Г: Арсенал - Динамо К. 1-0, Фенербахче - Порто 1-2. ТАБЕЛА: Арсенал 11, Порто 9, Динамо К. 5, Фенербахче 2.
ГРУПА Х: Зенит - Јувентус 0-0, Бате Борисов - Реал М. 0-1. ТАБЕЛА: Јувентус 11, Реал М. 9, Зенит 5, Бате Борисов 2.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 13:38
БОРБАТА ЗА НАШИОТ НАЈТРОФЕЕН КЛУБ ПРОДОЛЖУВА
Централниот регистар го враќа Брацо во Вардар?

Поранешниот спонзор на ФК Вардар, Слободан Брацо Вујчиќ повторно би можел да се врати на чело во нашиот најтрофеен клуб одкако вчера Централниот регистар го доби решението од второстепената комисија да постапи по упатствата на Управниот суд и да го регистрира собранието од 25 февруари во "Тасино чешмиче" како легитимно. На тоа собрание, за претседател на "Црвено-црните" беше избран пуленот на Брацо, Атанас Костовски
- Централниот регистар го прими решението и во рок од осум дена очекуваме да донесе одлука. Мое лично мислење е дека ќе го врати Атанас Костовски како претседател - изјави Емил Османов, правниот застапник на Костовски и поранешниот спонзот на Вардар, Слободан Брацо Вујчиќ.
Претходно, Управниот суд ја прифати тужбата на Атанас Костовски против Комисијата за молби и жалби, која ја одби неговата жалба против решението на Централниот регистар да не ги прифати одлуките од собранието во "Тасино чешмиче". Пресудата на Управниот суд значеше дека Централниот регистар донел незаконска одлука и треба повторно да постапи по случајот.
Завчера, техничкиот директор на Вардар Дејан Чекарев кажа дека ќе ја почитуваат секоја одлука што ќе ја донесе Централниот регистар.
По собранието во "Тасино чешмиче", беа одржани уште две собранија, од кои на второто за претседател на клубот беше избран Трифун Костовски, чии луѓе сега го водат клубот.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 13:38
Нашата фудбалска репрезентација ќе остане без селектор
Катанец се заминува по квалификациите
Селекторот Сречко Катанец ќе си замина од кормилото на македонската фудбалска репрезентација по завршување на квалификациите за Светското првенство, во октмоври, следната година. На вчерашниот кафе-муабет со новинарите што се одржа во хотелот Алексан

Селекторот Сречко Катанец ќе си замина од кормилото на македонската фудбалска репрезентација по завршување на квалификациите за Светското првенство, во октмоври, следната година. На вчерашниот кафе-муабет со новинарите што се одржа во хотелот Александар Палас, Катанец во својот препознавлив стил, искажа задоволство од играта на неговиоте избраници, а вината за слабите резултати ја префрли кај лошото судење и неефикасноста.
- За секој селектор па и замене е премногу да одработи три квалификациски циклуса со една репрезентација и затоа кога ќе завршат квалификациите, ќе си заминам. Од нејзината досегашна игра сум задоволен, но не и од постигнатите резултати. Пред се, причина за таквите исходи, се судиите како и пропуштените шанси за гол. Квалификациите ги загубивме уште на мечот со Холандија, кога бевме оштетени за поништен гол и недосуден пенал - се правдаше Словенецот. Според него, во бледиот резултатски мозаик на нашиот национален тим се надоврзуваат и скромните услови за подготовки, како и слабата медиумска подршка.
- Гледате на какви терени тренираме и како се хранат репрезентативците. Не смее да се случи репрезентативец да нема копачки со крампони, а тоа кај нас се случи. Имаме играчка база од 15 фудбалери, кои дел од нив, како што се Тасевски, Јанчевски, Стојков... можеа и мораа повеќе. Што се однесува до Славчо Георгиевски, тој сам се елиминира со изјавите дадени во еден од весниците.
На средбата во "Палас", на која подоцна се појави и претседателот на ФФМ Хари Хаџи - Ристески падна збор и за квалитетот на репрезентацијата, недисциплината во нејзините редови, изоставањето на Седлоски од мечот во Подгорица, како и за причините за поразите од Исланд и Црна Гора. "Нормално" Катанец во ниеден момент не се почувствува за виновен за резултатите и за се она што се случува во и околу репрезентацијата. На крајот на средбата на која паднаа тешки зборови и обвинување од страна од дел од новинарите за наводна тајно играње на карти во една од хотелските соби во Подгорица непосредно пред мечот со Црна Гора, како и присуството на еден наш репрезентативец во едно скопско касино на ден по победата над Шкотска, селекторот се огради и истовремено побара од претставниците на медиумите да и дадат подршка на репрезентацијата до крајот на квалификациите.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
HI)H( Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јуни.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 258
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај HI)H( Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 21:02
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

vardar ... veciti luzer тага
se soglasuvam so blueprayer
1 Година верен форумџија
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 09:07
Да ве чујам, кој збореше за криза во Рома

Позитивната серија на фудбалерите на Рома продолжува. По победата над Клуж (3:1) во Лигата на шампионите ја запишаа и четвртата победа во последните пет натпревари.

Исто така по воведните два пораза во групата А од Лигата на шампионите добија три во низа, и се пред последните 90 минути на првото место во групата со реални шанси за минување.

Одлуката ја носи домашниот натпревар против францускиот Бордо.

“Сега изгледа дека дојде време веќе да не збориме за кризата во Рома. Одигравме уште еден одличен натпревар, а играчите само ми го покажаа она што го знам за нив. Дека се талентирани и подготвени за најголемите работи“, рекол Спалети и продолжил:

“Дојдовме во перфектна ситуација по стартните два порази. Иако групата е силна успеавме да ја свртиме приказната во наша корист. Клуж? Одлична екипа, технички безпрекорна и затоа оваа победа е значајна“.

На крај Спалети додал:

Уживав да гледам како и со затворени очи се разбираа Тоти, Баптиста и Перота“.

Изменето од blueprayer - 29.Ноември.2008 во 09:07
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 09:07
И Катанец "распука" по ФФМ!

Македонскиот селектор Среќко Катанец на неформална, крајно динамична, занимлива, а во одредена мера искрена средба со медиумите се одлучи, како никогаш претходно, вчера во хотелот "Александар Палас" да го отвори своето срце за сите случувања во и околу нашиот национален тим, за сите успеси и неуспеси, за сите различни меѓусебни гледишта за значењето на позитивен резултат, за...

Посака Среќко на крајот од годината по двата неуспешни резултати против Исланд и Црна Гора да си каже се што му лежи на душа, притоа конечно по три години зачудувачки "осознавајќи" и дека ФФМ го држи мак-фудбалот во континуирано "мртвило", која е една од причините што сите ние залудно очекуваме некаков резултатски исчекор...

"Овде репрезентацијата нема никакви услови за работа. Сакате сите некои феноменални резултати, а притоа не се погледнуваат придружните фактори. Не знам друга репрезентација во светот која сака да оди на СП, а притоа фудбалерите да се облекуваат во хотел па потоа така со километри да одат на тренинг", го отвори срцето Катанец притоа продолжувајќи:

"Погледнете само каков комплекс Фудбалскиот сојуз на Црна Гора успеал да направи за само една година. Какви услови им се нудат на нивните фудбалери. А, што имаме тука? Ете читам и Милко Ѓуровски пред извесно време потенцираше дека и македонските клубови живеат и работат без минимум услови. Македонската лига е таква каква што е, лоша, а таа треба да биде базата од каде ќе произлегуваат репрезентативците", вели македонскиот селектор, притоа јасно можеби на индиректен начин сега и тој го потенцира целокупното нефункционирање на ФФМ од неколку аспекти.

Катанец си го кажа своето мислење кое, сепак, на вчерашната средба со новинарите не успеа да го слушне и претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, откако пристигна само неколку минути подоцна... На констатацијата, пак, дека токму поради сето тоа што тој сега го нагласува можеби бил и обидот за промена на раководството на ФФМ, кое, пак, претходно грчевито го бранеше, Катанец со краток одговор:

"Не, јас не знам околу тоа ништо. Јас не се мешам во тоа. Јас само си го кажувам своето мислење..."

А, зошто па дури сега го кажува мислењето за начинот на раководење на мак-фудбалот од страна на актуелното раководство на ФФМ, кое повеќе или помалку добро & е познато на целокупната домашна фудбалска јавност, селекторот со нагласок дека бил трпелив три години, но...

"Не може веднаш по пристигнувањето да кажувам дека нешто не е в ред. Ете чекав три години во од да се менуваат нештата, но ништо не се менува. Па јас три години се убедувам и околу специфичноста и неопходноста на храната која треба да им се овозможи на фудбалерите, за што може да ви потврди и докторот, но ништо од тоа. Навистина при одредени работи нема никаква професионалност, а се бараат резултати", констатира Катанец за нашата жалона фудбалска вистина која досега упорно ја сокриваше, а за која конечно се осмели и самиот да проговори.

Убаво го потенцираше Словенецот хаосот околу функционирањето на ФФМ, но може ли ова да се протолкува и како задоцнета реакција на селектор кој е повеќе од свесен дека многу брзо ќе го напушти столчето на клупата на нашиот национален тим, па откако минатата година силно се "жртвуваше" за Хаџи-Ристески сега се сети дека треба да се зборува вистината. А, од друга страна Среќко Катанец, како и на сите претходни прес-конференции, упорен е и со својата "вистина" дека "А" селекцијата демонстрира виден напредок по неговото доаѓање, а нашата јавност не треба да ги гледа резултатите, но пред се задоволството од прикажуваните игри.

"Ни останува овој квалификациски циклус, а потоа јас заминувам. Затоа со ваша помош посакувам конструктувност во овие квалификации за да се подигне атмосферата и да има подобри резултати. Ова е мое последно вакво обраќање", ја соопшти притоа Катанец и причината за ненадејниот собир со медиумите.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,454 секунди.