IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5152535455 68>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2008 во 09:30
Светите Козма и Дамјан



Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилници на светот. Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови колку со името на Господ Исус Христос. Ги нарекоа бесребрени лекари, бидејќи лечеа бесплатно и така ја исполнуваа Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“ (Матеј 10, 8). Беа толку внимателни во бесплатното лечење на луѓето што Козма вистински се налути на својот брат Дамјан зашто овој зеде три јајца од една жена Паладија, па нареди Козма по неговата смрт да не го закопуваат до брат му Дамјан. Всушност Свети Дамјан не ги зеде оние три јајца како награда зашто ја исцели болната Паладија, туку затоа што таа го заколна со Пресвета Троица да ги земе оние три јајца. Сепак по нивната смрт, во местото Фереман беа закопани заедно според Божјо откровение. Овие Свети браќа беа големи чудотворци и за време на животот и после смртта. На еден слуга на спиење му се беше вовлекла змија низ устата во стомакот и кутриот човек ќе издивнеше во најтешки маки, ако во последен миг не ги повикаше на помош Светите Козма и Дамјан. Така ги прослави Господ со чудотворство засекогаш оние коишто Го прославуваа Бога на земјата со вера, чистота и милост.

Светиот маченик принцот Ерминигелд

Син на готскиот цар Лувигелд, којшто се држеше за Ариевата ерес. Но пред сите ласки и закани на својот татко еретик Ерминигелд не отстапи од Православието. Татко му го фрли во затвор и на Воскресение рано испрати некој епископ еретик за да го причести. Но Божјиот угодник не сакаше да прими причест од раце на еретик, за што овој го извести царот. Царот се налути и нареди, па на Ерминигелд џелатите му ја отсекоа главата, во 586 година. Подоцна Лувигелд се покаја што си го уби синот, се одрече од ереста и се врати во Православие.

Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј

Роден е во Костурската епархија од родителите Мартин и Параскева. Работејќи со овци Јаков се збогати и со тоа предизвика завист кај својот брат, којшто го наклевети кај Турците како да нашол некое скриено богатство закопано во земја. Јаков побегна во Цариград, каде што повторно се збогати. Еднаш му беше гостин на некој турски бег. Турците јадеа месо, а Јаков постеше. Тогаш му рече оној бег: „Голема е вашата христијанска вера“. И раскажа дека неговата жена била умоболна и дека после сите лекари и лечења на крајот ја одвел кај патријархот за да ѝ прочита молитва. Штом патријархот ја отворил книгата за да ѝ чита, низ храмот светнала некоја небесна светлина. По завршувањето на молитвата жената оздравела. Кога слушна Јаков како Турчинот ја фали христијанската вера, го раздаде сиот свој имот и отиде на Света Гора, каде што се замонаши во манастирот Ивер. Се подвизуваше на Света Гора, а пострада за верата од Турците во Едрене на 1 ноември 1520 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во манастирот на Свети Анастасиј во Галачист близу Солун.




Изменето од Maran Ata - 14.Ноември.2008 во 09:30
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2008 во 14:48
16/11/2008 Светиот великомаченик Георгиј

   

На овој ден се празнува преносот на моштите на Св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта Св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Св. Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на Св. великомаченик Георгиј се случија големи чуда.

Светиот свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски

Осумдесетгодишниот старец Акепсим, исполнет со секоја христијанска добродетел, еден ден седеше во својот дом со гости. Притоа едно дете исполнето со благодатта на Светиот Дух му притрча на стариот епископ, го целива во главата и рече: „Блажена е оваа глава, зашто за Христа ќе прими маченички венец!“ Ова пророштво наскоро се обвистини. Царот Савориј покрена луто гонење на христијаните по цела Персија, па беше фатен и Акепсим и го изведе пред некој идолски кнез. На уапсениот и врзан епископ му пристапи некој од неговите домашни и го праша што заповеда во поглед на неговиот дом. Светителот му одговори: „Тоа веќе не е мој дом, јас неповратно одам во вишниот дом.“ После големи мачења го фрлија во затвор. Во истиот затвор утредента ги доведоа Јосиф и Ајтал, од кои Јосиф беше седумдесетгодишен старец презвитер, а Ајтал ѓакон. После три години затвор и многу маки на Акепсим му ја отсекоа главата, а Јосиф и Ајтал ги закопаа во земја до бедрата и бездушниците им наредија на христијаните да ги удираат со камења. По Божја Промисла телото на Јосиф ноќта исчезна, а над Ајталовото тело израсна дрвото марсина, коешто исцелуваше секаква болест и мака кај луѓето. Ова траеше пет години, а потоа завидливите незнабожци го исекоа дрвото. Овие Христови војници пострадаа во 4 век во Персија, за време на незнабожниот цар Савориј.

Преподобен Илија Египетски

Се подвизуваше близу Антино, главниот град на Тиваида. Во сурови и непристапни карпести пустини проживеа седумдесет години. Се хранеше само со леб и со урми, а кога беше млад постеше по цели седмици. Ги исцелуваше сите маки и болести кај луѓето. Се тресеше од старост. Се упокои во сто и десетата година од животот, кога се пресели во радоста на својот Господ. „Чувајте го вашиот ум од лоши помисли за ближните, знаејќи дека нив ги уфрлуваат демоните со цел да ви го оддалечат умот од гледањето на сопствените гревови и од стремежот кон Бога“


Изменето од Maran Ata - 16.Ноември.2008 во 08:44
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 02:55
Светиот свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот     17/11/2008



Обајцата ги ракоположи апостолот Тит. Се одликуваа со голема ревност во верата и трудољубивост во придобивањето на незнабожците за Христа. За ова беа обвинети кај некој судија Ливаниј, којшто ги подложи на лути измачувања. Беа биени со камења, влечкани по камењата, лежеа во затвор и гладуваа и многу други маки претрпеа, и тоа такви што смртен човек не би можел да ги издржи ако не го крепи помош од Бога. А ним Господ им се јавуваше на разни начини, а кога беа фрлени во печка им го испрати Својот ангел за да им го разлади оганот. Најпосле од бездушните мачители беа живи закопани во гробови и затрупани со земја. Луѓето залудно убиваат кога Господ оживува и залудно бесчестат кога Господ прославува.

Преподобен Јоаникиј Велики     17/11/2008

Ова големо духовно светило се роди во селото Марикати во областа Витиниска, од татко Миритрикиј и мајка Анастасија. Како момче беше овчар. Пасејќи ги овците често се повлекуваше во самотија и по цел ден стоеше на молитва, оградувајќи го своето стадо со знакот на крстот за да не се оддалечува и разотидува. Потоа го зедоа во војска, каде што покажа чудесна храброст, особено во војните против Бугарите. По војничката служба Јоаникиј се повлече во Олимп Азиски, каде што се замонаши и сиот се предаде на подвиг, од којшто не отстапи до длабока старост, до својата смрт. Се подвизуваше над педесет години, и тоа на разни места. Имаше од Бога изобилен дар на чудотворство: лечеше секакви маки и болести, изгонуваше демони, скротуваше ѕверови, особено имаше власт над змиите, преминуваше преку вода како по суво, беше невидлив за луѓето кога ќе посакаше, пророкуваше идни настани. Се одликуваше со преголемо смирение и многу кротост. По надворешниот изглед беше како џин, крупен и силен. Живо учествуваше во судбината на Црквата Божја. Во времето на иконоборството и самиот најпрво се опрелести, но си дојде на себе и стана ревносен поборник на иконопочитувањето. Му беше голем пријател на Методиј, патријархот Цариградски. Св. Јоаникиј поживеа деведесет и четири години и се упокои мирно во Господ, во 846 година. И после смртта остана чудотворец.


+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 23:11
Светите апостоли Патров, Ерма, Лин, Гај и Филолог     18/11/2006



Овие се од Седумдесеттемина апостоли. Патров беше епископ во Неапол, Ерма во Филипопол (Рим. 14, 16), Лин во Рим (2 Тим. 4, 21), Гај во Ефес (Рим. 16, 23), Филолог во Синопа (Рим. 15, 16). Сите со љубов го исполнија законот Христов и се преселија во Неговото царство.

Преподобните маченици Галактион и Епистима     18/11/2008




Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата од родители незнабожци. Мајка му на Галактион беше бездетна сѐ додека не се крсти. Потоа таа го приведе кон верата и нејзиниот маж и го крсти и воспита како христијанин својот син Галактион. Кога стаса за женидба, неговата добра мајка Левкипија се упокои, а татко му го сврши за некоја девица Епистима. Галактион никако не сакаше да стапи во брак, па ја посоветува Епистима да се крсти, а потоа и истовремено со него да се замонаши. Се повлекоа на гората Пуплион, Галактион во машки, Епистима во женски манастир. И секој од овие двајцата во својот манастир се покажа како вистинско светило. Први во подвигот, први во молитвата, во смирението и послушанието, први во љубовта. Од манастирот не излегуваа ниту се видоа еден со друг освен пред смртта. Настана луто гонење на христијаните и тие обајцата беа изведени на суд. Кога Галактион го биеја, Епистима плачеше. Тогаш и нејзе ја избија. Потоа им ги отсекоа рацете, па нозете, а најпосле и главите. Нивните тела ги зеде Евтолиј и чесно ги закопа. Овој Евтолиј беше најнапред роб кај родителите на Епистима, а потоа монах заедно со Галактион. Тој и го напиша житието на овие прекрасни Христови маченици, коишто пострадаа и примија небесни венци во 253 година.


Изменето од Maran Ata - 17.Ноември.2008 во 23:13
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 04:40
Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски     19/11/2008



Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна постела, ужалените верни го прашуваа кого го остава зад себе за архипастир на словесното стадо Христово. Болниот патријарх им рече: „Ако сакате да имате патријарх којшто ќе ве учи и ќе ви блеска со добродетел, изберете го Павле, а ако сакате да имате само убав човек и однадвор украсен, изберете го Македониј“. Народот го избра Павле. Но ова не им беше право на аријанските еретици ниту на царот Констанциј, којшто во тоа време беше во Антиохија. И наскоро го симнаа Павле и тој заедно со Св. Атанасиј Велики побегна во Рим, каде што обајцата беа убаво примени од папата Јулиј и од царот Констанс, коишто ги поддржаа во нивната православна вера. На писмо од царот Констанс и папата Јулиј, Павле го вратија на престолот, но кога умре овој цар аријанците кренаа глава и го протераа православниот патријарх во Кукуз во Ерменија. Во прогонство Св. Павле еднаш служејќи литургија беше нападнат од аријанците и удавен со омофорот, во 351 година. Во времето на царот Теодосиј неговите мошти во 381 година беа пренесени во Цариград, а во 1236 година во Венеција, каде што се наоѓаат и денес. Неговите омилени клирици и секретари Маркијан и Мартириј пострадаа наскоро после својот патријарх (под 25 октомври).

Преподобен Варлам Хутински      19/11/2008

Роден е и воспитан како христијанин во големиот Новгород. По смртта на родителите се замонаши и се предаде на тежок подвиг. Основа манастир на брегот на реката Волхова, на местото каде што му се покажа небесна светлина. Беше голем чудотворец за време на животот и после смртта, проѕираше во човечките тајни, изгонуваше нечисти духови и ги лечеше болестите кај луѓето. Слугата на кнезот Василиј Василевич беше тешко болен, па замоли да го однесат на гробот на Св. Варлам. Уште побара ако умре по патот, мртов да го однесат кај светителот. Така и се случи. Тој умре по пат и го однесоа мртов во манастирот, но таму оживе и стана и му се поклони на гробот на светителот. Во 1471 годна царот Иван Грозни нареди да го откопаат гробот на Св. Варлам. Штотуку почнаа да откопуваат се крена пламен од гробот. Царот толку се исплаши што побегна од црквата и во брзањето си го заборави стапот, којшто до ден денес се чува крај гробот на светителот. Во спомен на ова чудо Св. Варлам се празнува уште еднаш во петок после Неделата на Сите Светии.


Изменето од Maran Ata - 19.Ноември.2008 во 04:41
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2008 во 06:44
Преподобен Лазар Галасиски     20/11/2008



Над куќата во којашто е роден се јави столб од светлина. Од своето село Магнезиј отиде на поклонение на Светите места во Ерусалим и таму се замонаши во манастирот на Св. Сава Осветен. По десет години се насели во гората Галасиска и се подвизуваше како столпник. Беше чудотворец за време на животот и после смртта. Царот Константин Мономах многу го уважуваше. На старост се пресели во вечноста, на крајот од 9 век.

Светиот маченик Јерон со дружината     20/11/2008

Роден е во градот Тијана кападокиска од добра и благочестива мајка, Стратоника, којашто беше слепа. Јерон со голема синовска љубов ѝ служеше на својата слепа мајка и беше мошне ревносен христијанин. Од овие две причини не сакаше да оди во војска и ги натепа и ги испрати оние што беа пратени да го земат. Му беше жал да ја остави неговата беспомошна мајка и му беше тешко и да помисли дека како војник ќе биде принуден да им се поклонува и да им принесува жртви на идолите. Најпосле заедно со уште некои христијани беше фатен и одведен пред кнезот во Мелитина. Кога беа на пат, една ноќ на Јерон му се јави некој во бела облека и му рече: „Еве, Јероне, ти јавувам за спасението: нема да војуваш за земниот цар, туку наскоро ќе извршиш подвиг за Царот небесен и кај Него ќе преминеш и од Него ќе примиш слава и чест“. Од таа вест срцето на Јерон се исполни со неискажлива радост. Кога стигнаа во Мелитина сите ги фрлија во затвор. Овде Јерон со голема ревност ги утврдуваше во верата затворените, молејќи се никој од нив да не отпадне, но сите да ги предадат драговолно своите тела на маки и смрт за Христа. Пред кнезот сите едногласно ја изјавија својата вера во Господ Христос, само еден роднина на Јерон, по име Виктор, отпадна од верата. На Јерон му ја отсекоа раката, па го биеја и го мачеа со различни маки, дури најпосле заедно со останатите не го убија. Одејќи на губилиште, тие триесет и тројца маченици го пееја псалмот: „Блажени се непорочните што одат по патот на законот Господов.“ Да ги спомнеме по име и овие чесни маченици чиишто имиња се запишани во Книгата на Животот: Исихиј, Никандар, Атанасиј, Мамант, Варахиј, Калиник, Теоген, Никон, Лонгин, Теодор, Валериј, Ксант, Теодул, Калимах, Евгениј, Теодох, Острихиј, Епифаниј, Максимијан, Дулкитиј, Клавдијан, Теофил, Гигантиј, Доротеј, Теодор, Кастрихиј, Аникит, Темелиј, Евтихиј, Иларион, Лиодот и Амонит. Некој Хрисант ја откупи отсечената глава на Јероним и чесно ја погреба, а подоцна над неа подигна црква во името на Свети Јероним. Отсечената рака на маченикот ѝ ја однесоа на неговата слепа мајка. Свети Јероним со дружината пострада и премина во славата Христова во 298 година

Светата маченичка Тесалоникија, со Авкт и Таврион

Оваа девица беше ќерка на еден идолски жрец Клеон, човек богат и надмен. Заради верата во Христа татко ѝ ја избрка од куќата и од градот. Двајцата чесни граѓани Авкт и Таврион го укорија Клеон за нечовечното однесување кон ќерка му, заради што тој ги обвини како христијани. Беа луто мачени и обезглавени заради Христа. Потоа ја мачеа и ја убија Тесалоникија. Пострадаа во македонскиот град Амфипол, близу денешната Кавала. Така овие маченици се удостоија со бесмртното царство страдајќи чесно.






Изменето од Maran Ata - 21.Ноември.2008 во 04:26
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2008 во 04:38
Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни     21/11/2008



Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги сметаа за богови ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како на богови и го востанови правилното почитување на ангелите. Во времето на папата Силвестер и александрискиот патријарх Александар (4 век), беше востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. Зошто токму во ноември? Зашто после март ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени. Св. Дионисиј Ареопагит, ученик на Св. апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто беше воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опиша во книгата „За небесната Јерархија“. Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите. Војвода на целата ангелска војска е архистратигот Михаил. Кога сатаната, Луцифер, отпадна од Бога и со себе ги повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил стана и возвикна пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твојеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13 - 15). Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител. Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар. А на денот на Страшниот Суд сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек. Да нѐ помилува Бог и да нѐ спаси по молитвите на Св. архистратиг Михаил и на другите небесни бестелесни сили. Амин.


АМИН! АМИН! АМИН!
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 13:43
Свети Нектариј Егински епископ Пентаполски   22/11/2008



Светиот Архиереј на Црквата Христова Нектариј роден е во гратчето Силиврија, Источна Тракија, 1846 год. Потекнува од благочестиво работничко семејство, во коешто е роден како петто од вкупно шест деца. При светото Крштение го добива името Анастасиј. Со особена топлина меѓу детските спомени на светителот му се врежале сеќавањата на неговата баба, којашто му била и прва настaвничка во подвигот на молитвата.

Но, нуждата многу рано го одделува од семејството и сите оние, кои му биле блиски. На тринаесетгодишна возраст го напушта својот роден град и заминува за Константинопол за да работи како чирак во цариградските дуќани, на тој начин споможувајќи ја издршката на своето семејство. Единствена одбрана на малиот Анастасиј против суровоста и безчувствителноста на големиот град му била наивната вера и молитвата. А Бог не го оставил. За да го покажеме тоа, ќе се послужиме тука со еден бележит пример од тие тешки денови на светителот: Имено, додека работел во еден дуќан целиот парталав и неугледен, стопанот му се заканувал дека ќе го отпушти од работа доколку не се спастри. Наоѓајќи се во безизлез, кутриот Анастасиј со детска простосрдечност решава да напише писмо, кое го адресира – „До нашиот Господ Иисус Христос на небесата“. Во него тој напишал:

„До мојот пресладок Иисус.

Ме праша зошто непрестано плачам. Причината, мој Господи, е таа што облеката ми се распаѓа дотаму што и на чевлите ми се појавија дупки. Поради тоа ми излегуваат прстите и многу ме боли, зашто сега е зима и се смрзнувам.

Синоќа му се обратив за помош на мојот газда, но тој ме истера надвор. Ми рече да побарам од родителите да ми купат нова облека. Најсладок мој Господи, до сега толку многу работев, а не можев на мајка ми да и испратам ниту еден грош. Што сега да правам и како да работам без облека? Само што ќе ја закрпам облеката, таа пак се кине. Те молам, прости ми што те вознемирувам со своите маки. Ти се клањам и верувам во Тебе.

Твојот верен слуга, Анастасиј. “

Ова писмо во сета своја наивност го дава на стопанот од еден соседен дуќан да го испрати во пошта. Меѓутоа, тој штом ја прочитал адресата на писмото, изненаден го отвора, и како добар христијанин, купува облека и чевли за малиот Анастасиј, испраќајќи му ги тајно во пакет на кого едноставно напишал: „Христос до Анастасиј“. Навистина, верата во Христа сè може да постигне и чудни се патиштата на Неговата промисла.

По некоја година Анастасиј престанува да работи по локалните дуќани и наоѓа работа како помлад предавач во училиштето, кое принадлежи кон Цaриградската црквата на „Светиот Крст“, додека паралелно учи и самиот средно училиште. На тој начин, полека започнува да ја остварува својата мечта за служба во Црквата. На дваестгодишна возраст, пак, засекогаш го напушта Константинопол и заминува на островот Хиос, кадешто почнува да работи како учител во тамошното селце Лити. На Хиос наскоро и се замонашува 1876 год. со благослов на митрополитот Георгиј, а веднаш потоа (1877 год.) бидува ракоположен и во ѓаконски чин.

Со благослов на Митрополитот испратен е и во Атина за да го доврши своето богословско образование, а после тоа 1885 г. Заминува во Египет и стапува во служба на Александријскиот Патријарх Софрониј. Во Египет Бог го удостојува Својот угодник Нектариј и со свештенички чин (1886 г.), а наскоро бидува возведен и во епископско достоинство (1889).

Епископот Пентаполски Нектариј станува познат меѓу сето православно стадо во Египет. Сите го сакаат и почитуваат поради неговата саможртвена љубовност, со која им пристапува на луѓето, особено оние бедните и унесреќените, молитвениот жар, со когошто насекаде ширел несекојдневна надеж, и неодоливата кротkост, којашто ги разоткривала бездните на христоподобното смирение. Но сето тоа воедно предизвикало и завист кај оние Црковни „службеници“, коишто одбивале да се подвизуваат во наведените благодатни добродетели на светителот. Конечно, тие сковуваат адска клевета против владиката Нектариј и издејствуваат тој да биде остстранет од Патријршијата.

Веќе на почетокот од оваа борба светителот Нектариј излезе веќе како победник со самото тоа што во гнасните клевети и лукавства против него самиот остана кроток и полн со љубов кон своите клеветници и вражественици. Впрочем, самиот свесен за тоа вели: „И искушенијата се знак на Божествената милост.“

Така, во 1890 год. се враќа во Грција, кадешто наместо љубов го дочекува студенило, наместо почит го пресретнува презир. Таму отпрвин живее како обичен проповедник и насекаде каде го носи службата успева да придвижи искрена љубов меѓу најобичниот беден народ. Оној, кого Црковните „високи кругови“ го отфрлија и презреа, се најде возљубен и прифатен од кротките и простите. Нив и ги обдари со неброено мноштво на своите душеспасителни совети, со множество благодатани чуда, со коишто им има помогнато на многумина. Светителот умеел да каже: „Барајте Го секојдневно Господа; но внатре, во срцето ваше, а не некаде надвор. И кога ќе го најдете, застанете со страв и трепет како Херувимите и Серафимите, зашто срцето ваше станало престол Божји. Но за да Го пронајдете Господа, смирете се себеси до прав, зашто Господ се гнаси од гордите, додека ги љуби и посетува смирените по срце.“

Во 1894 год. ја прима службата на управник на Богословијата Ризарион во Атина. Таму повторно ја стекнува довербата и љубовта на своите ученици, коишто во него наоѓаат неприкосновен духовен авторитет, нежен отец и скромен подвижник. На сите, коишто во тие години ја имаат посетено Семинаријата, им се врежала сликата за скромниот управник на училиштето, кој честопати го гледале како самиот ги врши и најтешките и најпонижувачки физички работи во школата. Паралелно со работата во Богословијата, почнувајќи од 1904 година, на блискиот остров Егина св. Нектариј организира мал женски манастир, во кого си го устројуваат животот неколку негови духовни ќерки. Забележано е дека при неговата прва посета на островот едно демоноопседнато момче го пречекало со зборовите „владиката доаѓа на островот; одете и поздравете го…; доаѓа светецот, кој ќе го спаси островот.“ На тоа, светителот остро и недвосмислено одговорил: „Духу гатачки, злобен и нечист, ти заповедам во името на Иисуса Христа Распнатиот да излезеш од ова момче!“ И истиот миг нечистиот дух исчезнал, не поднесувајќи го присуството на Духот Свети. Така, сиот народ можел да ја увиди заблудата и злото на било какво јасновидство, гатање или баење, посебно на таквите, коишто за полесна измама на простосрдечниот народ луково ја спомнуваат и ја злоупoтребуваат Црквата и православната вера, без да знаат дека Бог не прима пофалби од лукавиот.

Конечно, после повлекувањето од должноста управник на Богословијата Ризарион (1908 г.), Св. Нектариј се повлекува на Егина и целосно се посветува на духовното раководење со манастирот, кој самиот го основал. Ваков совет тој низ песна дава на секој монах:

„Возљуби ја молитвата, постот и бдението,

биди усрден во трудот и пребивај во безмолвие,

усовршувај се во смирението,

трпението, истрајноста,

расудувањето и вниманието.

Почитувај го самоодрекувањето, благородието,

доброчинството, духот на правдата, цeломудрието

и чистотата срдечна.

Биди скромен, целомудрен, послушен, милостив,

повлечен и незлобив.

Не си простувај сам на себе, не заборавај си ја работата.

Засакај го трудот, протерај го стравот, отфрли го гневот,

Стекни го спокојството на духот.

Криј се од страсните желби.

Не се грижи за ништо излишно,

зашто само за едно треба да се грижиш,

за духовното возрастување.

Подвизувај се и устреми се кон совршенството,

За да би принел плод достоен на покајанието.

Имај си го во срцето споменот на

Името на Небесниот Жених,

та не престанувај Нему да Му служиш.

Возљуби го животот во дворите Господови,

и со сето срце прослави го Создателот и Бог твој.“



На Егина останал до крајот на својот земски живот. Се упокои во Господа 1920 година. Само миг пред смртта, Св. Нектариј посведочил за гласот, кој во тие мигови му се обратил: „Влези, чедо, во радоста на Господарот свој, те чекаат овде со круната на славата.“ Последните, пак, зборови што светителот можел да ги изусти на овој свет биле: „Мене ли ми се обраќаш, Господи…“

Погребан е во дворот на манастирот, на кого му ги посветил последните години на својот живот. Црквата Христова го причисли во хорот на светиите 1961 година.

Неговото молитвено застапништво за родот наш Христијански оттогаш па до сега е непрекинато, бидувајќи пројавено низ низа од чуда, со коишто Бог го прославува овој свој угодник.

Многубројни се сведоштвата на оние луѓе, коишто благодарение на неговото застапување на чудесен начин се избавиле од духовани и телесни несреќи и болести. Посебно голем меѓу нив е бројот на тие луѓе, кои во благодатоносното делување на Светиот Нектариј Егински најдоа исцелување од најстрашната болест – ракот.

(превземено)

Преподобна Матрона Цариградска     22/11/2008



Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир на Св. Васијан во Цариград. Но бидејќи мажот ѝ непрестајно трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, како Емеса, Синај, Еусалим, Бејрут и најпосле повторно дојде во Цариград. Се замонаши кога имаше дваесет и пет години, а се подвизуваше седумдесет и пет години. Живееше вкупно сто години и кога се упокои беше игуманија на еден манастир во Цариград. Мирно почина и се пресели во радоста на својот Господ, во 492 година.

Светите маченици Онисифор и Порфириј     22/11/2008



Овие двајца прекрасни мажи беа мачени за името Христово во времето на царот Диоклецијан. Беа многу биени, а потоа горени на железна леса, па врзувани за опашките на коњите и влечени по камења и трње. Така беа растргнати на парчиња и Му ги предадоа своите свети души на Бога. Нивните мошти се погребани во Пентапол.

Преподобен Јован Колов     22/11/2008

Се вбројува меѓу најголемите мисирски подвижници. „Колов“ значи малечок, а тој беше малечок по раст. Во Скитот дојде заедно со својот брат Данило и со преголема ревност се предаваше на подвиг, така што брат му Данило мораше да го насочува на умереност. Му беше ученик на Св. Памво, а подоцна на Св. Арсениј Велики. Негов соученик кај Св. Памво беше Св. Пајсиј Велики. Еднаш додека тој и Пајсиј разговараа каков начин на подвиг да превземат, им се јави ангел Божји и му нареди на Јован да остане на своето место и да ги поучува другите, а на Пајсиј да оди во пустината и да живее како пустиник. За да ја испита послушноста на Јован, Св. Памво му нареди да залева еден сув стап забоден во земја, сѐ додека не зазеленее. Без размислување и сомневање Јован го залеваше ова суво дрво три години секој ден, додека навистина, со Божјата сила, не се раззелени и донесе плод. Тогаш Памво ги собра плодовите од она дрво, ги однесе в црква и им ги раздели на браќата, велејќи: „Пристапете и вкусете од плодот на послушанието!“ Јован Колов имаше мноштво ученици. Некои од неговите мудри изреки се сочувани. Се упокои мирно и се пресели во радоста на својот Господ.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2008 во 13:27
Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј



Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Последните тројца се спомнуваат и на друго место, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28 април, а Терциј на 30 октомври. Светите Олимп и Родион беа следбеници на апостолот Петар и кога тој пострада пострадаа и тие, на заповед од Нерон беа обезглавени. Ераст беше најпрво економ на Црквата во Ерусалим, а потоа епископ во Панеада Палестинска. Кварт беше епископ во Бејрут, многу страдаше, но и многумина ги приведе кон Христовата вера. Сосипатар беше епископ во Иконија, а Терциј беше втор епископ во истата таа Иконија. Духовно војуваа, станаа победници и зедоа венци на невенлива слава.

Светиот маченик Орест

Од градот Тијана во Кападокија. Св. Орест од раѓање беше христијанин, а лекар по занимање. Беше сурово мачен од некој свиреп кнез Максимин во времето на царувањето на Диоклецијан. Кога кнезот најнапред го советуваше да се одрече од Христа и да им се поклони на идолите, Орест одговори: „Кога ти би ја познал силата на Распнатиот, би ја отфрлил идолската лага и би Му се поклонил на вистинитиот Бог“. За ова беше многу биен, стружен и растргнуван, горен со врело железо, па најпосле фрлен во затвор за да умре од глад. Младиот Орест помина седум дена без леб и вода. Осмиот ден повторно го изведоа пред кнезот, којшто му се закани со страшни маки. На ова Орест му одговори: „Готов сум да претрпам секаква мака, бидејќи го имам знакот на мојот Господ Исус Христос изобразен на моето срце“. Тогаш кнезот нареди и му удрија во нозете дваесет железни клинци, го врзаа за коњ и го збоднаа по трња и камења, додека не издивна. На местото каде што беше фрлено телото на Божјиот маченик Орест се јави еден човек светол како сонце, па ги собра сите негови коски и ги пренесе на еден рид близу градот Тијана, таму ги погреба чесно. Овој прекрасен светител Орест му се јавил на Св. Димитриј Ростовски и му ги покажал сите свои рани на телото.

Свети Нон, епископ Илиополски

Се прочу како голем подвижник во Тавенскиот манастир во Мисир, заради што 448 година го избраа за епископ на Едеската епархија. Подоцна премина во епархијата Илиополска. Овде тој обрати во верата Христова триесет илјади Арапи. По смртта на епископот Ив Свети Нон повторно се врати во Едеса, каде што остана до својата смрт, во 471 година. По неговите молитви кон Христа се обрати и прочуената грешница Пелагија, којашто потоа се прослави со свет живот (види под 8 октомври).


Изменето од Maran Ata - 23.Ноември.2008 во 13:27
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 00:10
Светиот великомаченик Мина     24/11/2008



По потекло Мисирец и војник по занимање Свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската и градот и луѓето и сѐ и отиде во пуста планина. Бидејќи на Св. Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги изобличи идолопоклонството и незнабоштвото како лага и мрак. Кнезот на тој град, некој Пирос, го запраша Свети Мина кој е тој и што е. Светителот му одговори: „Татковина ми е Мисир, името ми е Мина, бев офицер, но кога го видов идолопоклонството се одреков од вашите почести. Сега дојдов пред сите да Го објавам мојот Христос како вистинит Бог, за и Он мене да ме објави како Свој слуга во Царството Небесно“. Кога го слушна ова Пирос го подложи Свети Мина на големи маки. Го биеја, го стружеа со железни четки, го гореа со свеќи и го мачеа со разни други маки, па најпосле го убија со меч. Телото му го фрлија во оган за да не го земат христијаните, но тие сепак спасија од огнот некои делови. Овие остатоци ги погребаа чесно, а подоцна беа пренесени во Александрија и таму ги погребаа и над нив изградија црква. Св. Мина пострада околу 304 година и се пресели во Христовото Царство. Тој беше и остана голем чудотворец во двата животи, и на земјата и на небото. На секого којшто го слави Св. Мина и во неволја со вера го повикува на помош, тој и му помогнал. Повеќепати се јавуваше како војник на коњ, за да им помогне на верните или за да ги казни неверните.

Преподобен Теодор Студит     24/11/2008



Прочуен игумен на Студитскиот манастир, голем страдалник за иконите, мудар устроител на манастирскиот живот, боговдахновен учител на Православието и чудесен подвижник. Се упокои во Цариград во 826 година, во шеесет и осмата година од животот.


+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 00:14
       
ГОСПОД да те Благослови за житието на Св. Мина, Маран Ата!

На сите што ја слават оваа слава да им е среќна и долговечна а посебно на тетовчани подгорци!

АМИН


       

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 01:23
Originally posted by spiros spiros напиша:

          
ГОСПОД да те Благослови за житието на Св. Мина, Маран Ата!

На сите што ја слават оваа слава да им е среќна и долговечна а посебно на тетовчани подгорци!

АМИН


       



За многу години славата.

Господ, по молитвите на св.Мина, да не помилува и спаси сите нас! Амин.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 23:56
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:



За многу години славата.

Господ, по молитвите на св.Мина, да не помилува и спаси сите нас! Амин.



Фала ти Маран Ата!

Сега - по читањево на житието на Св. Мина - ми се разјаснува далбоко во мене, зошто е и мојот став кон вооружените незнабошци и иделопоклоници таков каков што е.

БОГ по Молитва ГОСПОДОВА да помилува секого


АМИН!


Изменето од spiros - 25.Ноември.2008 во 00:00
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 00:36
Свети Јован Милостив     25/11/2008



Патријарх Александриски. Роден е на осторвот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но по Божја Промисла се упокоија и децата и жена му. Прочуен заради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. Десет години управуваше со александриската Црква како вистински пастир, чувајќи ја од незнабожците и од еретиците. Беше пример на кротост, милосрдие и човекољубие. „Ако сакаш благородство“, велеше, „не барај го во крвта туку во добродетелта, зашто тоа е вистинското благородство“. Сите Свети се одликуваа со милосрдие, но Св. Јован ѝ беше предаден на оваа Света добродетел. Еднаш служејќи Литургија се сети патријархот на Христовите зборови: „Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот“ (Матеј 5, 23, 24) и се сети дека еден од клириците е зловолен кон него; тој брзо ги остави Светите Дарови, му пријде на тој клирик , му падна пред нозете и го замоли за прошка. И дури кога се измири со човекот се врати пред жртвеникот. Еднаш пак одејќи кон црквата на Светите Кир и Јован се случи да го сретне една бедна вдовица и почна да му говори за својата беда. Придружниците на патријархот почувствуваа здодевност од долготрајната поплака на жената, па му рекоа на владиката да побрза в црква на служба, а жената би можел да ја слуша и после службата. Свети Јован им одговори: „А како ќе ме послуша мене Бог ако јас не ја послушам нејзе?“ И не сакаше да мрдне од местото дури не ја ислуша нејзината поплака докрај. Кога Персијанците удрија на Мисир, патријархот Јован седна во кораб за да се оддалечи од напаста. Патем се разболе и кога стигна на Кипар умре во својот роден крај, во 620 година. Неговите чудотворни мошти се пренесени најпрво во Цариград, а потоа во Будимпешта и најпосле во Пресбург.

Преподобен Нил Синајски     25/11/2008



Најпрво беше префект во престолнината, во Цариград. Како женет човек имаше еден син и една ќерка. Гледајќи го порочниот живот во престолнината се договрои со жена му да се оддалечат од светот. Така и направија. Жена му со ќерката отиде во некој женски манастир во Мисир, а Нил со синот Теодул на гората Синајска. Полни шеесет години Св. Нил се подвизуваше на Синај. Напиша прекрасни книги за духовниот живот. Се упокои мирно околу 450 година, во осумдесеттата година на неговиот овоземен живот. Негово е светото слово: „Телесните страсти своето потекло го водат од телесните потреби и против нив е нужно воздржание; а душевните страсти се раѓаат од душевните потреби и за нив е нужна молитва.“

Преподобен Нил Мироточив     25/11/2008



Роден е во Мореја. Како јеромонах дојде на Света Гора заедно со својот чичко. Се подвизуваше како пустиник во пустото место наречено Свети Камења. Кога се упокои од него потече миро во такво изобилство, што од врвот на гората се слеваше во морето. Тоа чудотворно миро ги привлекуваше болните луѓе од секаде заради исцеление. Ученикот на Св. Нил му се пожали во молитва на својот духовен отец од мноштвото посетители. И мироточењето одеднаш престана. Свети Нил се подвизувал како ревносните светители во потполна смисла. Се упокои во 17 век.

Светиот пророк Ахија

Од Силом. Пророкуваше 1000 години пред Христа. Му прорече на Јеровоам, слугата на Соломон, дека ќе се зацари над десет Израилеви колена (1 Царства 11, 29).


Изменето од Maran Ata - 26.Ноември.2008 во 03:40
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5152535455 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.