IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Абортус?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Абортус?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 44>
Автор
Порака
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 03:52
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Меси, ќе те „абортирам“
плазењеголема%20насмевка така да знаеш. смеење Уништувач на забави синамигнување Зошто?Два дена ме немаше на форумов и прелистувајќи ги пропуштените постови, приметив дека си продолжил со дискусијата, односно си продолжил да го поставуваш прашањето за изборот меѓу детето или мајката, од кое јас „дигнав раце“, бидејќи не бев почестен со било каков одговор. Читајќи ги нивните „одговори“, дека единствено преку молитва бог ќе сврши работа (се разбира доколку му е ќеиф), ми падна на памет вицот за Мујо и Хасо, кога Мујо се давел и му се молел на бога, а Хасо 3 пати доаѓал со чамец ... Арно ама, ти веќе си ме „преварил“. За никаде си. Ми го ускрати задоволството јас да го кажам (првнамигнување) . Па и овоА Мајклов, веднаш по меси, покусо да не останеголема%20насмевкаплазење А што се однесува до зборовите на Кали
Originally posted by Kali Kali напиша:

... Bidejki na toj nacin se cuvas i pazis sebesi od bolka, od razocaruvanje i od iskusuvanje, i si zastiten...
мислам дека тука, кога ќе се сведат овие три-четири работи под заеднички именител, се работи за стравот. Стравот за „Јас“од божјата казна, па макар и во случај да спасам живот(оти, нели, кој сум јас да си играм бог, па да дарам нечиј живот?) Стравот од тоа што ќе се случи со мене, ако направам (или не) оваква работа! Тоа е истиот тој страв за кој јас пишував на почетокот од оној мој пообемен текст (за стравот како еден од 4-те принципи на кој се темели теологијата). Затоа, најдобриот начин за да се „искубам“ од целата оваа комплицирана ситуација е - молитвата. Секој кој тоа го прави е само оправдание пред самиот себе, а и за пред сопствениот бог, ќе си има оправдание дека не се мешал во божјата работа, не одлучувал кој да живее, а кој да умре, туку само со молитва кон бога „си завршил работа“! И смета дека на тој начин неговиот бог ќе му се смилува, бидејќи постапил правилно, не се мешал (значи по божја воља), и оставил мајката и детето да отидат во небесното царство!Р.Ѕ. Заборавив! Муслиманскиот став по однос на абортусот (барем она што го наведе Дешад) е многу поблизок до реалниот живот и затоа е поприфатлив



Не е така.

Јас никогаш не реков дека се ќе чекам од Бога, како во вашата банална приказна за давениците и спасувачите, тоа ни Маран Ата не го кажа па ни Макариос, туку вие така сакате да е.

реков:
“Ако, недај Боже дојдат, тогаш би се молем на Бога, но без да престанам да работам, зашто молитвата е во умот и во срцето, а не во рацете, и со својата вера, дека се што се случува се случува по Божја волја и заради Божјо допуштение, а тој е Добар, Семоќен и Премилостив и во Негови раце е се и тогаш ќе биде тоа што ќе биде. Господ е моќен и мртви да воскреснува.“

Каде туку го препознавате вашиот верен давеник, кој седи и чека само на Божјата милост?

реков:
“Според мене, да се убие не е лесно, па макар тоа било и заради причина. Тука пред се на испит е испитување на совестта. И се молам на Бога никој да не падне во такво искушение. “

каде гледате страв и бегање од одговорност во овие зборови? Страв или совест? Различни термини мислам се, само почетната буква „С“ и е заедничка.

И никаде не реков што ќе превземам, се зависи од реалната ситуација, ама барем не убив никој како вие кој веке му пресудивте на едниот.

Мислам дека сум јасен, а вие ако сакате одете понатаму па толкувајте ги моите зборови според ваш ум, бидејќи ние верните сме занесењаци и живееме во еден свој свет на илузии.



п.с Простете ми што не сум баш најстѕручен правилно да ги постирам коментарите




Изменето од Опитен - 22.Ноември.2008 во 03:53
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 16:15
Видео: филмът Безмълвен вик
 | д-р Бърнард Нейтънсън
 
 
Тука има едно многу интересно видео од многупознатиот д-р Бернанд Нејтсон ... видите што кажува од личен опит...
 
Насловот е НЕМ КРИК
 
ВИДИТЕ КАКО МАЛИТЕ ДЕЦА, НЕМО БЕЗ КРИК СЕ УБИВАНИ ПО ЗАПОВЕД ОД СВОИТЕ РОДИТЕЛИ!!!!
 
ВИДИТЕ И УЖАСЕТЕ СЕ СИТЕ ВИЕ ШТО САКАТЕ ДА ВРШИТЕ АБОРТУСИ...
 
ВИДИТЕ И РАЗМИСЛИТЕ ШТО ОПРАВДУВАТЕ...
 
ВИДИТЕ И РАЗМИСЛИТЕ ДАЛИ СО ВАШИОТ СТАВ СТАНУВАТЕ СОУЧЕСНИЦИ ВО УБИСТВО...
 
 
РАЗМИСЛИТЕ ДАЛИ САКАТЕ ТАКА ДА СТРАДААТ И ВАШИТЕ ДЕЦА...
 
АБОРТУС - НЕ!!!
 
 
 


Изменето од Tetratka - 22.Ноември.2008 во 16:16
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 18:00
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Не е така.
Јас никогаш не реков дека се ќе чекам од Бога, како во вашата банална приказна за давениците и спасувачите, тоа ни Маран Ата не го кажа па ни Макариос, туку вие така сакате да е.

реков:
“Ако, недај Боже дојдат, тогаш би се молем на Бога, но без да престанам да работам, зашто молитвата е во умот и во срцето, а не во рацете, и со својата вера, дека се што се случува се случува по Божја волја и заради Божјо допуштение, а тој е Добар, Семоќен и Премилостив и во Негови раце е се и тогаш ќе биде тоа што ќе биде. Господ е моќен и мртви да воскреснува.“

Каде туку го препознавате вашиот верен давеник, кој седи и чека само на Божјата милост? ...

Каде го препознаваме? Па од целиот твој пост (и не само овој) може да се заклучи дека оставаш на бог да одлучи по твојата молитва, дали ќе ја прифати или не. Единствено со неколку зборови наведуваш нешто од кое може да се разбере дека освен молитвата превземаш некои други активности, „без да престанеш да работиш““. Е никако јасно и гласно да го кажете што е тоа (освен молитвата) што ќе го работите или поточно, „што нема да престанете да го работите“? Се некако „дипломатски“ избегнувате одговор.
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

... И никаде не реков што ќе превземам, се зависи од реалната ситуација, ама барем не убив никој како вие кој веке му пресудивте на едниот...

Аха! Кои мерки ќе се превземат зависи од реалната ситуација!? Значи сепак, како една од можните опции, зависно од реалната ситуација, може да биде и абортусот. Така? Немој сега да речеш дека не е така.
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

... 
АБОРТУС - НЕ!!!

ДА ЖИВЕЕ УБИСТВОТО НА МАЈКИТЕ!
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 20:30
"РАЗМИСЛИТЕ ДАЛИ САКАТЕ ТАКА ДА СТРАДААТ И ВАШИТЕ ДЕЦА..."

АБОРТУС - Da
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2008 во 02:25
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Не е така.

Јас никогаш не реков дека се ќе чекам од Бога, како во вашата банална приказна за давениците и спасувачите, тоа ни Маран Ата не го кажа па ни Макариос, туку вие така сакате да е.

реков:
“Ако, недај Боже дојдат, тогаш би се молем на Бога, но без да престанам да работам, зашто молитвата е во умот и во срцето, а не во рацете, и со својата вера, дека се што се случува се случува по Божја волја и заради Божјо допуштение, а тој е Добар, Семоќен и Премилостив и во Негови раце е се и тогаш ќе биде тоа што ќе биде. Господ е моќен и мртви да воскреснува.“

Каде туку го препознавате вашиот верен давеник, кој седи и чека само на Божјата милост?
...
Каде го препознаваме? Па од целиот твој пост (и не само овој) може да се заклучи дека оставаш на бог да одлучи по твојата молитва, дали ќе ја прифати или не. Единствено со неколку зборови наведуваш нешто од кое може да се разбере дека освен молитвата превземаш некои други активности, „без да престанеш да работиш““. Е никако јасно и гласно да го кажете што е тоа (освен молитвата) што ќе го работите или поточно, „што нема да престанете да го работите“? Се некако „дипломатски“ избегнувате одговор.
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

... И никаде не реков што ќе превземам, се зависи од реалната ситуација, ама барем не убив никој како вие кој веке му пресудивте на едниот...
Аха! Кои мерки ќе се превземат зависи од реалната ситуација!? Значи сепак, како една од можните опции, зависно од реалната ситуација, може да биде и абортусот. Така? Немој сега да речеш дека не е така.
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

<t><t></t></t>...
АБОРТУС - НЕ!!!




ДА ЖИВЕЕ УБИСТВОТО НА МАЈКИТЕ!




"Случајно“ денес разговарав со еден човек кој го имал искушението за кое ние сега кршиме копја и сега има здрав жена и син стар 16 години.
Сепак Бог постои, Златниче.

прости ми , ама вистина не би сакал повеќе да се докажувам




Изменето од Опитен - 23.Ноември.2008 во 06:42
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2008 во 23:36
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

KINGDAVID, jas se slozhuvam so tebe i mislam deka povekjeto lugje go delat istoto mislenje, iako mozhebi vo odredena situacija bi postapile poinaku.

Sega me interesira konkretno kako bi postapil ti dokolku imash situacija koja bara da donesesh reshenie da ja sopresh bremenosta poradi nekoja prichina.

Da gi ostavime nemilite sluchaite vo koi deteto bi se rodilo fizichki ili umstveno hendikepirano. Pretpostavuvam deka dokolku si vo mozhnost ti bi vostanovil organizacija koja bi se grizhela za takviot porod i ne bi dozvolil majkata da abortira.

Da ja zememe vo obzir situacijata vo koja poradi nekoja odredena komplikacija izvesno e deka majkata ili nerodenoto dete ke pochine i deka ne e mozhno da se spasat dvete. Dokolku se trgnesh i ostavish na sluchajot (na Boga) da reshi koj ke prezhivee - gi gubish i dvete.

Sto bi napravil ti?


Izvini brate messenger sto ne ti odgovoriv porano, imav
nekoi obvrski nemav vreme no sega slucajno go procitav prasanjeto.
Da ne bev vernik, da ne bev siguren deka postoi Bog i jas mozebi bi rekol deka abortusot e pravo na zenata.

Zatoa ne go osuduvam nelson i drugite koi ne veruvaat vo Bog deka taka razmisluvaat bidejki i jas go imav istoto mislenje pred da go spoznaam Boga.


Postavi edno od najteskite prasanja koi zasluzuvaat mnogu vnimatelen odgovor. Ke se povikam na Bozjiot stav od Biblijata, kako nas Tvorec toj znae najdobro sto da pravime ...

Kako prvo, namerno predizvikan abortus samo za da se izbegne ragjanje na nepozelnoto dete e odzemanje na covecki zivot. Ova se odnesuva duri i na slucaite na siluvanje , koi nekoi gi spomnuvaa vo svoite postovi.

Kako vtoro, dokolku se javi nekoja komplikacija da mora da se se zacuva ili deteto ili majkata vo tekot na poroduvanjeto, ke kazam samo da ne dade Bog ni najgolemiot dusman sto mi e da mu se sluci toa.

Sepak se slucuvaat i takvi raboti, iako ne se sekojdnevni, sepak citame vo vesnicite, deka se slucuvaat i takvi zalni raboti.....

Bibliskiot stav e mnogu jasen: 1 Jovanovo 3:15 veli deka nieden covekoubiec nema zivot vecen vo sebe.

2 Mojseeva 20:13 glasi:"Ne ubivaj!"(Sestata zapoved od Dekalogot).

Ako za vreme na raganjeto treba da se napravi izbor pomegju zivotot na majkata i deteto, toa ostanuva na poedincite koi se vkluceni vo taa nesakana situacija.

A sto bi napravil jas licno? Ne daj Boze toa da se sluci, no so kratka molitva do Bog da mi dade mudrost sto da napravam bi odlucil, iako ne bi sakal NIKOJ da ne se najde vo takva situacija.....

Ova e licno prasanje za koe sekoj treba sam da odgovara pred Boga.......i da gi snosi posledicite.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 04:12
За сите оние кои се за абортусот во онаа ситуација која ја посочивте - што би правеле ако ние сме доктори и на пораѓај доаѓа до компликации и треба да бираме помеѓу животот на мајката или на детето? - сакам да ви раскажам еден вчерашен мој разговор со мои пријатели. Ме немаше некое време на оваа тема од причина што истражував. Барав конкретни примери, и имам неколку интересни случки да ви кажам. Сите овие случки се на мои пријатели (морам јавно да им се извинам на оние кои ги вознемирив додека им поставув одредени болни прашања и да им се заблагодарам за одговорите).

Прво ќе почнам со еден брачен пар, луѓе кои многу си ги сакам. Со нив разговарав вчера на оваа тема. Имаат две прекрасни дечиња, но и после нив би требале да имаат уште 4 други, но за жал, тие не доживеале да видат бел ден - биле абортирани. Разговорот го започнав наивно:

- Сакам да ве прашам нешто, но не сум сигурна дали треба - бидејќи знаев дека тоа е вознемирувачко и болно за нив.

- Во ред е, прашај што те интересира - ми рекоа.

- Сакав да поразговараме за вашиот случај околу абортусите, ми треба вистинска приказна за на форумот.
Кога го спомнав ова, жената почна да плаче и не можеше да се смири до крајот на разговорот. Плачејќи, почна самата отворено, пред едно од нејзините деца, да ми кажува:
- Ги гледав сликите пред некоја недела што ги стави на форумот... не можам да се помирам со тоа што им направив на моите кутри дечиња. Се додека не видиш, не знаеш. Имав 4 абортуси, од кои 2 во иста година. Последното абортирано дете беше во 3 месец од бременоста, го видов на ехо дека е оформено, и кога ги видов сликите кои ги имаше ставено.... си го видов моето дете. Знам дека сум голем грешник, знам дека не заслужувам ништо добро и на секоја богослужба плачам поради моите гревови, поради тоа што им го направив на моите дечиња. Сакав дури и помалото да го абортирам (девојчето сега има 14 год.). Кога бев во првиот месец на бременоста со неа, имав големи компликации - отеков и докторот ми рече дека ќе морам да ја абортирам. Иако цело време пред тоа размислував да го сторам тоа, кога тој ми рече така, сфатив дека не сакам да ја изгубам, дека ја сакам.

- Зошто ги абортира тие деца? Како размислуваше во тоа време? Кои беа причините?

- Не размислував реално. Се сакав премногу себеси и гледав да си ја задоволам својата суета. Со маж ми мислевме дека тоа е во ред. Не сакавме да бидеме конзервативни, туку модерни, да застапуваме ставови „во тек со времето“. Јас си мислев дека со секоја бременост ќе ми се деформира телото и дека нема да изгледам така добро како што изгледав пред тоа. Еххх, гордост и самољубие... те тераат дури и без совест да одземеш нечиј живот. А згора на тоа, кога последен пат абортирав, докторот се вџаши и не праша дали сме свесни што значи тоа за организмот на една жена? Ни објасни дека со секое прекинување на бременоста, настануваат страшни хормонални промени, хаос во организмот, и на крај, ни рече дека ако сакаме да имаме уште едно дете, тогаш тоа ќе биде со деформитети.

На тоа се надоврза сопругот:
- Среќан сум што денеска размислувам поинаку и дека моите деца нема да ги повторат истите грешки. Доколку им се случи нешто неочекувано, ние секогаш ќе бидеме тука да им помогнеме и да ги поддржиме. Среќен сум што барем тие уште од мали се научени што е добро и што значи животот.

И на крај и двајцата ги прашав што би направиле доколку таа е на пораѓај и се случат некои компликации кои „бараат избор“ помеѓу животот на бебето и мајката.

Мојата пријателка категорично одговори:
- Би го избрала животот на детето!!!

А кога се загледав во нејзиниот сопруг, тој рече:
- Јас оставам на жена ми за тие прашања, како таа ќе одбере!



Изменето од Maran Ata - 24.Ноември.2008 во 04:13
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 08:44
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

"Случајно“ денес разговарав со еден човек кој го имал искушението ...

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Прво ќе почнам со еден брачен пар, ...

Зошто постојано се повикувате на поединечни случаи? Зошто не гледате во глобала? Зарем треба да се ориентираме само по тие случаи кои ние ги знаеме, кои ни’ се нам блиски? Кога е така, еве и еден „мој“ случај. Пред 20-тина години таткото си доби ќерка, но ја изгуби сопругата при породување. (Додуша сега е преженет, тогаш беше многу млад и мораше тоа да го направи). И? Кој е сега во право?
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

...Х Сепак Бог постои, Златниче.

Пред овие зборови испушти да напишеш:„Според мене“!
Ако де, верувај си дека постои. Тоа е твое неоттуѓиво право!

На почетокот на читањето сакав да те прашам дали тој брачен пар биле верници, но со понатамошното читање на постот, од овие редови:
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... знам дека не заслужувам ништо добро и на секоја богослужба плачам поради моите гревови, поради тоа што им го направив на моите дечиња...

се ми беше јасно!
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Имав 4 абортуси, од кои 2 во иста година. Последното абортирано дете беше во 3 месец од бременоста,

Ова дури и за моите сваќања е премногу. Овие одат од крајност во крајност. Толку чести абортуси, па и во 3-ти месец! изненадување Секако дека ова и јас не го оправдувам, посебно не од причините поради кои тие се одлучувале за абортус - да не си го деформирала телото!?!?!? Ова најблаго речено е незрелост. За поостар коментар ќе се воздржам од респект кон тебе, бидејќи сепак тие се твои пријатели.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 11:07
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Originally posted by Опитен Опитен напиша:

<font size="2" face="Arial, Helvetica, sans-serif">"Случајно“ денес разговарав со еден човек кој го имал искушението ...

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Прво ќе почнам со еден брачен пар, ...
Зошто постојано се повикувате на поединечни случаи? Зошто не гледате во глобала? Зарем треба да се ориентираме само по тие случаи кои ние ги знаеме, кои ни’ се нам блиски?


Колку што јас читам, ти и тајфата се повикувавте на поединечни и тоа ретки случаи - а што ако некоја забрамени оd силувач, а што ако, а што ако...Хипотетички! Јас ти давам реални примери, од тазе разговори.

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Originally posted by Опитен Опитен напиша:

...Х Сепак Бог постои, Златниче.
Пред овие зборови испушти да напишеш:„Според мене“!Ако де, верувај си дека постои. Тоа е твое неоттуѓиво право!


Хммм, па не според него, затоа што Бог навистина постои - тоа е докажано и предокажано. Ти можеш да кажеш дека Бог не постои според тебе, затоа што јасно е речено, ако некој Го одрекува Бог, Тој Самиот не може да се одрече.

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

На почетокот на читањето сакав да те прашам дали тој брачен пар биле
верници, но со понатамошното читање на постот, од овие редови:
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... знам дека не заслужувам ништо добро
и на секоја богослужба плачам поради моите гревови, поради тоа што им
го направив на моите дечиња...

се ми беше јасно!


Епа тој брачен пар не биле верници, туку станале. Многу интересен е овој пример. Многу кажува каква (не)совест има неверникот, а каква верникот.

И многу интересна работа, за која верувам не секој атеист се запрашал во животот - А што ако еден ден јас си го сменам ставот и станам верник? Како ќе живеам со некои мои дела кои сега ги одобрувам и правам? - Читај ја приказната, имаш одговор и на тоа прашање.

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Имав 4 абортуси, од кои 2 во иста година. Последното абортирано дете беше во 3 месец од бременоста,

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Ова дури и за моите сваќања е премногу. Овие одат од крајност во крајност. Толку чести абортуси, па и во 3-ти месец!


A зошто е премногу за твоето сфаќање? Зарем не знаеш дека „легално“ е да се абортира до 20-та недела?




Изменето од Maran Ata - 24.Ноември.2008 во 11:09
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 11:17
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Хммм, па не според него, затоа што Бог навистина постои - тоа е докажано и предокажано. Ти можеш да кажеш дека Бог не постои според тебе, затоа што јасно е речено, ако некој Го одрекува Бог, Тој Самиот не може да се одрече...

Аха, така е речено, да! Колку што и Амон ќе се одрече од сопственото постоење? Или Зевс? Или ...среќа
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... И многу интересна работа, за која верувам не секој атеист се запрашал во животот - А што ако еден ден јас си го сменам ставот и станам верник? Како ќе живеам со некои мои дела кои сега ги одобрувам и правам?

Ќе си се покајам и  - готово! Што, зарем нема дедо боже да ми прости ако се покајам?
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... A зошто е премногу за твоето сфаќање? Зарем не знаеш дека „легално“ е да се абортира до 20-та недела?

Премногу е дека 4 пати абортирала (и тоа за ептен глупава причина - да не и’ се деформирало телото!?!?!?!?) А и секој абортус после 8-та недела (значи втор месец) е со зголемен ризик по мајката. А, како што велиш ти, до 20-та недела (тоа е петти месец) ризикот е преголем.


Изменето од Zlatnik - 24.Ноември.2008 во 11:23
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 11:24
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Хммм, па не според него, затоа што Бог навистина постои - тоа е докажано и предокажано. Ти можеш да кажеш дека Бог не постои според тебе, затоа што јасно е речено, ако некој Го одрекува Бог, Тој Самиот не може да се одрече...
Аха, така е речено, да! Колку што и Амон ќе се одрече од сопственото постоење? Или Зевс? Или ...среќа


Бог е докажан преку чуда, исцеленија, воскреснување на мртви... а дали Амон или Зевс се докажале на тој начин?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 11:31
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

...Бог е докажан преку чуда, исцеленија, воскреснување на мртви... а дали Амон или Зевс се докажале на тој начин?

Ууууу како не! Па земи прочитај ја хеленската митологија и ќе видиш. Или староегипетската. Еве на пр. само за Озирис. Тој умрел и со помош на боговите повторно оживеал. Доказ? Така пишува во историските книги за стариот египет. Исто како и во историската книга на евреите -  библјијата.
А и друго. Зарем само по некои чуда треба бог да се „докажува“ за да некој поверува во него?
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 11:40
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Ќе си се покајам и  - готово! Што, зарем нема дедо боже да ми прости ако се покајам?


Покајувањето не значи дека работата ќе биде ко ништо да не било. Прочитај пак што имав пишано. Ако се покаеш, тоа не значи дека ќе биде само момент, туку постојано. А и Бог не работа на принципот: Ќе правам се, Господи, ама понатаму ќе се покајам. Чекај ме до тогаш.

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... A зошто е премногу за твоето сфаќање? Зарем не знаеш дека „легално“ е да се абортира до 20-та недела?

Премногу е дека 4 пати абортирала (и тоа за ептен глупава причина - да
не и’ се деформирало телото!?!?!?!?) А и секој абортус после 8-та
недела (значи втор месец) е со зголемен ризик по мајката. А, како што велиш ти, до 20-та недела (тоа е петти месец) ризикот е преголем.


И да надополнам, тоа бил само нејзиниот однос кон телото, а друга работа било тоа што абортирала бидејќи мислеле дека немаат финансиски средства да ги издржуваат децата. Како и да е, не сме тука за да судиме, затоа што ако почнеме така, можеме да почнеме од себе, а не од тие кои се покајале.
Како сакаш врти, факт е дека легално може да се абортира до 20-тата недела. И башка тоа, пази ја работава, најчесто абортираат здрави мајки - здрави деца.

Прочитај, интересно е

Изменето од Maran Ata - 24.Ноември.2008 во 11:42
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 11:41
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

...Бог е докажан преку чуда, исцеленија, воскреснување на мртви... а дали Амон или Зевс се докажале на тој начин?
Ууууу како не! Па земи прочитај ја хеленската митологија и ќе видиш.
Или староегипетската. Еве на пр. само за Озирис. Тој умрел и со помош
на боговите повторно оживеал. Доказ? Така пишува во историските книги
за стариот египет. Исто како и во историската книга на евреите - 
библјијата.
А и друго. Зарем само по некои чуда треба бог да се „докажува“ за да некој поверува во него?


Златник, за тоа дека Бог воскреснува мртви, има современи примери, од 21 век!
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 44>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.