IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Фрчковски имаш ли коментар за Глигоров 1995-та?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фрчковски имаш ли коментар за Глигоров 1995-та?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 17>
Автор
Порака
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2008 во 09:52
zapravo referendum e edinstvena rabota koja kje ne spasi od ova agonija

edno NE

kje gi napravi - site ovie nateganja bezpredmetni

nemozes da pregovaras za neso BETONIRANO
nitu kje sakat da pregovarat

i drugo

vo nato i eu kje ne primat koga kje sakat

oti imeto i taka bi bilo betonirano

pa mozebi kje kazat---- radi vasiot beton nikogas
da toa ne e dobro
no ne e i dobro- da zivees za potsmev na site 205 drzavi vo UN




Изменето од anakin - 21.Јуни.2008 во 09:54
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 16:41
 
Ќе го цитирам делот од неговата колумна во денешен Дневник, на кој се однесува прашањето, без оние тралалајките за признавањето на Косово....
 

Баналноста на злото

Кога се појави таа фотка во весници со објаснение дека е направена од некој Германец, па нашиве уште пратиле екипа да го бара во Германија заедно со нивното БНД, се здрвив! Кај ќе го најдат во Германија, кога тој „Германец“ е овде. Напишав за тоа белешка до повисоките инстанци, која подоцна исчезна. Надалеку е позната синтагмата на љубовницата на Мартин Хајдегер, Хана Арент, за „баналноста на злото“. Позната е токму по применливоста на поширок план од концентрационите логори каде што измислена. Ќе ви кажам една хорор-приказна каде оваа синтагма живее кај нас, тука до нас секојдневно, а ние се обидуваме да не ја видиме, драги мои...

...Деновиве дојде кај мене едно лице што сега работи во компанија надвор од полиција и ми се претстави како бивш полицаец од државна безбедност, вработен за време на атентатот на претседателот Киро Глигоров во Седмата управа за следење. Фино! Професоре, јас сум тој службеник во МВР кој ја сликаше фотографијата на наводниот германски турист пред Бристол, на кој се гледа паркираниот „ами 6“, ден пред атентатот. Еден од државна ми рече да сликам, како што сликаме куп фотки секој ден, не ми објаснуваше зошто и јас сликав, ги предадов фотките и негативите нему и заборавив. Кога се појави таа фотка во весници со објаснение дека е направена од некој Германец, па нашиве уште пратиле екипа да го бара во Германија заедно со нивното БНД, се здрвив! Кај ќе го најдат во Германија, кога тој „Германец“ е овде. Напишав за тоа белешка до повисоките инстанци, која подоцна исчезна. Сега ја нема во документите за атентатот.

Професоре, тие што ми наредија ги знам по име и презиме, тој што го купи „амито“ од фотороботот го знам, тој е службеник на ДБК и мој колега, кој се издаде дека купил „ами“ за негов братучед од Алексинац. Тој тоа го призна пред мене. Тоа е спец-акција на ДБК, се знае кој ја наредува и се знае без чие знаење може да се нареди. Оваа приказна, драги мои, може да се нарече СВЕДОК, сведокот што долго го чекавме. Сега има приказната очевидец, сведок од прва рака. Го упатив на обвинителството, бидејќи јас не можам ништо особено да сторам освен да ви ја приопштам приказнава. Ќе видиме како „локалниов хорор“ ќе се развива и дали баналноста на злото што живее околу нас и ни се смее в лице ќе продолжи така? Станува јасно зошто странскиве служби немале многу информации за атентатот. Секој здив што го дишат оние што се учесници однатре во овој мрачен акт на себепорекнување во Македонија, секој нивни здив неказнет - е навреда за сите нас. Имаме ли сила да си се погледнеме в огледало и да кажеме што ќе видиме таму. Тоа е конститутивен акт на себевтемелување. Мораме да го расчистиме ова за себе и за следните генерации македонски граѓани.

Љубомир Д. Фрчковски

Па кој беше бе Фрле министер за внатрешни за време на атентатот на Глигоров???... Ако некој најмногу треба да знае, тоа си ти!
Или... имаш некоја мува на капата, па си ја ишкаш???...збунетост
 
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 16:54
imase edna emisija pred nekoja godina ... ne se sekjavam na koja TV stanica bese .... vo koja bese gostin eden tip od srbija ... blizok sorabotnik na sega pokojniot djindjic ... i na covekot sosema slucajno mu ispadna od usta deka frcko i toj , pokojniot , imeto ne sakam da mu go spomenam po ftor pat , rabotele za BND .... i , nekoj kje se zaprasa sto e tolku vazno ... e pa vazno e ... zosto vo reprizata na taa emisija , toj del go snema .... i ne znam sto tolku ve cudi deka frcko raboti za bnd ... pa na balkanot site koi ne prifatija da rabotat za bnd , cia ili nekoja druga stranska razuznavacka sluzba , a so samoto toa i na PRODAVANJE na sopstvenata zemja i interesite na svojot NAROD , site zavrsija vo HAG ... sto vi e cudno ? polovina evropski zemji , posebno italija imaat pokrenato krivicni postapki a tipot i ponataka e glaven amerikanski igrac vo crna ( da pocrna ne mere bit ) gora голема%20насмевка 
Кон врв
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 18:48
ajde frcko pokazi se :)
ke te uapsat za deloto na branko :0
Кон врв
DJAKONDO Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Султанот на Феникс

Регистриран: 28.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 15052
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DJAKONDO Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 20:20
a be da ve prasam nesto, ama iskreno da mi odgovorite
 
 
ste nacionalisti ili ne?
Изјавувам дека ги прочитав условите за користење на форумот и со истите се согласувам и ги прифаќам
s.r. Dzaki

Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 20:31
dokolku prasanjevo se odnesuva do nas  ( djaurite - tvoj omilen termin ) Makedoncite , kje ti odgovoram vaka ..... ne sme kolku bugarite , hrvatite ili grcite .... a uste pomalku kako i kolku albancite ..... zadovolen ? ............

Изменето од miroslav_g8 - 21.Октомври.2008 во 20:32
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 23:51
Originally posted by DJAKONDO DJAKONDO напиша:

a be da ve prasam nesto, ama iskreno da mi odgovorite
 
 
ste nacionalisti ili ne?
 
 
А до кого е упатено прашањето?...
 
И каде тука виде национализам... ако се однесува на темава?...збунетост
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 23:57
Тука е колумнистот ете го се огласи денес...му проработела совеста или пак некоја каша спрема по нечиј налог наскоро ке имаме прилика да видиме...барем се надевам дека и ова нема да биде "издуван балон"!




Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 00:08
Интересно...!... според еден наш дневен весник, кој нели секогаш има "ексклузивни" вести, бриферите на колумнистот се негови стари познаници и пријатели бивши инспектори во МВР, од кои едниот има кривична пријава за криминал, познат под случајот Грчец, a презимињата на бриферите се Палевски и Костовски!


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 00:20
Ова баш сега го прочитав во Вечер!
Иако е од Латас, премногу е бомбастично за да биде невистина.
Што утре ќе му каже Фрле на обвинителот?... Најавил дека ќе дојде на разговорот и ќе го открие идентитетот на сведокот...
Ќе се одмота ли клопчето или повеќе ќе се замота...
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 01:49
Ако требаше да се одмота клопчето оддамна ќе се одмоташе. Немаше да стане јазол, искрено мислам дека зад ова стои нешто големо, од кое треба да се одвлече вниманието на јавноста. Инаку нема логика после 13 години по атентатот, човекот кој беше министер на МеВеРето и чиишто познаници и пријатели се споменатите сведоци да не знаел досега апсолутно ништо за сето тоа, и ете деновиве го посетиле и просветлиле и тој веднаш оп, колумна со сознанијата за атентатот!


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 02:16
Шо ќе се одмота клопчето, ќе се одмота, само прашање е дали ќе се оди до крај или ова ќе е само негов повторен обид за себеамнестирање, како и многупати до сега, кога беше упрпан од страв... Фрчко има мнооооогу што да каже, тоа сигурно, само што ќе каже...
А и мене ова не ми личи на местенка, знаејќи во колкава љубов се со Груевски, пологично би било да е наместен во таква ситуација...
А и што толку лошо може да ни се случи во моментов, кога најлошото е тука: нема датум за преговори со ЕУ, нема ни НАТО додека не смениме име, а грците најавија замрзнување на преговорите до 2009-та, Косово веќе го признавме... збунетост
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 17:23
Мал дел од едно интересно интервју...
 
 
Велите дека се занимавал со криминал?
- Апсолутно. Јас одговорно, и кривично и материјално, тврдам дека тој човек е криминалец. Тоа што го обвинуваат Војо и Ламбе е само 0,001 отсто од тоа што го правеше Фрчко. Па само за презентација за една Нова година потроши 40.000 марки, 1.000 марки даде само за шноли и вратоврски. Да не зборувам за милионските бизниси со фри шоповите, во кои влезе заедно со неговиот брат.
Сигурно се сеќавате на рејбан очилата. Јас и Славчо Саздов му ги понудивме за 15 марки по парче, а тој купи од Србија по 98 марки. Фрлаше пари за слики, за скулптури, за што уште не без никакви тендери, се договорено во четири очи за износи од стотици илјади долари. А пак кога беше министер за надворешни работи го праќаше Славчо дури во Куба за да му купи пури. Ќе ви кажам и друга случка. Во една прилика бевме во Турција за да го поправиме моторот од полициската јахта. Бевме со "мерцедес кабриолетè јас, возачот на Фрчко, Диме, возачот на Бранко Црвенковски, Зоки Миравац и еден инженер Ристо, на презимето не се сеќавам. Отидовме и ни кажаа дека моторот не го бива. Му јавив на Фрчко, тој ми рече: "Продај го, и дај му ги парите на Димеè. Бидна работата а од износот издвоивме околу 1.000 марки за на шопинг, бидејќи добивме порачка на Фрчко да му купиме нешто за гардероба. Во продавницата Диме извади 20.000 долари, кои беа гланц нови, како да ги печател вечерта во хотелот. Нив и парите од моторот ги потрошивме во целост, ама му купивме добри работи на Фрчко. Кога се вративме, му велам: "Што само на возачот му даваш пари, мене никогаш не си ми далè. Фрчко само ми рече "Па никогаш не си побарал, кажи колку сакаш не е проблемè.
Освен овие, се спомнуваат и криминали кои се ценеа над 10-тина милиони евра?
- Да. Пример за тоа се набавките и печатењето на пасоши, сообраќајни и возачки дозволи преку фирмата ЗУС. Јас и Славчо Саздов го запознавме со директорот на ЗУС, Милан. Само што ги запознавме, веднаш се поврзаа, и целиот профит од обрасците кои МВР ги набавуваше од ЗУС го делеа 30 отсто за Фрчко, 70 за ЗУС. Само за наводни дизајни на сообраќајните и возачките дозволи Фрчко фиктивно исплати над 20.000 долари. Бизнисот се плати за 18 милиони долари, а вредеше половина од тоа. Дури Фрчко на ЗУС им отвори и барака кај полициската "Бекоè за да даваат услуги на граѓани. Тогаш кај Фрчко во кабинет не можеше да влезе никој освен Милан од ЗУС. За овој случај сў е документирано, дури и во МВР.
Дали тие профити беа доволни за Фрчковски?
- Секако не. Работејќи ги фри-шоповите, дозна дека сў се врти околу шверцот на цигари, па се поврза со моќниот бос на трговијата со цигари - Данчо Шутурков, од Македонија табак. Шутурков не го познавав, но луѓе од обезбедувањето ми кажаа дека сакал да ме види мене и моите соработници. Се консултирав со Лазе Китановски, тогаш кадровик од СДСМ, кој инаку беше комшија со Шутурков да се распрашам за него. Откако ми кажаа дека е "наш, иако играл со ситеè, отидовме. Бевме јас, Чаволи, Горан Тајсон и уште двајца. Шутурков ми кажа дека сака да бидеме пријатели, и за возврат ми понуди 300.000 швајцарски франци да ни се најдат за лобирањето во негова полза. Ние парите не ги зедовме, а за средбта, се разбира, му кажавме и на тогашниот премиер и партиски шеф - Бранко Црвенковски, оти не сакавме да работиме зад грб ништо. Црвенковски се заблагодари за информацијата, но беше лут на Шутурков.
Додека бевме кај Шутурков, неговиот директор Сашо Неловски неколку пати ме праша како да им изградам добри контакти и релации со министерот Фрчковски. Тогаш разбрав дека Нелковски бил член на ЦО на СДСМ, помислив дека го бара нешто за партијата, па му реков барај го Црвенковски, што ќе ти е Фрчко. После тоа, по свои канали, успеал да дојде до Фрчко и веднаш да го вклучи во бизнисот со цигари. Брат му на Фрчко, Влатко, ги сместуваше сите бизнисмени со цигари и алкохол во Гранд хотел. Најчесто Срби, оти тогаш беше ембаргото, па најмногу работеше со нив. Во еден наврат бевме кај Лазе Китановски дома и случајно го видовме Фрчковски, како со својот "голфè ГТИ кој вредеше околу сегашни 40.000 евра, влегува кај Шутурков. Го забележавме тоа, почнавме да го сликаме. Кога голфот излегуваше од кај Шутурков, имаше нешто тешко во гепекот бидејки задниот дел беше искосен речиси допирајќи го асфалтот. Тие слики постојат, му ги дадовме на Лазе Китановски. Што имаше во автомобилот не знам, ама може да претпоставите. За неговите средби со Шутурков не знаеше ниту неговиот шеф, Црвенковски.
 
 
Btw, денеска Фрле пред обвинителот го открил името на таинствениот сведок... Што ќе следи?...
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 23:07
За прв пат нашиот колумнист ех министер беше шкрт на зборови и на големо изненадување умерен!
А еве ги исказите на ценетиот комунист и јавниот обвинител:

Поранешниот министер за внатрешни работи не сакаше да детализира и пред камерите не беше толку директен како во својата колумна.

„Не е мој извор тоа, туку е сведок кој мислам дека во истрагата може да им користи и ништо повеќе. Јас тие информации што ги имав му ги дадов на обвинителот“, вели Љубомир Фрчковски, екс министер за внатрешни работи.

Ниту обвинителот Шврговски не откри детали од исказот на поранешниот министер за внатрешни. Идентитетот на сведокот останува тајна.

„Ние немаме официјална истрага. Се е ова во пред кривична постапка. Дејствијата што се преземаат се преземаат во пред кривична постапка, бидејќи немаме познат извршител на кривичното дело. Ако од исказот на сведокот произлезат сомненија дека одредени лица конкретно се вклучени во атентатот, ние сигурно дека ќе ја официјализираме постапката. Мислам дека е многу рано, да не прејудицираме сега“, изјави Љупчо Шврговски, државен јавен обвинител.



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,305 секунди.