IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Познати жени во историјата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Познати жени во историјата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Автор
Порака
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 00:40

Светата великомаченичка Злата Мегленска, чиј празник се слави на 13 октомври по црковниот календар, била родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имале уште три ќерки. Света Злата била кротка, мудра и побожна девојка.

Еднаш кога излегла по вода, ја фатиле некои Турци и ја одвлекле во својата куќа. Кога еден од нив ѝ нудел да се потурчи и да му биде жена, таа храбро му одговорила: „Јас во Христа верувам, само за Него знам и Тој ми е Женик. Од Него нема да се откажам никогаш, макар и на илјада маки да ме ставите и на парчиња да ме исечете.“ Тогаш дошле нејзините родители и ѝ рекле: „Смилувај се на себе и на нас, откажи се привидно од Христа и ќе бидеш среќна и ти и ние, а Господ е милостив, ќе ти прости за гревот ако го правиш по цена на животот.„

Витешката душа на Св. Злата не дала да биде победена. На своите родители им одговорила: „Штом ми советувате да се одречам од Христа Кој е вистински Бог, не сте ми повеќе родители ни сестри; татко ми е Господ Исус Христос, мајка Богородица, а браќа и сестри - светителите и светителките.„

Потоа била фрлена во затвор, каде што лежела три месеци и секој ден била биена. Најпосле ја обесиле и ја подложиле на оган за да се загуши од чадот. На крајот била обесена на дрво и целата исечена на парчиња. Така починала во 1796 година. Парчиња од нејзините мошти христијаните разнесиле за благослов по своите домови

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 15:26
Византиската царица Теодора

Исклучителна жена...немам зборови. Сопруга на Јустинијан први и негов најблизок соработник (кој вели дека жените не владеат, па таа била мозокот на Јустинијан...).

Ова мора да се прочита
:

http://en.wikipedia.org/wiki/Empress_Theodora

а ако ви падне в раце книгата “Теодора“ (не го паметам авторот) не ја пропуштајте.










МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 18:51
Мис Стон

Американска мисионерка,... доаѓа за да биде предводник на Протестантската црква... Во 1901 била киднапирана во Банско, заедно со Катерина Стефанова Цилка... која е бремена...
 
Нивното грабнување било организирано од ВМРО, и било предводено од Јане Сандански и Христо Чернопеев. За Мис Стон да биде ослободена, била барана голема сума на пари,... која требало да ги снабди Илинденците со оружје... таа прво не сака ни да чуе да даде 110,000 $ на ,,тие луѓе,, бидејќи ги смета за разбојници... но откако ќе помине неколку месеци со нив,... се приврзува за нив и сфаќа дека тие само сакаат слобода...
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 20:55
Originally posted by BisernA BisernA напиша:

Мис Стон

Американска мисионерка,... доаѓа за да биде предводник на Протестантската црква... Во 1901 била киднапирана во Банско, заедно со Катерина Стефанова Цилка... која е бремена...
 
Нивното грабнување било организирано од ВМРО, и било предводено од Јане Сандански и Христо Чернопеев. За Мис Стон да биде ослободена, била барана голема сума на пари,... која требало да ги снабди Илинденците со оружје... таа прво не сака ни да чуе да даде 110,000 $ на ,,тие луѓе,, бидејќи ги смета за разбојници... но откако ќе помине неколку месеци со нив,... се приврзува за нив и сфаќа дека тие само сакаат слобода...


Ова е малку идеализирано, бар така сум потчула...Малку со Јане Сандански чинам...љубов црвенеењено природно во такви околности, шума, комити...

Мислам, што мајка барала Мис Елен Стоун овде, а? Во земја каде веќе цутело христијанството? Турско ропство-а  ни Турците не  бранеле исповед на православието, со исклучоци. Што мајка барала? Да позната е како личност ама по ништо исклучителна за мене.


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 21:07
Не направила ништо корисно, ниту значајно за историјата. Освен што се снима филм за грабнувањето - ништо друго не произлегло од нејзините активности во Македонија, освен неколку многу негативни репортажи за населението и земјата (пред грабнувањето и се смета дека се повод токму неа да ја киднапираат).
Do what is right, come what may...
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 11:13
Тоа го прават и многу нејзини следбеници/следбенички денес. Ќе дојдат да “проповедаат“, а после идивиди извештај на интернет, лично сум се уверила. Каква само слика даваат за Македонија. И тоа ми е некоја “христијанска“ етика. Ни во филм не заслужила да се најде.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 12:35
Мирка Гинова (1916 - 1946) е борец и народен херој на Македонија. Родена во с. Русилово, Воденско, Егејска Македонија. По занимање била учителка. Погубена од грчките монархофашисти, Мирка Гинова се смета за прва жена жртва на грчкиот монархофашизам. Таа во Македонија представува симбол на храброста и смелоста на македонските жени. Денес во нејзина чест низ Македонија има десетици институции кои го носат нејзиното име. Како на пример државниот ученички дом за средношколци и студенти во Битола, каде постои и нејзин споменик.
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 17:49
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Originally posted by BisernA BisernA напиша:

Мис Стон

Американска мисионерка,... доаѓа за да биде предводник на Протестантската црква... Во 1901 била киднапирана во Банско, заедно со Катерина Стефанова Цилка... која е бремена...
 
Нивното грабнување било организирано од ВМРО, и било предводено од Јане Сандански и Христо Чернопеев. За Мис Стон да биде ослободена, била барана голема сума на пари,... која требало да ги снабди Илинденците со оружје... таа прво не сака ни да чуе да даде 110,000 $ на ,,тие луѓе,, бидејќи ги смета за разбојници... но откако ќе помине неколку месеци со нив,... се приврзува за нив и сфаќа дека тие само сакаат слобода...


Ова е малку идеализирано, бар така сум потчула...Малку со Јане Сандански чинам...љубов црвенеењено природно во такви околности, шума, комити...

Мислам, што мајка барала Мис Елен Стоун овде, а? Во земја каде веќе цутело христијанството? Турско ропство-а  ни Турците не  бранеле исповед на православието, со исклучоци. Што мајка барала? Да позната е како личност ама по ништо исклучителна за мене.




pa ne deka napravila neshto korisno,... vo kako shto velish,... vekje hristijanska zemja... замисленост samo mi ostanala vo sekjavanje намигнување
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 15:34
Јованка Орлеанка



Јованка Орлеанка (фран.: Jeanne d'Arc) (6 јануари 1412 - 30 мај 1431) е народна хероина на Франција и Светец на Католичката Црква. Уште на 17 години, таа ја командувала француската кралска армија, убедувајќи го кралот Шарл VII да ги истера Англичаните од Франција и подоцна, овозможувајќи го неговото крунисување.
Во 1429. на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. Бургундијците ја заробуваат во 1430. и им ја предаваат на Англичаните, по што е осудена за ерес и запалена на кол во 1431 во градот Руан.
Во 19-тиот век, таа е прогласена за француска национална хероина. Јованка Орлеанка е прогласена за светица од страна на Католичката Црква на почетокот од 20 век. Моментално, Република Ирска, Канада, Велика Британија и Соединетите Американски Држави покажуваат голем интерес во нејзините дејствија. Јованка Орлеанка се смета за силна жена полна решеност и вера.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 16:11
Марија Антоанета(1755-1793)
Ќерка на Марија Терезија од Австрија
Омажена е за францускиотпринц Луј Август кој подоцна станува Луј 16.Позната е како мрзлива и лекомислена.Кралицата поради нејзиното разуздано однесување и горделивоста се смета како главен виновник за финансиската криза во Франција.Во сатиричните песни од тоа време била нарекувана Мадам Дефицит.Но за време на револуцијата и периодот кога е затворена покажала дека поседува и висок морал и огромна храброст.Со достоинство реагирала на навредите и глдта а со голема храброст се искачила по скалилата што ја воделе во смртта.Позната е по изреката,,ако немаат леб нека јадат слатки,,
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 16:20
МАЈКА ТЕРЕЗА(1910-1997)
Родена во Скопје,во католичко семејство од албанска националност,како Агнеза Гонџа Бојаџиу.На 12 години одлучила својот живот да го посвети на бога,па во 1931 година го зема името Тереза.Во 1950 година во Калкута (Индија) го основа редот,,Мисионерки на љубовта кон ближниот,,со надеж дека ќе може да ја намали огромната сиромаштија во градот.Во шеесеттите години започнува со изградба на домови за старци,за сираци и болни од лепра.Во 1979 нејзината активност е наградена со Нобелова награда за мир.Одлучна,енергична и неуморна,сигурна во своите убедувања и често измачена во нејзината лична потрага по Бог,Мајка Тереза целиот свој живот го посветува на помагање на болните ,на гладните и несреќните.Во 2003 е беатифицирана од Папата Јован Павле Втори
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 17:40
Мата Хари(1876-1917)
Висока 175цм,со убави црни очи и темна кода,егзотична и мистериозна,Мата Хари била вистинска фатална жена,која со своите еротски ориентални танци ги заведувала и освојувала аристократите и богаташите на Париз.
Маргарита Гертеуда Зеле(нејзиното вистинско име)била Холанѓанка,која по секоја цена сакала да избега од сивата монотонија на животот во провинција.Си измислила нов идентитет и професија што ги привлекувала мажите..Целиот живот го поминала во бегања,за на крајот да биде обвинета од Французите дека е германска шпиунка.Денес многу историчари ја сметаат за невина.На крајот ја покажала својата достоинственост.Одбила да и бидат заврзани очите и гледала директно во дванаесетте војници од стрелачкиот вод.
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 20:00
Кралица Елизабета I



Елизабета I (англ. Elizabeth I) (7 септември 1533 – 24 март 1603) била кралица на Англија, кралица на Франција (само титуларно) и кралица на Ирска од 17 ноември 1558г. па се до нејзината смрт. Понекогаш е попозната преку нејзините синоними како Девствената Кралица или Добрата Кралица Бес. Кралицата Елизабета претставувала петти и последен монарх од династијата Тјудори (претходните пет биле нејзиниот дедо Хенри VII, нејзиниот татко Хенри VIII, нејзиниот полубрат Едвард VI и нејзината полусестра Мери I, попозната како Мери Тјудор или Крвавата Мери). Владеела околу 45г. период кој бил обележан со зголемување на Анлгиската моќ и влијание во меѓународните односи, како и големи религиозни нереди кои беснееле внатре во Англија.
Владеењето на Елизабета е одбележано како Елизабетино доба или Златното доба на кралицата Елизабета. Вилијам Шекспир, Кристофер Марло и Бен Џонсон сите живееле и твореле за време на оваа ера; Францис Дрејк станал првиот Англичанец кој го обиколил светот; Францис Бејкон ги изнел своите политички и филозофски гледишта; а Англиската колонизација на Северна Америка отпочнала благодарејќи на Сер Волтер Рајли и Сер Хамфри Гилберт. Елизабета била сигурна и силна владетелка. Нејзиното омилено мото било video et taceo („гледам и памтам“). Оваа последна нејзина карактеристика, честопати посматрана со нетрпение од нејзините советници, ја има спасено од недолични додворувања и брачни понуди. Баш како и нејзиниот татко Хенри VIII кој бил писател и поет, и Елизабета ги следела неговите стапки. Има врачено Кралски прогласи на неколку значајни организации меѓу кои вредни да се споменат се Колеџот на Тројството во Даблин во 1592г. како и на Источноиндиската компанија во 1600г.
Во нејзиното 45-годишно владеење, доделила само девет благороднички достоинства една ерловска и седум баронски во рамките на кралството Англија и едно баронство во рамките на Ирска. Го намалила бројот на советници во нејзиниот Таен Совет од триесет девет на деветнаесет, а подоцна на четиринаесет.
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2008 во 12:57
Олимпија



Олимпија е ќерка на епирскиот цар Неоптолемеј II, кои се сметале за потомци на Ахил. Родена е со името Поликсена, но во детскиот живот го носела името Миртала, а по свадбата, Филип II и го дал името Олимпија во чест на спортските игри. Сепак на крајот од нејзиниот живот името повторно и е сменето, овојпат во Стратоника (Плутарх "во тоа што, пинтија не збори").
Според Плутарх, Филип II прв пат ја сретнал Олимпија на островот Самотраки. Неоптоломеј не владеел долго, епирскиот престол го наследил неговиот брат Арриба, кој пак во 359 п.н.е. го дал на својата внука Олимпија. Во 356 п.н.е. се родил Александар III, подоцна познат како Александар III Велики, а потоа и неговата сестра наречена Клеопатра. Имало легенда во која се велело дека таткото на Александар III не бил Филип II, бидејќи тој ја одбил љубовта на Олимпија поради змиите, туку Зевс кој спиел со Олимпија за време на олујата. Самиот Александар ја подржувал легендата поради политички причини, но го сметал за свој татко Филип II.
Непостојанството на Филип II и љубомората на Олимпија довело до смрзнување на нивната врска и развод, најкритичен момент бил кога Филип II се оженил со млада Македонка аристократка по име Клеопатра во 337год. п.н.е. Филип и од порано имал други жени,но тие жени во поглед на социјаниот статус на Олимпија не можеле да влијаат. Во меѓувреме Олимпија се вратила во својата родна земја Епир. Година дена подоцна Филип II е убиен.
За време на Македонскиот поход, Олимпија упорно му пишувала на својот син Александар, таа претставувала авторитет и големо влијание имала врз Александар, дури и врз македонскиот претставник Антипатер. Меѓутоа, Александар не дозволил мајка му да се меша во државни работи.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.