IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 122123124125126 242>
Автор
Порака
Cinik Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 24.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cinik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 15:35
не е точно
не се согласувам со тебе

Изменето од Cinik - 11.Октомври.2008 во 15:36
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 15:37

Originally posted by misterX misterX напиша:

... Uste ednas ti tvrdam deka muslimanite ne se klanjaat svrteni kon kamen tuku svrteni kon Islamot i Allah. Tie se svrteni kon izvorot na vistinata i kon nejziniot pocetok. Tie se svrteni zatoa sto se isti, zatoa sto nivniot bog e vo nivnite glavi a ne na parce drvo preku koe ke mu se obratat, baknuvajki go i palejkimu svetlo.


За каменопоклонството

Mister X побратиме, тоа кон што ти и твојте истомисленици се вртите и поклонувате не е БОГ, не е НЕГОВАТА ВЕЧНА ВИСТИНА, не е НЕГОВИОТ ВЕЧЕН ДУХ, туку камен!
Ти и секој друг може да филозофира да се врти 7 пати како ... но на ВИСТИНАТА не ќе може да промени ништо.

Јас нити пишував таму - во темата за ИКОНИ - оф топик нити провоцирав туку помагам при разоткривањето на животонепријатните заблуди!

Ти што ме нападна таму пројицирајќи го своето каменопоклонство врз мене како што фрлаат камења на мина, бомби на будистичката статуа во авганистан, авиони на World Trade Center во New York, ... тоа нека ти служи на чест! Лошото (идолопоклонството ) го гледа заслепениот кај другиот а кај себе не и притоа убива дури и илјадници луѓе. Тоа е животонепријателството, тоа е антихристијанството кое за жал е низ текот на времето практицирано и од (т.н) христијани кои оделе еден сосема спротивен пат од ХРИСТОС! Луѓе кои убивале проститутки, кои на мечот возвраќале со меч итн. свесно или несвесно го испрлале Името ХРИСТОВО и го ставиле на исто дереџе со ...

Секој човек чие срце не е скаменето нема да се противи на ВИСТИНАТА дека СВЕТЛИНАТА на ДУХОТ БОЖЈИ е поважна од секој камен, книга, слика, меч, пара, ...!

Баш таа СВЕТЛИНА а не човеково семе се Отелотвори во ИСУС, за тоа ти сведочам тебе а и на секој друг човек или друга творба во безкрајниот универзум.

Шалом!



       



Изменето од spiros - 11.Октомври.2008 во 15:38
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 16:24
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

[QUOTE=belichka]Bravos evangelos a podocna episkopite postaveni od apostolite od sami odsebe zboruvale?

 

Да.

 


Pa ako sami od sebe zboruvale tie episkopi i episkopite postavani od niv poucuvajki se od biblijata...i ostanale a i zapisani tie dela samo sto ne se vo svetoto pismo, zasto i tie se nekakvi pouki i nie denes gi citame i toa ne e sveto predanie!?
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 17:11

belichka, во светот постојат претерано многу добри книги, и христијански, и секуларни, и од секоја од нив човек може да се поучи, но само Библијата е Божјиот пишан и канонизиран Збор. И јас читам многу друга христијанска литература, и јас читам што другите кажале за и околу Библијата, и јас читам како некој го разбира некој потежок стих за разбирање во Библијата, но сепак тие книги ги сметам за човечки несовршени зборови, а не за Божји. Впрочем, ако биле Божји, верувај ќе се нашле меѓу кориците на Библијата.

Но како што знаеме не се нашле, а се нашло она што е потребно и доволно за еден човек да се спаси и да живее богоугоден живот.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2008 во 06:48
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by belichka belichka напиша:

A apostolite ne zboruvale sami od sebe i episkopite postyaveni od niv?

 

Еве што вели Петар:

"зашто никогаш ниту едно пророштво не потекнува од човечка волја, туку луѓе поттикнати од Светиот Дух зборувале од Бога"(2 Петрово 1:21)

 

Се разбира, Петар во обичниот говор си зборувал сам од себе. Тој си пишувал и сам до себе во своите привнатни писма. Но кога ги запишувал 1 и 2 Петрово послание, тој пишувал воден од Бог.


Ова е апсолутно негирање на Светото Писмо. Неколку пати ти имам напоменето да внимаваш што пишуваш, оти тоа што го велиш оди против тебе и против тоа дека се држиш до Библијата.

Во самата книга на Дела Апостолски јасно е кажано дека и додека зборувале апостолите во своите говори, биле водени од Светиот Дух. И бај д веј, сигурно дека тие не зборувале за мода и за фризури и за брзи коли, туку само и само за Бога и се што е поврзано со Бога, и секогаш проповедале за спасение на неупатените. Целиот нивни живот се состоел од апсолутна посветеност на Бога. А многу јасно е и тоа дека некои од посланијата на св ап Павле не се зачувани, сакаш да кажеш дека и тие му биле *обични* писма во кои зборувал сам од себе??
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Cinik Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 24.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cinik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2008 во 11:50
Апсолутно не се сложувам дека христијаните од 1 или 2 век и подоцна не биле добри или како Евангелис вика библиски изворни а сега во 21 век се изворни.

како може тоа? Здравиот разум не ми дава тако нешто да смислам.

Да мислеш такво нешто според мене е надвор од разумот
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 11:22
Бидејќи насловот на тамава е општо за религиите, сметав дека токму овде му е местото на овој мој извадок од еден поголем текст кој го имам напишано пред едно 7-8 години, кога за прв пат се спомна изучување веронаука во училиштата.
Во овој извадок давам свое кратко видување зошто настануваат религиите.
Пред да започнам, сакам да напоменам дека зборот религија се користи многу погрешно. Имено зборот религија потекнува од латинскиот збор religio што значи верувам. Тоа подразбира верување во нешто материјално (пари, машини, луѓе...), но и верување во нематеријалното (морал, љубов, пријателство, бог...) Токму ова последново, верување во бог, се вика теизам и е дел од поширокиот поим религија.
Но, сепак, за да не дојде до забуна, на некои места го користам општоприфатениот збор религија.

Како секоја друга религија, така и христијанството, постои за да одреден круг луѓе владеат со другите. Не го знам одговорот на прашањето од каде и зошто постои тој нагон на човекот да владее и да потчинува други луѓе, но принципите на кои се засновува владеењето на религијата се добро познати на секој човек кој барем малку размислувал за неа.
Тие принципи се многу едноставни, но се страшно ефикасни бидејЌи се базираат, но и влијаат на психата, односно свеста на човекот.
Нив ги има четири. Всушност, кратко речено, на нив се сведува владеењето на догмата на религијата.

1. Искористување на несреќите на луѓето
е првиот од тие принципи.

Секогаш кога некоја индивидуа или поголема општествена група ќе доживее лична или општествена криза, во смисла на позачестеност на некои девијантни појави (проституција, насилство, малолетничка деликвенција ... ), тогаш на сцена стапуваат ,, одбраните” од бог со своите проповеди дека , ете тие и тие греШеле и затоа ги снаоѓа таква несреЌа! Но, затоа се тука ТИЕ, да ги откупат гревовите на грешните пред бог, и да им го покажат правиот пат, за да може бог да им се смилува и да им прости.
Овој принцип убаво го искористува Г-н Јован Дремвницки (Зоран Вранишковски) во весникот,, Дневник,, од 08.02.1999 година. Таму тој го критикува претходното општествено уредување (комунизмот) како систем кој произвел: ,, крајна деструкција на моралот,,! Незнам од кој систем тој господин е производ и во кој систем тој господин живеел и се воспитувал, и кој систем му овозможил да стане тоа што ТОЈ САКАЛ да биде, но добро знам дека дури и во деценијата на ,,залезот” на комунизмот, девијантните појави (наркоманија, насилства, убиства) беа во толку мал број што неможе да се споредува со денешниве прилики. Токму моралот во комунизмот беше негова најдобра карактеристика. Сосема спротивно, овие девијантни појави се случуваат со паЃање на комунизмот.
Факт е дека во последниве десетина години навистина се зголеми бројот на овие девијантни појави. Дали ова е случајно или не - незнам, но доста е симптоматично тоа што нивното зачестување се совпаѓа со периодот на повторното ,, оживување” на црквата, односносо нејзината се понагласена улога во секојдневниот живот на луѓето. Ова не е случај само кај нас. И во другите пост комунистички земји црквата е во експанзија, а како резултат на тоа(!?) во пораст е криминалот.
И покрај се, да се согласиме дека комунизмот извршил деструкција на моралот. Па луѓе мои (божји), комунизамот егзистираше само педесетина години. Дали тоа црквата сака да ни каже дека претходно, векови и векови наназад, во разни општества, немало деструктивни појави!? Дека овие се настанати баш во комунизмот? Сосема спротивно. Погледајте во сите земји во светот. Секаде каде што религијата има влијание врз државата, поизразени се деструктивните појави. За жал религијата, односно религиозните убедувања, не само што предизвикуваат деструктивности од таков вид, туку помалку или повеЌе претставувале, и претставуваат, повод (основа) за избивање на сите војни досега. Од дамнина до денес. Доказ - историјата.
Зошто токму вие толку го напаѓате комунизмот? Дали само затоа што се прокламираше како атеистичко општество? Дали затоа што ви забрануваше вршење на Вашата работа? Дали затоа што им забрануваше на луЃето да ги посетуваат вашите работни места (божјите храмови)? Дали затоа што не ви дозволи основање верски училишта за подготовка на средностручен и високо образовен кадар? Или можеби вашето незадоволство произлегува од револтот предизвикан од неможноста да имате влијание врз тогашната световна власт?! Затоа сега, за почеток, сакате на мала врата (изучување веронаука во училиштата) да дојдете до вистинската цел - влегување во сите пори на општеството.
За да се избегне оваа опасност, најдобро е црквата (поточно теологијата) и понатаму да остане надвор од световниот живот. Ова не е измислица на претходниот (атеистички) општествен систем, туку самиот бог, а тоа вие ,,богобојажливи човекољупци” морате да го знаете, преку посланието на Јован 2:15-17 и Јаков 3:18 и 4:4, заповеда на тие што му се оддаваат да му служат, да се оттргнат од световниот живот и да немаат мешание со него. Од ова се гледа дека свештениците, следбеници на христовата политика, прават грев ширејќи догма, лажејќи го народот во своите заложби за навлегување во световниот живот, искористувајќи ја неговата тешка состојба, за да ја придобијат неговата наклоност, а со тоа и неговото материјално богатство. Но, во оваа нивна заложба прават уште поголем грев, бидејќи ги прекршуваат божјите заповеди.

2. Слабоста кај луѓето е вториот принцип врз кој се темели религијата (теологијата).

Пред се, слабоста ја подразбирам како помирливост на луѓето за прифаЌање на наметливото однесување на проповедниците на разните религии (теологии). Тој успех на проповедниците не се должи на одржливоста на аргументите кои тие им ги нудат за објаснување на вистината, туку немањето волја кај луѓето за спротивставување кон таквиот агресивен однос на проповедниците. Причините за ова се кријат во незаинтересираноста на луѓето за подлабоко размислување за религијата. Едноставно, тие религијата ја прифаЌаат како неШто што МОРА да постои и, што има тука за тоа да се размислува!? Освен помирливоста кон одредена појава, големо влијание има и слабата наобразуваност на луѓето, иако меѓу нив има голем број и со факултетско, па и со повисоко образование. Впрочем самиот бог во едно од своите блажества вели: ,,блажени се бедните по дух,,! Нормално, таквите не сакаат, но и неможат да се спротивстават. А со такви луѓе, бедни по дух, најлесно се владее. Со други зборови, на црквата и пречи луѓето да се образуваат, и со најголем цинизам го напаѓаат сегашниов образовен систем, во кој : ,, ... децата по малку учат математика, физика ... ,,(цитат на Г-н Јован Дремвницки во написот ,, Воспитување на слободата,, објавен во ,,Дневник,, од 08.02.1999 год.) Но, во својата интелектуална ограниченост, тој неможе (или не сака) да сфати дека токму тие ,, ништожни” науки доведоа до огромен развој на човештвото. Можете ли да си замислите каков би бил светот доколку многуте научници не се зафателе со научни испитувања, туку слепо да ги следеле свештениците во нивните религиозни заблуди!? Ова забранување на луѓето да осознаваат е својствено за религијата, а тоа има корени во библијата, бидејки уште на почетокот бог им забранил на Адам и Ева да јадат плодови од дрвото на спознанието (1Мој. 2:17). А, во што се состои придонесот на религијата за развојот на човештвото? Впрочем дали и самата религија се развива? Не, бидејЌи таа сеуште се базира на застарените религиозни видувања за животот, исто како и луЃето од пред 2000 и повеЌе години. И не само што не дава придонес во развојот на човештвото, и што самата не се развива, туку прави се, за да го спречи развојот. Кога некои работи не одат во прилог на религијата, црквата се спротивставува. Секогаш кога ќе се појават претставници на ,, опасната секта на индивидуални интелектуалци,, (цитат на Г-н Јован Дремвницки во ноќната програма на МТВ од 12.02.1999) Со свои размислувања, укажувања, дури и со откритија, тоа претставува повод за нивно морално дисквалификување (Г.Галилеј), но и физичка ликвидација ( Џ.Бруно). Кога после подолг период Ќе воочат дека не биле во право, тие (свештениците) ја прифаќаат вистината, но сега велат дека ете, тоа е божјо дело, бидејЌи нели бог е творец на се видливо и невидливо. Овде нивната демагогија, догма, добива потполна светлина. Дали на ова треба да ги учиме децата?!

3. Желбите на луЃето се третиот принцип.

Нормално е секој човек да посакува да живее убав, мирен, среден живот, живот во изобилие и благосостојба, живот исполнет со љубов и разбирање. И, како најголема желба на сите луѓе во минатото и денес е желбата за подолг, односно вечен живот. Знаејќи ја психологијата на народните маси, умните свештеници ги искористуваат овие нивни желби за своја корист. Особено за оваа последна желба. Имено, им проповедаат на луѓето: живејте и правете како што ви велиме НИЕ, оти тоа е по божја воља, бидејќи после вашата смрт, кога ќе дојде судниот ден, а тоа е многу скоро, вие ќе воскреснете и ќе живеете вечно. Арно ама, тој ,, скорешен” ден веќе неколку илјади години никако да дојде. И нема да дојде. Бидејќи ако дојде тоа би значело пропѓање на религијата, затоа што ќе нема што повеќа да се очекува и со што да се заплашува народот! А тој треба да се држи во покорност!

4. Стравот е четвртиот принцип.

Тој кај човекот е вроден, и тоа е нормално, бидејќи тој претставува негов одбрамбен механизам. Кога човек ќе осознае, запознае некоја појава, лице или предмет, тоа нешто кај него повеЌе не предизвикува страв. Значи, човекот највеЌе се плаши од непознатото. А, има ли поголема непознаница од бог? ,, Пречесните”, користејќи ја оваа особина на човековата природа, му се закануваат на народот велејќи му: ,, работете го тоа што НИЕ ви го кажуваме, во спротивно БОГ ќе ве казни”. Нормално, луЃето со сите свои погоре наведени особини, потпаѓаат под влијание на ,, божјите” претставници и прифаќаат одредена религија.
И уште една апсурдност, контрадикторност на религијата по однос на власта.
За црквата сегашниот општествен систем ,, се доживува како анархија, за разлика од претходниот кој бил тоталитаристички, во кој едни владееле, а други биле потчинети. Само нивниот е оној вистинскиот. Тој се базира на епархија,, ( цитат од истиот напис во ,, Дневник” ). А, што е епархијата ако не тоталитаризам? И кај нив има ,, врховници” и потчинети. Или можеби не сум во право?!

Освен желбата за придобивање на световната власт, оваа еуфорија на МПЦ за воведување веронаука во училиштата е резултат и на се поголемото губење на своите верници, кои во се поголем број се ,, одлеваат,, во други верски заедници (адвентисти, јеховини сведоци, протестанти и др.). Со овој ,,високо морален,, чин на верското образование не се сака само на децата да им се всади љубов кон бог, туку и да се обезбеди свежа крв за утре да има со кого да владеат.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
the king Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 458
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the king Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 11:47
Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Originally posted by the king the king напиша:

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Кинг - к*ранот од Бога е напишан? Бог се симна со мастило и со перо и го напиша? Или можеби Мухамед го напиша?
Јас колку што се сеќавам, к*ранот е напишан од "непознати сторители" - од луѓето кои седеле околу Мухамед и го слушале тоа што им го пренесувал.
Сличен метод на запис има и Библијата. Луѓе ја пишуваат (физичкиот чин, ставањето на мастилото врз хартијата), но водени од Светиот Дух.


pocituvan moderatore...

znaci povtorno pocnavme so sporeduvanje...

nema problem jas sum za...

e sega vaka....

biblijata e napisana i strukturirana posle smrtta na isa a.s (isus).

k*ranot e napisan i struktuiran vo prisustvo na muhammeed s.a.v.s, sto vo sekoj slucaj ne e isto...

biblijata e napisana vo vid na predanija koi go soopstuvaat i ni raskazuvaat za zivotot na isa a.s (isus).

k*ranot ima jasno definirana naglesenost na zborovite "o luge", "o vernici", "o muhammede" sto ni pokazuva deka ne e delo ni na lugeto ni na vernicite ni na muhammed...
a toa sto vie go vikate biblija, e ramnomerno so vtorata po znacaj kniga vo islamot a toa e hadisot, kako sto rekovme koja ni raskazuva za zivotot na muhammed s.a.v.s i taa e navistina napisana od onie koi sedele kraj muhammed s.a.v.s toest ashabite, spored toa jas navistina veruvam deka nad biblijata postoi uste edna kniga, povazna od biblijata, koja mu e ispratena na isa a.s (isus) isto kako i k*ranot na muhammed, ne bi sakal da navleguvam sega tamu dovolno imame zboruvano vo vrska so toa...


spored ova jas gledam golema razlika pomegu k*ranot i biblijata, ne mi e namerata da kazam deka biblijata ne polosa od k*ranot, za da ne go razberes toa taka kazuvam deeka biblijata ja sporeduvam so hadisot, znaci so taa kniga imaat mnogu zaednicki tocki, i ist princip na interpretacija no k*ranot e nesto drugo....




Dragocni k*ran koji datira iz 1203. godine najstariji je poznati kompletan k*ran a napisan je u potpunosti zlatnim slovima dok su fusnote i dodatna pojašnjenja ispisana srebrom


k*ran e napisan i sostaven mnogu podocna i sega bi bilo izlisno po iljaditi pat pak da pisuvame za toa....Mozebi ne znaes no k*ran bil pisuvan na razni parcinja papirus i palmini listovi, podocna e sobran na edno mesto i sostaven...mislam deka go znaes toa ...




templariuse jas dobro znam no znam i deka toa bisuvanje od papirus vo kniga e izvedeno dodeka muhammed bil ziv a biblijata celisno e sozdadena posle smrtta na isa a.s(isus)..
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
the king Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 458
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the king Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 11:54
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Кинг... не ме разбра со постот... сакав да кажам - Бог не го запишал директно со мастило врз хартија к*ранот, туку други луѓе го запишале, водени од диктатот на Мухамед, кој пак е воден од Алах. Така?
Сличен е методот и во Христијанството.


jas te razbrav no mislam deka tuka lezi inajgolemata dilema, dali toa dolgogodisno usno predanie vlijaelo vrz sodrzinata na knigata, kako sto vlijae nad sekoe edno usno predanie, dali tuka ne se rodil onoj naziv "isus bog", dali tuka ne se napravila nekoja zbrka kakva sto se napravila vrz samite apostoli, znaeme deka se naogale na razlicni strani, bile sprotivni eden na drug, dali toa ne vlijaelo vrz sodrzinata?????
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
vili2121 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Papa Bear

Регистриран: 04.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5628
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vili2121 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 14:04
opsto prasanje
zosto muslimanite ne jadat svinsko i ne pijat alkohol?
Скапа е мудроста што се плаќа со искуство
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 14:22
Originally posted by vili2121 vili2121 напиша:

opsto prasanje
zosto muslimanite ne jadat svinsko i ne pijat alkohol?

Не се свесни што пропуштаат!плазењесмеење

ОК! Малку да се нашалиме.
Не сум муслиман, но тоа не значи дека не треба да дадам свое мислење, нели?
Веројатно затоа што свинското месо е доста (ако не и нај) штетно за организамот. Посебно во тие предели со многу висока температура каде настанало муслиманството, т.е. арабискиот полуостров. За да го заштитат народот од штетноста на свинското месо, а немајќи друг начин како, тие (малку поучените, т.е. водачите на народот) го вметнуваат ова сознание за штетноста, во теолошките учења. Истото важи и за алкохолот.
Зарем и денес кај нас во лето (посебно преку ден) ќе јаде свинско и ќе пие алкохол!голема%20насмевкаплазењесмеење


Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
vili2121 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Papa Bear

Регистриран: 04.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5628
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vili2121 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 14:38
pretpostavuvam deka e toa megutoa sakav da mi kazat vernicite od muslimanskata veroispoved sto pisuva vo k*ranot ili vo nekoja druga kniga
Скапа е мудроста што се плаќа со искуство
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 14:42
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

... Зарем и денес кај нас во лето (посебно преку ден) ќе јаде свинско и ќе пие алкохол!голема%20насмевкаплазењесмеење




Lele, Zlatnik ne znam za kaj vas, ama kaj mene letno vreme tesko nekoj trezen da go vidis bezrazlika na koja veroispoved i pripaga, duri i denje se pie nekoj kokteli, LADNI piva, konjak, viski...

A, za svinskoto, vo sredno so mene ucea dvajca muslimani, i za rodendeni,ili praznici koga se zbiravme, prvo koga ke dojdea se fakaa za pecenicata i cajnata, nie normalno ke im kazevme deka toa e svinsko (sumljam deka ne znaea bidejki na sekoe im kazuvavme), demek da ne gi nosime na dusa (zosto kaj niv pekolot e so sedum ili devet krugovi- nesto slicno kako Dantevite, kade goris vo ogan, ne znam kolku pati po zezok od zemskiot). I znaes li koj im bese odgovorot?- Lele ne znaev, prostuva Gospod greska bese. Aj za sega ke zaboravam deka mi kazavte. I si prodolzuvaa so jadenje.


Licno jas, osven eden decko od Radovis, ne poznavam drug musliman koj ne probal svinsko, ili uste pomalku sto ne se napil.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 18:09
Sunny - не би одел во такви генерализирања, има многумина (тука на форумов особено) кои ги следат сите правила и прописи...

Златник - одлични дискусии и постови.
Само што доста ограничен поглед на религијата имаш... Интересно е што атеистите (како и агностиците) доста често ги "обвинуваат" верниците во ограниченост, но не си дозволуваат да разберат некои работи, што е само по себе ограниченост, зарем не?
Зошто да верува човек од страв, слабост, заради несреќа или заради желбите кои ги има?! Има многу луѓе кои веруваат заради љубов, заради тоа што го чувствуваат тоа во кое веруваат и затоа што ако постапат поинаку би лажеле.
Верата е лична врска меѓу човекот и Творецот. Секој има различна манифестација на истата таа врска. Кај некои тоа е лична, неврзана за група, за книга, за правила. Некои пак - ја препознале таа своја лична врска во начинот на кој конкретна деноминација ја практикува таа вера (врска), односно нашле свои истомисленици...
Да, понекогаш причините кои ги наведуваш се валидни и присутни кај некои, но не е точно дека сите верници веруваат заради тоа.
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 122123124125126 242>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.