IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - СВЕТИ МОШТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СВЕТИ МОШТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 17>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 15:57
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Неспорно е дека Библијата го користи зборот "свети" или "осветени", но работата е во тоа што таа така ги нарекува сите Христијани, а не само одредена група ткн. "светци" (или со православен жаргон "светии") со ореоли на главата и посебни овластувања на Небото да примаат молитви, да им се јавуваат во сон на луѓето, да прават чуда итн.
 
Апостол Павле им пишува на светите во Ефес (Ефешаните 1:1) и во Филипи (Фелипјаните 1:1) и на СИТЕ СВЕТИ по цела Ахаја (2 Коринтјаните 1:1).
 
Божјото Слово вели: "Според таа волја осветени сме преку приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекогаш" (Евреите 10:10).
Христовото тело беше принесено за сите христијани, а не само за одредена привилегирана грпуа како што тврдат православните. Секој што го има Светиот Дух е СВЕТ и ОСВЕТЕН во Исус Христос. А ако пак некој го нема Светиот Дух, тогаш тој не е Христов т.е. не е христијанин.
 
Зборот "свет" во Библијата воопшто не значи "безгрешен", туку "одвоен" за посебна, во случајов, Божја служба. Сите христијани се повикани да земат учество во Божјата служба и да бидат дел/орган од Христовото тело - Црквата. На тој начин, сите се свет, осветени и одвоени за посебна намена. А ако некој не се чувствува така, тогаш подобро да си ја преиспита својата вера - дали навистина поверувал во Исус Христос, отколку да тврди дека тој не е свет и дека тие таму на Небото горе се светци.
 
Светецот апостол Павле во своето послание до Римјаните јавно признава дека не е безгрешен и во старт го разбива митот на православните дека светците се безгрешни и посебна класа на луѓе. (Римјаните 7:9-26)
 
 
А случајот со Елисеј воопшто не е аргумент за "светите мошти".
Елисеј побарал двојна мера од Божјиот Дух кој бил во Илија.
 
"Илија му рече на Елисеј: „Барај што да сторам уште за тебе пред да бидам земен од пред тебе?” А Елисеј одговори: „Духот што го имаш ти нека биде двоен во мене! А тој рече: "Бараш нешто многу тешко; ако видиш, како ќе бидам земен од тебе, така ќе ти биде; ако, пак, не видиш, нема да ти биде."
(2 Цареви 2:9)
 
Елисеј го видел Илија како бил земен на небо и затоа Бог му дозволил да има двојна мера од Духот во Илија.
Бог преку Илија направил 7 чуда. Додека пак, додека Елисеј бил жив, Бог направил 13 чуда. За да го исполни одобрувањето за "двојна мера" од Илиевиот Дух во Елисеј, Бог направил уште едно дополнително чудо по неговата смрт. И така станале 14 чуда. 14 = 2*7 намигнување
Ете затоа се случило тоа чудо, а не како потврда на моштите.
Од друга страна, веќе наредниот стих воопшто не се зборува за "моштите" на Елисеј. Нема да најдеш ниту еден стих каде што некој ги прибрал посмртните останки на Елисеј и ги чевствувал, ги бакнувал, им се поклонувал, точел миро од нив итн. Значи не станува збор за некакви "свети мошти", туку само за уште едно дополнително чудо на Бог заради исполнувањето на ветувањето за двојна мера на Илиевиот Дух во Елисеј.
 
Јас ви одговорив т.е. разобличив многу митови околку "светите мошти", а вие сеуште не најдовте ниту еден стих во Библијата каде што некој се поклонувал пред лешеви, се молел на нив, ги бакнувал, точел миро од нив, испуштале парфем итн.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 16:00
Бај д веј, потполно ја разбирам вашата фрустрација. Бидејќи немате аргументи и се најдовте во небрано, логично е сега да врескате и да ги зголемувате буквите голема%20насмевка
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 16:14
Брате, ЕвАнгелосе, повторно прескокнуваш многу битни цитати од Светото Писмо. Еве ти еден, а ако не ти е доволен, ќе се потрудам и другите да ги извадам, каде јасно е кажано дека има разлика помеѓу светии и верни.

Ефесјаните 1,1 Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, до светиите што се во Ефес, и до верните во Исус Христос

А дека светците безгрешни - никој не го рече тоа. Православието тврди дека грешниците кои се покајале и си го посветиле животот на Бога во целосна мера, можат да се осветат, односно обожат. И не сите се еднакви со светиите, затоа и апостолот Павле вели дека во нас почива Светиот Дух, но само ако сме достојни!!!

И мислам дека е срамота себесеи, па и мене, да не споредуваш, на пример, со св.пророк Илија, кој го наведе претходно. Ако си еднаков со Илија, ајде биди и ти земен на небо! Ама не може, затоа што сме далеку од светоста!!

п.с. а што се однесува до буквите, тие се зголемени за да те боцнат во очи, оти инаку упорно си ги избегнуваш битните прашања. Никој од нас не е фрустриран, затоа што од лично искуство знаеме (барем тие кои биле на поклонение) дека моштите се чудотворни, а со тоа и благословени од Бога за да се чествуваат!!! И уште нешто, не се бламирај со вакви коментари, затоа што ти си имаш во практика да подвлекуваш, зголемуваш, болдираш...
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 16:37
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Брате, ЕвАнгелосе, повторно прескокнуваш многу битни цитати од Светото Писмо. Еве ти еден, а ако не ти е доволен, ќе се потрудам и другите да ги извадам, каде јасно е кажано дека има разлика помеѓу светии и верни.

Ефесјаните 1,1 Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, до светиите што се во Ефес, и до верните во Исус Христос
 
Сакаш да кажеш дека погоре апостол Павле зборува за две групи на верници? Сакаш да кажеш дека овие првите "светите" не се верни на Исус Христос бидејќи се кажани посебно? голема%20насмевка
Зарем кога водителот вели: "Почитувани дами и господа и ценети гости", зарем гостите не се дами и господа? Или пак зарем дамите и господата не се ценети? Или пак гостите не се почитувани? голема%20насмевка
 
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


И не сите се еднакви со светиите, затоа и апостолот Павле вели дека во нас почива Светиот Дух, но само ако сме достојни!!!
 
Доста зборуваш од памет. Ајде цитирај ми го Павле каде го вели тоа? трепкање
И запомни: Никој не е достоен да го прими Светиот Дух, ниту ние, ниту Павле, Петар, Марија итн. Токму затоа Христос умре на Голготскиот крст, за да не направи достојни пред Бог нас грешниците и за да може по БЛАГОДАТ (а не заслуга) да ни го дарува Светиот Дух!
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


И мислам дека е срамота себесеи, па и мене, да не споредуваш, на пример, со св.пророк Илија, кој го наведе претходно.
 
Е тука те чекав :zlo:
 
"Илија беше човек по природа ист како и ние,"
(Јаков 5:17)
 
газење%20од%20смеење
 
Не се споредувам јас со никого, ниту со Илија, ниту со било кој. Туку само сакам да те отрезнам дека и тие што ги нарекувате "светци" и врз чии лешеви се поклонувате и ги обожавате, и тие биле обични луѓе, грешници и зависни од Божјата милост како и ние.
И телото на Давид се распаднало и црви го изеле како и нас еден ден што ќе ни ги изедат.


Изменето од EvAngelos - 30.Септември.2008 во 16:37
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 16:51
Не знам што се фалиш дека си ме фатил. И не знам од кој ракав го извади тој цитат, ама јако се вараш. Цитатот е ваков

Јаков 5, 17 Илија беше човек смртен, како и ние

А продолжението е

и со молитва Му се помоли на Бога
да нема дожд, и не падна дожд на земјата
три години и шест месеци.
18 И пак се помоли, па небото даде
дожд и земјата го даде својот плод.

Во тоа време кажано е дека имало верни во Господа, меѓутоа Илија е оној кој бил осветен, та затоа и Господ го слушал. Епа ако и ти имаш таква молитва како овој свет пророк, тогаш ќе те признаам за светец, ама ако немаш....
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 16:59
EVANGELOS
 
ЕДНО ОСНОВНО ПРАШАЊЕ ДО ТЕБЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!

КАЖИ ШО Е БИБЛИЈАТА??????? КОГА И ОД КОЈ Е НАПИШАНА!!!!!! ЗА ТЕБЕ!!! А И ЗА СИТЕ!!!!!!!!!

НЕКАДЕ ТИ ПИШУВАВ ЗА ТОА !!! АМА НЕ ДОБИВ ОДГОВОР!!!

 
па ке ги замолиме МОДЕРАТОРИТЕ  -  да ни отворат нова тема ПА СЕ ШО ИМАМЕ НЕЈАСНО НА ОВИЕ ТЕМИ - ТАМУ ДА СЕ РАЗБЕРИМЕ
 
БТВ. ТЕМЕТА Е СВ. МОШТИ!!!МНОГУ УБАВО ТАМУ ПИШУВА СЕ И ЗА СЕ
 
БИБЛИЈАТА Е МАЛА КНИГА ЗА ДА ГИ ОДБЕЛЕЖИ СИТЕ ХРИСТОВИ(БОЖЈИ) ЧУДЕСА!!!
 
ТИ ТОА НАЈДОБРО ГО ЗНАЕШ КАДЕ Е ТОЈ ЧИТАТ!!!!
 
АЈДЕ ТЕ МОЛАМ - ЗА ДОМАШНА - НАПИШИНИ ГО ТОА СИТЕ ДА ГО ВИДИМЕ !!! Т.Е. ПРОЧИТАМЕ!!!
 
 
ПОЗЗ .... - КАФЕ!!!
 
 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 23:38
Престанете со користење на зголемен фонт! Ако некој сака да одговори, ќе одговори - ако не, и тоа е одговор...

Евангелос - за жал - тоа за светиите, дека е само општо обраќање, е само и единствено твое толкување на работите, за да послужи во поткрепа на тезата во која веруваш. Самиот текст вели поинаку и ни дава апсолутно право да го толкуваме поинаку.
Не го извртувај преводот во врска со Св.Илија, во право е Маран Ата - текстот е - смртен, исто како нас... (на неколку јазици при тоа).
Освен тоа... да те прашам - од каде знаеш што се случило со Апостолите или со Марија по смртта нивна? Од каде знаеш дека Бог не направил нешто преку нивните мошти? Ние имаме предание кое вели дека направил. Преданието потекнува од времето на настаните кои ги опишува. Ти велиш дека не е точно. Докажи со нешто дека тоа не се случило и дека не е точно, инаку се празни прикаски...
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 00:32
zidarski, чувајте си го вие тоа ваше православно предание и верувјате си во таа православна верзија на раната историја колку што сакате.
Поклонувајте си се на лешевите, молете им се, бацувајте ги, точете масло од нив, мирисајте ги и што сакате правете си со нив.
Мојата задача беше да ја одбранам Библијата од таа православна пракса.Мојата задача е да недозволам некој да накалемува таква пракса врз Библијата, врз библиските личности. Моја задача е да не дозволам некој да ги заблудува неупатените дека почитување на "свети мошти" имало и во Библијата. Моја задача е да кажам дека никој во Библијата не се поклонувал пред лешеви, никој не им се молел, никој не ги бакнувал, мирисал, никој не точел масло од нив. Моја задача е да кажам дека ништо од тоа нема во Библијата. А ваше е да си одберете во што ќе си верувате.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 00:41
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

zidarski, чувајте си го вие тоа ваше православно предание и верувјате си во таа православна верзија на раната историја колку што сакате.

Поклонувајте си се на лешевите, молете им се, бацувајте ги, точете масло од нив, мирисајте ги и што сакате правете си со нив.

Мојата задача беше да ја одбранам Библијата од таа православна пракса.Мојата задача е да недозволам некој да накалемува таква пракса врз Библијата, врз библиските личности. Моја задача е да не дозволам некој да ги заблудува неупатените дека почитување на "свети мошти" имало и во Библијата. Моја задача е да кажам дека никој во Библијата не се поклонувал пред лешеви, никој не им се молел, никој не ги бакнувал, мирисал, никој не точел масло од нив. Моја задача е да кажам дека ништо од тоа нема во Библијата. А ваше е да си одберете во што ќе си верувате.



Koj ti ja dade taa zadaca????

Koj te ubedi deka toa sto go velis (tolkuvas) e ispravno ??

Koj te tebe postavil nad sie tie neupateni ???

Ce imas li hrabrost bez filozofiranje i zaobikoluvanje da odgvoris na ovie prasanja????
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 01:17
Евангелос, јас те прашав нешто многу едноставно, очекувам едноставен одговор, доколку имаш.
Do what is right, come what may...
Кон врв
ggstefan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 266
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ggstefan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 01:26
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Престанете со користење на зголемен фонт! Ако некој сака да одговори, ќе одговори - ако не, и тоа е одговор...

Евангелос - за жал - тоа за светиите, дека е само општо обраќање, е само и единствено твое толкување на работите, за да послужи во поткрепа на тезата во која веруваш. Самиот текст вели поинаку и ни дава апсолутно право да го толкуваме поинаку.
Не го извртувај преводот во врска со Св.Илија, во право е Маран Ата - текстот е - смртен, исто како нас... (на неколку јазици при тоа).
Освен тоа... да те прашам - од каде знаеш што се случило со Апостолите или со Марија по смртта нивна? Од каде знаеш дека Бог не направил нешто преку нивните мошти? Ние имаме предание кое вели дека направил. Преданието потекнува од времето на настаните кои ги опишува. Ти велиш дека не е точно. Докажи со нешто дека тоа не се случило и дека не е точно, инаку се празни прикаски...


nema dokazi za ovie raboti sto gi zboruvate. predanieto e vsushnost nacin i metod kako da se vovedat novi i nedokumentirani (i nevistiniti) raboti, koi se neretko sprotivni so Bibliskite vistini. pocnuvajki od lagata za luka crtacot na ikonite, koga jasno arheologijata dokazuva nesto sosema drugo. pa do lagata za mostite, koga nemalo mosti, jasno se gleda deka lugjeto gi zakopuvale (spored site starozavetni pravila) itn. Znaci za da se proveri predanieto, treba da se slusa razumot, istorijata, arheologijata, naukata. site ovie nesta go pobivaat 'predanieto' na pravoslavnata crkva.

p.s. izvrsen mi e tezok vandalizam na avatarot, pa ovoj pat staviv nekoj poubav so nadez deka nema pak da se drznat hakerite na ovoj forum.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 01:40
Originally posted by ggstefan ggstefan напиша:

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Престанете со користење на зголемен фонт! Ако некој сака да одговори, ќе одговори - ако не, и тоа е одговор...

Евангелос - за жал - тоа за светиите, дека е само општо обраќање, е само и единствено твое толкување на работите, за да послужи во поткрепа на тезата во која веруваш. Самиот текст вели поинаку и ни дава апсолутно право да го толкуваме поинаку.
Не го извртувај преводот во врска со Св.Илија, во право е Маран Ата - текстот е - смртен, исто како нас... (на неколку јазици при тоа).
Освен тоа... да те прашам - од каде знаеш што се случило со Апостолите или со Марија по смртта нивна? Од каде знаеш дека Бог не направил нешто преку нивните мошти? Ние имаме предание кое вели дека направил. Преданието потекнува од времето на настаните кои ги опишува. Ти велиш дека не е точно. Докажи со нешто дека тоа не се случило и дека не е точно, инаку се празни прикаски...


nema dokazi za ovie raboti sto gi zboruvate. predanieto e vsushnost nacin i metod kako da se vovedat novi i nedokumentirani (i nevistiniti) raboti, koi se neretko sprotivni so Bibliskite vistini. pocnuvajki od lagata za luka crtacot na ikonite, koga jasno arheologijata dokazuva nesto sosema drugo. pa do lagata za mostite, koga nemalo mosti, jasno se gleda deka lugjeto gi zakopuvale (spored site starozavetni pravila) itn. Znaci za da se proveri predanieto, treba da se slusa razumot, istorijata, arheologijata, naukata. site ovie nesta go pobivaat 'predanieto' na pravoslavnata crkva.

p.s. izvrsen mi e tezok vandalizam na avatarot, pa ovoj pat staviv nekoj poubav so nadez deka nema pak da se drznat hakerite na ovoj forum.


ггстефан, пак почнуваш со твоите неосновани филозофии. Прво, археолошки докази ти беа дадени дека иконите постојат од рано христијански период.
Второ, сто пати до сега кажавме дека и во православната пркса покојникот прво се погребува, а за да се види дали неговите мошти се нетлени, телото се откопува после десетици години.
Трето, штом не го признавате Светото Предание, одговори ми од каде ви се вам толкувањата. Одговорете на веќе сумираните прашања кои беа изнесени до вас двајца на темата монаштво, и не се префрлајте од тема на тема за исто та исто да ви се поворува. Дај ми одговор како настанала Библијата до која ти цврсто се држиш без да го признаваш Преданието, објани ми од каде знаеш дека посланијата на Јован се навистина од Јован кога тоа никаде не го пишува, објасни ми дали знаеш нешто од животите на апостолите и на Богородица после пишувањето на посланијата, објасни ми дали според тебе има логика учениците кои го продолжиле христијанството да не ги запишат нивните животи...
Врати се на темата монаштво, одговори на прашањата, па тогаш почни тука да пишуваш!
Не си ги оставајте работите недовршени!

Изменето од Maran Ata - 01.Октомври.2008 во 01:42
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 01:46
Мараната, а наместо да постауваш десетици прашања во секој пост, да одговореше барем на едно прашање? трепкање Па мајќе му се изморив веќе да те бркам се со исти неодговорени прашања по сите теми. Култорно те замолив за една дебата каде што ќе одговараме НАИЗМЕНИЧНО по едно прашање, и ти, и sard, и сите православни фраери се упрпавте и најдовте 300 изговори само да не прифатите голема%20насмевка
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 01:55
ггстефан - аватарот не ти е хакнат, а го тргнав јас, како што го тргнав и новиот. Не се подигрувај со чувствата на верниците на форумот.

Евангелос - нема потреба од дебата...
Освен тоа - јас претходно ти поставив само едно прашање и тоа доста едноставно и јасно, а ти даде доста комплициран одговор, на нешто друго, но не на прашањето.
Еве уште еднаш, истотака едноставно поставено:
Од каде знаеш што се случило со Апостолите и со Марија по пишувањето на Библијата, по нивната смрт, и со нивните останки?!
Нас Светото Предание (напишано во тоа време) ни кажува што се случило, а ти го отфрлаш. Штом го отфрлаш единствениот (!!!) доказ за настаните, тогаш покажи или докажи на што го базираш тоа твое тврдење.
Многу едноставно прашање, поедноставно не може да биде.

Изменето од zidarski - 01.Октомври.2008 во 01:56
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.