IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ЗОШТО СМЕ СЛАБИ ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЗОШТО СМЕ СЛАБИ ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
Автор
Порака
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 23:03
ZEMETE ANALGIN, TOJ LECI SVE,,,,
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 23:04
Слаба терапија ти е тоа, мене глава од аналгин не ми поминува, но овде не сум јас во прашање, туку темата, така да...голема%20насмевка
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 23:06
A CAFFETIN SO ,,LIMUN,,..PROBA LI
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
muhadzir Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Март.2008
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 740
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај muhadzir Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 23:12
Originally posted by BACHIOS BACHIOS напиша:

A CAFFETIN SO ,,LIMUN,,..PROBA LI


So pocit brat, ama smetam deka temava zasluzuva povece respekt, pogotovo od nas muslimanite. Bi bilo upavo da se potrudime da dademe nase viduvanje na rabotite.
ISLAM VJERA ISTINE
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 23:14
GLEDAM DEKA NE RAZBRA STO E ,,ANALGIN,,, MISLAM DEKA RECEPTATA JA IMA AISHA SAMO TREBA DA SE CITA
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
muhadzir Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Март.2008
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 740
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај muhadzir Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 23:18
Originally posted by BACHIOS BACHIOS напиша:

GLEDAM DEKA NE RAZBRA STO E ,,ANALGIN,,, MISLAM DEKA RECEPTATA JA IMA AISHA SAMO TREBA DA SE CITA


Dobro sto vikas taka, no neznam dali site znaeme da ja citame receptata kako sto treba!
ISLAM VJERA ISTINE
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 23:20
PA KE JA CITAS EDNAS ,PA USTE EDNAS ,PA USTE EDNAS,.. UPS KE SI ZEMES USTE EDNA, PA USTE EDNA..MORA DA DELUVA-GARANTIRAM
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
Aisha Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Локација: Palestine
Статус: Офлајн
Поени: 1119
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aisha Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 23:20
Originally posted by mudzahid mudzahid напиша:



Зошто сме слаби?

ПРИЧИНИ ЗА ЗАОСТАНАТОСТА НА
ИСЛАМСКИОТ УММЕТ


Овој уммет на Мухаммед а.с. е најизбраниот народ од страна на Аллах
џ.ш. и наречен со префиксот 'Најдобар уммет" кој воопшто се појавил на
земјината површина. Од едноставна причина што повикува на добро,
возвраќа од зло и верува во реален Творец, Аллах џ.ш.. Овој народ е
народ кој носи квалификација и име кое Возвишениот Аллах џ.ш. го избрал
за себе си нарекувајќи се: Му„мин, а нас не нарекол му„мини. Се нарекол
'Ес-селам" а нас не нарекол муслимани. Во к*р„анот Севишниот Аллах нé
одликувал како 'умерен, средишен, најправеден народ кој Ќе биде сведок
за целото човештво"
Овие почести и одликувања на овој уммет, за жал како да не
прилегаат и одговараат на денешниот исламски уммет. Голем број на
денешните муслимани не наредуваат кон добро ниту возвраќаат од зло.
Згора на тоа, среќаваме како поедини следбеници на оваа вера доброто го
прогласуваат како лошо, а лошото како добро, вистината ја прифаЌаат
како заблуда, а заблудата како вистина. Всушност, се забележува една видлива тотална девијација,
скршнување, стагнација на муслиманите во многу животни области. При
ваква состојба на нештата може да се констатира дека муслиманите се
најзаостанатиот народ во целиот свет политички, економски, технолошки,
културно, социјално итн. Познатиот светски алим и Шејх Јусуф ел-Кардави
потенцира дека ние денес се вбојуваме како "земји од третиот свет" или
"земји во развој".Во тој случај се поставува прашањето: Кој е главниот
виновник за декаденцата (заостанатоста) на муслиманите во светот?
Секако, исламот не е виновен за оваа наша болна ситуација! Исламот и
муслиманите се два различни поими, исламот е напреден, прогресивен, а
муслиманите денес се назадни и регресивни. А дали носители на оваа
духовна и политичка стагнација се муслиманските лидери? Дали улемата е
виновна за тоа? Дали непријателите на исламот се криви за тоа? Дали
сите ние припадници на оваа возвишена вера ислам сме одговорни за ова?
Најадекватен одговор би бил сите паралелно сме одговорни, кој помалку
кој повеЌе? Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: 'Сите вие сте пастири и
сите ќе бидете одговорни за своето стадо!" (Бухари, Муслим)
Гледано од аголот на историјата, муслиманите во период од тринаесет
века биле носители на слава, култура, цивилизација, наука и водство.
Главен двигател и потенцијал на тие вредности се постигнати под сенка
на Аллаховата вера, ислам. Прекрасно рекол Хазрети Омер: 'Ние пред
исламот бевме најпонижен народ, но Аллах џ.ш. со исламот не воздигнал
на највисок степен на чест и гордост. Колку и да бараме чест и гордост
без ислам, Аллах повторно ќе нé понижи." Неопходно во оваа пригода е да ги споменеме главните фактори и
причини кои довеле до заостанатост на муслиманските народи. Најпосле
откако ќе се открие дијагнозата на болеста и се пропише соодветниот
лек, мора да се пристапи кон конзумирањето на тој лек. Лекот мора да се
зема па дури и понекогаш да биде горчлив или неподнослив. Прва причина: Отсуство на иман (вера) во срцата на муслиманите.
Зошто, исламот имаше заслуга за преродба на муслиманите во првите
векови како што имаат улога водата, воздухот и светлината за посевите и
плодовите. Познатиот исламолог Мухаммед Газали вели: 'Не велам дека
исламот ги соединил, откако беа разединети, или ги преуредил откако беа
во безаконие, туку тврдам дека исламот ги создал од ништо и ги направил
државници и носители на мисија и цивилизација.. Арапите во паганскиот
период војувале меѓусебно четириесет години поради една камила. Тие
живеа на расцепани племиња со амбиции за крвопролевање и одмазда, и
никој не можеШе да го згасне тој пламен сé додека не дојде Мухаммед
а.с. и тој направи чудотворение (муџизе), невообичаен пресврт:
وَأَلَّفَ بَيْنَ قُلُوبِهِمْ لَوْ أَنفَقْتَ مَا فِي ٱلأَرْضِ
جَمِيعاً مَّآ أَلَّفَتْ بَيْنَ قُلُوبِهِمْ وَلَـٰكِنَّ ٱللَّهَ أَلَّفَ
بَيْنَهُمْ إِنَّهُ عَزِيزٌ حَكِيمٌ
'И ги спои нивните срца. Ако потрошеше сé што е на земја, немаше да ги обединиш, меѓутоа Аллах ги обединил."   (Ел-Енфал, 63)
Муслиманите во многу битки низ историјата на исламот победувале со
иман, а не со број или оружје. Сведок за тоа е битката на Бедр во која
муслиманите со 314 борци ја победиле непријателската војска која броеше
над 950 борци. Умметот го заборавил Аллах џ.ш., па така и Тој нив ги заборавил и препуштил на себе. Аллах џ.ш. вели:
(وَلاَ تَكُونُواْ كَٱلَّذِينَ نَسُواْ ٱللَّهَ فَأَنسَاهُمْ أَنفُسَهُمْ أُولَـٰئِكَ هُمُ ٱلْفَاسِقُونَ)
„И не бидете како оние кои го заборавиле Аллах, па така Тој направил самите себе да се заборават." (Ел-Хашр, 9)
Се пренесува од Катаде толкувајќи го овој ајет: „Аллах нема да го
промени еден народ сé додека самиот тој народ не се промени." - рекол:
„Промената доаЃа од луѓето, а олеснувањето од Аллах и немојте да ги
негирате благодетите кои ги имате од Аллах."
Зар тоа не беше очигледна пракса на Аллаховиот Пратеник а.с., иако
беше најблизок роб до Аллах џ.ш. не стоеше вкрстени раце и не очекуваше
од Аллах да ја прошири исламската вера, ниту очекуваше Аллах да војува
наместо него, туку Пејгамберот а.с. тргнуваше во бој, подготвен со сите
потребни предуслови за победа, а помошта доаѓаше од Аллах џ.ш.
Се наоѓаме во состојбата која ја најавил хазрети Алија р.а. како што пренесува Ибн еби Дунја: „ќе дојде време кога нема да остане од
исламот освен неговото обележје, од к*р„анот само неговото име. Нивните
џамии ќе бидат полни но далеку од вистината, а учените ќе бидат зло под
небескиот покрив."
Браќа!! Верувајте и бидете цврсто убедени дека само преку
исламската вера ќе се обединиме и ќе го повратиме нашиот углед и
достоинство кои ни ги гарантирал Аллах џ.ш. во к*р„анот кога рекол: وَلِلَّهِ ٱلْعِزَّةُ وَلِرَسُولِهِ وَلِلْمُؤْمِنِينَ وَلَـٰكِنَّ ٱلْمُنَافِقِينَ لاَ يَعْلَمُونَ
„Угледот му припаѓа само на Аллах, Неговиот Пратеник и муслиманите." (Мунафикун, 8)
Што се однесува до верата, мораме да признаеме дека во вековниот
спор меѓу нашите браќа палестинци од една страна и израелци од друга
страна, победата беше на спротивната страна, оти тие цврсто се
придржуваат за верските начела. Израел е заснован на најстроги основи
на еврејската религија, дури неговиот парламент го нарекуваат 'кнесет", што значи синагога (еврејски храм). Сите негови закони можат да се
спроведат дури откако ќе ги санкционираат колегиумот на рабини т.е.
верските лица. Од друга страна муслиманите се обидуваат да ја добијат
западната наклонетост напуштајќи ги и запоставувајќи ги верските
принципи. Доволен пример за оваа констатација ќе ни послужат Јапонија и
Турција. При крајот од минатиот и почетокот на овој век, овие две земји
пружија две спротивни слики. Иако двете земји познати по старите
царства, култури и физиономии се впуштиле во водите на реформи.
Јапонија се обидела да ја спои традицијата (верата) и развојот. За
Турција нејзините модернисти го избрале спротивното, развојот над
традицијата и верата. Денес, Турција е третостепена земја, а Јапонија е
на самиот врв на светските нации. Разликата во филозофијата на
јапонските и турските реформатори можеби е најкарактеристична околу
прашањето за писмото. Додека Турција го укинува арапското писмо кое по
својата едноставност не брои повеќе од 28 знаци, спаѓа во најсовршените
и најраширени светски писма. Аналогно на тоа, Јапонија барањето на
своите 'ромаји" го одбива да воведе латиница. Таа содржи едно
комплицирано писмо кое по реформите од своите 46 знаци, сочинува и 880
идеограми. Во Јапонија денеска нема неписмени, а во Турција -
четириесет години по воведувањето на латиница- повеќе од пола население
е неписмено, резултат од кој и слепите би требало да прогледаат.
Втора причина: Незнаење и рамнодушност во полето на науката. Еден
исламски научник по име шекиб Арслан вели: 'Најголема причина за
стагнирање на муслиманите е незнаењето, поради тоа меѓу нив има и такви
кои не разликуваат вино од оцет." Нашата интелегенција е моќна само да имитира, не се трудат да бидат
самостојни креатори како што биле нашите претходни генерации. Не само што имитираат, туку имитираат на погрешна страна. Муслиманите и го
отворија патот на Европа кон развојот и напредокот. Европа од нас го
зеде експериментот од кого се развил емпиризмот во Англија и првата
индустриска револуција во светот како негова последица. Непобитна
вистина е дека Европа од Исламскиот свет го презела бројот нула,
употребата на арапските броеви, медицинските остварувања, употребата на
компас кој на Европа ќе и помогне во откривање на Америка и патот за
Индија, комплетни иновации и постигнувања во земјоделството и
текстилната индустрија. Денес, имаме педесет и пет исламски земји кои
ни поединечно ниту заедно немаат ниту еден институт за нуклеарна
физика. Крајно жалосно и комично е кога еден занесеник и фанатик кој
слуша грундинг транзистор, се бричи со силвер жилети, се служи со
германски ладилник, клања на италијанска или кинеска сеџада, без
некаков производ произведен од исламските земји - заговара исламски
Ред, поредок, општество и држава. Тие луѓе се како деца кои наместо
визии нудат фантазии. Неписменоста во исламските земји е на ниво. Се наведува дека во
периодот меѓу двете светски војни, писменоста во муслиманските земји не
изнесувала повеЌе од 50%. Кога евреинот Моше Дајан во еден специјален
состанок го изнесол планот на евреите за уништување на муслиманите,
некој грижливо рекол: 'што ако ги откријат муслиманите тие планови. Тој
мирно на тоа рекол: 'Не плашете се, муслиманите не читаат." Жалосно но
вистинито, овој уммет го занемарил Аллаховиот прв императив 'Икре"
(учи). Зарем може да се постигне некаков развој без наука? Зарем може
да се обави некаков вид на ибадет без знаење?    
Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: „Барање наука е строга обврска на секој муслиман и муслиманка." (Таберани)
Драги браќа! Во корист на времето и опширноста на оваа значајна
тема -Иншаалах- Ќе продолжиме и понатаму да дискутираме и расправаме на
оваа значајна тема. Го молам Возвишениот Аллах да нé упати на правиот
пат и да го избави овој уммет од Ќорсокакот во кој западнал, да му го
поврати угледот и славата под сенката на Неговата вера. Амин!



Vredi uste ednas da se postira, za da ne podseti vo koja maka sme!
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 23:27
A BE MOMCI -SITE-KOGA ZBORITE ZA MUSLIMAN , ZEMATE ZA PRIMER EDEN SREDEN COVEK, I TOA OD NASATA OKOLINA, KADE SITE SPORED MENE SE DO ODREDENA STEPEN NEOBRAZUVANI. ZNAETE VIE STO MUSLIMANI IMA VO DRUGITE ISLAMSKI DRZAVI PR TURCIJA- DOKTORI I DOKTORI(EVE PRIMER IMA BOLEST NA BEHDZET), DA NE ZABORAM ZA MALEZIJA, SINGAPUR I DR. A ZA TOA DEKA IMA NEKAKOV ZASTOJ SOGLASEN SUM, NO VO TOA SE KRIVI ODREDENI LUGJE VO POZICIJA VO TIE DRZAVI KADE TEHNOLOSKITE I NAUCNITE INOVACII GI POVRZAA SO ..GREVOT...
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
Fantastic Lady Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2008
Локација: United States
Статус: Офлајн
Поени: 169
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Fantastic Lady Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 01:38
               I Story
Zemjata odeshe niz faza na dlaboki opshtestveni problemi,,,I se stravuvashe deka mozhe da dojde do krvoprolevanje,,,pa se imashe itna potreba od Confucious I negovite soveti…
Otkako go pobaraa niz celata zemja,,, go najdoa kako meditira ,,,sedejki pod edno drvo…

“Master”,,,urgentno ni e potrebna vasheto prisustvo vo vladata”-mu velea tie,,,”sme na pragot na chaosot”....
Confucius prodolzhuvashe da si meditira,,,,

”Master ,,ti si ne nauchil nas,,,deka ne treba da bideme indiferentni,,,i treba da se grizhime za svetot”...togash Confucius odgovori:

“Vo momentov se Molam za nashata Zemja”,,,”posle ke odam da mu pomognam na chovekot koj zhivee blisku mene”...”Pravejki toa shto e vo nash*te mozhnosti,,,nie im pomagame na site,,, site beneficiraat od toa”...
”Izleguvajki so idei,,,kako da go pomogneme svetot,,,nie ne si se pomagame duri sebesi”...”Postojat iljadi patishta za da se involvirash vo politikata”...”nema potreba za mene,,,da bidam “part”...od vladata”...


                      II Story

nekoi lugje go prashuvaat eden chovek koj chesto se molel,,,,za toa shto treba da barat od Bog....shto e toa shto e najpotrebno za niv??

Chovekot odgovorel: “Koga bev mlad,,,se klanjav pred Boga i go molev da mi dade sila da go smenam choveshtvoto”,,,no posteperno sfativ deka toa e neshto nad mene,,,,,i pochnav da go molam Gospod,,,da mi pomogne da go smenan svetot okolu mene”...
No samo sega ,,,na krajot na mojot zhivot uspeav da go sfatam toa shto trebalo da pobaram od Bog,,,,na startot...a toa e

“DA MI SE DADE SPOSOBNOSTA DA SE PROMENAM SEBESI”....
Write your name in kindness, love,nd mercy,nd leave behind you a monument of virtue that the storms of time can never destroy.
Кон врв
muhadzir Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Март.2008
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 740
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај muhadzir Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 01:39
Najvaznite faktori za stagniranje na Muslimanite

Sekib Arslan golem islamski naucnik, smeta deka najvaznata pricina za stagniranjeto na muslimanite e neznaenjeto, medzu koi ima i takvi koi neznaat da napravat razlika pomedzu vino i shirata, pa sufizmot go primaat kako aksioma koja nedava da se pobie.  Majnkavosta na znaenjeto e eden od najgolemite uzroci za nazaduvanje na muslimanite. Toa e poopasno od prostoto neznaenje, zatoa sto koga neznalicata ce naide na nekoj ucen vodac, ce go poslusa i nema da mu mudruva, dodeka onoj koj ima majnkavo znanje ne znae a i nemoze da se uveri deka neznae.
 Eden od povaznite faktori za stagnacijata na muslimanite e i moralnata pokvarenost. Mnogu mudro kazal Sevki: "Narodot go socinuva samo moralot, dodeka postoi.. koga ce iscezne moralot isceznuva i narodot"  No pred se najvazno vlijanie imala pokvarenosta na moralot na Islamskite vodaci, koi sto smetale deka narodot e stvoren poradi niv, i deka mozat da pravat so nego sto ce posakaat. Ovaa misla vo niv  fatila dlaboki koreni, sto se kaznuvale site sto ce gi pocele za praviot pat. Za ova "golema blagodarnost" im pripadza i na taka narecenite Alimi koi sto im laskale na vodacite, i  nosele Fetvi so koi se dozvoluvalo slobodno da se ubijat sovetnicite vrz osnova na toa sto bile nepokorni i se otrgnuvale od zaednicata.  Od druga strana Islamot im preporacuval na Alimite da go reguliraat pravecot na vladarite, da go podigaat glasot koga vlasta ce se pokvari i da gi povikuvaat vodacite i nimi pokornite na praviot pat.  No so tek na vreme site vrvni Alimi gi nasledile nedostojni naslednici, koi naukata ja napravile zanimanje za egzistencija, a verata zamska za steknuvanje na bogatstvo, pa taka i gi odobravale od pokvarenite vodaci site nedela, i im dozvoluvale vo imeto na verata da gi prekrsuvaat verskite odredbi. Tpa go pravele, a bednata masa ja izlazuvale so goleminata na turbanite na tie Alimi, i visokite pozicii sto gi imale, mislejki deka nivnite fetvi se ispravni, i deka nivnite stavovi se vo sklad so serijatot. Pokvarenosta so toa uste povece rastela, opstite interesi propadzale, muslimanite zaostanuvale , a neprijatelite na Islamot se podignuvale i se zajaknuvale. Za se toa se odgovorni tie Alimi.

ISLAM VJERA ISTINE
Кон врв
Omer El Faruk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 997
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omer El Faruk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 01:42
“DA MI SE DADE SPOSOBNOSTA DA SE PROMENAM SEBESI”.... од Фантастик Лејди)


Амин сестро,Амин!

Иншаллах сите ние да го осознаеме Аллаховиот пат и да се владееме според него.Само на тој начин ќе можеме да се измениме себе си,да бидеме позитивни за себе а и за сите кои не опкружуваат.
Кон врв
Aisha Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Локација: Palestine
Статус: Офлајн
Поени: 1119
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aisha Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 01:47
O Lady dobro ni dojde nazad draga! Odamna te nemase....
Inaku ima edna druga prikazna, vsusnost slucka koja mu se slucila na Muhammed el gazali a toj ja prenesuva vo knigata "GOrka istina". Mu dosol nekoi pobozen covek (ova se slucuva vo Arapskite zemji) i mu rekol deka samo sto zborel so eden stranski novinar i uspeal da mu gi otrgne predrasudite za muslimanite. Koga ovoj go prasal sto novinarot rekol na kraj, toj mu gi prenel negovite zborovi: "Pa vie muslimanite ne ste nikakva zakana za svetskiot poredok, spored muabetot so tebe zakluciv deka vie razmisluvate samo za Onoj svet, i posveteni ste samo na molenjeto."

Sepak nie sme namesnici na Zemjata, i vreme e da se odnesuvame kako namesnici, a ne kako potrckovci i sebicni luge, okupirani kako sebe si da se zadovolime i svoite strasti. Nie da sme upateni, a za drugite....


Inaku, Sekib Arslan spored mene e eden od onie luge koi najdboro ja opisal sostojbata na muslimanite vo knigata: "Kako da ummet ponovo vrati svoj ugled." Izobiluva so prekrasni razmisluvanja i primeri.


Изменето од Aisha - 24.Април.2008 во 01:54
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 16:11
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Знам дека смеам.голема%20насмевка

Прво, Исламската култура го доживеа својот процут токму во времето кога се следел исламот. Но подоцна, а и под влијание на надворешните големи сили на кои им одело во прилог муслиманите да останат неписмени, т.е. да заостанат, со поставување владетели “од страна“ а не избрани од самиот народ. Капиталистичкото уредување е засновано на материјални, но не и морални вредности. Тука имаме судир на вредности. Доколку им се дозволело на моралните вредности и достигања да дојдат до израз, ќе беа загрозени материјалните апетити.

Друго, поставувањето лидери од страна на запад, грижливо избрани со муслиманска маска за пред својот народ, доведе до “поткуп на исламското свештенството во полза на владетелот“ и да го убеди народот дека всушност работи на промопвирање на верските вредности, а во реалноста се оди на споротивното.

Трето, намерното осиромашување на овие народи и покрај природните ресурси кои можат да обезбедат изобилие, а кои ги поседуваат скоро сите исламски држави, доведе до тоа да главна шпреокупација на жителите од исламскиот свет биде “грижата за утрешниот леб“ наместо наукаат и писменоста, и покрај тоа што зборот    اقراе  даден со императивно значење и завзема прво место во к*ранот. И покрај разните хадиси кои ја истакнуваат потребата од науката (“Барај ја науката макар и да е во Кина“, еден хадисголема%20насмевка), и покрај огромната почит кон писмените и учени луѓе, се забележува една декаденција. Одредени искорумпирани муфтии започнале да го искривуваат учењето, со тоа што описменувањето и образованието го ограничиле само на мачката популација, иако горенаведениот глагол “Читај“
اقراсе однесува ПОДЕДНАКВО на двата пола. Самиот факт што  цели генерации жени останале неписмени, постепено го намалувал мотивот за учење кај женската популација, но со тоа и кај машкта....Од друга страна, забраната на жената да работи (кое нема к*ранска поткрепа) ја оптоварила машката страна да го занемари образованието и да работи за да обезбеди храна за семејството...
وهذا غيض من فيض
 Ова е тек за почеток, браќа и сестри форумски, се надевам дека оваа дискусија ќе земе убав тек, а јас би била пресреќна кога барем малку би допринела за пронаоѓање на споменуваниот лек за исламот наведен погоресреќа
Би било непристојно да кажам дека се сомневам во тоа дали е твој текстов.
Затоа, ќе те пофалам, оти ни јас поубаво не би ги објаснил точкиве.намигнување
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.