![]() |
|
Фан клуб Интер |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 7> |
Автор | ||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 06.Јули.2012 во 05:00 |
|||
СТАНКОВИЌ: ВО ИНТЕР ДО ПЕНЗИЈА!Дејан Станковиќ изјави дека ќе ја заврши кариерата во Интер, бидејќи неможе да се види себеси во некој друг клуб. Доскорешниот капитен на репрезенатацијата на Србија во Интер дојде на почетокот на 2004 година од римски Лацио. Кариерата ја започна во Црвена Звезда, а за репрезентацијата на Србија одигра 102 натпревари. Оваа недела се појавија некои теории за трансфер на Станковиќ во некој клуб надвор од Италија. Еден од најзаинтересираните беше Вест Хем. „Ќе ја завршам кариерата во Интер. Среќен сум овде и секогаш ќе му бидам благодарен на претседателот Морати. Не можам себеси да се замислам на друго место, сакам да останам во Интер. Повремено ми минуваат некои мисли и идеи низ главата, но не можам да се видам како го напуштам клубот“, рече Станковиќ за италијанската телевизија Скај спорт. Станковиќ на кого во мај му беше оперирана ахиловата тетива истакна дека што побрзо сака да се врати во форма. „Убаво е кога добиваш понуди на 33 години, тоа значи дека сеуште вредиш. Сега размислувам само за тоа како да се вратам во форма. Поминаа два месеца од операцијата и сакам што побрзо да се опоравам. Добро се чуствувам и со нетрпение чекам да почнам да тренирам со клубот“, рече Станковиќ. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
КИВУ ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТАгентот на Кристија Киву, Виктор Бек потврди дека е постигнат договор со "нероаѕурите" за продолжување на соработката."Постигнавме договор и соработката ќе продолжи" изјави Виктор Бек за интернет спорталот FCInter1908.it"Сите мислеа дека Киву ќе си замине, но ние постигнавме договор за продолжување на соработката. Киву ќе остане уште 3 години во Интер и ќе заработува по 3 милиони по сезона"додаде Бек.Киву пред Интер играше за Ајакс и Рома. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Масимо Морати му даде отказ на Клаудио Раниери по поразот на Интер од Јувентус и вечерва за нов стратег на првиот тим го постави Андреа Страмачони, тренерот кој со младиот тим на Интер ја освои „бејби“ ЛШ. Сопственикот на „нероаѕурите“ конечно реши да го отпушти Раниери, кој доживеа порази со тимот на Интер на сите фронтови оваа сезона. Доживеа елиминација во ЛШ, во Серија А е далеку од врвот, а нема да се бори за трофеј ниту во Купот на Италија. „Му се заблагодаруваме на Клаудио Раниери и на неговиот тренерски тим за работата во досегашниот период. Сепак, се решивме да ја прекинеме соработката со Раниери и во иднина тимот ќе биде предводен од страна на Андреа Страмачони. Станува збор за млад стручњак што бележеше добри резултати со младинскиот тим, а сега ќе добие шанса и со првата екипа“ - се вели во клупското соопштение на Интер. Како привремено решение на клупата на Интер е поставен 36-годишниот Андреа Страмачони, кој најверојатно ќе го води тимот до крајот на сезоната. Како можни наследници на Клаудио Раниери се споменуваат многу имиња, меѓу кои Андре Вилјаш Боаш, Лорен Блан, Синиша Михајловиќ, Валтер Зенга... Останува да се види дали ангажманот на Страмачини ќе значи и крај на резултатската криза на Интер, ако се знае дека на „нероаѕурите“ сериозно им се заканува воопшто да не учествуваат во европските купови следната сезона. Заминувањето на Раниери значи и предвремен отказ за четврти тренер на Интер во последните две сезони, откако Жозе Мурињо го напушти овој клуб за да се пресели во Реал Мадрид. Оттогаш, Бенитез, Леонардо, Гасперини и Раниери не се снајдоа на оваа функција, останува да се види дали тоа ќе му појде од рака на Андреа Страмачони. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Moрати: Eто заминува, Снајдер останува со нас, оваа година ќе гледате силен Интер
Морати за весниците Газета дело Спорт и Кориере дело Спорт говореше за иднината на Ето и Снајди, за трансфер пазарот и за скудетото од 2006.
|
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Гасперини седна на клупата на Интер!
Џан Пјеро Гасперини е нов тренер на Интер. Договорот меѓу Интер и Гасперини е потпишан на една година, а доколку има резултати ќе има можност за продолжување на уште една. Клубот попушти и ќе му даде шанса, а интересно е што со себе нема да може да ги доведе кондициониот тренер и тренерот на голманите, поради неговото минато во Јувентус. Гасперини себеси честопати се нарекуваше војник на Јувентус, но никогаш не ја доби истинската шанса да работи во градот каде се роди. Како играч ги помина сите младински категории и доби неколку шанси во првиот тим, но набрзо го напушти Јувентус. Неговата генерација во првата половина на осумдесетите години го покори светот и на клубско и на репрезентативно ниво. Тренерската кариера ја започна во младинските школи на Јувентус. Како тренер на сениорска екипа започна во Кротоне со кој избори пласман во втората лига, а од 2006-та до 2010-та година седеше на клупата на Џенова, со која се врати во Серија А и изори пласман во европските купови. Гасперини според италијанските медиуми во Интер ќе заработува 1,2 милиони по сезона. Тој е четвртиот тренер во последните 12 месеци кој ќе седне на клупата на Интер. Пред една година ИНтер го напушти Жозе Мурињо, потоа дојде Рафа Бенитез, а тимот до крајот на сезоната го предводеше Леонардо кој сега ќе замине како спортски директор во ПСЖ. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Леонардо го напушта Интер?
Милански Интер би можел да остане без тренер, доколку се исполни желбата на сопственикот на Парис Сент Жермен. Богатите шеици од Катар, сопственици на 70 отсто од парискиот клуб, сакаат Леонардо да го превземе местото технички директор на екипата, функција која ја вршеше и во Милан. Леонардо за ПСЖ настапуваше во периодот од 1996. до 1997. година и моментално се наоѓа во Доха на преговори |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Леонардо: Минатата година трет, оваа втор, следната година на првото место!
|
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Интер планира 15.000.000 евра од Пандев и Милито
|
||||
![]() |
||||
robert 22 ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 28.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 56 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Да, слушнав за Робен, мислам дека ќе биде фантастично да се види во Интер, но тоа ќе значи Пандев надвор од Интер. Јас бев Интераш пред да дојде Пандев и ќе бидам долго после тоа, но сепак повеќе сакам да го гледам Гоче отколку Робен.
Инаку за вгодина ------------Пацини------------ Робен-------Снајдер--------Ето --------Мота-------Перота----- ------------Камби------------ занети-----ранок---лусио----Маикон -------------Цезар------------- Мурињо........ Мислам дека ако дојде последниов ни засилувања не ни требаат :)) |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Интер - за Робен 30 милиони евра
Интер е подготвен да понуди 30 милиони евра за крилото на Баерна Минхен, Арјен Робен. Ова не е прв пат Робен да се поврзува со екипите од Серија А, бидејќи Јувентус и Милан од поодамна се заинтересирани за неговите услуги. Сега одненадеж се појави можноста Интер да го купи 27-годишниот фудбалер, а според медиумите, понудата наскоро ќе биде испратена на адреса на Баварците. Робен можноста да го напушти Минхен ја отвори со констатацијата дека Баерн мора да игра во Лигата на Шампионите, што же биде неизвесно до последното коло во Бундес лигата. На потег ќе биде управата на Баерн, а 30 милиони евра можеби ќе ги задоволат апетитите на Баварците, бидејќи Робен доста често имаше проблеми со повредите. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Голманот на “нероазурите“ го повика својот талентиран сонародник од Сантос да му се придружи во редовите на европскиот шампион.По веста дека Гансо и соопштил на управата на Сантос дека нема да потпише нов договор и дека сака да се пресели во Европа, се разгоре интересот на “стариот континент“ за 21-годишниот талент. Најсериозни во тој интерес се градските ривали Интер и Милан. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Претседателот на Интер не ја крие својата желба во својот тим следната сезона да го види играчот на Удинезе.Масимо Морати ја изрази својата воодушевеност од игрите на Алексис Санчез оваа сезона, како и желбата ова лето да го донесе Чилеанецот во Интер. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Нагатомо: Интер беше мојот сон!
Јуто Нагатомо му се придружи на Интер откако го освои Купот на Азија со репрезентацијата на Јапонија, предводена од тренерот Алберто Закерони. Денес беше одржана официјалната прес-конференција на која беше претставен новиот фудбалер на Интер. |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |