IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Од темната уметност
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Од темната уметност

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака Обратен редослед
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Од темната уметност
    Испратена: 16.Март.2014 во 16:36

ПРОМОТИВЕН ОСВРТ
кон поетската книга „Готска жена“
од Даница Петровска

     Дозволете ми да го започнам мојот промотивен осврт кон дебитантската поетска книга на Даница Петровска, која неодамна ја објави реномираната издавачка куќа „Макавеј“, со една општа констатација што, според моите согледби, го содржи нејзиното иницијално идејно-тематско јадро: Сите ние барем еднаш во животот, ако не и повеќепати, се имаме најдено во ситуација кога сите обиди да оствариме одредена цел биле безуспешни, сите наши напори пропаѓале, при што за ваквиот развој на настаните не сме можеле да утврдиме некоја причина која има реална основа и рационално објаснување. Во тие мигови неизбежно е да се почувствуваме како да сме оковани во невидливи пранги и како да нè има заробено некое натприродно суштество кое си поигрува со нас. Нашата немоќ да ја контролираме ситуацијата и да ги оствариме нашите замисли првично предизвикува незадоволство, што потоа преоѓа во револт против фрустрирачкото собитие, кое може да биде персонифицирано во надредено метафизичко битие. Како консеквенца на ваквите ситуации доаѓа до обликување имагинарни поими и претстави за невидливи ентитети.
     Токму оваа причинско-последична спрега би можело да се определи како креативен иницијатор за создавање на книгата „Готска жена“, која претставува кохерентна и концепциски обмислена поетска објава, за што недвосмислено сведочи фактот дека песните од кои е составена имаат заедничко идејно-тематско јадро. Авторката преку насловот на стихозбирката укажува на тоа дека нејзините песни се надоврзуваат на готската книжевност, којашто има повеќевековна традиција во Европа и САД. Патем кажано, за зачетник на готската книжевност се смета англискиот писател Хорас Валпол, чие најважно дело - романот „Замокот Отранто“, за жал сè уште не е преведен на македонски јазик, но, за среќа, имаме многу други дела од значајни писатели, како Ернест Теодор Хофман, Едгар Алан По, Мери Шели, Емили и Шарлот Бронте, Роберт Луис Стивенсон, Брем Стокер, Емили Дикинсон и др. Она што е главна содржинска одлика на готската книжевност - доминација на стравот, ужасот и морничавоста, првенствено предизвикани од натприродни причинители, целосно е присутно во книгата на Петровска. Притоа, како клучни мотиви во песните од оваа авторка може да се наведат Сатаната и неговите придружници - демоните, односно ѓаволите, потоа вампирите, самовилите и сеништата, како и некои реални суштества кои предизвикуваат негативни асоцијации како волкот, змијата и гавранот.
     Лирскиот субјект во песната „Покана“ го претставува паднатиот ангел, односно Сатана, како свој кум, при што го определува и како вистински автор на стиховите. И во песната со наслов „Казни ме“, лирскиот субјект повторно ја нагласува ѓаволската основа на своите стихови („во мене тече демонска крв/ зло семе [...] посадив во утроба моја,/ демон на омраза и зла песна“) , но се обраќа кон Бога, барајќи од него спас: „клекната во тишина молам,/ згази го демонот во мене да бидам слободна“. Наспроти придавањето демонски карактер на поетското творештво во овие две песни, во песната „Месечина“ можеме да ги прочитаме следниве автореферентни стихови во кои токму месечината е претставена како извор на инспирацијата: „Месечината ме довикува песна да напишам,/ сјајот нејзин пулсира во моите очи и душа,/ занесено го слушам звукот на тишината/ од неа ја црпам мислата, стихови редам“.
     Освен конвенционалните готски мотиви кои призлегуваат од христијанството (како Сатаната и демоните, односно ѓаволите) и од фолклорот (како вампирите и самовилите), во песните на Петровска може да се сретнат и други видови поетски слики. На пример, во песната „Вечерна молитва“ лирскиот субјект молитвено и молбено се обраќа кон немилосрдниот јавач во времето, барајќи од него да ги ослободи душите на грешните жртви, кои се заробени во неговата капела, при што „темнина[та] пајажина плете околу душата,/ студ клет во темните ѕидови на искрвавеното срце,/ глас на немиот врисок расплакан во тишина“.
     Од сето ова можеме да го изведеме заклучокот дека поетскиот свет на Петровска главно е исполнет со натприродни, имагинарни и метафизички појави кои се олицетворение на злото и деструктивноста, при што оваа авторка првенствено е сосредоточена на ноќта, темнината и тишината.
     Разгледувајќи ги песните од кои е сочинета оваа книга на формално-стилско рамниште, ќе увидиме дека тие се одликуваат со елиптичност и претставуваат низи од куси искази. Сликовито кажано, поетските записи на Петровска се еден вид колажи од метафорични и метонимични секвенци. Преку ваквата структура, поетесата го поттикнува читателот да има активен однос кон записот и, тргнувајќи од иницијалните искази од кои се составени песните, да обликува сопствена претстава, која може да биде побогата и поживописна, или поедноставна, во зависност од неговата имагинациска моќ.
     Заклучно, дебитантската книга на Даница Петровска претставува кохерентно поетско остварување кое сосема оправдано го носи насловот „Готска жена“ и, оттука, уверен сум дека ќе најде свои читатели и почитувачи пред сè меѓу љубителите на готската книжевност.

Јовица Тасевски Етернијан
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:33

Пресек

Го пресекоа зборот со молчење,
предавници на тишината
го продадоа за само еден шепот,
одекна глас на птица грабливка .
И повторно молк,
го краде зборот на недореченост ,
писка во матен мрамор на самотија ,
одекнува во празнотија пуста.
Разделена тишина во молк,
и зборот сега е празен во гласот,
и зборот сега е нем во мислата,
и зборот сега е пресечен во глас.
Немиот молчи од немоќ,
глувиот молчи од тишина
слепиот молчи од темнина,
зборот молчи од нем шепот.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:31
Казни ме

Не ме носеа во црква,велеа: `Господ не постои`,
не крстена сум под твое име и небо,
ѓаволи и демони се нафрлија,ме силуваа,
со демонска крв ме попрскаа:
`Тоа е наше не крстено дете`!
Казни ги неверниците,
згази ги демонските сили во нив!
Со години не одам во црква,
страв ми е од миризба на изгорени свеќи,
кандило што се ниша,
ме плаши името твое,се откажав од него.
Казни ме,неверничка сум,
во мене тече демонска крв,
зло семе што посадив во утроба моја,
демон на омраза и зла песна.
Твоето име го плукав и колнев,
повторно се откажав од тебе,
клекната во тишина молам,
згази го демонот во мене да бидам слободна.

Даница Петровска.
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:30
Лице без контури

Те поздравувам тебе
лице без контури,
сокриено во празни мисли,
помеѓу тајните на времето
со раце собрани во пазуви,
чекор одекнат во нечии сетила .
Ти си никој и ништо,
не постоиш без раце и перо,
енергија во шака собрана
пат во бесконечна тишина,
јад и болка без плач осамен
помешана радост од туѓа среќа.
Кројам лик во моите мисли
очи од болка ти ставам
но, солзи ти немаш,
усни со јадови прекриени,
кожа со збрчкани насмевки,
фигура од мермер врежано
Цртам лик во моите очи,
пишувам да не те отфрлам
да не го слушам плач без очи,
да не се криеш во несвесно
за да не сонувам лице без контури.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:28
Казна

И повторно во нејзин сон
со здив на мртвило немирно,
бара живот од топла крв
да исцица животен сок.
Те почувствува немоќно
молитва од Севишен не бара,
не ги слуша проколнатите жени
што дарба сотона им подарил.
Ја силува нејзин немоќ,
глува песна за смртта пее,
ја крева и спушта на земјата
гребе по нејзината пророчна душа.
Казна ли е,грев ли е пророк да си,
или тоа Севишен одбрани души казнува,
со смртта поблиску да се,појаки да се
да го признаат името негово од човек дадено.

Петровска Даница
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:27
Diabolus

Згасни се небесен огну,не свети,
плач на волкот еве го слушам,
крв зовриена во вени шупливи,
модри усни од гризење немирно.
Ах,ти што крв и поглед пиеш,
сенко на сонот што немир ткаеш,
очи твои студена празнотија
леден поглед по вратот врел.
Разделен живот на две половини,
смртта вечна слуга на слугата ,
се предава на магија црна ,
на студено име на темнина.
Илјада црни пеперутки летаат
го воздигнуваат моето име на ѕвезда,
чекаат во сонот несонет да згасне ,
демнеат во ехото на песната.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:25
Косач

Ги исече сите корења,
ја раскопа сета земја црна,
во неа закопа стихови,
штом дожд паѓа таа плаче.
Од болка се тресе,
голта тешки зборови,
песни на тажна самовила
вечерва месецот тага плете.
Еден стих патот го најде
`Ја носат диви ветрови,
љубов во болка се претвара,
пуста душа демони ја гушкаат,
тело нејзино црни канџи милува`
И повторно крик се слуша:
`О,ти што ме напушти,
гледам трите сестри плачат
црнила од моја душа гледаат,
тешки зборови и камења фрлам.
Душа што црнило мрежа плете
усни погани клетви тешки редат,
од секој збор огнени топки фрла
солзите мои неможат да ги згаснат`
Косачот не мирува,
остри се неговите зборови,
сече се што убави зборови посадил,
сега е сеач на црни болни јадови.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:24

Пустински човек

Јас пустински човек
донесен од бурен ветер,
создаден од црн песок
расфрлан во празнина сува.
Заскитан,изгубен патник,
капка љубов вода ќе сум,
верба во патот изгубен,
надеж за животот пустински.
Три сестри ќе пратам,
првата е сакана љубов,
втората е капка верба,
третата е трошка надеж .
Една мајка нив ги роди
мене син единец остави,
низ живот пуст талкам
носен од ветрот бурен.
Сега сум пустински човек
патоказ за изгубени души,
надеж изгубена им дадам,
верба и љубов во животот пуст.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:23
Мртви можат да играат

О,за нив милост нема,
нивна карма вечен бол ,
тука се раѓаат и умират
нивни души живот живеат.
Мртви можат да играат,
игра нивна таговна и јалова,
зад црните усни насмевка,
во очите живот пустински.
О,за нив среќа нема,
ги заборави,ги напушти,
надеж смртта ја зграпчи ,
живот празен во црни усни.
Мртвите можат да играат,
игра нивна живот и смрт ,
раце кренати,скршени прсти,
колена модри од молитви.
О, за нив молитва нема,
спас на мртовец кој игра,
гласот нечуен ,поглед изгубен
тело од болка во круг заробен.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:22
Мостот

Се урна мостот по кој ноќе чекорев
сега неможам да дојдам до тебе,
мостот на илузии се распрска
пред мене бездна ,неможам да ја прелетам.
Се скршија крилјата од мечтите
сега се плашам да ги сошијам,
страв ми е закрпени мечти да не се скинат
останаа само рацете да се молам.
Молтвите никој не ги слуша
никој солзи не ги види,
никој не сака рането срце
молитвата ќе ги сочувам за себе.
Повторно сум во рапавите раце
реалноста гребе по сета внатрешност
впрочем таа е победникот на илузија
не,несакам таа да ми е утеха.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:20
Тишина

Звук на тишина осамен
штом го слушнав заплакав,
тапан во моето срце одекна
тишната за миг се стресе.
Тело што од болка пулсира,
крвта во модри вени зовриена,
се разбуди ѕвер од зборот ранет
јазици змиски грло му стегаат.
Урлик во тишина се слушна
одекна ехо во тишина празна,
лелек страшен од душа излезен,
тишината за миг се исплаши.
Немој тишино! Не плаши се,
тоа тапан од срце одекнува,
тоа болка од душа е излезена,
тоа ранет ѕвер јадови кажува.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:16

Месечина

Месечина ме довикува песна да напишам,
сјајот негов пулсира во моите очи и душа,
занесено го слушам звукот на тишината
од неа ја црпам мислата,стихови редам.
Ти,прекрасен сјај месечев што ме мамиш,
ти,што мир во тебе вечерва го најдов,
ти,што од смртта вечна не се плашам,
ти,што сила ми даваш да пеам за тебе.
Еве,вечерва песна за тебе напишав
ти ја подарувам уште сила да ми дадеш,
еве,вечерва за тебе играм во ноќта
осветли ги моите боси нозе од болка.
Телото молитвено се свитка пред тебе,
о,светлост вечна ,подари ми го сјајот,
осветли го моето лице на осаменичка,
покажи ми ги твоите скали од светлина.
Ти ја подарувам мојата песна на тишина,
слушни го гласот на расплакан ѕвер,
ранета душа прими ја лек да најде,
раните со твојот сјај јас да ги лечам.

Даница Петровска
“Готска жена“

Изменето од Дак - 16.Март.2014 во 16:19
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:15

Ангел на темнината

Твоите очи студенило,темен мрак во нив,
души без љубов,верба и надеж,кај тебе се,
земи ме,душа што од три сестри се раздели,
крик од болка,лелек од копиле крстено.
Ти, ангелу на темнината,погледни ме!
Има ли живот во душа расцепена од болка,
очи, што сјај во нив гасне со солзи врели,
срце рането,лажни искушенија од молитви
крвта ледена од срамот, отровни стрели од зборот.
Ангел на темнината очајно крикна !
Подари ја душата со бакнеж,ангел на темнината те чека,
ќе ја победам светлината,сјај во мои очи ќе згасне,
твојата душа подарена, светлоста да ја расплаче и растажи,
за твоите молитви и искушенија војна со светлоста поведи.
Не давам здивот да ми го земеш,душа ми украдеш,
уште една борба на црн ангел изгубена ќе е,
каде ја изгуби милоста,исчезна зад шестото крило
темно се како твоите црни дупки од празнотија.
Твојот здив мириса на измама,твојот пекол е душа,
талкач на изгубени души,крик што душа немаш ,
отфрлен од светлоста што во темнина те зароби,
твоите крилја ангелски ,од твое црнило потемнеа.
Кога небото повторно ќе се отвори
ќе ја фрлам пепелта од мојата душа,
ќе се сокријам во очите на светлината
повторно ќе се родам со душа вечна.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:15

Dreamer

Сонувачу каде си,каде исчезна,
дали сонот за себе те зароби
или разбуден си од долгиот сон
можеби сонуваш со очи отворени.
Ако ја сонуваш месечината
дознај ја вистината нејзина,
ако сонуваш за Акаша
сокриј го сонот од души јалови.
Ако сонот е само твој
ќе издржиш ли тајна да сочуваш,
прана животна во себе вдахни
сонот буден да биде реален.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.