|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 7891011 97> |
Автор | ||
evangelist
Сениор Bože ne znam šta mi je, pale m Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Алдра - монасите со нивните дела и љубов проповедаат повеќе од било кој протестански пастор - тоа не е тешко да се разбере.
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Православие, одговори ми на следново прашање: Одиш на планина, на излет. Одеднаш гледаш експлозија, од некој вулкан започнува да тече лава... нормално почнуваш да бегаш удолу. Стасуваш до некое планинско село, кое со сигурност ќе биде зафатено од лавата. Нема ли да им кажеш на селаните да бегаат и да се спасат? Нема ли да побараш помош од некој друг да оди и во некое друго село и таму да ја пренесе истата информација? Сигурен сум дека ќе го сториш тоа, зар не? Тогаш каква е разликата помеѓу оваа илустрација и реалниот живот? Секој Христијанин е свесен за лавата (смртта), свесен е за сигурноста дека селаните (читај: сите луѓе) ќе настрадаат. ОБВРСКА ни е да го шириме Евангелието, Божјата Спасоносна Порака. Не можеме да се ценкаме со Бога, да Му речеме: ,,Боже нема да крадам, лажам, убивам... но нема да Го ширам Твоето Слово’’. Зошто? Затоа што евангелизацијата е дело на љубов. Ако сакаш некој човек да се помири со Небесниот Татко, зар не му посакуваш добро на тој човек? Зар не го љубиш со тоа што му го покажуваш Патот?
А што се однесува на второто прашање, ,,Дали само световните христијани можат да Му служат на Бога?’’- па да, само тие, затоа што само такви Христијани и постојат на Земјава. Колку сакаш негирај го ова, но дури и монасите кои седат во планините, се световни, живеат во овој свет, имаат свои телесни потреби, грешат како што греши секој човек... Во што е разликата? |
||
Вера, надеж, љубов
|
||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Што мислиш AlDra дали сеој од нас е испратен да проповеда?
Дали само световните Христијани можат да му служат на Бога?
|
||
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па, јас познавам луѓе- Христијани, верници, кои си живеат спокојно, како што Православие ни објасни. Веруваат во Бога, смирени се, љубезни, грижливи... но, не се монаси. Живеат во светот, иако не се од светот, како што и Христос сака. Па, Христа не не испрати во планините, туку меѓу народот, да служиме и да ги доведуваме изгубените овци кај Пастирот. |
||
Вера, надеж, љубов
|
||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ај да ти дари Господ спасение и здравје што го спомна дедото...
Еве го и на сликава по успокојувањето:
Човекот го напушти овој свет со насмевка на лицето. Живеејќи подвижнички, за време на овој живот, тој успеа да Го види Бога и да спознае колкава радост го очекува после заминувањето од овој свет.
Важи она: “Световните Христијани (мирјаните) им се диват на монасите, а монасите на мирјаните“, ама јас навистина им се дивам на монасите: не се живцираат како едно чудо луѓе кои живеат во светов, не се обременети со грижи за ваква и таква храна, ваква и таква облека, раскошно легло, куќи и станови, технологија, не се грижат од што ќе живеат утре, на што ќе трошат пари задутре, кај ќе искачаат на свирка вечер, не киснат на шанкови, не им ги пробива ушите гласната музика, не оговараат колку бил лош комшијата, не анализираат колку поскапел бензинот, кој е најновиот модел на компјутер (читај “ѕвер“) за да го купат, кој е најновиот хит на Цеца за да го download-ираат, не зјапаат во телевизорот со саати, не се оптоваруваат со свинскиот грип, не се оптоваруваат со светската економска криза, не се фетишисти, ги имаат угасено страстите... Гласно велам: Блазе си им на монасите!! Наместо сите овие нешта, кои одземаат драгоцено време, тие целото свое време му го посветуваат на Бога, препуштајќи Му ги сите свои грижи Нему, што во суштина е најдобро - објективно гледано (зашто Се’Моќен Е и секогаш ги има и ги знае најдобрите решенија), а и е Евангелски - Господ Исус Христос не’ поучи така (видете во Евангелие според Матеј, Глава 6. Линк до Светото Писмо). Старец Јосиф во последниот миг од својот живот бил со насмевка на лицето? И ќе биде! А ние ќе се секираме цел живот и ќе умреме од секирации, ќе се јадеме едни со други и на крај ќе се изедеме! Нит ќе Го видиме, нит ќе Го запознаеме Бога. И кога ќе дојде моментот на средбата со Него, ние нема да Го препознаеме и нема да Го познаваме, а Неговите Вредности ќе ни бидат туѓи и далечни, зашто не сме навикнале да живееме, да бидеме реални - прекрасно, како што не’ поучи Тој!
И во светот мирјаните можат да живеат Христијански и има такви кои живеат така, но јас не зборував за нив, туку за широките маси... мислам дека разбравте...
|
||
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
||
evangelist
Сениор Bože ne znam šta mi je, pale m Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јеромонах Јустин Поповиќ
Философија на монаштвото - оправдание на аскетизмот Мачеништво е животот. Мачна е тајната на животот. Од неа проплакало секое око, над неа полуделе мноштво умови, покрај неа здивеле многу срца. Горчлива е тајната на животот. Со својата горчина проникнува се што живее. Не постои битие, коешто не го загорчила, нема нешто што не го поплавила. Појдеш ли кон висината, до последниот врв на висината – се е потопено во горчина; појдеш ли надолу, до последното дно на длабочината, и таму се е под потопот на горчината; отидеш ли на патот на ширината, и таму се е горчина до горчина. Нема човек кој при влегувањето во тајната на животот не заплакал од болка, од ужас, од изненадување. Чујте како новороденчето влегува во светот. Со лелек и пискот. Како да вели: не го примам овој твој свет, Боже, страшен е овој твој свет, Господи! Скроти ги брановите на горките тајни твои, животу! А, страшната тајна на животот, со сите свои страотии удира по малото тело на новороденчето, и тоа се превиткува, се грчи и повлекувајќи се наназад, како да сака да се врати во слатката тајна на небитието, од кое неволно е уфрлено во горката тајна на битието. Горчлив е твојот свет, Господи; јас морам да почнам со таа исповед. Заслади го, или уништи го, целосно уништи ја мојата самосвест, Ти се молам, услиши и помилуј! Нема сладост, да преноќи како сладост, а да не се разбуди како горчина. Се вкочанува јазикот во устата, кога човекот сака да воскликне: те восфалувам, Боже, затоа што сум прекрасно создаден! Незагорчената и незагорчливата сладост на битието е непознато чудо за оваа планета. Изгледа, дека горчината е квасец, со којшто се замесува тестото на секое битие и секоја твар. Со горчината е заквасен сиот свет и сиот живот во светот. Ја вкусиш ли горката тајна на светот, дури и ако самиот горчлив, ќе почувствуваш ужасна горчина. На своите патишта човештвото не знае за живот без горчина, реалност без горчина. Велат: Бог е живот без горчина, стварност без горчина. Но, токму тоа претставува, не оправдание на Бога, туку обвинение против Бога. Во тоа се состои потсмевот над човекот, а не утехата за човекот. Каква полза има човекот доколку знае дека постои реалност без горчина, а ја нема, и не ја чувствува како суштина на своето битие и живот? Доколку Бог, Којшто е апсолутната сладост на битието, Бог, Којшто е апсолутната реалност на сладоста, не постане иманентен на човекот и светот, не постане човек, тогаш нема ни право да биде Бог на човекот. Таков Бог би бил насилник и наметливец, бидејќи би бил битие туѓо за човекот, а не суштина на неговата самосвест и душа на неговата душа. Затоа никој од луѓето, и никој од натсветските, недопирливи богови не можеле да ја засладат горката тајна на животот. Но, тоа што не можел да го направи ниту еден од луѓето, и ниту еден од боговите, го направил единствениот вистински Бог, Којшто постана човек. Тоа го направил – Богочовекот. Тој влегол во самата матица на горката тајна на животот – во човекот. Се овоплотил во човекот, во душата негова, во телото негово, во самосвеста негова. И, ја засладил горката тајна на животот. И постанал единствена точка на слатката стварност, точка којашто постепено, како квасец нараснува низ тестото на светот, за да го заслади сиот свет, сета твар и целото битие. Богочовекот ја заслади тајната на животот, и објасни во што се состои нејзината горчина: гревот е горчината, којашто ја загорчила тајната на животот. Преку гревот стануваат горчливи сета твар и сите битија. Тргнете го гревот од животот, обезгрешете го животот, и, ете, сте ја тргнале горчината од животот, сте го засладиле животот. Гревот е горчината на битието. Безгрешноста е сладоста на животот. Господ Христос со Својот богочовечки живот токму тоа и го покажа, и го докажа. Во светот на гревот, живеејќи безгрешно, вистински покажал дека безгрешниот живот во овој свет е возможен и остварлив. Победувајќи го гревот, Господ Христос ја победил смртта, тоа исчадие на гревот, постанувајќи на тој начин оправдание на Бога пред човекот и оправдание на животот како дар Божји. Со своето воскресение, Господ органски го соедини овој живот со вечниот живот, давајќи му на животот апсолутна, вечна смисла и апсолутно, потполно оправдание. Без воскресението Негово, животот би бил и секогаш би останал бесмислен ужас и легло на анатемата за она што Бог и Творец се нарекува. Со воскресението Господ ја објасни смислата на постоењето на човечкото тело, го оправда животот на душата во телото, го оправда телото, материјата, и покажа дека безгрешноста е нормален живот на телото, дека телото е создадено за бесмртност и вечност. До Христа, животот беше бесмислен и без оправдание. Бесмислен, оти каква смисла може да има горкиот живот човеков, кога се завршува со смртта? Единствено со победата над смртта, животот ја добива својата неминлива смисла и своето непорекливо оправдание. Бидејќи со своето воскресение ги победил смртта и гревот, безгрешната личност на Богочовекот Христос постана за навек, и остана, единствената личност со којашто човекот може да ги победи гревот и смртта, да ја заслади горката тајна на животот, да му даде оптимизам на животот и да ја постигне богочовечката сладост на битието. Но, за човекот навистина да ги победи гревот и смртта, најпрвин треба безгрешната личност на Богочовекот Христос да ја направи суштина на својата личност. Тоа се постигнува со Светите Тајни на Црквата, преку богочовечките подвизи: верата и љубовта, надежта и кротоста, постот и молитвата, богољубието и братољубието, и други. Со нивна помош човекот ја стекнува во својата душа таинствената личност на Богочовекот, ја прави единствен вруток на својот живот и единствена создавачка сила во својата целокупна животна дејствителност. Неискажливо, смирениот Господ Исус без престан се смирува, и таинствено и благодатно се соединува со човекот, го проникнува севкупното битие негово, за најпосле Христовото обличје да се пројави во човекот (Гал. 4, 19; Рим. 8, 29; 6, 3–11; 2Кор. 3, 18). Богочовечките подвизи ја чинат душата Христолика. Затоа светата Православна Црква од искони ги усвоила, ги озаконила, и ги осветила тие подвизи како единствен Христодаден метод на христијанскиот живот. А, во Православната Црква подвижник е секој верник. Некој повеќе, некој помалку. Од секого се бара подвигот на верата и подвигот на љубовта, подвигот на молитвата и подвигот на постот, подвигот на смиреноста и подвигот на кротоста, и останатите подвизи после нив. Се бара и од царот и од Патријархот, од монасите и од мирјаните, од оној што е роб и од слободниот, од човекот и од жената. Светите подвижници само во целост ги практикувале подвизите, коишто секој Православен Христијанин ги практикува делумно. Тука е разликата во количината, не во квалитетот. Единствениот пат кон спасението се наоѓа во личното подвижништво. Со целокупната своја историја Православната Црква докажува едно: Христијанството е подвижништво од гревот кон безгрешноста, од смртта кон бесмртноста, од времето кон вечноста, од човекот кон Богочовекот. Со благодатните православни подвизи човекот постепено го потиснува гревот од својата душа, од срцето свое, од умот свој, од волјата своја, од телото свое, додека сосема не го истисне. Тоа, на луѓето им го покажал и им го докажал самиот Господ Исус Христос (Мат. 17, 14–21; Марко 9, 17–29). Тоа, на себе го докажале и на другите им го покажале светите апостоли и светите маченици, светите исповедници и светите отци подвижници. Тоа без престан го покажува Единствената, Света, Соборна и Апостолска Православна Црква. Сите собрани богочовечки подвизи сочинуваат метод на православниот живот. Нив, како метод на животот, ги употребувале и ги употребуваат сите вистински следбеници на Господа Исуса Христа, сите православни подвижници. Живеејќи со тие подвизи, подвижниците ги победувале страстите и постанувале бестрасни, ги победувале пороците и постанувале беспорочни. Изградувајќи и преработувајќи се себе си низ богочовечките подвизи, православните подвижници правеле од себе си личности со неискажлива красота, неискажлива доброта и љубов, молитвеност и милостивост. Во нив Православието дало свое православно објаснение на животот и свое православно оправдание на животот. Горката тајна на животот, принесена преку Светите Тајни и богочовечките подвизи, постанала слатка, зашто благодатно, органски се сраснала со светата тајна на вечниот живот. Преку нив животот постанува блага вест, од нив росата на благодатта Божја ги оросила и нашите грешни души. Со своите христокопнежливи молитви, подвижниците непрестано ги освежуваат нашите, од гревови исушени души. Нивните подвизи во Црквата не престануваат, тие се вечни, богочовечки, како и нивните бесмртни личности. Погледнете ги нашите прекрасни христокопнежливи светители: Сава, Наум, Прохор... Не се ли тие, и целиот нивни живот, и целата нивна дејност, до смртта на земјата и по смртта на небото, најдоброто оправдание за православното подвижништво, аскетизмот на православието? Погледнете ги нивните чудесни личности, коишто со векови држат милиони души во православно настроение и ги водат по патот на сигурното спасение. Загледајте се во тајната на нивните личности. Целата е исткаена од православните подвизи на верата и љубовта, молитвата и постот, кротоста и смирението, благоста и жалосливоста. Не е ли тоа непорекливо оправдание на аскетизмот? Ако тоа е недоволно, ако овие помесни оправданија на аскетизмот не се доволни, тогаш земете ги вселенските. Нив ги има многу повеќе. Проникнете во тајната на личноста на светиот и навистина големиот отец наш Антониј Велики, на светиот Григориј Богослов и светиот Јован Златоуст. И тие ќе направат, со молитвена радост да се нурнете во тајната на чудотворните личности на светите Јован Дамаскин и Симеон Нов Богослов, Сергиј Радоњешки и Серафим Саровски. Тајната нивна е заедничка: од несвети постанале свети, подвизувајќи се со благодатните православни подвизи. Тие прекрасно и непобитно ги оправдале подвизите, така што подобро оправдание ниту е потребно за очите, коишто сакаат да видат, за ушите, коишто сакаат да чујат, и за срцата, коишто сакаат да разберат. Едно е богочовечкото мерило за сите битија и за сите појави: по родот дрвото се познава (Мат. 7, 16–20; Лук. 6, 43–44). И подвижништвото по родот се познава. Светоста е родот од дрвото на подвижништвото, чиишто корени, стеблото и гранките сочинуваат: вера, љубов, надеж, молитва, пост, кротост, бдение, милостивост, трпение и останатите доблести. Кога човекот е во почетокот на подвижништвото, не се гледа ништо, како што не се гледа зрното пченично додека е во земјата, во процесот на распаѓањето, ’ртењето и зреењето. Но кога ќе никне, кога ќе порасне, кога ќе роди род, дури тогаш може да се види каков прекрасен богочовечки род раѓа личноста, ’рти, расте и созрева на благодатното земјиште на православните богочовечки подвизи. За целото тоа време, од ’ртењето до созревањето, мноштво луѓе од светот го осудуваат подвижникот за неработење и бескорисна осаменост. Велат: се осамил, се затворил од светот, живее за себе, а заборавил на служењето на своите ближни. Но, кажете, вие осудувачите, како може зрното пченкарно да роди род, и да им биде на другите од корист, ако со сеењето не осами, не умре во земјата, невидливо и нечујно? А вие токму тоа сеење, тоа умирање на зрното на личноста го гледате кај осамените подвижници, на него се задржувате, понатаму не одите, судите предвреме, и велите: умрел за доброто на другите, себичен е, само за себе мисли, само за себе работи. Вие го осудувате осаменото умирање на зрното на личноста човекова, затоа што не знаете дека тоа умирање на зрното преку богочовечките подвизи е време кога зрното на душата на подвижникот таинствено се раствора во благодатната природа на светата Црква Христова, умира со Господ Христос, да би оживеало со Него, и воскреснало со Него. А оној, којшто е соединет со Господ Христос, зар е сам? Зар е неполезен за луѓето? Зар подвижникот, преку соединетоста со Христа Бога, не учествува во животот на сите битија и твари, на сите луѓе и ангели? Зар таквиот човек не тагува со тагата на секој тажен, и не страда со страдањето на секој страдалник? Зар не се преумува за сите непреумени? Зар не плаче над сечиј гроб? Зар не се моли за сите и за се? Таквиот човек е довршен човек, полн човек, потполн човек. Се што е човечко му е познато, и негово: сите таги на тажните и неволјите на оние, коишто имаат неволја, сите очајанија на очајните и разочарувањата на разочараните, сите болести на болните и проклетствата на проклетите, сите гревови на грешните и смртта на смртните. Благодатните богочовечки подвизи го продлабочуваат човека до дното на сите твари, го прошируваат до срцето на сите битија, го возвишуваат до херувимите и серафимите, го соединуваат со сите светии, и тој уште овде на земјата го живее вечниот, богочовечки, свет и соборен живот, ја живее тајната на животот како слатка тајна Божја, како прекрасен дар Божји. Превод од српски јазик: Никола Станчи |
||
Justinijana
Нов член Регистриран: 13.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 32 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
BOGORODICE DJEVO RADUJ SJA
|
||
Justinijana
Нов член Регистриран: 13.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 32 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
BOGORODICE DJEVO RADUJ SJA
|
||
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ПАСХАЛНА РАДОСТ во Бигорски манастир. Од самото видео може да се види колку е посетен овој манастир и каква мисионерска дејност врши меѓу народот.
СЛАВА МУ НА БОГА!!! |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Внеси реплика | страница <1 7891011 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |