IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Фотографија, камери и видео > Камери и видео
  Активни теми Активни теми RSS - SD и HDV (предности и мани)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

SD и HDV (предности и мани)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
ARI(c) Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Март.2007
Локација: Greece
Статус: Офлајн
Поени: 107
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ARI(c) Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2007 во 03:36

Dzabe se ako TV kukata ti bara pal DVDWink

 
Dobro de preterav, Mini DV. WinkWink
Se e ova super Ace, ali za nekoj na diviot zapad, kaj nas so SVHS zavrsuvas rabota. Zalno ali vistinito. 
 
Do kade e stedikamot ? Big%20smile
Agencija za Razmena na Informacii (ARI)
Кон врв
Александар_А Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јануари.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1271
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Александар_А Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2007 во 17:10

Да одвојам малку време да ја отвориме и разработиме оваа проблематика.

На почеток да објаснам што се подразбира под едното а што под другото мада мислам дека повеќето знаат.
 
SD или DV - Стандардна дефиниција или дигитално видео е она што  се користи комерцијално од медиумите кои зрачат TV програм или што може да се најде како комерцијално видео најчесто DVD. Тука се разбира не се подразбираат старите формати VHS , Ni8 и т.н.
Дефинирано со резолуција од 720 х 576 пиксели или точки, како сакатеWink.
 
HDV - Видео со висока резолуција, т.е. резолуција поголема од горенаведенава. Најчесто 1920 х 1080 или 1280 х 720.
 
Повеќе ќе се задржам околу разгледувањето на DV односно 720 х 576 и full HDV 1920 x 1080.
Предноста во мовентов на SD e таа што може да се гледа на било кој TV уред или монитор без да останат неискористени потенцијали, додека за HDV ви е потребно TV плазма или монитор со резолуција 1920 х 1080 или поголема за да може да се види се од она што го носи матичниот запис.
 
Друга исто така голема предност на SD во однос на HDV е таа што сега за сега нема разумен медиум (подразбирам комерцијално прифатен и стандардизиран) на кој би можел да се смести видео записот. (може донекаде се исклучок miniDV касеткити но сепак грото од домаќинствата кај нас немаат уреди за репродукција на овој медиум).
 
Основната идеја за оваа тема ми беше разгледување на компресијата на овие два стандарда (ова стандарди условно кажано)и посуштинските разлики. Нешто веќе начнавме но мислам дека е добро малце посуштински да се елаборира. За оние кои што евентуално би се запрашувале што практично би виделе при гледањето на овие два формати, би се обидел да подобјаснам. Мене ме мачеше ова прашање, па дојдов до некои сознанија кои би ги пренел.
(Ги оставаме настрана горниве констатации  околу мониторите и медиумите за употреба)
 
SD 720 x 576 = 414720 - детали кои ги носи овој формат
HDV 1920 x 1080 = 2073600 детали од овој форматв, или 5 пати повеќе од SD.
 
Сега нешто околу компресијата.
Најмногу што може да се стави на едно DVD e 4.39GB или 4500 MB (заокружено на нешто ситноLOL).
Отприлика филмовите што ги гледате се 1.5 до 2 часа.
4500МB/ 120min / 60 sek x 8 = 5 bita/sek
4500MB/ 90min / 60 sek x 8 = 6.6(6) bita/sek
Најмногу што може да се крене оваа вредност е 7 bps кога се работи (конвертира) во Adobe - от.
 
Како стои работата со HDV форматот.
Грото од камерите што ние можеме да си ги дозволиме, HDV записот го прават со 25bps (од тука 1 miniDV касетка зафаќа 10.1 GB) што е 5 пати повеќе од она кога гледате филм од 2 часа, но тука и деталите што се сместени се 5 пати повеќе, што значи компресијата би се приметувала исто (доколку се приметува) со тоа што би имате 5 пати повеќе детали.
Сега малце да цепидлачиме LOL.
"Арно" ама HDV камерите снимаат со малце помала резолуција т.е. 1440 х 1080 точки што софтверски се зголемува по должина за 1.3(3) да се дојде до оние 1980.
Тоа значи 1555200 детали односно помалце за 1.33 но тоа значи и исто толку помала компресија...
Или во превод компресима исто како да гледате филм од точно час и половина.
Се надевам дека со ова успеав да доловам како, колку, и што би се видело со едниот односно другииот формат. Wink
 


Изменето од Александар_А - 08.Мај.2007 во 17:21
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.