![]() |
|
ЦЕЛИБАТ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 141516 |
Автор | |
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Уште една проблематична и искривена догма во денешната верска заедница, наречена МПЦ, што многу малку има заедничко со Христос и учењето на Неговите Апостоли, е учењето за задолжителен целибат на владиците.
Иако во пракса, знаеме дека ова правило на сите можни перверзни начини се заобиколува (како случајот со Владиката Агатангел што се откажа од своите малолетни деца по смртта на сопругата и ги пресели кај роднини) за да може да се добие функцијата Епископ, сепак и самото правило е анти-христијанско. Во Новиот Завет, целибатот за никого не е обврзувачки. Вистина е, дека за оние кои можат да се оддадат на таков подвиг, тоа е препорачано и добро, во очите Божји. Но како задолжителен закон е спротивно на Божјите уредби. Всушност, речиси сите старозаветни пророци (Авраам, Мојсеј, Давид, Осија, итн.) имаа сопруги. Исто така, најверојатно и сите апостоли во раната црква исто така имале сопруги. За „главниот“ апостол Петар, тоа е сигурен податок. Иако за Павле немаме директна изјава дека бил женет, постојат силни индикации дека имал сопруга, која најверојатно или починала или го оставила. Ваквото тврдење е потврдено од пишувањата на Климент Римски и на Евзебиј, како и од фактот што како член на Еврејскиот Санхредрин, тој МОРАЛ да биде женет. Во самите списи на Апостолот може да се насети, особено во 1 Кор. 9:5: „Зар немаме право да водиме со себе сестра, жена верничка (gunaica periagein), како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа?“ Ова исто така посочува дека другите Апостоли биле женети. Ваквото тврдење е потврдено од раните црковни историчари... |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 141516 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |