IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 30>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2011 во 00:15
Похуван праз

Потребно:

2 кг праз
брашно
3 јајца
лебни трошки
путер
масло
магдонос
сол
бибер

Приготвување: исчистениот праз сварете го во солена вода. Исцедете го и лесно притиснете го за да излезе вишокот течност. Распоредете го врз хартиени салфети за да се исуши. Потоа, парчињата праз прплекајте ги во брашното, па во изматените јајца и на крај во лебните трошки. Празот пржете го во добро загреаните путер и масло. Похуваниот праз понудете го со тартар сос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 12:20

Праз со компири

Потребно:

* 600 г варени компири
* 2-3 лажици путер
* 100 г чадена сланина
* 1 главица кромид
* 1 страк праз
* сол
* бибер
* 1 китка магдонос

Приготвување: излупете ги варените компири, па ситно исечете ги или крупно изрендајте ги. Загрејте го путерот во поголемо тавче. Исечете ја сланината на коцкички, па кратко пропржете ја во врелиот путер. Додајте ги сечканите компири и пржете ги на тивок оган 10-ина минути. Исчистете го кромидот, па ситно исечкајте го. Измијте го празот, исчистете го, исечете го на лентички, па додајте го заедно со кромидот во компирите и кратко пропржете го сето тоа. Зачинете го јадењето со сол и со бибер, а потоа поклопете го тавчето, па варете го шест-осум минути. На крај, посипете ги пржените компири со ситно сечкан магдонос.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 22:52
Гулаш шницли

300 гр. свински шницли,
1 главичка лук,
1 главичка кромид,
вегета, црн пипер,
масло, сол, магдонос.

Истолчете ги шницлите од двете страни и премачкајте ги со масло. Ставете малку вегета и црн пипер. Шнш^лите редете ги една преку друга, а помеѓу нив распоредете го сецканиот лук и кромид и оставете ги на студено место. После 1 час, шницлите спуштете ги во сад со врело масло. Поклопете ги и динстајте ги постепено додавајќи по малку вода по потреба. Откако ќе омекнат додајте 1/2 лажица брашно и ситно исецкан магдонос.


Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 17:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 22:48
Пирошки од батаци

Потребни состојки:

· пилешки батаци
· шунка со Знак за квалитет
· кашкавал со Знак за квалитет
· кисели краставички
· брашно
· 2 јајца
· презла
· лимон
· 1 лажица сенф
· лук
· ореви
· магдонос
· мајонез

Начин на приготвување:

Најпрвин од пилешките батаци се вадат кожата и коските. Потоа се солат и се чукаат како за шницли. На секое парче шницла се става парче долгнавеста шунка, 1 парче кашкавал и кисела краставичка. Се витка во ролат, се става во брашно со сол, потоа се натопува во матено јајце и на крај се валка во презла и се пржи во врел зејтин 10 мин.
Се служи со пире и сос, а одозгора се ставаат лимон исечен на кругови и магдонос.


Сос: 1 лажица сенф, жолчка од варено јајце, 1 ситно сечкана краставичка, лук, малку сечкани ореви, магдонос и мајонез.



Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2011 во 08:04
Полнети тиквички без месо

Земете: 2-3 тиквични, масло, 2 главици кромид, китка магданос, 2 јајца, 1 лажица брашно, 1/2 чаша млеко, coл.

Употребете млади помали тиквички. Излупете им ја кората, исчистете им го семето и ако се подолги пресечете ги на половина. Од едната страна тиквичките треба да имаат дно. Ставете ги исчистените тиквички во сад со солена вода и обарете ги малку. Откако тиквичките ќе провријат исцедете ја водата и оставете ги да истинат. Тиквичките не смејат да бидат многу меки.

Полнежот пригответе го на следниот начин: пропржете на мacлo две главици ситно исечен кромид, потоа додајте ситно исечен магданос. Во сад изматете две јајца со една лажица брашно и малку млеко. Додајте ја смесата во испржениот и истинат кромид, промешајте ја и полнете ги тиквичките.


Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2011 во 05:22
Пикантна плескавица

Потребно:

800 г мелено јунешко месо
3 главици кромид
3 лути пиперки
2 чешниња лук
масло
сол
бибер
зачинал

Приготвување: ситно исечкајте го кромидот, измешајте го со меленото месо, па зачинете со сол, бибер и со зачинал. Обликувајте плескавици од месото и печете ги на скара (или тефлонско тавче без масло) од двете страни. Во меѓувреме, измијте ги лутите пиперки, исечете ги на поголеми парчиња и испржете ги во загреано масло. Пред крај, додајте го ситно сечканиот лук. Прелијте ги готовите плескавици со пржените лути пиперки и послужете ги.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2011 во 05:53

Виршли со сланина

Потребно:

* 6 виршли
* 3 парчиња кашкавал
* 6 тенки парчиња сланина
* 2 лажички сенф

Приготвување: виршлите засечете ги по должина (околу 1 сма во длабочина). Кашкавалот исечете го на долгнавести стапчиња. Стапчињата ставете ги во засечените делови од виршлите. Секоја виршла завиткајте ја во сланината и краевите зацврстете ги со чепкалки. Така подготвените виршли ставете ги во тавче и печете ги 10-ина минути во рерна загреана на 180 степени, т.е. додека кашкавалот не почен да се топи. Печените виршли сервирајте ги со сенф

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2011 во 13:57

Чипс од зеленчук

За да направите чипс од зеленчук потребно е тенко да исечете по должина две млади тиквички. Излупете два моркова и исечете ги на стапчиња. Половина од помал корен од целер исечете го на тркалца. Два млади компира исечете ги на тркалца. Пржете ги компирите во поголемо количество загреано масло, а остатокот од зеленчукот испрпелкајте го во брашно и пржете го во истото масло. Чипсот ставајте го на хартиена салвета, но внимавајте, не треба да се поклопуваат, па посолете ги парчињата и послужете ги веднаш.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2011 во 13:57

Свински гулаш

Потребно:

* 500 г свинско месо од бут
* 3 главици кромид
* масло
* 200 мл супа од коцка
* сол
* бибер
* зачинал
* мелен црвен пипер
* 1 китка магдонос

Приготвување: кромидот ситно исечкајте го, малку посолете го и пржете го во загреано масло. Кромидот динстајте го на тивок оган додека не зарумени. Потоа додадете го месото исечено на коцки и динстајте го 15 минути, односно додека не почне да пушта сок. Сето тоа прелијте го со супата од коцка и зачинете го со сол, бибер, зачинал и мелен црвен пипер. Гулашот варете го додека смесата не се згусне. Пред сервирање посипете го со ситно сечканиот магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2011 во 20:17

Св. Патрик рецепти

Говедски гулаш со црно пиво

СОСТОЈКИ
• 2.5 кг варено говедско месо
• брашно
• маслиново масло
• морков
• кромид
• целер
• зачини
• ½ литар црно пиво
• 400 гр сос од домати
• бибер

ПОДГОТОВКА
Зачинете го говедското месо со бибер и додадете го брашното. Пржете го месото на масло, сѐ додека не добие златно-кафена боја. Додадете кромид и пржете уште една минута. Потоа се додаваат морковот, целерот и зачините. Пржете уште 4 минути и додадете пиво и сок од домати. Оставете да се вари околу 2 часа.



Изменето од емил - 14.Април.2011 во 20:17
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 06:38

Земичка со зеленчук

Потребно:

* 1 земичка
* 2 лажици крем-сирење со зачински билки
* 1 пиперка
* 1/2 корен од целер
* лист зелена салата

Приготвување: земичката пресечете ја хоризонтално, па долната половина премачкајте ја со крем-сирењето. Пиперката и коренот од целер измијте ги и исчистете ги. Пиперката исечете ја на стапчиња, а коренот од целер на тенки тркалца. Врз крем-сирењето распоредете ги пиперката и коренот од целер, а одозгора ставете лист од измиената и исчистена зелена салата. Сендвичот поклопете го со горната половина од земичката.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2011 во 12:31

Брзи кифлички

Потребно:

* 600 г брашно
* 1 прашок за печиво
* 3 лажички сол
* 1 сув квасец
* 1 лажица шеќер
* 100 мл масло
* 200 г кисела павлака
* 200 мл топло млеко
* сирење
* 1 јајце

Приготвување: измешајте ги сите суви состојки, па со наизменично додавање на масло, павлака и млеко, замесете средно тврдо тесто. Оставете го да нарасне. Потоа поделете го тестото на четири дела. Расучете го секој дел во кора дебела половина сантиметар. Сечете ја кората на триаголници. Врз секој ставете малку сирење и виткајте од пошироката кон потесната страна од триаголникот (во вид на кифла). Редете ги кифличките во тавче обложено со масна хартија, па премачкајте ги со изматено јајце и оставете ги да отстојат 15 минути. Печете ги околу 25 минути во рерна загреана на 200 степени.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2011 во 23:22

Стапчиња со мајчина душица

Стапчињата со мајчина душица ја поттикнуваат работата на желудникот, но и варењето на мрсните јадења. Може да се земаат со јадење наместо леб.
За да ги подготвите овие стапчиња потребно ви е: 500 г брашно, 40 г свеж квасец, 200 мл топла вода, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сува (или ако е свежа, ситно сечкана) мајчина душица, 6 лажици маслиново масло, 100 мл млеко за премачкување.
Приготвување: во брашното издробете го квасецот, па додадете ги топлата вода, маслиновото масло, солта и шеќерот и од сето тоа замесете мазно тесто. Откако ќе отстои 60 минути на ладно место, тестото тенко расучете го во кора и исечете го на парчиња големи 15 х 6 см. Секое парче тесто премачкајте го со млеко, посипете го со мајчината душица и свиткајте го. Стапчињата ставете ги во тавче покриено со хартија за печење, повторно премачкајте ги со млеко и печете ги 10-12 минути во рерна загреана на 180 степени.



Изменето од емил - 15.Март.2011 во 23:22
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2011 во 23:37
Originally posted by gazela gazela напиша:

od kade ja najde receptava emile? збунетостova e isprobano li? збунетост
 
 
ќе ти одговорам со ЛП
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.