IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 30>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2011 во 07:54

Тортелини со сирење и сос од печурки

 



Тортелините се паста која може да се приготви во кое било време и да се комбинира со бројни сосови или комбинација од зеленчуци. Ова е еден рецепт кој комбинира тортелини со печурки.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 1 пакување тортелини со сирење
• 2 мали лажици маслиново масло
• 240 гр шитаке печурки, сварени и ситно исечкани
• 2 чешиња лук, ситно исечкани
• 3 големи лажици рендан пармезан
• 1/3 шолја, магданос, свежо исечкан
• 1 шолја вода
• 1 голема лажица путер
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во голем сад, ставете вода и оставете да зоврие. Наросете сол и сварете ги тортелините согласно упатството кое се наоѓа на пакувањето.

Во меѓувреме, во сад за пржење, загрејте го маслиновото масло. Ставете ги лукот и шитаке печурките и пржете околу 7 минути. Додадете вода, сол и бибер. Пржете додека не испари водата и потоа намалете го огнот на половина и пржете уште 5 минути.

Откако печурките ќе бидат готови, измешајте ги со сварените тортелини, пармезанот, путерот и магданосот. Измешајте добро и сервирајте веднаш

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2011 во 23:15

Шпагети со песто-сос

Потребно:

400 г шпагети
сол
бибер
2 китки босилек
100 г пармезан
2 чешниња лук
50 г мелени бадеми
125 мл маслиново масло

Приготвување: сварете ги шпагетите во солена вода, т.е. според упатството на пакувањето. Босилекот измијте го, исушете го и ситно исечкајте го. Исто така, и лукот ситно исечкајте го. За песто-сосот измешајте ги босилекот, лукот, ренданиот пармезан, мелените бадеми и маслиновото масло (или, без претходно сечкање, сите состојки ставете ги во миксер и добро сомелете ги). Сосот зачинете го со сол и бибер. Шпагетите исцедете ги, но зачувајте малку вода во која се вареа, па измешајте ги со сосот. Шпагетите поклопете ги и оставете ги да отстојат 10-тина минути за да го впијат вишокот вода, па сервирајте ги топли.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2011 во 14:57

Пиперки полнети со сирење

Потребно:

црвени пиперки
200 г фета сирење
1 јајце
50 г кисела павлака
сол
4 лажици маслиново масло

Приготвување: Печените и излупени пиперки пресечете ги по должина на половина и отстранете ги семките. Загрејте ја рерната на 180 степени. Фета сирењето ситно изгмечете го со виљушка. Додадете го јајцето и павлаката и сето тоа добро измешајте го. Премачкајте го тавчето со масло. Наполнете ги пиперките со смесата од сирење и со отворот завртени нагоре редете ги една покрај друга во тавчето, па прелијте ги со маслиновото масло. Печете ги во рерна 40-тина минути.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2011 во 20:52
Ќофте (Паша)

1 кгр. мелено месо
150 гр. маст
200 Гр. Ориз
2 јајца
малку црн пипер
3 јајца
сол
Направете смеса од горенаведените состојки oдносно oд месoтo, маста, оризот, двете јајца, сoлта и црниот пипер. Добро се измешајте и правете ќофтина во големина на јајце. Ставете во тенџере 1-1/2 литар вода и ставете го на оган да проврие, ставете 1 зрнo лимонтус вo гoлемина на зрно од пченка, па едно по едно ќoфте спуштајте ги во водата и варете ги 1/2 час. Пред вадење на ќофтињата од оган во посебен сад разматете 3 јајца и сипајте преку ќофтињата, но да не ги мешате. При сипање во чинија додајте од горе лажица кисело млеко.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2011 во 13:37

Вариво со тиквички

Потребно:

3 главици кромид
1 чешне лук
1 кг тиквички
250 г свинско филе
1 лажица маслиново масло
850 г домати
100 мл црно вино
1 лажичка зачинал
сол
бибер

Приготвување: исчистете ги кромидот и лукот, па ситно исечкајте ги. Тиквичките измијте ги, исчистете ги и исечете ги на резанки. Месото измијте го и исечете го на коцкички. Загрејте го маслото, па пет минути пржете го месото, кромидо ти лукот со постојано мешање. Доматите измијте ги, исчистете ги и исечете ги на мали парчиња. Во месото додадете ги доматите и тиквичките, па сето тоа прелијте го со виното. Варивото зачинете го со зачинал, сол и бибер, па варете го уште 20-тина минути.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2011 во 09:06

Печен лосос

Потребно:

* 1.500 г лосос
* 1 китка магдонос
* 300 мл вода
* 150 мл маслиново масло
* 250 мл бело вино
* 1 лажица зачинал
* бибер
* 1 дафинов лист
* босилек

Приготвување: парчињата од лососот се редат во тавче. Магдоносот се зоврива во вода и со смесата се полева рибата. Потоа се нанесуваат маслиновото масло, виното и зачините. Така подготвена рибата се пече во рерна загреана на 160 степени 40 минути.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2011 во 23:11

Палента со пармезан

Потребно:

* 500 г пченкарно брашно
* 6 јајца
* сол
* 300 г рендан пармезан
* масло

Приготвување: во подлабок сад ставете вода и кога ќе зоврие постепено додавајте го пченкарното брашно со постојано мешање. Палентата варете ја 15-20 минути додека смесата не стане мазна и цврста. Во посебна чинија ставете ја палентата, со дебелина од два прста, посипете ја со дел од ренданиот пармезан, а потоа со мека кајгана направена од три јајца. Преку кајганата ставете палента со дебелина од два прста, пармезан и кајгана направена од три јајца. На крај ставете ја преостанатата палента и посипете ја со пармезан. Се служи веднаш.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2011 во 23:45

Проја

Потребно:

* 500 г пченкарно брашно
* 1 лажица маст
* 1 јајце
* малку сол
* ладна вода

Приготвување: замесете ги брашното, јајцето, маста и солта со ладна вода, така што тестото ќе биде ретко, а не густо. Земете тавче, доволно големо, така што кога тестото ќе се разлее, ќе биде со дебелина од еден прст. Ставете го тестото во добро намастено тавче и печете го во рерна. Откако пројата ќе биде готова, тенка и со кора, премачкајте ја одозгора со малку маст.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2011 во 04:07

Изненадете ги најблиските со вкусни и едноставни брускети

 
 

Брускетите се оригинално италијанско предјадење кое совршено одговара и за ужина. Сочни се, вкусни и хранливи, а се подготвуваат експерсно. Оригиналниот рецепт, кој подразбира печен леб со лук, маслиново масло, сол и бибер, можете да го збогатите со разни други состојки: домати, сирење, босилек, модри патлиџани или тиквички и ќе добиете извонреден оброк.

Брускети со домати

Потребни состојки:
8 парчиња леб, маслиново масло, лук, 5 средни домати, половина чаша маслинки, босилек, оригано, сол и бибер.

Подготовка:
Парчињата леб ставете ги да се потпечат во рерна на 220 степени. Додека лебот е жежок попрскајте го со маслиново масло во кое претходно сте додале ситно исецкан лук. Доматите исечени на коцкички и сецканите маслинки помешајте ги со зачини и ставете ги врз парчињата леб. Сервирајте додека е топло.

 

Брускети со тиквички и модри патлиџани

Потребни состојки:
8 парчиња интегрален леб, маслиново масло, лук, поголем модар патлиџан и голема тиквица, сол, бибер, оригано и босилек.

Подготовка:
Лепчињата малку ги потпекуваме во рерна на 220 степени. Потоа ги попрскуваме со маслиново масло и лук. Модриот патличан и тиквицата потпечете ги од сите страни додека не омекнат. Исецкајте ги, зачинете ги, измешајте ги и ставете ги на средината на топлите брускети.

 

Брускети со печурки

Потребни состојки:
8 парчиња интегрален леб, маслиново масло, лук, 300 грама печурки, сол, бибер, 100 грама тофу сирење.

Подготовка:
Парчињата леб потпечете ги во рерна и потоа попрскајте ги со маслиново масло и лук. Печурките издинстајте ги и зачинете ги. Врз лепчињата најпрво изрендајте го сирењето, а потоа ставете ги и печурките.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2011 во 12:24

Италијански грисини

Потребно:

* 1 пакетче свеж квасец
* 500 г брашно
* 40 г путер
* 1 лажичка сол

Приготвување: издробете го квасецет во 250 милилитри млака вода. Во длабок сад измешајте ги брашното, путерот, солта и стасаниот квасец. Замесете тесто и оставете го на топло место да стаса. Потоа, расучете го тестото во кора дебела половина сантиметар и исечете го на тенки ленти. Лентите валкајте ги на работната маса додека не станат цилиндрични како грисини, а потоа наредете ги во тавче обложено со масна хартија за печење. Загрејте ја рерната на 200 степени и оставете ги грисините во близина на рерната да отстојат 10-ина минути за да надојдат уште малку пред печењето. Грисините печете ги 10-ина минути.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2011 во 12:53

Кифлички од пиво

Потребно:
* 6 филџани пиво
* 5 филџани масло
* 1 прашок за печиво
* 250 г шеќер
* 50 г мелени ореви
* брашно по потреба

Приготвување: измесете мазно тесто од брашното, прашокот за печиво, маслото и од пивото. Одделете мали топчиња од тестото и расучете ги тенко со сукало. Исечете го тестото на осум дела, кои треба да ги свиткате во мали кифлички. Може, по вкус, да ги филувате и со џем. Печете ги на тивко.
Стопете го шеќерот со малку вода, потопете ги печените кифлички во него, а потоа прпелкајте ги во мелените ореви

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 05:38

Елбасан (јагнешка) тава

(За четворица)

Јагнешки бут
4 јајца
1 овчо кисело млеко
сол
Подготовка:
Прво посолете го месото. Во тавата во која ќе се пече јадењето загрејте малку масло и потпржете го месото од двете страни. Потоа во тавчето ставете малку вода, покријте го со фолија или со капак, и ставете го да се пече, прво на појако, а кога ќе се загрее рерната намалете ја температурата на 180 степени. Одвреме-навреме додавајте вода и превртувајте го месото. Во зависност од големината на парчето месо, тоа може да трае 1 - 2 часа. Кога месото ќе омекне, оставете го без капак да се зарумени и да испари водата. Изматете ги јајцата со виљушка и додадете им го киселото млеко и малку сол. Превртете го месото, истурете ја смесата околу него, па вратете го тавчето во рерна уште 15-ина минути додека јајцата не се потстврднат и не се заруменат на површината. Елбасан тавата одлично оди со печени компири и со зелена салата со краставица, млад кромид и 'рдокви, а, секако, и со младо лукче и со свежа лута пиперка.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 05:37

Велешка тава

Потребно е:
100 грама јунешко месо
100 грама свинско месо
50 грама морков
50 грама печурки
50 грама кромид
100 грама кашкавал едамер
Приготвување:
На тефлонска тава или на плотна од скара, на малку масло се пржи кромидот, кој претходно е ситно исечкан, заедно со изрендан морков. Подоцна се додаваат сечканите печурки и сè заедно се пржи додека не омекне. Во друга плитка тава со, исто така, малку масло се пржат заедно јунешкото и свинското месо. Во земјена или во порцеланска тавичка се измешува месото со зеленчукот и се ренда кашкавал одозгора. Вака подготвена се потпечува во рерна на 180 степени

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2011 во 12:16

Рибарски сендвич

Потребно:

* 500 г сардини
* 5 филети солени рипчиња
* 3 лажици брашно
* 400 г леб
* листови од зелена салата
* 1 главица кромид
* 1 домат
* магдонос
* масло

Приготвување: во секоја од исчистените сардини, во утробата ставете по половина парче од солените рипчиња, притиснете ги со прсти, испрпелкајте ги во брашно, па пржете ги во загреано масло 5-10 минути. Лебот исечете го на парчиња, отстранете ја корката, па пропржете го во загреано масло од едната страна. На пржената страна од лебот ставете лист од зелената салата, неколку пржени риби, домат и кромид исечени на тркалца, па преклопете го со друго парче леб.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.