|
Историски погледи на црковните прашања |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 37> |
Автор | |||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се разбира што Охридскиот Архиехископ е поставен од Василиj ІІ после укинуването на Охридската Патриархиjа на Самуиловата држава. Замисли се - зошто Грамотата указва на приемственост на цар Петар и цар Самуил? Нели си спомниш што цар Петар е таткото на Роман... А дали е имало по касно повикуване на тие грамоти? Сигурно е имало - инаку зошто ке има преписи од ХV -ХVІІ век: Грамотите на Василиј II за правата на Охридската архиепископија се три сигилии, подпечатани со императорскиот моливдовул, кои се издадени од византиската императорска канцеларија во годините непосредно по падот на Првото бугарско царство под византиска власт. Со нив император Василиј II Бугароубиец потврдува правата и границите на Охридската архиепископија, како наследник на низвергнатата бугарската патријаршија. Грамотите не се задржани во својот оригинален изглед, а во подоцнежни преписи, нај раните од кои се од XVI и XVII век... Грамоти на император Василиј II за правата на Охридската архиепископија |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Аха, значи ги немаме оригиналните грамоти. Значи пак ќе прашам. Дали освен тој Архиепископ, некој друг, официјално, пред Црковните власти се повикал на тие грамоти, бидејќи многумина од Архиепископите се повикале на Јустинијановите повелби за Јустинијана Прима, а ниту еден не се повикал на бугарските црковни традиции. Значи, пак прашањето останува. Освен тој кој го поставил Василиј II, кој секако дека ќе се повика на хрисовулите на својот Император, дали има некој друг да се повика на тие хрисовули? Мислам дека од одговорот на тоа прашање може да се согледа дали постои некаква врска меѓу Охридската Црква и бугарските црковни традиции. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А дали ги имаме Јустинијановите повелби?
И зошто бараш од некој грк да се повикува на бугарските црковни традиции? Кога е првото повикување на Јустинијана Прима? Важно е тоа што го видел и напишал Василиј, нели тој ја усвоил државата. За него и црквата е истата и државата е истата. Напишаното по 100-150 години не може да биде поверодостојно од учесникот во настаните. А и видовме колку години постоела Јустинијана. Значи по неколку стотини години архиепископите решиле да се повикат на Јустинијана. Василиј и Јоан подобро си знаеле кое како е. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тоа затоа што тебе ти одговара, ама за жал не е така. Важно е што велеле Архиепископите, не световната власт. За Василиј нормално дека Црквата и државата била сита, затоа што секако, морал да најде начин да останат бугарските епархии во рамки на Константинополската Црква, па тоа претставувало одличен начин. Значи прашањето останува, има или нема таков Архиепископ. П.С. Дури и оние кои биле Словени Архиепископи, не се повикале на бугарските традиции Прашањето останува. Или можеби такви Архиепископи нема? Изменето од Македон - 06.Јануари.2010 во 18:41 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И што ако нема?
Или зошто да нема кога цело време Архиепископијата се нарекува НА ЦЕЛА БУГАРИЈА. Од тоа поголемо повикување - здравје. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако нема, значи нема поврзаност меѓу двете Цркви, ниту канонска, ниту историска, апсолутно никаква поврзаност меѓу Црковните традиции, независно што Василиј создал хрисовули за своите потреби, кои биле бргу заборавени од оние кои требало да се повикаат на нив. Титулата нема никаква врска со тоа. И Цариградскиот Патријарх се нарекува Вселенски и Архиепископ на Новиот Рим, ама тоа не значи дека е на сета вселена, а и дека Новиот Рим е баш Рим зар не? Ромејскиот император се нарекувал Ромеј, ама Рим бил во туѓи раце....многу едноставно! |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е добро, дај да видиме тогаш за какво повикување станува збор.
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Писмото на Димитриј Хоматијан е сведок за повикувањето на традициите на Јустинијана Прима. |
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За ова писмо ли мислиш: Димитри, по божиjа милост архиепископ на Прва Jустиниана и на цяла Бугариjа..., до пречестниот между монасите и син на великиот жупан на Србиjа господин Сава благодат от бога и мир и поздрав во светиот дух. |
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вака , се манипулира од Бугарите - бугарската историографија со смешни извадоци од некои наслови , имиња и сл.
Бугарија е византиска тема , со самото тоа жителите на таа тема се Византијци . Обидот е тие да се представат како Бугари само затоа што Црквата Јустинијана ( црквте ги носеле имињата според градот во кој им е седиштето ) има додавка “ цела Бугарија “ Па тоа фолирање со такви “ докази “ е веќе ептендосадно . |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не мислам на тоа, иако и во ова писмо се повикува на традициите на Прва Јустинијана. Мислев на писмата од Димитриј Хоматијан до НикејскиотПатријарх Герман II. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мене ми се здосадува кога насекаде се зборува за ТЕМА БУГАРИЈА, а никој не кажува зошто така се викала темата. Тоа е ептен досадно! Македоне, кажи накрај што толкува пишува во тоа писмо. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се повикува на традициите на Јустинијана Прима и пред Патријархот Герман, се повикува на Светиот Цар Јустинијан Први и неговата CXXXI новела, сместена во V книга на Базиликите ( Василиките ), спомнува "Aрхиепископскиот Престол на Бугарија" дури и во времето на Јустинијан ( што секако многу кажува, ако човек се замисли малку ). П.С. Само за потсетување, во времето на Јустинијан немало никакви Бугари, ниту Славјани... |
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ааа... не си прав. Бугари е имало по времето на Jустиниан Велики (род. 482 - поч. 565). Види хрониките на Комес Марцелин за 499, 502, 530, 535 и 548 година: MARCELLINUS COMES |
|||
Внеси реплика | страница <1 1011121314 37> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |